македонија ѓорче петров – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 02 Sep 2023 17:54:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png македонија ѓорче петров – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ПМФЛ: Вардар ја среди Македонија ЃП! https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vardar-ja-sredi-makedonija-gp/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vardar-ja-sredi-makedonija-gp/#respond Sat, 02 Sep 2023 16:12:01 +0000 https://kurir.mk/?p=873833

Фудбалерите на Вардар ја запишаа првата победа по кам-бекот во ПМФЛ, откако ја совладаа Македонија Ѓорче Петров со 2-1 (2-0). Пресметката во одлична атмосфера на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари во целост му припадна на тимот кој имаше улога на домаќин. Вардарци дојдоа до двојна предност во првиот дел, за потоа рутински да ја одбранат. Уште од првата минута „црвено-црните“ покажаа поголема решителност и на стартот имаа полушанса која голманот Стевковски ја скроти. Добрата игра го доведе најтрофејниот македонски колектив до нова шанса и удар откосо на Педрињо кој доведе до корнер. Токму од тој удар од аголот, вардарци добија пенал. За волја на вистината поради пиротехничкото шоу на „Комити“, камерите не го уловија најдобро моментот пред досудената најстрога казна, но немаше многу протести од гостинските играчи. Сигурен од 11 метри за вардарова предност беше капитенот Дарко Мицевски, кој во 25. минута погоди за 1-0. Одличната партија на лидерот на овој тим на Вардар резултира и со одлична акција за втор гол. Мицевски проби низ левата страна на шеснаесетникот, а откако дојде практично до мртов агол, ја одложи топката до Азер Омерагиќ кој го матира Стевковски за 2-0. По постигнатите погодоци, момците на Александар Васоски заиграа многу полесно и релаксирано. Со сигурна игра на средината од теренот го држеа ривалот далеку од својот гол, не дозволувајќи вистински закани кон Филип Гачевски. „Лавовите“ пак, иако се наметнаа и имаа иницијатива, а тоа резултира со почесен погодок во 93. минута од пресметката. Корнер од левата страна изведе Ѓорѓи Стоилов, па со глава стрела младиот резервист Никола Величковски (2-1).]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vardar-ja-sredi-makedonija-gp/feed/ 0
Симов нов тренер на Македонија ЃП https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/simov-nov-trener-na-makedonija-gp/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/simov-nov-trener-na-makedonija-gp/#respond Mon, 13 Mar 2023 15:49:05 +0000 https://kurir.mk/?p=811459

Скопскиот фудбалски прволигаш Македонија Ѓорче Петров го назначи денеска Горан Симов (47) за нов тренер на местото на Муарем Бајрами, кој во петокот поднесе оставка на должноста. Симов се враќа во клубот во кој од 2005 до 2008 настапуваше на голманската позиција и со тимот од Ѓорче Петров го освои трофејот во македонскиот Куп во 2006. Симов има уште еден куп трофеј како на тренер на Силекс, а во кариерата го предводеше и скопски Вардар. Македонија ЃП е седмопласирана на табелата во Првата македонска фудбалска лига со 26 бодови пред следниот натпревар, в сабота, против Тиквеш на гостински терен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/simov-nov-trener-na-makedonija-gp/feed/ 0
Ракометарите на Македонија Ѓорче Петров тренираат по улици и паркинзи, откако Арсовска стави клуч на спортската сала! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rakometarite-na-makedonija-gorche-petrov-treniraat-po-ulitsi-i-parkinzi-otkako-arsovska-stavi-kluch-na-sportskata-sala/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rakometarite-na-makedonija-gorche-petrov-treniraat-po-ulitsi-i-parkinzi-otkako-arsovska-stavi-kluch-na-sportskata-sala/#respond Mon, 30 Jan 2023 09:34:50 +0000 https://kurir.mk/?p=793593

Вистинска голгота преживува ракометниот клуб Македонија Ѓорче Петров од истоимената скопска населба откако во вториот дел од ракометната македонска прва лига останаа без сала за своите тренинзи и натпревари. Спортската сала во средното училиште Кочо Рацин која со години ја употребуваа, веќе не им е достапна, откако градоначалничката Данела Арсовска и Град Скопје решија да ја стават вон употреба затоа што како што им било кажано во клубот, истата, била нефункционална и небезбедна за идни натпревари, иако салата со години ги задоволува условите за одржување на тренинзи и натпревари. Револтот кај љубителите на ракометот и кај ѓорчепетровци е огромен, а со свој став се јави и РК Македонија Ѓорче Петров. „Ниту една бирократска процедура, ниту една инспекција, ниту следните чекори, ниту…. Нема да го скрши Ѓорчепетровскиот непокор. Се што нема да го убие само ќе го направи посилен лавот!!! Ги започнавме подготовките, пак на отворено, а салата нека седи затворена за клубовите од Ѓорче Петров. Не се плашат од ништо ниту сениорите ниту најмалите, просто нема што да не исплаши. Борбата продолжува!!!“ стои во објавата на ракометниот клуб, каде се објавени и фотографии и видеа како младинските категории своите тренинзи ги одржуваат на паркингот пред спортската сала.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rakometarite-na-makedonija-gorche-petrov-treniraat-po-ulitsi-i-parkinzi-otkako-arsovska-stavi-kluch-na-sportskata-sala/feed/ 0
ПМФЛ: Македонија ЃП убедливо против Победа https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pmfl-makedonija-gjp-ubedliva-protiv-pobeda/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pmfl-makedonija-gjp-ubedliva-protiv-pobeda/#respond Sat, 20 Aug 2022 18:04:19 +0000 https://kurir.mk/?p=721534

Македонија Ѓорче Петров со убедливи 4-1 славеше над Победа во денешниот меч од Првата македонска фудбалска лига. Емини уште во шестата минута од првото полувреме донесе водство за Македонија Ѓорче Петров, десетина минути подоцна Мазари изедначи на 1-1, но тоа беше се што направи Победа. Кристијан Стојковски во 34. минута го врати водството на Македонија Ѓорче Петров, а четири минути подоцна Емини со својот втор погодок на натпреварот зголеми на 3-1 и веќе ги реши дилемите околу победникот. На десет минути пред крајот Џон Мена само погоди за конечни 4-1. Утре се играат останатите четири меча, Академија Пандев - Шкендија, Силекс - Скопје, Струга - Работнички и Тиквеш - Брегалница, слободна е екипата на Шкупи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pmfl-makedonija-gjp-ubedliva-protiv-pobeda/feed/ 0
Македонија ЃП убедливо поразена од ЦСКА Софија https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/makedonija-gjp-ubedlivo-porazena-od-cska-sofija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/makedonija-gjp-ubedlivo-porazena-od-cska-sofija/#respond Thu, 28 Jul 2022 20:16:09 +0000 https://kurir.mk/?p=711564

Македнија ЃП убедливо е проазена во Софија од ЦСКА  со 4-0, и ги заврши настапите во квалификациите за Конференциската лига. ЦСКА го доби првото о полувреме  со 1:0, погоди, па следуваа голови на  Јомов,Туфегџиќ и  Назон. ЦСКА Софија ќе игра против победникот од двомечот Мура (Словенија) – Ст. Патрикс (Ирска).]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/makedonija-gjp-ubedlivo-porazena-od-cska-sofija/feed/ 0
Македонија Ѓорче Петров ѝ гостува на ЦСКА Софија https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/makedonija-gjorche-petrov-gostuva-na-cska-sofija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/makedonija-gjorche-petrov-gostuva-na-cska-sofija/#respond Thu, 28 Jul 2022 10:25:20 +0000 https://kurir.mk/?p=711300

Македонија Ѓорче Петров денеска од 19 часот ѝ гостува на Софиса ЦСКА во рамките на реванш натпреварот од Конференциската лига. По резултатот од 0-0 во Скопје, тимот кој денеска ќе победи продолжува на европската сцена во 3. квалификациско коло во Конференциската лига. Тимот на Македонија ЃП овој натпревар ќе го игра без Матеус Лемос, кој беше исклучен на средбата во Скопје бидејќи судијата му додели два жолти картони. Македонскиот тим досега играл двапати двомеч со бугарски тим во кои нема триумф. Во 2006 во УЕФА Купот се соочи со Локо Софија (0-2 и 1-1), а во 2007 играше со Черно Море Варна во Интертото Купот (0-4 и 0-3).]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/makedonija-gjorche-petrov-gostuva-na-cska-sofija/feed/ 0
Распродадени картите за натпреварот Македонија Ѓорче Петров – ЦСКА Софија https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/rasprodadeni-kartite-za-natprevarot-makedonija-gjorche-petrov-cska-sofija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/rasprodadeni-kartite-za-natprevarot-makedonija-gjorche-petrov-cska-sofija/#respond Thu, 21 Jul 2022 07:54:35 +0000 https://kurir.mk/?p=708252

Фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров попладнево на стадионот на ФФМ тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје ќе ја пречекаат софиска ЦСКА пред полни трибини, откако освојувачот на македонскиот Куп соопшти дека се продадени сите билети за натпреварот од 2. квалификациско коло во УЕФА Конференциската лига. Капацитетот на стадионот е 1.162 столчиња, а, според најавите, поддршка од трибините ќе има и бугарскиот тим од 60 навивачи. УЕФА за натпреварот што ќе се игра со почеток во 17:30 делегираше свој комесар за безбедност. Реваншот е по една недела во Софија, а поуспешниот тим продолжува на европската сцена во 3. квалификациско коло во Конференциската лига во кое ќе игра со победникот од пресметката меѓу Сент Патрик од Република Ирска и словенечка Мура.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/rasprodadeni-kartite-za-natprevarot-makedonija-gjorche-petrov-cska-sofija/feed/ 0
Македонија ЃП денеска ја пречекува ЦСКА Софија https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/makedonija-gjp-deneska-ja-prechekuva-cska-sofija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/makedonija-gjp-deneska-ja-prechekuva-cska-sofija/#respond Thu, 21 Jul 2022 06:07:27 +0000 https://kurir.mk/?p=708168

Натпреварот од 2. квалификациско коло во Конференциската лига меѓу екипите на Македонија Ѓорче Петров и ЦСКА Софија ќе се одигра денеска на теренот „Петар Милошевски“ при ФФМ со почеток во 17:30 часот. Имаше многу информации за тоа дека натпреварот може да биде преместен надвор од македонската престолнина, медиумите од источниот сосед бараа да се игра во Ниш, потоа се појавија вести дека Струмица може да биде градот каде лавовите би се соочиле со ЦСКА за да на крајот биде потврдена првичната верзија, дека сепак натпреварот ќе се одигра во Скопје. Билетите се продаваа по цена од 300 денари, а за навивачите на бугарската екипа обезбедени беа 60 влезници.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/makedonija-gjp-deneska-ja-prechekuva-cska-sofija/feed/ 0
Официјално: Македонија Ѓорче Петров – ЦСКА Софија, ќе се игра во Скопје! https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/oficijalno-makedonija-gjorche-petrov-cska-sofija-kje-se-igra-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/oficijalno-makedonija-gjorche-petrov-cska-sofija-kje-se-igra-vo-skopje/#respond Mon, 18 Jul 2022 13:12:20 +0000 https://kurir.mk/?p=707004

И дефинитивно мечот меѓу Македонија Ѓорче Петров и ЦСКА Софија ќе се игра на теренот на „Куќата на фудбалот“ при Фудбалската федерација на Македонија. Ова е последната вест која се доаѓа и е поврзана за дуелот кој е закажан за в четврток во рамките на 2. квалификациско коло во Конференциската лига. Имаше многу информации за тоа дека натпреварот може да биде преместен надвор од македнската престолнина, медиумите од источниот сосед бараа да се игра во Ниш, потоа се појавија вести дека Струмица може да биде градот каде лавовите би се соочиле со ЦСКА за да на крајот биде потврдена првичната верзија, место за оваа битка закажана за 17:30 часот. По една недела реваншот ќе се игра во Бугарија, а во случај избраниците на Бајрами да се изборат за триумф тогаш во третата рунда ќе се соочат со подобриот од Сент Патрик од Ирска и Мура од Словенија. Другиот наш претставник во ова натпреварувње Шкендија пак ако во двомечот биде подобра од Валмиера потоа ќе оди на мегдан со победникот меѓу АИК (Шведска) и Ворскла (Украина).]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/oficijalno-makedonija-gjorche-petrov-cska-sofija-kje-se-igra-vo-skopje/feed/ 0
Во продажба билетите за натпреварот Македонија ЃП – ЦСКА Софија https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vo-prodazba-biletite-za-natprevarot-makedonija-gjp-cska-sofija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vo-prodazba-biletite-za-natprevarot-makedonija-gjp-cska-sofija/#respond Wed, 13 Jul 2022 06:09:43 +0000 https://kurir.mk/?p=704204

Билетите за фудбалскиот натпревар меѓу Македонија Ѓорче Петров и ЦСКА Софија од денеска се пуштаат во продажба. Како што информираа од клубот, продажбата ќе се одвива во периодот од 9 до 11, како и од 17 до 20 часот до 20 јули. Секој ќе може да купи најмногу две влезници со документ за идентификација. Цената на билетите изнесува 300 денари. Натпреварот кој е рамки на второто коло на Конференцсиката лига на УЕФА ќе се одигра на 21 јули на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ при ФФМ.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vo-prodazba-biletite-za-natprevarot-makedonija-gjp-cska-sofija/feed/ 0