македонија ѓп – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 13 Jul 2023 18:15:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png македонија ѓп – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Македонија ЃП загуби од РФС https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/makedonija-gp-zagubi-od-rfs/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/makedonija-gp-zagubi-od-rfs/#respond Thu, 13 Jul 2023 18:15:42 +0000 https://kurir.mk/?p=856417

Екипата на Македонија ЃП попладнево загуби од РФС Рига со 1:0 во првото квалификациско коло на Конференциската лига. Стрелец на единствениот гол на натпреварот одигран на „Петар Милошевски“ во Скопје беше српскиот интернационалец Андреј Илиќ во 34.минута. Реваншот ќе се игра на теренот на летонскиот претставник по седум дена. Вечерва настап во евро-куповите имаат уште две македонски екипи. Шкупи гостува во Литванија кај Хегелман, додека Шкендија на домашен терен се среќава со велшки Хаферфордвест. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/makedonija-gp-zagubi-od-rfs/feed/ 0
Македонија ЃП сака да ја прекине серијата без пораз на летонска РФС Рига https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/makedonija-gp-saka-da-ja-prekine-serijata-bez-poraz-na-letonska-rfs-riga/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/makedonija-gp-saka-da-ja-prekine-serijata-bez-poraz-na-letonska-rfs-riga/#respond Wed, 12 Jul 2023 15:39:23 +0000 https://kurir.mk/?p=855933

Освојувачот на Купот, Македонија Ѓорче Петров, утре ја пречекува РФС Рига во рамки на првиот натпревар од воведното квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА. Тренерот на Македонија ЃП, Горан Симов, на денешната прес – конференција истакна дека неговите играчи мораат да бидат претпазливи и да го спроведат договореното на теренот доколку сакаат успех против летонскиот противник. -Пред сè сакам да им посакам на сите македонски тимови оваа сезона многу успех во ова европско лето, што подалеку да стигнеме сите заедно. Да бидеме претпазливи и да видиме како натпреварот ќе нè води во фаза на победа. Се прашуваме и ние, сакаме нешто ново да наметнеме, но и противникот се прашува, сепак немаат долго време пораз во низа, изјави Симов. Играчот на Македонија ЃП, Филип Мишевски посочи дека екипата е максимално мотивирана за успешен натпревар утре попладне од 17 часот на комплексот на ФФМ во Ново Лисиче. -Ќе бидам краток и јасен мораме да бидеме агресивни сите 90 минути, само така можеме до победа, иако времето ќе биде топло, но како за нас така и за нив, РФС Рига е долго без пораз, да им го нанесеме првиот оваа сезона. Атмосферата е одлична, тимот функционира како целина и тоа дава надеж дека овој дуел иако имаме сериозен противник, мотивирани сме максимално, рече Мишевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/makedonija-gp-saka-da-ja-prekine-serijata-bez-poraz-na-letonska-rfs-riga/feed/ 0
Македонија ЃП го одбрани трофејот во фудбалскиот Куп на Македонија https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/makedonija-gp-go-odbrani-trofejot-vo-fudbalskiot-kup-na-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/makedonija-gp-go-odbrani-trofejot-vo-fudbalskiot-kup-na-makedonija/#respond Sat, 20 May 2023 18:03:29 +0000 https://kurir.mk/?p=836815

Фудбалерите на Македонија ЃП ја одбрани титулата во фудбалскиот Куп на Македонија. Во финалето „Лавовите“ славеа против актуелнот шампион Струга ТЛ по подоброто изведување на пенали. Натпреварот по 120 минути игра заврши 1:1, а пенал-рулетот и припадна на Македонија ЃП со 2:0. Македонија ЃП од една од ретките добри акции во првиот дел успеа да избори пенал. Топката во раката го погоди Кочоски, а судијата Стојчевски и покрај жестоките протести на стружани досуди пенал. Сигурен реализатор на најстрогата казна беша Мишевски во 28.минута. По слично сценарио си играше и во втрото полувреме. Струга ТЛ ја имаше топката, но не успеваше да дојде до голот на Македонија ЃП. Од друга страна во периодот од 55. до 61.минута „лавовите“ имаа можност да постигнат гол преку Фазли и Стојкоски. Иницијативата стружани ја материјализираа во 78.минута преку Незири кој ја нафрли топката од десната страна, Стефковски го одбрани ударот на Радиќ, но на одбиената топка налета Јусуфи и ја смести во голот. До крајот немаше возбудувања, па натпреварот влезе во дополнителните 30 минути. На стратот од првото продолжение, Радески се обиде од 20.метри, а топката одеше во Стефковски кој лесно интервенираше. Девет минути подоцна се обиде стрелецот на израмнувачкиот гол, Јусуфи, но неговиот удар ззаврши над голот. Македонија ЃП, првата закана во продолжението ја имаше во 103.минута Самаке, неговиот удар одеше по средните на голот. Ќосески лесно одбрани. Во наредниот напад Шабани од добра позиција упати непрецизен удар. Илиески имаше добра шанса за Македонија ЃП во 106.минута, но неговиот удар беше блокиран и заврши во корнер. Ова беше единственото нешто што се случи на теренот до крајот на продолжението. Струга ТЛ: Таири (над голот), Радески (греда), Незири (греда), Шабани (Стефковски брани ) Македонија ЃП: Мишевски (Ќосевски брани), Личина ((0:1), Алексовски (брани Ќосевски), Скендери (0:2). foto: gol.mk]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/makedonija-gp-go-odbrani-trofejot-vo-fudbalskiot-kup-na-makedonija/feed/ 0
Финалето од Купот на Македонија место во Струмица ќе се игра на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ во Скопје https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/finaleto-od-kupot-na-makedonija-mesto-vo-strumitsa-ke-se-igra-na-trening-tsentarot-petar-miloshevski-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/finaleto-od-kupot-na-makedonija-mesto-vo-strumitsa-ke-se-igra-na-trening-tsentarot-petar-miloshevski-vo-skopje/#respond Fri, 05 May 2023 04:32:46 +0000 https://kurir.mk/?p=830726

Иако беше најавено дека фудбалскиот Куп на Македонија на 20-ти мај во кој ќе играат Струга Трим Лум и бранителот на трофејот Македонија Ѓорче Петров ќе се игра во Струмица, сепак ФФМ се одлучи тој да се одигра во Скопје. Пред скоро еден месец Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука финалето да се игра во Струмица за првпат по пет години. Сепак, на стадионот „Благој Истатов подолг период има проблеми со тревната подлага и ФФМ ја смени одлуката. Место во Струмица Струга Трим Лум и Македонија Ѓорче Петров ќе играат во Скопје и тоа на тренинг центарот на ФФМ „Петар Милошевски“. На Националната Арена нема можност да се игра затоа што ќе биде затворена поради јунскиот квалификаицски натпревар против Украина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/finaleto-od-kupot-na-makedonija-mesto-vo-strumitsa-ke-se-igra-na-trening-tsentarot-petar-miloshevski-vo-skopje/feed/ 0
Тиквеш ја совладаа Македонија ЃП, тимот се искачи на високото второ место https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/tikvesh-ja-sovladaa-makedonija-gjp-timot-se-iskachi-na-visokoto-vtoro-mesto/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/tikvesh-ja-sovladaa-makedonija-gjp-timot-se-iskachi-na-visokoto-vtoro-mesto/#respond Sat, 08 Oct 2022 14:06:27 +0000 https://kurir.mk/?p=742867

Фудбалерите на Тиквеш се искачија на второто место на табелата во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), откако попладнево во Кавадарци ја совладаа Македонија ЃП со високи 4-0 (2-0) во воведниот натпревар од 10. коло. Триумфот на домашниот тим им го донесоа двојноте стрелци Иван Ивановски (44 минута, 50, пенал) и Анаел Нгоба (45+1, 80). Тиквеш сега е второпласиран на табелата со 16 бодови од десет натпревари, додека Македонија ЃП е осмопласирана со девет бодови од девет натпревари. Редовното 10. прволигашко коло ќе биде комплетирано утре со дуелите меѓу Академија Пандев – Шкупи, Скопје – Работнички, Шкендија – Брегалница и Силекс – Победа. Слободен во ова коло е лидерот Струга. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/tikvesh-ja-sovladaa-makedonija-gjp-timot-se-iskachi-na-visokoto-vtoro-mesto/feed/ 0
ПМФЛ: Шкупи со победа над Македонија ЃП тргна да го брани трофејот https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pmfl-shkupi-so-pobeda-nad-makedonija-gjp-trgna-da-go-brani-trofejot/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pmfl-shkupi-so-pobeda-nad-makedonija-gjp-trgna-da-go-brani-trofejot/#respond Sat, 13 Aug 2022 18:07:05 +0000 https://kurir.mk/?p=718129

Актуелниот шампион во Првата македонска фудбалска лига, тимот на Шкупи, забележа победа во првиот настап од новата сезона во домашниот шампионат. Чаирчани денес на домашен терен без поуспешни од Македонија ЃП со 2:1. Трапановски и Цефас беа стрелци за Шкупи во 67 и 70. минута, за гостите од Ѓорче Петров погоди Скендери во 87. минута. Утре во 2.коло од ПМФЛ се среќаваат: Брегалница – Струга Победа – Тиквеш Работнички – Академија Пандев Шкендија – Силекс. Слободна е екипата на Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pmfl-shkupi-so-pobeda-nad-makedonija-gjp-trgna-da-go-brani-trofejot/feed/ 0
Македонија ЃП со играч помалку до нерешен резултат против ЦСКА Софија https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/makedonija-gjp-so-igrach-pomalku-do-nereshen-rezultat-protiv-cska-sofija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/makedonija-gjp-so-igrach-pomalku-do-nereshen-rezultat-protiv-cska-sofija/#respond Thu, 21 Jul 2022 17:37:08 +0000 https://kurir.mk/?p=708582

Фудбалскиот тим на Македонија Ѓорче Петров со десетмина фудбалери успеа да го задржи првичниот резултат 0-0 против ЦСКА Софија и ќе патува во Бугарија со надеж дека може да обезбеди пласман во следното коло од Конференциската лига на УЕФА. Тимот на Муарем Бајрами не беше инфериорен на комплексот на ФФМ, иако остана со играч помалку во 45.минута по исклучувањето на Матеус Ламос.Фудбалерот на Македонија ЃП набрзина заработи два жолти картони и мораше брзо да замине на туширање. Сепак, и без него „лавовите“ успеаја да задржат реми без голови. ЦСКА Софија еднаш се закани посериозно во првото полувреме, а и Ермедин Адем имаше полушанса во вториот дел. Мишевски се обиде од слободен удар во последните мигови, но шутираше за малку непрецизно. Туфегџиќ и Крастев се заканија кон голот на Стевковски во вториот дел, но тој беше на потребното ниво. На жешкото време, и двете екипи сепак оставија патникот за следната рунда да се решава на реваншот во Софија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/makedonija-gjp-so-igrach-pomalku-do-nereshen-rezultat-protiv-cska-sofija/feed/ 0
БЈБ не дозволува Македонија ЃП и ЦСКА Софија да играат во Скопје, МВР „сугерира“ да се игра во Струмица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/bjb-ne-dozvoluva-makedonija-gjp-i-cska-sofija-da-igraat-vo-skopje-mvr-sugerira-da-se-igra-vo-strumica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/bjb-ne-dozvoluva-makedonija-gjp-i-cska-sofija-da-igraat-vo-skopje-mvr-sugerira-da-se-igra-vo-strumica/#respond Sat, 16 Jul 2022 14:28:13 +0000 https://kurir.mk/?p=706242

Министерството за внатрешни работи ги потврди пишувањата на Република дека Бирото за јавна безбедност (БЈБ) бараат натпреварот од второто квалификациско коло на Конференциската лига на УЕФА, меѓу Македонија Ѓорче Петров и ЦСКА Софија да не се игра во Скопје.
„МВР испрати предлог до ФФМ за натпреварот да се одигра во Струмица место во Скопје поради зголемен број настани во главниот град и ангажмани на СВР Скопје. ФФМ го испратиле барањето до УЕФА бидејќи тие одлучуваат, но до овој момент не е добиен одговор. Во секој случај гарантираме безбедно одвивање на натпреварот, каде и да се игра“, одговорија од МВР на прашањата на Република дали е побарано натпреварот да се одигра во Струмица наместо во Скопје.
Република вчера објави дека натпревар е закажан за в четврток, 21 јули од 17.30 часот на тренинг центарот на ФФМ во Ново Лисиче, но, според неофицијални информации, со одлука на полицијата неговото одигрување на таа локација сериозно се става под знак прашалник. Од извори на „Република“ дознаваме дека од БЈБ испратиле писмо до ФФМ, во кое се вели дека МВР не се нафаќа, односно не може да го организира тој натпревар со гарантирана безбедност. Дополнително, според овие неофицијални информации, во писмото се наведува дека проблемот не е во теренот на ФФМ, туку дека овој натпревар не може да се игра во Скопје, односно ниту на Националната арена „Тоше Проески“, каде што своите натпревари ги игра македонскта фудбалска репрезентација, туку, од БЈБ бараат дуелот меѓу Македонија ЃП и ЦСКА Софија да се игра во Струмица. Ваквиот одговор на МВР личи како начин да се избегне одговорност, а топката ја префрлаат на УЕФА. Бугарските медиуми објавуваа дека Бугарија бара Скопје да биде изземен од организација на натпреварот, поради тензиите кои постојат меѓу двете земји на политички план. Дали овој натпревар воопшто треба да се игра во главниот град на Македонија? УЕФА има практика брзо да реагира на политичките тензии и да ги испраќа натпреварите на неутрални терени. Во конкретниот случај, дури и ова е повеќе од погодно, бидејќи српскиот град Ниш е блиску до двата главни града. Во последните години, УЕФА не дозволува тимови од Ерменија и Азербејџан, како и од Русија и Украина да се сретнат на турнирите. ЦСКА мора да ја посети базата на репрезентацијата на Македонија, именувана од „Македонија ЃП“ за арената на натпреварот. Доколку „Црвените“ ја контактираат УЕФА за проблемот, голема е веројатноста Нион да направи промена. Ова не важи за гостувањето на „Македонија ЃП“, бидејќи во Софија нема слична атмосфера, стои во анализата на бугарскиот дневен весник „Труд“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/bjb-ne-dozvoluva-makedonija-gjp-i-cska-sofija-da-igraat-vo-skopje-mvr-sugerira-da-se-igra-vo-strumica/feed/ 0
Бугарија бара Скопје да биде изземен од организација на натпреварот Македонија ЃП-ЦСКА, ова е причината https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/bugarija-bara-skopje-da-bide-izzemen-od-organizacija-na-natprevarot-makedonija-gjp-cska-ova-e-prichinata/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/bugarija-bara-skopje-da-bide-izzemen-od-organizacija-na-natprevarot-makedonija-gjp-cska-ova-e-prichinata/#respond Tue, 12 Jul 2022 06:38:16 +0000 https://kurir.mk/?p=703661

Во денешните изданија на бугарските медиуми се појавија реакции околу малиот број билети доделени на софискиот клуб за натпреварот со Македонија ЃП во Конференциската лига на УЕФА. Имено, клубот од Ѓорче Петров натпреварот како домаќин ќе го игра на „Петар Милошевски“ во центарот на ФФМ. Според правилата на УЕФА, обезбедени се 5 % од капацитетот на гледачи за гостинската публика. – Македонија, Ѓорче Петров ќе пушти само 60 билети за симпатизерите на „црвените“. По итни разговори по ждрепката, македонскиот клуб првично беше подготвен да пушти во продажба уште многу места за симпатизерите на ЦСКА. Оттаму не ја прифатија идејата на челниците на ЦСКА натпреварот да се игра на националниот стадион во Скопје, за да можат сите заинтересирани да присуствуваат на натпреварот. На крајот, домаќините по консултација со локалната федерација и полицијата, решија да го намалат бројот на 60, пишува „Труд“. Се бара дури Скопје да биде изземен од организација на натпреварот. – Дали овој натпревар воопшто треба да се игра во главниот град на Северна Македонија? УЕФА има практика брзо да реагира на политичките тензии и да ги испраќа натпреварите на неутрални терени. Во конкретниот случај, дури и ова е повеќе од погодно, бидејќи српскиот град Ниш е блиску до двата главни града. Во последните години, УЕФА не дозволува тимови од Ерменија и Азербејџан, како и од Русија и Украина да се сретнат на турнирите. ЦСКА мора да ја посети базата на репрезентацијата на Северна Македонија, именувана од „Македонија ЃП“ за арената на натпреварот. Доколку „Црвените“ ја контактираат УЕФА за проблемот, голема е веројатноста Нион да направи промена. Ова не важи за гостувањето на „Македонија ЃП“, бидејќи во Софија нема слична атмосфера, стои во анализата на бугарскиот дневен весник „Труд“. Натпреварот Македонија ЃП – ЦСКА е закажан за 21 јули со почеток во 17:30 часот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/bugarija-bara-skopje-da-bide-izzemen-od-organizacija-na-natprevarot-makedonija-gjp-cska-ova-e-prichinata/feed/ 0
Бајрами останува на клупата на Македонија ЃП до 2024 https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/bajrami-ostanuva-na-klupata-na-makedonija-gjp-do-2024/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/bajrami-ostanuva-na-klupata-na-makedonija-gjp-do-2024/#respond Fri, 27 May 2022 13:59:01 +0000 https://kurir.mk/?p=682553

Продолжување на соработка за уште две години, до лето 2024, договорија денеска фудбалскиот клуб Македонија Ѓорче Петров и шефот на стручниот штаб Мухарем Бајрами. Скопскиот прволигаш имаше успешна сезона под водство на Бајрами и го освои трофејот во Купот на Македонија со што избори пласман во УЕФА Конференциската лига. – Задоволен сум од тоа како ја завршивме минатата сезона и затоа без двоумење го продолжувам договорот, изјави Бајрами. -Благодарност до управата за довербата кон мене и целиот стручен штаб кој останува ист. Ветувам само работа и максимална посветеност за Македонија ЃП и другата сезона ги радува своите навивачи, додаде стратегот на Македонија ЃП.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/bajrami-ostanuva-na-klupata-na-makedonija-gjp-do-2024/feed/ 0