Македонија-Грција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 10 Sep 2023 08:54:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Македонија-Грција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ФОТО: Затворен патот на влез во Грција од границата со Македонија – Најмалку 3 загинати и десетици повредени во тешка сообраќајка https://arhiva.kurir.mk/svet/region/foto-zatvoren-patot-na-vlez-vo-grtsija-od-granitsata-so-makedonija-najmalku-3-zaginati-i-desetitsi-povredeni-vo-teshka-soobrakajka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/foto-zatvoren-patot-na-vlez-vo-grtsija-od-granitsata-so-makedonija-najmalku-3-zaginati-i-desetitsi-povredeni-vo-teshka-soobrakajka/#respond Sun, 10 Sep 2023 08:05:12 +0000 https://kurir.mk/?p=876518

Најмалку три лица загинаа, а десетици се повредени во сообраќајната несреќа што рано утрово се случи во северниот дел на Грција, во близина на границата со Северна Македонија, при судир на туристички автобус од Србија со две возила, а патот од 6.30 часот утрово е затворен за сообраќај, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчката државна телевизија ЕРТ постоел директен судир на двокатен туристички автобус со 78 туристи од Србија со автомобил, загинале тројца од четворицата патници во возилото, а повредени се околу 45 српски туристи, од кои петмина се сериозно. По директниот судир, автобусот се превртел, а во сообраќајката бил вклучен и втор автомобил, најверојатно со српски регистарски таблички, кој удрил во возилото, без да бидат повредени патниците. По сообраќајната несреќа, автопатот од границата со Северна Македонија е затворен за сообраќај и во двата правци, а возилата се пренасочуваа кон стариот пат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/foto-zatvoren-patot-na-vlez-vo-grtsija-od-granitsata-so-makedonija-najmalku-3-zaginati-i-desetitsi-povredeni-vo-teshka-soobrakajka/feed/ 0
Хронологија на следните дипломатски чекори по вчерашниот договор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hronologija-na-slednite-diplomatski-chekori-po-vcherashniot-dogovor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hronologija-na-slednite-diplomatski-chekori-po-vcherashniot-dogovor/#respond Wed, 13 Jun 2018 12:42:07 +0000 https://kurir.mk/?p=65445

До крајот на 2018, предвидено е да завршат сите дипломатски активности од македонска страна, но и ратификацијата на договорот од Собранието кај нас и Парламентот во Грција. Но претходно, потребно е да се направат конкретни чекори и обврски. Како што јави дописничката на МИА од Атина, според медиумите во Грција, но и според грчки владини извори, додека да стигне договорот пред пратениците во Грција, предвидени се следните чекори: 15 јуни - Расправа во грчкиот Парламент Од опозициската Нова демократија побараа, а тоа го пот, пред двете земји да го потпишат договорот, да се одржи расправа за договорот во грчкиот Парламент. Оваа расправа, неофицијално ќе се одржи в петок. 16 јуни – Потпишување на договорот Официјално не е соопштен датумот кога би се потпишал договорот меѓу двете земји, меѓутоа во грчките медиуми и во новинарските кругови во Грција, се повеќе се споменува дека Зоран Заев и Алексис Ципрас во сабота ќе заминат за Преспа (на грчка територија), а договорот ќе го потпишат шефовите на двете дипломатии Никола Димитров и Никос Коѕијас. Во текот на јуни – Ратификација на договорот во македонското Собрание Потпишаниот договор ќе треба да добие зелено светло од македонското Собрание, а медиумите во Грција коментираат дека е веројатно претседателот Ѓорге Иванов да не го потпише договорот и да го забави процесот По ратификацијата допис од Грција до НАТО и ЕУ Според медиумите во Грција, официјална Атина ќе испрати допис до НАТО и ЕУ во кој ќе пишува дека ја поттикнува интеграцијата на „Северна Македонија“ во НАТО и почеток на пристапни преговори со ЕУ, но под услов да се заврши со уставната ревизија. Интеграцијата во НАТО и отворање на поглавјата со ЕУ, според грчки владини извори, ќе биде откако ќе се заврши со уставната ревизија. 25-26 јуни - Совет на министрите за надворешни работи на ЕУ Позитивна порака од ЕУ, од Советот на министрите за надворешни работи на унијата. 11 јули - НАТО Самит На НАТО Самитот на 11 јули, „Северна Македонија“ ќе добие покана но под услов да се направи уставна ревизија. Септември- октомври референдум Одржување референдум кај нас, а исходот да биде позитивен. Во спротивно дел од медиумите во Грција споменуваат можност за распишување парламентарни избори со референдумски карактер. Премиерот Зоран Заев неодамна изјави дека референдумот ќе се одржи септември или почетокот на октомври. Уставна ревизија По референдумот, со претпоставка дека ќе има позитивен исход, според грчките медиуми ќе следи уставна ревизија и допис од премиерот Заев до земјите што ја имаат признаено Македонија под уставното име дека новото име е „Северна Македонија“ Ратификација во грчкиот парламент Откако ќе се завршат сите претходни чекори и обврски договорот ќе се ратификува во грчкиот Парламент, а „Северна Македонија“ ќе стане членка на НАТО. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hronologija-na-slednite-diplomatski-chekori-po-vcherashniot-dogovor/feed/ 0