Македонија – Косово – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 18 Jul 2021 07:53:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Македонија – Косово – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Од денеска се отвара привремен граничен премин со Косово – еве до кога ќе биде отворен и кои правила ќе важат! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-deneska-se-otvara-privremen-granichen-premin-so-kosovo-eve-do-koga-kje-bide-otvoren-i-koi-pravila-kje-vazat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-deneska-se-otvara-privremen-granichen-premin-so-kosovo-eve-do-koga-kje-bide-otvoren-i-koi-pravila-kje-vazat/#respond Sun, 18 Jul 2021 07:50:26 +0000 https://kurir.mk/?p=538215

Граничниот премин Стрезимир – Рестилица на македонско-косовската граница, од денеска до 1 септември ќе биде отворен за минување за граѓаните од двете земји. Преминот ќе биде отворен секој ден од 8 до 20 часот, а за преминување ќе важат истите правила како и на другите гранични премини, односно патна исправа (пасош или лична карта и зелен картон за автомобил). По тој повод, во посета на општина Маврово и Ростуше, како што најави градоначалникот Медат Куртовски, ќе биде министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со што ќе се означи привремено отворање на граничниот премин. – Благодарение на министерот Спасовски и овој летен период повторно ќе можеме да се движиме и дружиме со нашинците од Гора и се надеваме дека овој граничен премин во блиска иднина ќе биде функционален преку цела година во интерес на двете страни. Овој премин ќе биде многу значаен за развојот на туризмот на општините од двете страни на границата, како и за меѓусебното поврзување на жителите од општините Маврово и Ростуше, Центар Жупа и Дебар со жителите на општините Рестелица, Драгаш и Призрен, изјави Куртовски. За отворањето на привремениот граничен премин, кој се наоѓа на планината Кораб, на тромеѓето Македонија-Албанија- Косово, денеска објави и Минисерството за внатрешни работи на Косово. Како што јави дописникот на МИА од Приштина, во краткото соопштение на косовското МВР се наведува дека церемонијата на отворањето на граничниот премин ќе се одржи денеска во 12 часот. Северна Македонија и Косово актуелно имаат два гранични премина – Блаце (Генерал Јанковиќ) и Јажинце (Глобочица). Граничниот премин Стрезимир – Рестилица, кој подолг период воопшто не функционираше, беше отворен во истиот период во 2018-та, потоа и следната 2019 година, додека лани поради пандемијата не беше отворен. Како привремен, официјално профункционира во август 2003 година и се користеше од март до октомври од 7 до 19 часот. Но, поради несоодветната патна инфраструктура, фреквенцијата беше минимална. Друштвата на Македонците од подрачјето на Гора бараат преминот да има постојан граничен режим, што значи да биде отворен 24 часа и да може да минува секој. Тие во барањето наведоа дека во отворањето на преминот од Гора гледаат надеж за економска соработка и нивни опстанок. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-deneska-se-otvara-privremen-granichen-premin-so-kosovo-eve-do-koga-kje-bide-otvoren-i-koi-pravila-kje-vazat/feed/ 0
ВИДЕО: Мотивација до небото – Елиф Елмас со емотивно видео пред натпреварот ги бодрел соиграчите ! https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/video-motivacija-do-neboto-elif-elmas-so-emotivno-video-pred-natprevarot-gi-bodrel-soigrachite/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/video-motivacija-do-neboto-elif-elmas-so-emotivno-video-pred-natprevarot-gi-bodrel-soigrachite/#respond Fri, 09 Oct 2020 11:17:58 +0000 https://kurir.mk/?p=414369

Елиф Елмас пред клучниот натпревар против Косово испратил порака до своите соиграчи со која ги мотивираше да стигнат до големата победа. Елмас те чекаме за мечот со Грузија…, пренесува порталот кликспорт.мк ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/video-motivacija-do-neboto-elif-elmas-so-emotivno-video-pred-natprevarot-gi-bodrel-soigrachite/feed/ 0
ВИДЕО: „Само за неа пеам јас, само за неа навивам“, бодри ја вечер Македонија https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/video-samo-za-nea-peam-jas-samo-za-nea-navivam-bodri-ja-vecher-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/video-samo-za-nea-peam-jas-samo-za-nea-navivam-bodri-ja-vecher-makedonija/#respond Thu, 08 Oct 2020 06:59:35 +0000 https://kurir.mk/?p=413732

Македонската фудбалска репрезентација вечерва во почеток од 20:45 часот го пречекува Косово во рамки на квалификациите за Европското првенство. Фудбалската федерација на Македонија на Фејсбук објави видео со кое навивачите, иако нема да бидат присутни на трибините, може да ја бодрат нашата репрезентација. -Next Time и Nikolce Micevski направија “Само за неа пеам јас, само за неа навивам” да звучи победнички за утрешниот натпревар на #Македонија! Нашите Martin Bleki и Stefan Filipovski од Next Time со Nikolce Micevski даваат вистинска поддршка за македонската репрезентација..., напишаа од ФФМ на објавата на Фејсбук. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/video-samo-za-nea-peam-jas-samo-za-nea-navivam-bodri-ja-vecher-makedonija/feed/ 0
Македонија вечерва го пречекува Косово, репрезентативците на два чекори од историски пласман на ЕП https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/makedonija-vecherva-go-prechekuva-kosovo-reprezentativcite-na-dva-chekori-od-istoriski-plasman-na-ep/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/makedonija-vecherva-go-prechekuva-kosovo-reprezentativcite-na-dva-chekori-od-istoriski-plasman-na-ep/#respond Thu, 08 Oct 2020 06:30:47 +0000 https://kurir.mk/?p=413723

Македонската фудбалска репрезентација се наоѓа на два чекора од историски пласман на Европското првенство. Првата пречка на патот кон евро-шампионатот за избраниците на селекторот Игор Ангеловски ќе биде косовскиот националниот тим. Ова ќе биде дуел од полуфиналето на плејофот во Лигата на нации на две репрезентации кои ги освоија првите места во своите групи во Д-сегментот. И двете репрезентации ќе настапат ослабени без неколку свои фудбалери од првиот состав поради актуелната состојба со пандемијата на коронавирус. Пандемијата е причина и за отсуството на публика, а МВР забрани и групно следење на натпреварот од страна на навивачките групи. Средбата е закажана за вечер со почеток во 20:45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/makedonija-vecherva-go-prechekuva-kosovo-reprezentativcite-na-dva-chekori-od-istoriski-plasman-na-ep/feed/ 0
Пандев: Гориме од желба за победа, ќе го оставиме срцето на терен https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pandev-gorime-od-zelba-za-pobeda-kje-go-ostavime-srceto-na-teren/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pandev-gorime-od-zelba-za-pobeda-kje-go-ostavime-srceto-na-teren/#respond Wed, 07 Oct 2020 11:28:44 +0000 https://kurir.mk/?p=413434

Најдобриот македонски фудбалер на сите времиња, Горан Пандев, најави голема борба на утрешниот дуел со Косово во полуфиналето од плејофот на Лигата на нации. -Благодарност до сите кои помогнаа за моето доаѓање. Желбата на сите нас беше преголема јас да дојдам во Скопје. Концентриран сум на натпреварот. Атмосферата е одлична. Знаеме што ни носи овој меч. Жално е што ќе нема публика. Подготвени сме и се надеваме на победа. Сакав да играм пред полн стадион, но такви се околностите. Натпреварите во репезентацијата и во клубот не се исти. За мене ова е последна шанса да се пласирам на едно големо натпреварување. Ќе го оставиме срцето на терен. Гориме од желба да го израдуваме нашиот народ. Знаеме во каков период живее не само Македонија, туку целиот свет, изјави Пандев на денешната прес-конференција. Тој нема тренирано последните седум дена поради појавата на коронавирус во неговиот клуб Џенова. -Тешко е без тренинг цела недела, но селекторот ги знае моите квалитети и убеден сум дека правилно ќе ме искористи. Првите минути ќе бидат тешки кога тремата ќе биде присутна, но после петтата минута веќе се ќе се заборави, додаде Пандев. Натпреварот ќе се игра утревечер со почеток во 20.45 минути на Национална арена „Тодор Проески“ во Скопје, без присуство на публика. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pandev-gorime-od-zelba-za-pobeda-kje-go-ostavime-srceto-na-teren/feed/ 0
МВР со апел до навивачките групи пред натпреварот Македонија-Косово https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/mvr-so-apel-do-navivachkite-grupi-pred-natprevarot-makedonija-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/mvr-so-apel-do-navivachkite-grupi-pred-natprevarot-makedonija-kosovo/#respond Wed, 07 Oct 2020 07:08:10 +0000 https://kurir.mk/?p=413240

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека се преземени сите потребни мерки за беспрекорна организација и одигрување на фудбалскиот натпревар од полуфиналето од Лигата на Нации помеѓу фудбалските репрезентации на Северна Македонија и Косово на 8-ми октомври на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. -МВР, во рамки на своите надлежности, во соработка со Фудбалската федерација на Македонија и другите надлежни органи, постапува по однос на обезбедување на сигурноста на учесниците. Преземени се сите мерки и активности за гарантирање на безбедноста на фудбалерите и другите учесници од пристигнувањето во Скопје, за време на натпреварот и по одигрување на мечот. Министерството за внатрешни работи, исто така, ја информира јавноста дека во соработка со здравствените власти се преземени сите потребни мерки за почитување на протоколите за заштита од ширење на Ковид – 19, се наведува во соопштението. Согласно препораките на Државниот здравствен и санитарен инспекторат и Одлуките на Владата, не е дозволено присуство на публика на натпреварот. -Апелираме до граѓаните и да не се организира заедничко следење на натпреварот. Само со почитување на протоколите за заштита од ширење на Ковид 19 ќе помогнеме за што побрзо нормализирање на состојбата. До навивачките групи, со кои поголем дел од Секторите за внатрешни работи, односно Отсекот за превенција, одржаа средби, апелираме да се воздржат од инциденти, употреба на говор на омраза или други нарушувања на јавниот ред и мир, затаоа што тоа најстрого ќе биде санкционирано, велат од МВР.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/mvr-so-apel-do-navivachkite-grupi-pred-natprevarot-makedonija-kosovo/feed/ 0
Филипче: Најдобро е средбата Македонија-Косово да се одигра без присуство на публика https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-najdobro-e-sredbata-makedonija-kosovo-da-se-odigra-bez-prisustvo-na-publika/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-najdobro-e-sredbata-makedonija-kosovo-da-se-odigra-bez-prisustvo-na-publika/#respond Fri, 06 Mar 2020 18:57:32 +0000 https://kurir.mk/?p=313144

Министерот за здравство, Венко Филипче одговарајќи денеска на новинарски прашања на прес-конференцијата за коронавирусот потенцираше дека најдобро е средбата од Лигата на нациите Македонија - Косово да се одигра без присуство на публика бидејќи ќе има големо присуство на гости од странство.
Филипче исто така информираше дека препораката за играње спортски натпревари без гледачи ќе биде продолжена до 13. март.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-najdobro-e-sredbata-makedonija-kosovo-da-se-odigra-bez-prisustvo-na-publika/feed/ 0
Македонија засега не воведува контра-мерки кон Косово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-zasega-ne-voveduva-kontra-merki-kon-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-zasega-ne-voveduva-kontra-merki-kon-kosovo/#respond Thu, 26 Jul 2018 13:46:15 +0000 https://kurir.mk/?p=81418

Македонија засега не планира воведување контра - мерки кон Косово. Очекува целосно укинување на зголемените царини врз основа на досегашните преговори, соопшти денеска Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ). Според МЗШВ, по утрешниот состанок на министерот за економија Крешник Бектеши со косовскиот колега, ќе има многу повеќе детали за наредните чекори. - Сите досегашни преговори ни даваат за право да очекуваме целосно укинување на зголемените царини. Затоа во овој момент, Македонија останува на ставот барем засега да не се воведуваат контра - мерки. По утрешниот состанок на Бектеши, ќе имаме и многу повеќе детали за наредните чекори, наведува МЗШВ. Министерството и натаму останува на ставот дека разговорите со Косово во изминатиот период дадоа резултат, а како потврда за тоа го посочува фактот дека Приштина веќе ја повлече зголемената царина за дел од земјоделските производи. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-zasega-ne-voveduva-kontra-merki-kon-kosovo/feed/ 0