македонија-сад – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 02 Jun 2022 20:06:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png македонија-сад – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Османи – Блинкен: Отвораме ново поглавје на стратешкото партнерство меѓу двете земји https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-blinken-otvorame-novo-poglavje-na-strateshkoto-partnerstvo-megju-dvete-zemji/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-blinken-otvorame-novo-poglavje-na-strateshkoto-partnerstvo-megju-dvete-zemji/#respond Thu, 02 Jun 2022 20:06:23 +0000 https://kurir.mk/?p=685841

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, во рамки на посетата на Вашингтон, имаше средба со американскиот државен секретар Ентони Блинкен. На средбата е изразено задоволство од одржувањето на Стратешки дијалог меѓу Македонија и САД, што претставува нов исчекор во билатералните односи и надградба на стратешкото партнерство меѓу двете земји, соопшти МНР. -Нам ни претставува посебна чест што Северна Македонија е прва земја од Западен Балкан која одржува стратешки дијалог со САД, значаен процес преку кој се продлабочува нашето стратешко партнерство и поконкретно се врамува нашата билатералната соработка. Ваквиот исчекор во билатералните односи е уште една потврда за силното пријателство и взаемниот интерес за зајакнување на сојузништвото меѓу двете земји, истакна Османи. На средбата стана збор и за актуелните безбедносни состојби, при што беше изразена заедничка осуда на руската воена инвазија, како и силна поддршка и солидарност со Украина. Воедно, беше нагласено дека актуелните состојби налагаат нова динамика во евроинтегративните процеси на земјите од Западен Балкан, со што ќе се потврди кредибилноста на ЕУ и ќе се охрабрат процесите за надминување на разликите и помирување во регионот. -Процесот на проширување на ЕУ претставува безбедносно прашање, а европските перспективи на земјите од Западниот Балкан, и кредибилитетот на овој процес, од суштинска важност за регионалната и европската стабилност. Благодарни сме за силната американска поддршка за што поскоро започнување на процесот на преговори на Северна Македонија, што во моментов преставува и најдобриот начин да се зачува кредибилитетот на овие процеси, нагласи Османи. На средбата со Блинкен, министерот Османи го поздрави партнерството меѓу Македонија и САД, особено во контекст на НАТО, истакнувајќи го притоа стратешкото партнерство меѓу двете земји, сега веќе надградено и со Стратешкиот дијалог, како еден од најважните столбови за долгорочната стабилност на  Македонија, како и за нејзината демократска и цивилизациска надградба. (МИА)  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-blinken-otvorame-novo-poglavje-na-strateshkoto-partnerstvo-megju-dvete-zemji/feed/ 0