Македонија – Украина – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 01 Jun 2023 15:55:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Македонија – Украина – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Од понеделник започнува продажбата на билети за Македонија – Украина https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/od-ponedelnik-zapochnuva-prodazhbata-na-bileti-za-makedonija-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/od-ponedelnik-zapochnuva-prodazhbata-na-bileti-za-makedonija-ukraina/#respond Thu, 01 Jun 2023 15:55:36 +0000 https://kurir.mk/?p=841268

Во понеделник, 5. јуни, ќе започне продажбата на билети за натпреварот на Македонија - Украина (16. јуни, 20:45) на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје од квалификациите за ЕП 2024. Цената на влезница за натпреварот изнесува од 300 и 400 денари. Продажбата на билети за натпреварот Македонија - Украина ќе се организира исклучиво преку продажната мрежа на MKTickets со физичко присуство на купувачите. Едно лице може да купи најмногу четири (4) билети. Задолжителна е влезница за натпреварот и за деца, без оглед на нивната возраст. Натпреварот ќе се одржи на 16 јуни во 20:45 часот. Цени на билети: Северна Трибина Блок 13, 14, 18, 19, 20, 21, 23 и 24      300 денари Јужна Трибина Блок 1, 2, 5 и 6                                     300 денари Блок 3 и 4                                             400 денари Билетарата на Националната арена „Тодор Проески“ ќе биде отворена на 14-ти, 15-ти јуни и на денот на натпреварот, 16-ти јуни од 10:00 часот. Продажни места: Скопје: • ЛитератураМК - City Mall • ЛитератураМК - East Gate • ЛитератураМК - Веро Центар • Литература - ТЦ Буњаковец • Литература МК  - ул. Македонија • Југотон ГТЦ 1 • ЈК Травел - ТЦ Бисер • Макпетрол – Козле • Макпетрол  - Илинденска • Макпетрол - Влае Велес: • Унисон Прилеп: • ТА Бран Куманово: • Тобако Агора Тетово: • Тобако Монако • Гранд Тобако Гостивар: • Тобако Вона 5 Охрид: • ТА Вис Пој Битола: • Литерара МК • Tobacco Brothers Струмица: • Литература МК • ТА Сафари Радовиш: • ТА Халкидики -Ги повикуваме сите љубители на фудбалот и поддржувачи на македонската репрезентација со фер и коректно навивање да им помогнат на „Рисовите“ да дојдат до многу важна победа од квалификациите за Европското првенство 2024, велат од ФФМ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/od-ponedelnik-zapochnuva-prodazhbata-na-bileti-za-makedonija-ukraina/feed/ 0
Македонија повторно испрати воена помош за Украина: Еве што има во натоварениот воз (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-povtorno-isprati-voena-pomosh-za-ukraina-eve-shto-ima-vo-natovareniot-voz-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-povtorno-isprati-voena-pomosh-za-ukraina-eve-shto-ima-vo-natovareniot-voz-video/#respond Thu, 10 Nov 2022 09:17:45 +0000 https://kurir.mk/?p=758421

На социјалната мрежа Телеграм вчера осамна видео-снимка од воз натоварен со воена инженерска опрема и возила, за која се тврди дека е дел од воената помош од Македонија наменета за Украина. На снимката што ја објавува прорускиот канал @Ryabar, кој го води извесен Дејан Бариќ од Србија, се тврди дека возот со инженерска опрема тргнал од Скопје на 7 ноември и преку Бугарија се упатил кон Украина. На 9 ноември возот стигнал во бугарскиот град Русе, го поминал граничниот премин со Романија, па се упатил преку романска територија кон областа на Одеса, тврди каналот повикувајќи се на свои извор. На снимката се гледаат повеќе од десет различни типови возила, вклучувајќи оклопни возила за спасување Т-55, камиони М-35, оклопни возила Ленд ровер, возила за итна медицинска помош, булдожери и дигалки… Каналот уште тврди дека во придружба на опремата патувале и припадници на украинската армија, кои биле сместени во патнички вагон. Оваа пратка наводно требало да стигне во Украина уште во август, но поради проблеми кои не се наведени, транспортот доцнел, пишува Нетпрес.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-povtorno-isprati-voena-pomosh-za-ukraina-eve-shto-ima-vo-natovareniot-voz-video/feed/ 0
Ангеловски ги избра стартните 11. за дуелот со Украина https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/angelovski-gi-izbra-startnite-11-za-duelot-so-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/angelovski-gi-izbra-startnite-11-za-duelot-so-ukraina/#respond Thu, 17 Jun 2021 12:09:38 +0000 https://kurir.mk/?p=524774

Со една измена во тимот од натпреварот со Австрија и тактички ротации во составот, македонската фудбалска репрезентација ќе се соочи попладнево од 15 часот со Украина, во вториот натпревар од групата Ц на ЕУРО 2020. Од воведниот натпревар против Австрија, во почетниот состав на „црвено – жолтите“ за денешната пресметка го нема напаѓачот Александар Трајковски, а на негово место селекторот Игор Ангеловски се одлучи за играчот за врска Стефан Спировски. На голот е стандардниот Столе Димитриевски, а во одбраната се Дарко Велковски, Висар Муслуи и Кире Ристевски. Средниот ред го сочинуваат Стефан Ристовски, Аријан Адеми, Бобан Николов и Стефан Спировски, додека Енис Барди е позициониран пред напаѓачкиот двоец Горан Пандев – Елиф Елмас. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/angelovski-gi-izbra-startnite-11-za-duelot-so-ukraina/feed/ 0
Македонија против Украина во битка за осминафинале на ЕУРО2020 https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/makedonija-protiv-ukraina-vo-bitka-za-osminafinale-na-euro2020/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/makedonija-protiv-ukraina-vo-bitka-za-osminafinale-na-euro2020/#respond Thu, 17 Jun 2021 06:22:19 +0000 https://kurir.mk/?p=524594

Македонската фудбалска репрезентација попладнево од 15 часот против Украина на Националната арена во Букурешт го игра вториот натпревар од групата Ц на ЕУРО2020. Македонскиот селектор на Игор Ангеловски на вчерашната официјална прес – конференција истакна дека неговите избраници ги очекува најважниот натпревар во кариерата. – Дојдовме на ЕУРО со цел да се пласираме во втората фаза и таа фаза за нас е активна. Имаме пред нас ривал кој исто така има нула бодови, што значи дека ова за нас е финале. И да не успееме нема да биде трагедија, а нормално дека ќе дадеме се од себе. Украинците се квалитетни, тоа го покажаа и против Холандија. Имаат одлични индивидуалци, но и ние имаме квалитет и покажавме дека можеме да се носиме со сите, изјави Ангеловски. Без калкулации во натпреварот ќе влезат и Украинците, кои како и македонските фудбалери, беа поразени во првиот натпревар на Европското првенство. Избраниците на Ангеловски по вчерашниот попладневен завршен тренинг спроти дуелот со Украина беа специјални гости на концертот што во Букурешт го одржа македонскиот пијанист со светско реноме, маестро Симон Трпчески.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/makedonija-protiv-ukraina-vo-bitka-za-osminafinale-na-euro2020/feed/ 0
Македонија и Украина ќе ја интензивираат политичката и економската соработка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-i-ukraina-kje-ja-intenziviraat-politichkata-i-ekonomskata-sorabotka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-i-ukraina-kje-ja-intenziviraat-politichkata-i-ekonomskata-sorabotka/#respond Wed, 11 Apr 2018 09:15:51 +0000 https://kurir.mk/?p=38978

Меморандум за заемна соработка меѓу дипломатските академии во министерствата за надворешни работи на Македонија и на Украина и заедничка декларација, денеска потпишаа министрите за надворешни работи на двете земји Никола Димитров и Павло Климкин кој е во дводневна официјална посета на Македонија. Димитров по средбата информираше дека со неговиот колега се договориле и за возвратна посета во Киев на која ќе се потпише спогодба за патување без визи во двете земји, односно за трајно укинување на визите за краткорочен престој. На средбата се разговарало и за економската соработка за која и двајцата се согласиле дека постои можност за интензивирање. - Имаме договор за слободна трговија, меѓутоа бројките не соодветствуваат на потенцијалот. Работиме на унапредување на договорот, а процесот е веќе почнат. Имаме заедничка визија за стабилна и просперитетна Европа и во таа смисла реафирмирајќи ја приврзаноста кон европските принципи и вредности се осврнавме на европските и евроатланските аспирации на нашите две држави. Иако имаме специфичен пат и се соочуваме со разни предизвици, Македонија и Украина се подготвени да разменуваат искуства и заемно да се поддржуваат во остварувањето на заедничките цели, истакна Димитров. Министерот за надворешни работи на Македонија најави неформална средба на двајцата министри во Охрид заедно со шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас. Климкин потенцираше дека Македонија е важен партнер за Украина на Балканот и дека двете земји заедно чекорат кон Европската унија и НАТО. Нагласи дека економската размена не треба да ги опфаќа само продуктите и инвестициите, туку дека потребана е и размена меѓу луѓето и науката. - Сакам да се заблагодарам што Македонија зема за рехабилитација украински војници што за нас претставува нешто што е многу емотивно, реално покажување на пријателството што некогаш е поважно отколку формалните посети, рече Климкин. Шефот на дипломатија денеска треба да има средба и со претседателот на Собранието, Талат Џафери. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-i-ukraina-kje-ja-intenziviraat-politichkata-i-ekonomskata-sorabotka/feed/ 0