Македонија за сите луѓе – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 10 Aug 2021 09:49:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Македонија за сите луѓе – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Концептот „Македонија за сите луѓе“ е концепт кој нуди повисок стандард на граѓаните, концепт на нови политики за секој еден граѓани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/konceptot-makedonija-za-site-lugje-e-koncept-koj-nudi-povisok-standard-na-gragjanite-koncept-na-novi-politiki-za-sekoj-eden-gragjani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/konceptot-makedonija-za-site-lugje-e-koncept-koj-nudi-povisok-standard-na-gragjanite-koncept-na-novi-politiki-za-sekoj-eden-gragjani/#respond Tue, 10 Aug 2021 07:07:39 +0000 https://kurir.mk/?p=548626

Концептот „Македонија на сите луѓе“ е концепт кој нуди развој и повисок стандард на граѓаните. Концепт на нови политики, политики кои ќе бидат за секој еден граѓанин преку решавање на нивните потреби, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ. -На изминатите неколку трибини предложивме неколку крупни економски политики. Со концептот „Македонија за сите луѓе" ќе обезбедиме плати од 750 евра за граѓаните. Тимот на економисти во ВМРО-ДПМНЕ разработи еден нов процес на зголемување на просечната плата во државата. Исто така со концептот на новите политики предвидуваме поевтина електрична енергија за сите граѓани во Македонија. Ќе обезбедиме поевтина електрична енергија за сите домаќинства, преку нова методологија, со инвестициски циклуси во енергетиката со искористување на постоечките ресурси и градење и модернизирање на нови производни постојки. Со парите од акцизата за гориво кои секојдневно се слеваат во буџетската каса, наместо за луксуз ќе ги намениме за народот и проекти во образованието, спортот и културата. Вкупно 40 милиони евра за 4 годишен мандат од акцизата за нафтени деривати ќе бидат вратени во проекти за поквалитетно образование, велат од партијата во соопштението. Од таму додаваат дека македонските тутунари ќе ја имаат целосната грижа од страна на ВМРО-ДПМНЕ, со тоа што ќе се донесе закон за тутун со кој целосно ќе се забрани увоз на тутун се додека не се откупи и последниот лист на домашен тутун, произведен по македонските ниви. -Исто така ќе спроведеме целосна дигитализација на услугите на општините, за граѓаните да не чекаат со месеци за одреден документ. ВМРО-ДПМНЕ во наредниот период како опозиција ќе предложи закон кој ќе овозможи легална трговија на криптовалути во државата, со што ќе се придонесе за далеку поголемо трансферирање на средства во државата од тргување со криптовалути. Преку концептот „Македонија за сите луѓе“ предвидуваме проект за изградба на ново автопатско решение од Скопје, Велес, преку Бабуна до Прилеп, Битола и Меџитлија, за подобар и поквалитетен патнички и транспортен сообраќај и целосно поврзување со автопатско решение до границата со нашиот јужен сосед. Концептот „Македонија за сите луѓе“ ќе го порази концептот на Заев базиран на корупција, криминал и целосно уништување на македонската економија. Овие 4 години власт на Заев се 4 украдени и упропастени години за Македонија, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/konceptot-makedonija-za-site-lugje-e-koncept-koj-nudi-povisok-standard-na-gragjanite-koncept-na-novi-politiki-za-sekoj-eden-gragjani/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Концептот „Македонија за сите луѓе“ ќе овозможи просечна плата од 750 евра https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-konceptot-makedonija-za-site-lugje-kje-ovozmozi-prosechna-plata-od-750-evra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-konceptot-makedonija-za-site-lugje-kje-ovozmozi-prosechna-plata-od-750-evra/#respond Fri, 23 Jul 2021 07:19:15 +0000 https://kurir.mk/?p=540651

Концептот Македонија на сите луѓе е концепт кој нуди развој и повисок стандард на граѓаните. Овој концепт нуди просечна плата од 750 евра, односно 45 илјади денари. Тоа е можно со посветена работа, реален раст на економијата и привлекување на што е можно повеќе инвестиции во Македонија. Впрочем Македонија во моментот е на дното по странски директни инвестиции во регионот, 5 до 15 пати помалку во споредба со Албанија и Србија, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. - Дополнително ќе се отвори можност за инвестиции во новите технологии и дигитализацијата, и на тој начин Македонија ќе може да има поголем и забрзан економски раст. Новото време нуди нови можности и секоја сериозна држава е должна да биде во чекор со процесите, бидејќи така ќе овозможи напредок и подобар живот за своите граѓани, велат од партијата. ВМРО-ДПМНЕ посочува дека мафијата на власт поради нејзината корумпираност и криминал ја разјадува економијата и не дозволува сериозен раст на економскиот живот во македонија. - Целта им е јасна, Македонија да ја остават во сиромаштија, граѓаните да ги доведат до гола егзистенција, за да можат со трошките кои ќе ги фрлаат да го манипулираат народот и да го владеат. Затоа создаваат поделби, а како резултат на таквите поделби имаме мала елита која се богати и јаде од златни лажици, и огромно мнозинство кое живее во сиромаштија. Концептот македонија за сите луѓе нуди просперитет и можности за секој, повисоки плати и поголем стандард, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-konceptot-makedonija-za-site-lugje-kje-ovozmozi-prosechna-plata-od-750-evra/feed/ 0
Промоции на политики, Македонија за сите луѓе тргнува од Гази Баба https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/promocii-na-politiki-makedonija-za-site-lugje-trgnuva-od-gazi-baba/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/promocii-na-politiki-makedonija-za-site-lugje-trgnuva-od-gazi-baba/#respond Wed, 14 Jul 2021 08:47:28 +0000 https://kurir.mk/?p=536524

Промоции на политики, мерки и вредности... што треба да се направи, каков е патот кон подобар живот и Македонија за сите луѓе, ќе се објаснува на промоции на политики кои ќе почнат денес со почеток во 20 часот на плоштадот во Гази Баба. Мерки кои треба да ги превземе централната власт, политики кои ќе придонесат за драстично подобрување на животот на граѓаните. Нов концепт кој е дел од Македонија за сите луѓе, а кој го најави лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски на роденденот на партијата. -Нашиот слоган е „Македонија за сите луѓе“. Оваа нова политичка стратегија ќе ја оствариме преку нашите политики, кои ќе ги објаснуваме и соопштуваме. ПОЛИТИКИ ЗА СИТЕ ЛУЃЕ. Ќе зборуваме кои ќе бидат темелите за нашите решенија кои ќе ги понудиме. Кои се основните принципи преку кои ќе ја закрепнеме економијата. Дека мора да завладее правото за да имаме економија, дека потребна е реална поддршка на иновациите, малиот и среден бизнис. Да инвестираме во know-how, да правиме ефективна и ефикасна соработка со бизнис заедницата во интерес на сите граѓани нормално, да се бориме за секое едно работно место и да создадеме десетици илјади нови работни места. Вештачката интелигенција, роботиката, трансферот на знаење, тоа се патриотите на 21-от век, изјави тогаш Мицкоски. На трибините ќе присуствуваат професори, експерти и аналитичари од повеќе области кои ќе зборуваат за новиот концепт. Првата тема на промоции ќе биде енергетиката, ќе се зборува за цената на струјата, за акцизата на горивата, за гасификацијата, што треба да се прави со РЕК и многу други теми.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/promocii-na-politiki-makedonija-za-site-lugje-trgnuva-od-gazi-baba/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Боите кои ја идентификуваат новата стратегија „Македонија за сите луѓе“, се боите на Македонија, на сите кои и мислат добро на Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-boite-koi-ja-identifikuvaat-novata-strategija-makedonija-za-site-lugje-se-boite-na-makedonija-na-site-koi-i-mislat-dobro-na-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-boite-koi-ja-identifikuvaat-novata-strategija-makedonija-za-site-lugje-se-boite-na-makedonija-na-site-koi-i-mislat-dobro-na-makedonija/#respond Thu, 17 Jun 2021 06:59:01 +0000 https://kurir.mk/?p=524614

ВМРО-ДПМНЕ е партија која има јасна цел, а таа е напредна Македонија со заштитени национални и државни интереси. Во таа насока е и стратегијата „Македонија за сите луѓе“ која ги обединува сите оние кои ја сакаат својата татковина, кои имаат искрени патриотски чувства, кои имаат волја, капацитет и желба да ја градат Македонија, но првенствено да се спротивстават на мафијата на власт која секој ден ја разградува државата, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Затоа и новиот визуелен идентитет кој ги содржи боите синоним за борба, идеали, трнлив пат, но и успех. Црвената е за сите оние кои сакаат добробит на Македонија. Црната е за оние кои жалат за Гоцевите идеали и националните порази кои ги донесе власта на Заев Жолтата е за оние кои енергично се борат за демократијата и човековите права. Белата е оние кои веруваат во победа, слобода и подобра иднина. Сивата е за сите оние кои беа понижени и обесхрабрени од хибридниот режим на Заев, но кои никогаш не потклекнаа. Аловата е за младите кои имаат потенцијал да го градат просперитетот на Македонија. Бордото е за оние кои ја бараат правдата за себе и за Македонија. Портокаловата е за оние кои знаат и сакаат да работат и кои се носители на економскиот живот. Сите овие бои значат Македонија. Сите овие бои ги обединуваат сите оние кои и покрај разликите ќе се обединат за Македонија Затоа боите прават знак за успех, бидејќи Македонија е нашето минато, нашата сегашност и нашата иднина. Да ставиме крај на поделбите на СДСМ и Заев, на граѓани од прв и граѓани од втор ред. Македонија за сите луѓе!, се вели во сопштението на ВМРО-ДПМНЕ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-boite-koi-ja-identifikuvaat-novata-strategija-makedonija-za-site-lugje-se-boite-na-makedonija-na-site-koi-i-mislat-dobro-na-makedonija/feed/ 0