Македонисимо – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 03 Mar 2023 07:10:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Македонисимо – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Светска оркестарска премиера на „Македонисимо“ на Трпчески во Виена https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/svetska-orkestarska-premiera-na-makedonisimo-na-trpcheski-vo-viena/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/svetska-orkestarska-premiera-na-makedonisimo-na-trpcheski-vo-viena/#respond Fri, 03 Mar 2023 07:10:26 +0000 https://kurir.mk/?p=807437

Светска премиера на оркестарската верзија на музичкиот проект „Македонисимо“ на Симон Трпчески и пријателите се одржа синоќа во престижната концертна сала „Музикферајн“ во Виена, заедно со австрискиот оркестар Тонкунстлер и диригентот Јутака Садо од Јапонија, соопшти Здружението за култура и уметност „КултурОп“. „Музика која ги отвора ушите и срцата“, вака беше најавен синоќешниот голем настан за македонската музичка уметност. Трпчески во изјава за МРТ појаснува дека на членовите квинтетот Македонисимо им донесе многу возбуда, среќа и гордост. - Се случи нешто што засекогаш ќе остане во аналите на историјата на македонската интерпретативна уметност. Возбудата е дотолку поголема што добивме уште една димензија на проектот Македонисимо, кој Панде Шахов овојпат го обои во најразлични оркестарски бои за поинаква звучна слика. Со желба изведбата да донесе уживање и за самиот оркестар, тој ја направи оркестрацијата многу внимателно. Во секој случај, незаборавно е чувството кога грмна тапанот и низ „Музикферајн“ се разлеаа корените на македонската нација, изјави Трпчески за МРТ. Композиторот и аранжер Панде Шахов, како што пренесува „КултурОп“, појасни дека не менувал ништо во делниците за квинтетот, туку само оркестарски ги обоил.. Изведбата на квинтетот Македонисимо (Александар Краповски на виолина, Александар Сомов на виолончело, Хидан Мамудов на кларинет, саксофон и кавал и Влатко Нушев на перкусии, предводени од пијанистот Трпчески), посочува „КултурОп“, беше посебна инспирација и за членовите од оркестарот, на чело со нивниот музички директор и шеф-диригент Јутака Садо, кој подвлече дека кога првпат ги видел ритмите во партитурите, се исплашил како ќе ги диригира. -По дводневни проби, забележав дека со помош на прекрасните музичари од квинтетот Македонисимо, сега не се чувствувам како да следам ритам, матрица, туку како да создавам една многу слободна музика. И среќна! Кога завршува секој од ставовите, оваа музика нѐ прави насмеани, среќни. Има преголемо уживање во оваа музика што го слави животот на многу креативен начин, изјави маестро Садо за МРТ. „КултурОп“ информира дека одушевената публика тоа го препозна и по стоечките овации следуваа две изведби на бис. -Како што вели и официјалниот сајт на Тонкунстлер оркестарот, „радосната музика за која критичарите открија дека резултатот го „одзема здивот“, вечер (3 март) продолжува со својата реприза на големата сцена во Фестивалската сала на австриски Санкт Полтен, се наведува во соопштението.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/svetska-orkestarska-premiera-na-makedonisimo-na-trpcheski-vo-viena/feed/ 0
„МАКЕДОНИСИМО“ на Трпчески и пријателите во Штип и Битола https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/makedonisimo-na-trpcheski-i-prijatelite-vo-shtip-i-bitola/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/makedonisimo-na-trpcheski-i-prijatelite-vo-shtip-i-bitola/#respond Sun, 25 Sep 2022 07:35:48 +0000 https://kurir.mk/?p=737096

Македонскиот виртуоз на пијано Симон Трпчески ја продолжува мини-серијата концерти со македонската премиера на интернационалниот музички проект „МАКЕДОНИСИМО“. На Градскиот плоштад „Слобода“ во Штип, Трпчевски и пријателите денеска ќе го изведат албумот „МАКЕДОНИСИМО“ што во издание на британската етикета „Лин Рекордс“ го обиколи светот. Проектот, што по идеја на Трпчески на оригинален начин ја обработува македонската народна музика од страна на нашиот композитор, Панде Шахов, ја изведува уникатниот тим на МАКЕДОНИСИМО КВИНТЕТОТ во кој, покрај Симон Трпчески на пијано, членуваат и Александар Краповски на виолина, Александар Сомов на виолончело, на кларинет, саксофон и на кавал Хидан Мамудов, а зад удиралките Влатко Нушев. По настапите во струшкото село Збажди и пред Националната опера и балет во Скопје, утре „Македонисимо“ ќе биде изведен на платото пред Офицерскиот дом во Битола. Изведбите, публиката ќе може да ги проследи бесплатно.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/makedonisimo-na-trpcheski-i-prijatelite-vo-shtip-i-bitola/feed/ 0
„МАКЕДОНИСИМО“ на Трпчески и пријателите со бесплатни концерти во Штип и Битола https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/makedonisimo-na-trpcheski-i-prijatelite-so-besplatni-koncerti-vo-shtip-i-bitola/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/makedonisimo-na-trpcheski-i-prijatelite-so-besplatni-koncerti-vo-shtip-i-bitola/#respond Fri, 23 Sep 2022 05:24:04 +0000 https://kurir.mk/?p=736429

По 5 години од светската премиера на престижниот музички фестивал во Лудвигсбург, Германија и освојување на светските музички меридијани со музичкиот материјал изнедрен од плодната македонска почва, нашиот прославен пијанист Симон Трпчески ја продолжува мини-серијата концерти со македонската премиера на интернационалниот музички проект МАКЕДОНИСИМО. По спектаклите во струшкото село Збажди и пред Националната опера и балет во Скопје, в недела на 25 септември на Градскиот плоштад „Слобода“ во Штип и в понеделник на 26 септември на платото пред Офицерскиот дом во Битола, со почеток во 19 часот, Трпчески и пријателите ќе го изведат албумот МАКЕДОНИСИМО што во издание на британската етикета „Лин Рекордс“ го обиколи светот. Проектот што по идеја на Трпчески на оригинален начин ја обработува македонската народна музика од страна на нашиот композитор, Панде Шахов, ја изведува уникатниот тим на МАКЕДОНИСИМО КВИНТЕТОТ во кој, покрај Симон Трпчески на пијано, членуваат и Александар Краповски на виолина, Александар Сомов на виолончело; на кларинет, саксофон и на кавал Хидан Мамудов, а зад удиралките е Влатко Нушев. И оваа изведба, публиката ќе може да ја проследи бесплатно. Со оваа домашна турнеја се одбележува и 15-годишнината на Здружението за култура и уметност „КултурОп“, чија основна задача е токму поддршката на нашиот пијанист од светски глас. Концертите се организираат со поддршка од Општина Штип и Општина Битола.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/makedonisimo-na-trpcheski-i-prijatelite-so-besplatni-koncerti-vo-shtip-i-bitola/feed/ 0
„Македонисимо“ на Трпески и пријателите со македонска премиера на 3 големи бесплатни концерти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/makedonisimo-na-trpeski-i-prijatelite-so-makedonska-premiera-na-3-golemi-besplatni-koncerti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/makedonisimo-na-trpeski-i-prijatelite-so-makedonska-premiera-na-3-golemi-besplatni-koncerti/#respond Fri, 02 Sep 2022 11:29:31 +0000 https://kurir.mk/?p=727719

По 5 години од светската премиера на престижниот музички фестивал во Лудвигсбург, Германија и освојување на светските музички меридијани со музичкиот материјал изнедрен од плодната македонска почва, нашиот прославен пијанист Симон Трпчески конечно ја најавува и македонската премиера на интернационалниот музички проект МАКЕДОНИСИМО. Музичкиот десерт што македонската публика со нетрпение го очекува, најпрво на 14 септември од 20 часот на платото пред Националната опера и балет ќе го „вкуси“ публиката во Скопје. Следните изведби се предвидени за во Штип на 25 септември и во Битола, ден потоа, на 26 септември. Трпчески и пријателите ќе го изведат албумот МАКЕДОНИСИМО што во издание на британската етикета „Лин Рекордс“ го обиколи светот – проект во чии рамки на оригинален начин се обработува македонската народна музика од страна на нашиот композитор, Панде Шахов, кој, како што вели Трпчески, „со својот посебен музички јазик ја обои на многу поинаков начин, испреплетувајќи со нашата традиционална музика различни музички стилови“. Уникатниот тим на МАКЕДОНИСИМО КВИНТЕТОТ и на оваа серија концерти го сочинуваат и Александар Краповски на виолина, Александар Сомов на виолончело; на кларинет, саксофон и на кавал Хидан Мамудов, а зад удиралките е Влатко Нушев. Сите 3 изведби, публиката ќе може да ги проследи бесплатно. Со оваа домашна турнеја ќе се одбележи и 15-годишнината на Здружението за култура и уметност „КултурОп“, чија основна задача е токму поддршката на нашиот пијанист од светски глас. Генерален покровител на концертите е Македонската радио телевизија, а ексклузивни спонзори се „Алкалоид“ АД Скопје, Македонски Телеком и Пантелеон ГС. -Воедно, имаме ексклузивна можност со Вас да ја споделиме и веќе потврдената СВЕТСКА ПРЕМИЕРА на ОРКЕСТАРСКАТА ВЕРЗИЈА НА МАКЕДОНИСИМО во, веројатно, најпознатата музичка сала на светот, виенски „Музикферајн“, сцената на која се одржува традиционалниот Новогодишен концерт омилен во глобални рамки. МАКЕДОНИСИМО КВИНТЕТОТ предводен од Трпчески на оваа престижна сцена на 2 март 2023 година од 20 часот ќе го придружува австрискиот Тонкунстлер оркестар, а под палката на нивниот шеф-диригент, маестро Јутака Садо од Јапонија, информираат од КултурОп.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/makedonisimo-na-trpeski-i-prijatelite-so-makedonska-premiera-na-3-golemi-besplatni-koncerti/feed/ 0
„МАКЕДОНИСИМО“ на Трпчески и пријателите со македонска премиера во живописното струшко село Збажди https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/makedonisimo-na-trpcheski-i-prijatelite-so-makedonska-premiera-vo-zivopisnoto-strushko-selo-zbazdi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/makedonisimo-na-trpcheski-i-prijatelite-so-makedonska-premiera-vo-zivopisnoto-strushko-selo-zbazdi/#respond Mon, 08 Aug 2022 16:26:20 +0000 https://kurir.mk/?p=715762

Со почит кон своите корени, македонскиот пијанист од светски глас Симон Трпчески реши македонската претпремиера на својот драгоцен проект МАКЕДОНИСИМО да ја изведе во автентичното опкружување на родното место на неговиот татко, живописното струшко село Збажди, сместено во пазувите на областа Малесија, на планината Караорман. Во предвечерието на големиот христијански празник Голема Богородица, на 27 август од 17:30 часот, Трпчески и пријателите пред љубопитната публика не само од овој крај, ќе изведат прилагодена програма од албумот МАКЕДОНИСИМО што го обиколи светот – проект во чии рамки на оригинален начин се обработува македонската народна музика од страна на нашиот композитор, Панде Шахов, кој, како што вели Трпчески, „со својот посебен музички јазик ја обои на многу поинаков начин, испреплетувајќи со нашата традиционална музика различни музички стилови“. Уникатниот тим на МАКЕДОНИСИМО КВИНТЕТОТ го сочинуваат и Александар Краповски на виолина, Александар Сомов на виолончело; на кларинет, саксофон и на кавал Хидан Мамудов, а зад удиралките е Влатко Нушев. „Бидете и Вие дел од ова несекојдневно доживување, во очекување на скорешните изведби на МАКЕДОНИСИМО на сцените од каде што се изнедри ова вонвременско музичко патешествие што го освои светот“- велат од Здружението за култура и уметност „КултурОп“. КОНЦЕРТНАТА СЕЗОНА 2021/22 ТРПЧЕСКИ ЈА ЗАОКРУЖИ НАСТАПУВАЈЌИ НА 4 КОНТИНЕНТИ ВО ПОСЛЕДНИТЕ 30 ДЕНА Инаку, Трпчески ја заврши својата концертна сезона 2021/22 со концертот во петокот, на 5 август на светски познатата сцена „Театро Колон“ во Буенос Аирес, што „Нешнл Џиографик“ ја вбројува во десетте најубави оперски сали во светот. На своето деби пред одушевената аргентинска публика, Трпчески заедно со Филхармонискиот оркестар на Буенос Аирес под диригентската палка на перуанецот Давид дел Пино Клинге, го изведе Вториот концерт за пијано и оркестар од Рахмањинов. На овој концерт му претходеа и аплаузите и овациите што Трпчески само во последните 30-тина дена ги собра на сцените на уште 3 континенти: во Хрватска (рецитал во Загреб во рамките на „Гричките вечери“), Јужна Кореја (со рецитал и на барање на публиката повторна изведба на МАКЕДОНИСИМО), Соединетите американски држави (со Грант Парк оркестарот на престижната отворена сцена во Чикаго), а во Отава, Канада во рамките на „Камерниот музички фестивал“ се случи и северноамериканската премиера на проектот МАКЕДОНИСИМО. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/makedonisimo-na-trpcheski-i-prijatelite-so-makedonska-premiera-vo-zivopisnoto-strushko-selo-zbazdi/feed/ 0
Маестро Трпчески со песна ги поздрави Македонците кои се свесни за своите корени (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/maestro-trpcheski-so-pesna-gi-pozdravi-makedoncite-koi-se-svesni-za-svoite-koreni-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/maestro-trpcheski-so-pesna-gi-pozdravi-makedoncite-koi-se-svesni-za-svoite-koreni-video/#respond Thu, 28 Jul 2022 08:43:12 +0000 https://kurir.mk/?p=711200

Маестро Симон Трпески е во североамериканска премиера на проектот Македонисимо. Пред премиерата во Отава тој објави видео со кое, како што рече, ги поздравува сите Македонци кои се свесни за своите корени и имаат достоинство. -Пред североамериканската премиера на МАКЕДОНИСИМО, поздрав до македонскиот народ и сите Македонци кои се свесни за своите корени и имаат достоинство, со една прекрасна песна која тлее со генерации, напиша Трпески на Фејсбук. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/maestro-trpcheski-so-pesna-gi-pozdravi-makedoncite-koi-se-svesni-za-svoite-koreni-video/feed/ 0
Симон Трпчески со концерт во Софија, македонската народна музика од „Македонисимо“ пред бугарската публика https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/simon-trpcheski-so-koncert-vo-sofija-makedonskata-narodna-muzika-od-makedonisimo-pred-bugarskata-publika/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/simon-trpcheski-so-koncert-vo-sofija-makedonskata-narodna-muzika-od-makedonisimo-pred-bugarskata-publika/#respond Sun, 30 May 2021 07:59:40 +0000 https://kurir.com.mk/?p=516738

Во најпрестижната сала за класична музика „Бугарија“ во Софија, денеска концерт ќе одржат четворица македонски и бугарски изведувачи, кои се дел од Софиската филхармонија. Дел од групата која ќе го одржи концертот, е светски познатиот македонски пијанист Симон Трпчески. Познатиот бугарски диригент Најден Тодоров ќе диригира на концертот. Како што јави дописникот на МИА од Бугарија, Трпчески во салата „Бугарија“, освен со Софиската филхармонија, ќе свири и со неговиот сонародник виолинистот Александар Капоски од Операта во Барселона и бугарскиот виолончелист Александар Сомов, кој работи во Филхармонијата во Стразбур.Тие ќе изведуваат троен концерт на Јохан Себастијан Бах. -За време на концертот ќе биде изведен музичкиот проект „Македонисимо“ со македонска народна музика, изјави Трпчески во Софија за МИА. Според него, културата е оној вечен мост, кој може да ги обединува луѓето и да им биде потпора во тешките моменти, која ќе им дава сила да продолжат напред. Според неофицијални податоци на концертот се очекува да присуствуваат министрирте за култура на Северна Македонија Ирена Стефоска и на Бугарија Велислав Минеков. Во саботата вечерта во Културно-информативниот центар во Софија, Трпчески изведе една од познатите македонски песни.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/simon-trpcheski-so-koncert-vo-sofija-makedonskata-narodna-muzika-od-makedonisimo-pred-bugarskata-publika/feed/ 0
Лондонски „Сандеј Тајмс“ со блескави оценки за новото ЦД на Симон Трпчески https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/londonski-sandej-tajms-so-bleskavi-ocenki-za-novoto-cd-na-simon-trpcheski/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/londonski-sandej-tajms-so-bleskavi-ocenki-za-novoto-cd-na-simon-trpcheski/#respond Fri, 28 May 2021 07:28:55 +0000 https://kurir.com.mk/?p=515894

„Вонсериско издание“ – оценува лондонски „Сандеј Тајмс“ образложувајќи го својот избор за албум на неделата! Во издание на престижната британска етикета „Лин Рекордс“, од денеска (28 мај) официјално излегува најновиот компакт-диск на македонскиот пијанист Симон Трпчески на кој заедно со Јаначек филхармонискиот оркестар од Острава, Чешка и прославениот диригент Кристијан Мачелару од Романија, изведуваат програма со дела од Шостакович. – Станува збор за еден производ од оваа пандемија што јас го иницирав за да бидам продуктивен кога веќе немав концерти. Заедно со „Лин Рекордс“, Јаначек филхармонискиот оркестар од Острава и романскиот диригент Кристијан Мачелару, кој е шеф-диригент на Националниот оркестар на Франција, како и првиот трубач на овој оркестар – Андреј Кавалински од Белорусија, на моја иницијатива успеавме да организираме снимање на двата пијано концерти на Дмитри Шостакович, како и на Второто трио за виолина, виолончело и пијано, со моите драги колеги од проектот МАКЕДОНИСИМО – Александар Краповски и Александар Сомов. Овој избор е еден опис на различните творечки периоди од животот на Шостакович, а кои сведочат за неговата креативност и оригиналност. Мило ми е што уште и пред официјалното денешно излегување пред пошироката публика ова ЦД доби прекрасни критики, вели Трпчески во изјавата за Македонското радио. Симон Трпчески синоќа во Стразбур настапи како солист на првиот од двата концерта со Стразбуршката филхармонија на затворањето на нејзината сезона. Вечерашниот втор концерт на кој под диригентската палка на маестро Марко Летоња од Словенија, нашиот пијанист настапува во изведбата на Концертот број 2 за пијано и оркестар од Сергеј Рахмањинов, директно ќе биде емитуван на телевизијата „Медичи“, соопштува „КултурОп“. Веќе в недела (30 мај) Трпчески во бугарската престолнина ќе го има својот деби настап со Софиската филхармонија. На покана од неговите големи пријатели, виолинистот Александар Краповски и бугарскиот виолончелист Александар Сомов, под диригентската палка на Григор Паликаров, на програмата ќе биде Тројниот концерт за виолина, виолончело, пијано и оркестар од Бетовен. Во јунскиот распоред се и настапите како солист со Санкт Петерсбуршката филхармонија и диригентот Николај Алексеев на нивната матична сцена, потоа и двата концерта со Симфонискиот оркестар на регионот Астуриас во Шпанија, како и концертот на затворањето на сезоната на Романскиот радиски камерен оркестар во Букурешт под палката на актуелниот шеф-диригент и на македонските филхармоничари, Габриел Бебешелеа. На овој концерт се поканети и играчите и стручниот штаб на македонската фудбалска репрезентација како поддршка за нивните историски настапи на Европското првенство, а на кои Трпчески возвратно ќе ги бодри од трибините]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/londonski-sandej-tajms-so-bleskavi-ocenki-za-novoto-cd-na-simon-trpcheski/feed/ 0
Три концерти на Трпчески во Јужна Кореја – азиска премиера на „Македонисимо“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/tri-koncerti-na-trpcheski-vo-juzna-koreja-aziska-premiera-na-makedonisimo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/tri-koncerti-na-trpcheski-vo-juzna-koreja-aziska-premiera-na-makedonisimo/#respond Wed, 12 Feb 2020 10:15:39 +0000 https://kurir.mk/?p=302801

Музичкиот проект „Македонисимо“ на Симон Трпчески и пријателите има азиска премиера на три концерти во Јужна Кореја, информира КултурОп. Во изјава за Македонското радио нашиот познат пијанист вели дека приемот е одличен, а единствена разлика е тоа што дел од публиката носи заштитни маски од претпазливост од коронавирусот. Се радуваме од реакцијата на публиката на темите од македонскиот фолклор, а нивната почит е изразена и со раритетна можност во програмата делата да бидат најавени и на кирилица, на македонски јазик, изјави Трпчески, користејќи ја можноста на своите домаќини да им ги честита четирите Оскари што ги освои филмот „Паразит“, подвлекувајќи ја уште еднаш и гордоста од двете номинации за македонскиот документарец „Медена земја“. Инаку, во „Македонисимо“ – новата димензија на македонската музика низ музичката обработка на нашиот композитор Панде Шахов, покрај Трпчески настапуваат и Александар Краповски на виолина, Хидан Мамудов на кларинет, саксофон и на кавал, зад удиралките е Влатко Нушев, а овојпат наместо Александар Сомов од Бугарија, на виолончело е нашиот Паскал Краповски. Поради големиот интерес за изведбата на „Македонисимо“ во Јужна Кореја, локалниот промотор YT на својот сајт ќе обезбеди и директен пренос од третиот концерт закажан за утре, 13 февруари. Светската премиера на „Македонисимо“ беше 18 мај 2017 година на музичкиот фестивал во Лудвигсбург, Германија]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/tri-koncerti-na-trpcheski-vo-juzna-koreja-aziska-premiera-na-makedonisimo/feed/ 0