македонистика – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 10 Nov 2022 09:03:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png македонистика – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Историски успех за македонистиката: Започнуваат со работа нова македонистичка катедра и нов лекторат по македонски јазик на странски универзитет – на престижниот Анкарски универзитет https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/istoriski-uspeh-za-makedonistikata-zapochnuvaat-so-rabota-nova-makedonistichka-katedra-i-nov-lektorat-po-makedonski-jazik-na-stranski-univerzitet-na-prestizniot-ankarski-univerzitet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/istoriski-uspeh-za-makedonistikata-zapochnuvaat-so-rabota-nova-makedonistichka-katedra-i-nov-lektorat-po-makedonski-jazik-na-stranski-univerzitet-na-prestizniot-ankarski-univerzitet/#respond Thu, 10 Nov 2022 09:03:39 +0000 https://kurir.mk/?p=758402

 Постигнат е успех од историско значење за македонистиката. Започнуваат со работа нова македонистичка катедра и нов лекторат по македонски јазик на странски универзитет – на престижниот Анкарски универзитет во Турција. Вчера, салата на Факултетот за јазици, историја и географија на Анкарскиот универзитет беше мала за да ги собере сите кои беа заинтересирани да го проследат првиот промотивен час по македонски јазик. Ова е конкретна потврда дека залагањата и вложувањата на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ) за интензивирање и унапредување на соработката со странските високообразовни и научни институции веќе даваат забележливи резултати во развивањето на македонистичките студии во странство, сега и со отворање нови странски македонистички центри. Со новоотворената Катедра за македонски јазик и Лекторатот по македонски јазик на Анкарскиот универзитет започнува нова успешна приказна за афирмацијата на македонскиот јазик, литература и култура во светот, на странските високообразовни и научни институции – приказна која е од исклучително големо значење и за нацијата и државата.     -Неизмерни се радоста и гордоста што и Анкарскиот универзитет постанува македонистички центар. И тоа не само со можност за отворање нов лекторат по македонски јазик, туку и со одделна Катедра за македонски јазик, со која македонистиката, веднаш добива поголема важност, односно статус преку кој дополнително се гарантира нејзиното развивање на анкарскиот Факултетот за јазици, историја и географија. Дури и во период кога во глобални рамки се стравува дека хуманистиката, а во нејзините рамки и филологијата запаѓа во криза заради намалениот интерес за студирање, ни се случува зголемување на интересот за македонистиката на повеќе странски високообразовни институции. Но и воопшто во странските културни средини,  дотолку што е јасна потребата од воведување македонистички студии и на универзитети на кои претходно македонистиката не била присутна со одделен дел од студиските програми. Особено онаму каде што веќе и има поголем број заинтересирани за изучување на македонскиот јазик, како што е во конкретниов случај, во Анкара, истакнува директорката на МСМЈЛК при УКИМ, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска. Таа и упати благодарност до колегите од Анкарскиот универзитет.  -Од името на МСМЈЛК при УКИМ изразувам неизмерна благодарност до колегите од Анкарскиот универзитет, особено до раководителката на Катедрата за македонски јазик, проф. д-р Мелахат Парс, за посветеноста и пожртвуваноста да се случи оваа македонистичка приказна, со која мостовите на соработка, содејствување и пријателство меѓу двата народна и двата универзитета – УКИМ и Анкарскиот универзитет, сега се уште посилни. Ова уште еднаш покажува колку посветени и искрени пријатели има нашата култура во меѓународната академска заедница. Ама, оваа приказна штотуку започнува – верувам дека пред нас се многу нејзини поглавја, кои ќе бидат одбележани и со заеднички проекти и заеднички влог во македонистиката, а посакуваме да бидат одбележани и со податоци кои ќе покажуваат постојано зголемување на интересот за македонистиката. Знам дека заеднички ќе сториме сè да биде така, нагласува Мојсова-Чепишевска.  Директорката на МСМЈЛК при УКИМ, посочува дека лекторатот во Анкара се отвора по речиси 15 години од отворањето на претходно отворениот Лекторат по македонски јазик на Универзитетот во Риека, но дека не се запира тука.  Раководителката на Катедрата за македонски јазик, проф. д-р Мелахат Парс, нагласи дека на Анкарскиот универзитет може да се очекува голем интерес за македонистиката во времето што е пред нас. Таа е уверена дека во соработка со МСМЈЛК при УКИМ ќе се успее Анкарскиот универзитет да стане препознатлив странски македонистички центар од кој ќе произлегуваат кадри што ќе бидат едни од водечките афирматори на македонистиката во светот во времето што е пред нас.  Работата на Катедрата за македонски јазик и на Лекторатот по македонски јазик на Анкаркиот универзитет започна успешно. Вчерашниот прв промотивен час по македонски јазик, на Факултетот за јазици, историја и географија на Универзитетот го одржа лекторот Дарко Темелкоски, а организацијата на настанот беше координирана од раководителката на Катедрата за македонски јазик, проф. д-р Мелахат Парс, која со своите залагања изминатиот период и со интензивната соработка со МСМЈЛК при УКИМ ја потврди својата решеност да оствари влог во развојот на странската македонистика. На предавањето, покрај бројните студенти, присуствуваа и членови на Здружението на Турци по потекло од Македонија. Сите заинтересирани да го изучуваат македонскиот јазик. По одржувањето на првиот промотивен час по македонски јазик, лекторот Темелкоски оствари работна средба и во Институтот за турски јазик, литература и фолклор, веќе со подготвеност и конкретни идеи за развивање на соработка.  Инаку, со отворањето на Катедрата за македонски јазик под раководство на проф. д-р Мелахат Парс, во чии рамки е и Лекторатот по македонски јазик на Анкарскиот универзитет, македонистиката веќе е присутна на два водечки универзитета во Турција. Поконкретно, на Факултетот за литература на Истанбулскиот универзитет, македонскиот јазик, литература и култура се изучуваат веќе 36 години во кои непрекинато работи Катедрата за македонски јазик која сега ја раководи проф. д-р Туркан Олџај, која заедно со раководителката на Одделот за славистика, проф. д-р Емине Инанир и со лекторката по македонски јазик, д-р Габриела Ивановска, успеаја од годинава, македонскиот јазик да го стават на листата јазици што можат да го изучуваат сите студенти на Универзитетот.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/istoriski-uspeh-za-makedonistikata-zapochnuvaat-so-rabota-nova-makedonistichka-katedra-i-nov-lektorat-po-makedonski-jazik-na-stranski-univerzitet-na-prestizniot-ankarski-univerzitet/feed/ 0
Триесет и пет години македонистика на Шлезискиот универзитет: Полските студенти восхитени од автентичноста на македонскиот јазик https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/trieset-i-pet-godini-makedonistika-na-shleziskiot-univerzitet-polskite-studenti-voshiteni-od-avtentichnosta-na-makedonskiot-jazik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/trieset-i-pet-godini-makedonistika-na-shleziskiot-univerzitet-polskite-studenti-voshiteni-od-avtentichnosta-na-makedonskiot-jazik/#respond Sat, 09 Jul 2022 09:53:11 +0000 https://kurir.mk/?p=702620

Полските студенти се восхитени од автентичноста на македонскиот јазик, кој на Шлезискиот универзитет можат да го изучуваат од најосновното рамниште, а еден дел од нив продолжуваат со изучувањето на повисоки рамништа. Затоа, на вториот циклус студии, часовите по македонски јазик се одвиваат интензивно, на значително високо рамниште, а на Универзитетот има и докторанти по македонски јазик. Но, веќе се создаваат и нови перспективи – со заеднички проект за модерни славистички студии на Шлезискиот универзитет (Полска), Остравскиот универзитет (Чешка) и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ), поддржан со програмата Еразмус Плус, соопшти Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ. Како резултат на овој проект, како што се посочува, веќе ќе може да се очекува и зголемување на интересот за македонскиот јазик, литература и култура на вториот циклус студии на Шлезискиот универзитет. Од Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура потенцираат дека овие информации доаѓаат од лекторатот по македонски јазик на Факултетот за хуманистика во Сосновјец, Полска, по повод значајниот јубилеј што ќе се одбележи во текот на претстојната академска година – 35 години македонистика на Шлезискиот универзитет во Катовице. Овој јубилеј е конкретен показател и за повеќедецениската соработка на Шлезискиот универзитет и УКИМ, важна и за македонистиката и за полонистиката. Проектот кој отвора и нови перспективи, а на кој се носители и двата универзитета (полскиот и македонскиот) има за цел да се зголеми бројот на студенти на втор циклус студии преку интегрирани програми во кои се вклучени и македонскиот јазик, литература и култура. Инаку, според информациите од лекторатот по македонски јазик на Шлезискиот универзитет, полските студенти искажуваат интерес и за дополнителните активности во сферата на македонистиката. Меѓу нив се вбројува и настанот „Читајќи го Конески на полски“, со кој полските студенти имаа можност подобро да се запознаат со поетскиот опус на Блаже Конески и дел од него да препејат на полски јазик. Досега покажаниот интерес е поттик и обврска на лекторатот по македонски јазик, веќе да се осмислуваат и нови активности за уште поактивна вклученост на младите полски филолози кои искажуваат интерес за македонскиот јазик, литература и култура, информираат од Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура. На претстојната 55. Летна школа што ќе се одржи од 17 август до 2 септември во Конгресниот центар на УКИМ во Охрид, се очекуваат и тројца студенти од Шлезискиот универзитет и тоа токму од овој лекторат по македонски јазик на Факултетот за хуманистика во Сосновјец, овозможувајќи им не само следење лекторска настава и предавања, туку и учество на низа настани со коишто ќе можат подобро да ја запознаат македонската култура. Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ, како што потенцираат, ќе иницира и нови форми на соработка кои ќе претставуваат и нејзино продлабочување, особено во релацијата со Факултетот за хуманистика во Сосновјец, во чии рамки, на Катедрата за славистика функционира лекторатот по македонски јазик. Податоците говорат дека изминатите години, соработката меѓу македонските и полските филолози, во научната дејност се одвива на ислучително високо ниво. Јубилејот 35 години македонистиката на Шлезискиот универзитет, во текот на претстојната академска година се очекува да биде одбележан и со одделен настан, со учество на повеќе македонски и полски слависти и македонисти, при што клучно е свое учеството да оствари и академскиот кадар од Факултетот за хуманистика во Сосновјец, на кој повеќе професори предаваат и македонска литература и држат настава по превод. Покрај активностите по повод овој јубилеј, веќе се планираат активности и за одбележување половина век македонистика на Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации (ИНАЛКО) во Париз, како и 15 години од лекторатот по македонски јазик на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Риека. Лекторатот по македонски јазик на Шлезискиот универзитет функционира од академската 1987/88 година, на Катедрата за славистика при Факултетот за хуманистика во Сосновјец, а во моментов лекторската настава ја изведува Никола Илиевски, истакнуваат од Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/trieset-i-pet-godini-makedonistika-na-shleziskiot-univerzitet-polskite-studenti-voshiteni-od-avtentichnosta-na-makedonskiot-jazik/feed/ 0