Македонска асоцијација на новинари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 23 Apr 2022 12:17:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Македонска асоцијација на новинари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 МАН даде поддршка за штрајкот на медиумите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/man-dade-poddrshka-za-shtrajkot-na-mediumite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/man-dade-poddrshka-za-shtrajkot-na-mediumite/#respond Sat, 23 Apr 2022 12:17:35 +0000 https://kurir.mk/?p=667156

Македонската асоцијација на новинари (МАН) му дава целосна поддршка на здружението на електронски медиуми “Медиум Објектив“ во одлуката да започнат со штрајк преку прекин на програмата. – На лошата економска состојба во локалните и регионалните медиуми, МАН предупредува со години. Ние уште пред 2020 година предложивме решение преку буџетско субвенционирање на надоместокот за дозвола (лиценца) за работа, како и дефинирање механизми за реализирање кампањи од исклучителен јавен интерес, а тоа значи и соодветна измена на член 102 од Законот за Законот за аудио-визуелни услуги. – За ова сме разговарале повеќепати со преставници на претходните влади. Се даваат над 7 милиони евра за НВО од буџетот на РМ, а не се обезбедуваат субвениции за медиумите кои остваруваат дејност од јавен интерес за сите граѓани. Владата финансира несуштински дејности, наместо да обезбеди законска рамноправност за сите медиуми. Мора да дефинираат механизми за кампањи од јавен интерес, бидејќи Македонија е единствената земја во Европа која со закон ги забранува.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/man-dade-poddrshka-za-shtrajkot-na-mediumite/feed/ 0
МАН: Целосно е пополнета квотата за вакцинација https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/man-celosno-e-popolneta-kvotata-za-vakcinacija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/man-celosno-e-popolneta-kvotata-za-vakcinacija/#respond Sun, 21 Mar 2021 18:10:19 +0000 https://kurir.mk/?p=485763

Македонската асоцијација на новинари МАН ги известува сите медиумски работници дека е пополнета квотата од 100 лица за доброволна вакцинација против вирусот Ковид-19 со вакцината АстраЗенека која е закажана за во вторник 23 март 2021 година, во Врање, Република Србија, се вели во соопштението на МАН. Сто (100) медиумски работници доброволно се пријавија на повикот на МАН да се заштитат со вакцинација против вирусот Ковид-19 и сите пријавени добија повратни емаил потврди дека се регистрирани за вакцинација. Деталите за организираниот автобуски превоз (време и место на поаѓање и враќање од Скопје до Врање и назад) официјално ќе ги доставиме утре претпладне. На барање на МАН, Здружението на новинари на Србија преку кабинетот на Претседателот на Србија Александар Вучиќ, одобрена ни е вакцинација и ревакцинација за 100 лица. МАН ќе продолжи и во иднина да работи на заштита на сите медиумски работници, посочуваат од Македонската асоцијација на новинари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/man-celosno-e-popolneta-kvotata-za-vakcinacija/feed/ 0
Кабинетот на Вучиќ потврди: Барањето на МАН одобрено – 100 новинари од Македонија ќе се вакцинираат против коронавирусот во Србија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kabinetot-na-vuchikj-potvrdi-baranjeto-na-man-odobreno-100-novinari-od-makedonija-kje-se-vakciniraat-protiv-koronavirusot-vo-srbija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kabinetot-na-vuchikj-potvrdi-baranjeto-na-man-odobreno-100-novinari-od-makedonija-kje-se-vakciniraat-protiv-koronavirusot-vo-srbija/#respond Sun, 21 Mar 2021 13:40:29 +0000 https://kurir.mk/?p=485658

Од Кабинетот на српскиот претседател Александар Вучиќ потврдија дека сто новинари од Македонија, на молба на Здружението на новинари на Србија (УНС) ќе бидат вакцинирани против коронавирус, јави дописникот на МИА од Белград. И претседателот на УНС Владимир Радимировиќ, за МИА изјави дека „УНС на барање на Македонската асоцијација на новинари (МАН) побарала и било одобрено преку кабинетот на српскиот претседател, во Врање во вторник да се вакцинираат 100 медиумски работници, како и истите да бидат ревакцинирани“. Синоќа агенцијата Бета и српските медиуми, повикувајќи се на македонските медиуми, соопштија дека во вторник во Врање, 100 македонски медиумски работници ќе бидат бесплатно вакцинирани со вакцината на АстраЗенека. Во Србија можат да се вакцинираат само лица кои имаат српско државјанство или регулиран престој во оваа држава, како и оние со двојно, македонско и српско државјанство. Најновите податоци на Владата на Србија покажуваат дека досега во Србија се дадени 2.163.593 дози вакцини против коронавирус, а втората доза ја примиле 858 461 лице. Србија е прва во Европа по бројот на граѓани кои ги примиле обете дози на вакцината на милион жители (126.159). Зад Србија се Малта, Данска, Швајцарија, Унгарија и Норвешка. Граќаните на Србија може да бираат со која вакцина сакаат да се имунизираат, меѓу Фајзеровата, Спутник В, кинеската Синофарм и АстраЗенека, Денеска по прв пат на белградскиот саем со вакцината на АстраЗенека се врши вакцинација без закажување, а директорот на пунктот за вакцинација на саемот, д-р Зоран Бекиќ, апелираше до граѓаните во што поголем број да дојдат да се вакцинираат со оваа вакцина, без да аплицираат преку Е-управа. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kabinetot-na-vuchikj-potvrdi-baranjeto-na-man-odobreno-100-novinari-od-makedonija-kje-se-vakciniraat-protiv-koronavirusot-vo-srbija/feed/ 0
МАН: Обвинителот на Заев, Јовевски гони новинари – и официјално https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/man-obvinitelot-na-zaev-jovevski-goni-novinari-i-oficijalno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/man-obvinitelot-na-zaev-jovevski-goni-novinari-i-oficijalno/#respond Tue, 24 Sep 2019 13:36:34 +0000 https://kurir.mk/?p=244248

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог за новинар на интернет порталот www.infomax.mk за кривично дело – оддавање службена тајна од член 360 став 1 од Кривичниот законик.

„Обвинетиот на 23 август, преку интернет порталот www.infomax.mk на јавноста им ги сторил достапни податоците што претставуваат службена тајна. Имено, тој ја објавил првата страница од записник за примање кривична пријава од едно лице заведен во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Обвинителството го поднесе обвинението до Основниот кривичен суд Скопје откако по објавата на записникот на споменатиот интернет портал беа направени потребните проверки и беа обезбедени материјалните докази за наведеното кривично дело, согласно Законот за кривична постапка“, соопшти Јавното обвинителство.

Во поглед на околностите на кој начин овој записник е излезен од списите на предметот и како е предаден на обвинетиот новинар за да биде објавен, Обвинителството ќе поведе кривична постапка доколку утврди кое лице го предало и за тоа обезбеди докази. Од Македонската асоцијација на новинари велат дека обвинителот на Заев, Јовевски и официјално гони новинар Денеска до МАН стигна сознание за обвинителен акт против Александар Митовски, новинар – уредник на порталот Инфомакс.мк кој ги објави изводи или дел од сведочења и пријава за кривично дело РЕКЕТ. МАН изрично бара обвинителствотро веднаш да ја запре постапката по обвинителниот акт, бидејќи ова го сметаме за еден од најтешките и најбрутални притисоци врз новинарството извршено врз еден медиум од осамостојувањето на Македонија до денес. Обвинителството не може да се крие позади квалификацијата “оддавање службена тајна” за наведеното сведочење. Текстот кој е предмет на обвинителен предлог е експлицитен пример за јавен интерес кој се појави откако токму јавното обвинителство преку свои изјави криеше факти од постапката за РЕКЕТ, објавуваше лажни податоци дека во исказите не се споменуваат политичари од власта и слично. Токму објавеното сведочење го демантираше јавното обвинителство и постави прашање зошто ОЈО крие податоци и дава лажни вести. Ако некој треба да одговара, истрага треба да се поведе против самото Јавно обвинителство кое ги криело податоците и давало лажни информации во јавноста, што е откриено откако е објавен текстот за кој сега го гони новинарот Митовски. Го повикуваме Судот да се отфрли овој обвинителен предлог против новинарот Александар Митовски од Инфомакс и да го запре ова самоволие на Јавното обвинителство кое треба да одговара за сознанијата од објавениот новинарски текст. Македонија е на врвот во ЕУ по црна статистика за слобода на медиумите. Во ЕУ, 23% од медиумите и новинарите се под директни cyдски зaкaни и политички притиcoк, во земјава просекот е фантастични 52%, благодарение на СЈО, а сега и на ОЈО. За овој прогон известени се ИФЈ и ЕФЈ, а воедно и странските Амбасади во Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/man-obvinitelot-na-zaev-jovevski-goni-novinari-i-oficijalno/feed/ 0
МАН: Премиерот Зоран Заев да се извини https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/man-premierot-zoran-zaev-da-se-izvini/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/man-premierot-zoran-zaev-da-se-izvini/#respond Tue, 13 Aug 2019 19:32:55 +0000 https://kurir.mk/?p=229396

Премиерот Зоран Заев коментирајќи ја аферата „Рекет“ рече дека нема да дозволи некој да го инволвира него, ниту пак, како што рече „неколку криминалци, еден суетен новинар и еден педер“ да ја срушат Владата. Македонската асоцијација на новинари (МАН) смета дека оваа изјава преставува директна закана кон медиумите и новинарите и формите на слободно изразување. - Премиерот директно го прекршува Член 3 од Законот за медиуми и Уставот со кој се гарантира слободата на медиумите и што таа опфаќа. Со овие закани, се врши директен политички притисок, исто како што се вршеше јавен и политички притисок да се обезбедат 100.000 евра пари на граѓаните за платена политичка кампања на СДСМ за 1ТВ за претседателските избори. Македонската асоцијација на новинари (МАН) бара од премиерот Зоран Заев да престане со закани и да се извини за дадената изјава. МАН потсетува на Декларацијата за слобода на политичка дебата во медиумите на Советот на Европа наведено е: „Јавните функционери мора да прифатат дека тие ќе бидат предмет на јавен надзор и критики, посебно по пат на медиумите во поглед на начинот на кој ги извршувале или ги извршуваат своите функции во онаа мера во која тоа е неопходно поради обезбедување транспарентност и одговорно извршување на функцијата“. Правниот тим на МАН им стои на располагање на сите новинари кои се предмет на закани и притисоци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/man-premierot-zoran-zaev-da-se-izvini/feed/ 0
МАН: Наместо да дава одговори, Владата ќе ги забранува информациите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/man-namesto-da-dava-odgovori-vladata-kje-gi-zabranuva-informaciite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/man-namesto-da-dava-odgovori-vladata-kje-gi-zabranuva-informaciite/#respond Thu, 25 Jul 2019 14:26:32 +0000 https://kurir.mk/?p=222722

Македонската асоцијација на новинари (МАН) ја повика Владата веднаш и без одложување да се откаже од својата намера таа да оценува која вест е добра, вистинита, лажна или сомнителна, односно да воведува цензура во 21 век. „Доколку сака да сузбие лажни вести, владата може и треба да поработи во сопствениот двор, а нема никакви законски овластувања да контролира вести објавени од медиумите и самата таа да ги оценува дали се лажни не, зависно од тоа дали одговараат на потребите на владата или не“, реагира денеска МАН откако Владата вчера на прес конференција најави акциски план за сузбивање дезинформации и лажни вести. „Доколку некоја вест е лажна, во Македонија постои закон за навреда и клевета и лажно информирање кој е во сила и за што оценка дава надлежен орган – Суд. Владата нема ингеренции ниту смее да биде судија наместо Судот. Информациите ги произведуваат комерцијални медиуми (освен јавниот сервис) и тие имаат правна, економска и пазарна одговорност за своето работење. Јавноста одбира кој ја има довербата, а кој не. Ја повикуваме Владата веднаш и без одложување да се откаже од својата намера таа да оценува која вест е добра, вистинита, лажна или сомнителна, односно да воведува цензура во 21 век кога секој граѓанин може да чита вести за Македонија било да е медиумот од Македонија или да се пишува и објавува од било кое друго место во светот“, се наведува во реакцијата на МАН.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/man-namesto-da-dava-odgovori-vladata-kje-gi-zabranuva-informaciite/feed/ 0
МАН: Обвинителите да ги бркаат сторителите, а не новинарите и медиумите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/man-obvinitelite-da-gi-brkaat-storitelite-a-ne-novinarite-i-mediumite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/man-obvinitelite-da-gi-brkaat-storitelite-a-ne-novinarite-i-mediumite/#respond Wed, 24 Jul 2019 13:16:36 +0000 https://kurir.mk/?p=222118

Македонската асоцијација на новинари (МАН) бара од Основното јавно обвинителство (ОЈО) да не ги притиска новинарите да ги откриваат своите извори, бидејќи тоа е спротивно на Член 3, став 2 и член 12, став 1 од Законот за медиуми, потоа член 2, став 4 од Законот за укажувачи, како и цел член 6 од Законот за свиркачи, а спротивно е и на меѓународните новинарски стандарди на ЕФЈ и ИФЈ. Новинарот не е должен да ги открива изворите на своите информации и ниту еден закон од домицилна држава не може да го прунуди на тоа. Го поддржуваме ОЈО да ги истражува делата и сторителите на тие кои се посочени во новинарски текстови, особено доколку се документирани со фотографии, ауди-видео снимки и/или документи. Но, не може да се бара од новинарите да ја вршат работата на истражители. Ова се однесува особено на фактот дека новинарот и уредник Љупчо Златев е повикан на распит по кривична пријава поднесена до ОЈО од генералниот секретар на владата Драги Рашковски. МАН потсетува на Декларацијата за слобода на политичка дебата во медиумите на Советот на Европа, каде наведено е: „Јавните функционери мора да прифатат дека тие ќе бидат предмет на јавен надзор и критики, посебно по пат на медиумите во поглед на начинот на кој ги извршувале или ги извршуваат своите функции во онаа мера во која тоа е неопходно поради обезбедување транспарентност и одговорно извршување на функцијата“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/man-obvinitelite-da-gi-brkaat-storitelite-a-ne-novinarite-i-mediumite/feed/ 0
МАН: Осуда за нападот врз екипата на ТВ21, без одлагање да се санкционираат насилниците https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/man-osuda-za-napadot-vrz-ekipata-na-tv21-bez-odlaganje-da-se-sankcioniraat-nasilnicite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/man-osuda-za-napadot-vrz-ekipata-na-tv21-bez-odlaganje-da-se-sankcioniraat-nasilnicite/#respond Wed, 17 Apr 2019 19:58:07 +0000 https://kurir.mk/?p=187913

Македонската асоцијација на новинари МАН остро го осудува нападот, заканите, заложништвото и попречувањето на екипата на ТВ21 да си ја врши својата задача од роднините на градоначалничката на Арачиново, Миликије Халими од СДСМ. - Ги повикуваме министерството за внатрешни работи и јавното обвинителство без одложување да ги изведат пред Суд насилниците од Арачиново, за кои се знае дека се политички активисти. Градоначалничката Халими и партијата чии активисти се – веднаш и без одлагање самите да ги пријават насилниците и да се извинат до новинарската екипа и до вработените во ТВ21. Нема место за насилници во политиката, соопштува МАН. За жал, констатираме дека состојбата со слободата на медумите не се подобрува, напротив се влошува. Заканите, нападите и притисоците се зголемуваат од ден во ден. Македонската асоцијација на новинари, заедно со ЕФЈ и ИФЈ врши засилен мониторинг на состојбата со медиумите во земјава, особено за време на изборни процеси, кога новинарските екипи често се мета на напади, закани и насилства од политички активисти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/man-osuda-za-napadot-vrz-ekipata-na-tv21-bez-odlaganje-da-se-sankcioniraat-nasilnicite/feed/ 0
МАН: Управниот суд да не служи за клиентелизам на СДСМ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/man-upravniot-sud-da-ne-sluzi-za-klientelizam-na-sdsm/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/man-upravniot-sud-da-ne-sluzi-za-klientelizam-na-sdsm/#respond Mon, 15 Apr 2019 09:03:44 +0000 https://kurir.mk/?p=186566

Македонската асоцијација на новинари (МАН) ја повикува владеачката партија СДСМ, како најодговорна во изборниот процес, бидејќи на истиот настапуваат двојно – едновремено и како партиски функционери и владини министри, да се извинат на ТВ Алфа за квалификациите и навредите кои партијата ги изрече на сметка на уредниците и медиумот на 5-ти април, и со тоа барем малку да покажат одговорност пред јавноста за своите зборови. -Етикетирањето на медиуми придонесува за ширење на омраза кон медиумите. Секој новинар има право да постави прашање до секој политичар, а обврска на политичарите е да даваат одговори. Ваквите јавни дисквалификации на политичари во однос на медиумите се неприфатливи и претставуваат директна закана кон работата и уредничката независност на медиумите, соопштуваат од МАН. Од друга страна, надвор од законот, со видно јавно влијание на партијата СДСМ врз Управниот суд, се кршат прописите и на телевизијата 1ТВ која СДСМ ја смета за блиска на нивната политика, среде избори дополнително, надвор од Изборен закон им се овозможува емитување партиски маркетинг, иако не ги исполнуваат условите за таа цел. Тоа е клиентелизам на партија врз медиум. -Го повикуваме судот да не подлегнува на политички притисоци и да не и наложува на Државната изборна комисија со одлуки кои се надвор од роковите во Изборниот законик. Ги повикуваме политичките партии да се придржуваат до законските одредби од Изборниот законик. На Република Северна Македонија и се потребни кристално чисти претседателски избори за добивање на препораката од ЕК. Ваквите одлуки на Судот само ја потврдуваат сликата дека судството нема намера да се реформира, а медиумите се контролирани од власта, соопштуваат од МАН. Ја повикуваме Агенцијата за АВМУ да ги преземе сите мерки од Изборниот и другите закони за спречување на ваквите појави. Истовремено, МАН смета дека ЗНМ треба да престане да биде адвокат за политички потреби на власта. -МАН е следбеник и поддржувач на меѓународните стандарди за новинарството кои во Македонија ги застапува токму Македонската асоцијација на новинари во соработка со меѓународната организација IAB, и ги упатува партијата СДСМ и Здружението на новинарите ЗНМ истите да ги прочитаат и почитуваат со што би им било појасно каков треба да биде односот на медиум во јавноста, а особено како не треба политичка партија да врши притисок врз едни мeдиуми кои не се пожелни за нивната партиска политика, а да крши закон за да помага финансирање преку партиски огласи во време на изборна кампања на друг медиум, иако тој за тоа не ги исполнил условите, соопштува МАН.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/man-upravniot-sud-da-ne-sluzi-za-klientelizam-na-sdsm/feed/ 0