Македонска црква – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 15 Feb 2023 10:20:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Македонска црква – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Чешко-словачката црква ја призна автокефалноста под името „Православна црква на Северна Македонија“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/cheshko-slovachkata-tsrkva-ja-prizna-avtokefalnosta-pod-imeto-pravoslavna-tsrkva-na-severna-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/cheshko-slovachkata-tsrkva-ja-prizna-avtokefalnosta-pod-imeto-pravoslavna-tsrkva-na-severna-makedonija/#respond Wed, 15 Feb 2023 10:20:43 +0000 https://kurir.mk/?p=800745

Светиот синод на Православната црква на Чешка и Словачка минатата недела донесе одлука за „признавање на автокефалноста на Православната црква на Северна Македонија“, објави порталот „Ортодокстајмс“, кој е специјализиран за прашања поврзани со православните цркви. - Светиот синод на Црквата на Чешката Република и Словачка беше информиран за писмата на вселенскиот патријарх Вартоломеј во врска со обновувањето на евхаристичкото единство со епархиите во Северна Македонија, како и за писмата на српскиот патријарх Порфириј за реинтеграција на Црквата во Северна Македонија во канонската структура на Православната Црква на Србија и за доделување автокефалност на Православната црква во Северна Македонија со Патријаршиски и синодален томос од 20 мај 2022 година, се наведува во соопштението на чешко-словачката Црква. „Ортодокстајмс“ посочува дека во соопштението на Светиот Синод на Црквата на Чешка и Словачка нашата Црква никаде не се именува како Охридска Архиепископија, име под кое беше примена во канонско единство со останатите православни црква од страна на вселенскиот патријарх Вартоломеј на 9 мај минатата година. - По неочекуваното признавање на „автокефалноста“ доделена од Патријаршијата на Србија на Црквата на Северна Македонија од страна на Патријаршијата на Романија пред неколку дена и Црквата на Чешка и Словачка, исто така, го призна неканонскиот потег на Патријаршијата на Србија во врска со статусот на црквата на балканската земја, наведува порталот. „Ортодокстајмс“ потсетува дека „Светиот синод на Вселенската Патријаршија на 9 мај објави дека ги прима во евхаристичко општење хиерархијата, свештенството и народот на оваа црква (Охридска Архиепископија) раководени од архиепископот Стефан“.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/cheshko-slovachkata-tsrkva-ja-prizna-avtokefalnosta-pod-imeto-pravoslavna-tsrkva-na-severna-makedonija/feed/ 0
Митрополит пловдивски Николај: Македонската црква треба да добие афтокефалност https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitropolit-plovdivski-nikolaj-makedonskata-crkva-treba-da-dobie-aftokefalnost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitropolit-plovdivski-nikolaj-makedonskata-crkva-treba-da-dobie-aftokefalnost/#respond Sat, 05 Mar 2022 08:47:48 +0000 https://kurir.mk/?p=641317

Според древното канонско правило, Македонската православа црква има право на афтокефалност и Српската црква тоа треба да го допушти, смета митрополитот пловдивски Николај. Тоа право, според еден од највлијателните митрополити на Бугарската православна црква, го има и црквата во Украина. Во пресрет на Великиот пост, кој започнува в понеделник, митрополитот Николај повика на смирение, скротување и смирение на страстите и луѓето. Во деновите на постот луѓето мора да се молат Господ да им даде сила и да ја прекине војната во Украина и да побараат прошка, бидејќи нема друг пат. Митрополитот пловдивски Николај рече дека пред многу години во Украинската епархија на Руската православна црква започнала желбата за одвојување како автокефална. Тој потсетува дека постои древно канонско правило според кое црквите ги следат административните територијални поделби и државните граници и при создавањето на нова територијална и државна единица имаат право на своја автокефална црковна организација, јави дописникот на МИА од Софија. Митрополитот Николај потсети дека така се основани Бугарската црква, Српската и Романската црква и самата Руска православна црква, која се одвои со благослов на Мајката Црква -Цариградската патријаршија, кога беа создадени соодветните современи држави. Според него, сега се очекува Српската црква да и додели автокефалност на Македонската црква, додавајќи дека црквата во Украина очекувала да добие автокефалност од Московската патријаршија, која не требало да ја одбие. Поради недоразбирањето со Московската патријаршија,  Цариградската патријаршија, која е мајка на сите помесни православни цркви, ја призна Православната црква на Украина. Тензии, вели пловдивскиот митрополит, предизвика и прогласената руска егзархија во Африка, во диоцезата на Александриската патријаршија. Неколку месеци по овие последни настани, започнува војната меѓу Русија и Украина, и Русија тргна да одвои дел од Украина, вели митрополитот Николај и прашува дали се гледа врската што тој ја забележал? Очигледно чашата се прелеа. Митрополит Николај во своето слово праша до каде и до што може да доведе ставањето на Црквата во функција на целите на световните владетели, што според него е уште еден огромен грев. -Православната црква е одговорна само пред Христа и не може да му служи на ниту еден секуларен владетел и да стане инструмент за постигнување политички и геополитички цели, ниту пак да проповеда друга вистина. Оние кои заборавиле, за жал, плаќаат и ќе плаќаат жестока цена додека не се сетат на тоа, рече митрополитот пловдивски Николај, додавајќи дека овој принцип функционира неумоливо и непоколебливо. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitropolit-plovdivski-nikolaj-makedonskata-crkva-treba-da-dobie-aftokefalnost/feed/ 0