македонска економија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 11 Apr 2022 12:50:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png македонска економија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Светска банка предвидува забавување на растот на македонската економија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/svetska-banka-predviduva-zabavuvanje-na-rastot-na-makedonskata-ekonomija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/svetska-banka-predviduva-zabavuvanje-na-rastot-na-makedonskata-ekonomija/#respond Mon, 11 Apr 2022 10:14:05 +0000 https://kurir.mk/?p=661212

Светска банка во најновата пролетна прогноза предвидува забавување на растот на македонската економија за годинава на 2,7 проценти. Причина за тоа се последиците од руско-украинскиот конфликт и санкциите воведени кон Русија. Предвидувањата се дека инфлаторските притисоци, особено храната и цените на енергенсите, ќе ги зголемат трошоците на живот и дека најпогодени ќе бидат ранливите категории на граѓани. Според проекцииите на Светска банка, фискалниот дефицит ќе остане зголемен со проектиран раст на јавниот долг над 62 проценти од БДП. Доколку продолжи војната во Украина, Светска банка прогнозира намалување на надворешната побарувачка, зголемување на цените на стоките и енергијата и доцнење на инвестициите. Ова сценарио, како што се наведува во извештајот, би резултирало со уште понизок раст и пораст на барањата за фискална поддршка. – Засилената политичка неизвесност и одложениот пристап кон Европската унија, може да доведат до послаби реформски напори за зајакнување на потенцијалот на раст и консолидирање на јавните финансии, се наведува во извештајот. Препораката на Светска банка е на среден рок, земјата да ги врати јавните финансии на одржлива патека и да го насочи својот фокус на решавање на структурните предизвици како што се опаѓачкиот човечки капитал, продуктивноста, миграцијата, слабите регулаторни рамки, лошата конкурентска политика, независноста на судството. За 2023 и за 2024 година, СБ очекува македонската економија да забележи раст од 3,1 односно 3,2 отсто.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/svetska-banka-predviduva-zabavuvanje-na-rastot-na-makedonskata-ekonomija/feed/ 0
Фајнанс Тинк: Во услови на неизвесност околу времетраењето и интензитетот на руско-украинскиот конфликт нереални се изгледите за растот на македонската економија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/fajnans-tink-vo-uslovi-na-neizvesnost-okolu-vremetraenjeto-i-intenzitetot-na-rusko-ukrainskiot-konflikt-nerealni-se-izgledite-za-rastot-na-makedonskata-ekonomija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/fajnans-tink-vo-uslovi-na-neizvesnost-okolu-vremetraenjeto-i-intenzitetot-na-rusko-ukrainskiot-konflikt-nerealni-se-izgledite-za-rastot-na-makedonskata-ekonomija/#respond Sat, 05 Mar 2022 10:59:09 +0000 https://kurir.mk/?p=641421

Во услови на неизвесност околу времетраењето и интензитетот на руско-украинскиот конфликт, како и околу можните ефекти од наметнатите санкции врз Руската Федерација за пазарите на енергенси, изгледите за растот на македонската економија во 2022 година се изразено надолни, односно претходната проекција од 4 отсто станува нереална во новите околности, прачуваат од Фајнанс Тинк  и најавуваат дека  нова проекција за растот ќе објават во јуни 2022 година. -Неизвесноста во економијата се засили на почетокот на 2022 година, како резултат на зголемените притисоци од цените на храната и енергијата на глобално ниво. Притисоците врз цените и изгледите за растот дополнително се влошија со инвазијата на Руската Федерација врз Украина на 24 февруари 2022, оценува Фајнанс Тинк во Макроекономскиот монитор К4 2021 што го објави денеска. Во публикацијата истакнуваат дека во четвртиот квартал од 2021 година БДП во земјава се зголеми за 2,3 проценти на годишна основа, со што целата 2021 година заврши со раст на БДП од 4 отсто. -Овој раст е целосно во линија со проекцијата од Фајнанс Тинк од 4,1 отсто. Остварениот раст е резултат на понатамошната пост-пандемиска консолидација на економските текови, остварен на стабилизирана основа од истиот квартал од претходната година. Според дејности, растот произлегува од подобрите остварувања кај услугите, и посебно оние кои беа под директен удар на пандемијата: трговијата, транспортот и хотелиерството (9,2 отсто). Додека, падот на преработувачката индустрија (-4,8 отсто) продолжи (иако на висока споредбена основа), поради изразените неизвесности сврзани со ребалансирањето на глобалните пазари на стоки и импликациите за синџирите на снабдување, се вели во Макроекономскиот монитор К4 2021. Сврзано со ова, се додава,  извозот (1,8 отсто) бележи стагнација, но бруто инвестициите (21,1 отсто) бележат значајно закрепнување. -Порелаксираното трошење во однос на 2020 година и растот на платите ја поддржаа приватната потрошувачка (5,7 отсто), додека јавната потрошувачка (6,5 отсто) го одржа темпото на поддршка на пост-пандемиското заздравување, што е во линија со продлабочувањето на буџетскиот дефицит во однос на привичните проекции (првична проекција 4,9, а остварување од 5,3 отсто од БДП), се посочува во Макроекономскиот монитор К4 2021. Се нагласува дека невработеноста во четвртиот квартал од 2021 понатамошно благо се намали, на 15,2 отсто од претходните 15,7 отсто (К3-2021). Но, се намали и вработеноста, од 47,4 на 47,3 отсто. Овие остварувања се резултат на повторното пасивизирање на населението (помеѓу два квартала, близу 8.000 лица престанале активно да бараат работа). (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/fajnans-tink-vo-uslovi-na-neizvesnost-okolu-vremetraenjeto-i-intenzitetot-na-rusko-ukrainskiot-konflikt-nerealni-se-izgledite-za-rastot-na-makedonskata-ekonomija/feed/ 0
НБРМ ја намали проекцијата за раст на македонската економија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/nbrm-ja-namali-proekcijata-za-rast-na-makedonskata-ekonomija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/nbrm-ja-namali-proekcijata-za-rast-na-makedonskata-ekonomija/#respond Mon, 07 Dec 2020 11:57:23 +0000 https://kurir.mk/?p=439943

Пад од 4,9 проценти на бруто домашниот производ за годинава, како и раст од 3,9 проценти во наредната година, предвидува Народната банка, со што направи надолна ревизија на пролетните проекции со кои за годинава прогнозираше пад од 3,5 проценти на БДП и закрепнување во наредната година со раст од 4,7 проценти. – Правиме надолна ревизја на проекциите за развој на домашната економија во целиот период на проекции. Во 2020 проектираме пад на економската активност од 4,9 проценти наспроти пад од 3,5 проценти во април и априлскиот циклус на проекции во услови на послаби остварувања во првата половина од оваа година и оценки за поспоро закрепнување во втората половина, имајќи ги во предвид вториот бран на пандемијата. На среден рок предвидуваме постепено, но доумерено закрепнување на економската активност со стапки на раст од 3,9 проценти, 3,6 проценти и 4 проценти во 2021, 2022 и 2023 година соодветно. Оваа стапка на раст значи дека економијата би се вратила на преткризно ниво во текот на 2022 година, рече на денешната видео прес-конференција гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска. За разлика од априлските проекции, како што појасни, најновиот циклус на макроекономски проекции претпоставува подолготрајни и продолжени ефекти од пандемијата на Ковид-19 и врз глобалната и врз домашната економија. Согласно со тековните оцени, последиците од кризата ќе се чувствуваат и во 2021 година, додека целосно закрепнување и надоместување на економските загуби се очекува во текот на 2022 година. Макроекономското сценарио и ризиците околу него во најголема мерка се условени од развојот на здравствената криза во глобални рамки, односно од справувањето со пандемијата и нејзините последици врз однесувањето и очекувањата на економските субјекти. Засега, имајќи предвид дека ковид-шокот е од неекономска природа, не се очекува тој да има позначителни ефекти врз долгорочниот потенцијал за економски раст. Како што информираше Ангеловска-Бежоска, се очекува пад кај сите компоненти на БДП освен кај јавната потрошувачка. Најголем пад ќе има кај бруто инвевстициите од 13 проценти, личната потрошувака се проектира со пад од четири проценти, а извозот од 11,7 проценти. Ангеловска-Бежоска соопшти дека се очекува инфлацијата на среден рок да се задржи на умерено ниво. За годинава се прави нагорна ревизија од нула на 1,1 процент, а за наредните две години се задржува на проекцијата од 1,1 проценти и два проценти. Проекците на Владата со Предлог буџетот за 2021 година се економијата во 2021 година да забележи раст од 4,1 процент, во 2022 од 4,6 проценти, а во 2023 од 5,2 проценти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/nbrm-ja-namali-proekcijata-za-rast-na-makedonskata-ekonomija/feed/ 0