Македонска филхармонија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 18 Sep 2023 08:21:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Македонска филхармонија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Концерт на Филхармонија на „Денови на македонската музика“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/kontsert-na-filharmonija-na-denovi-na-makedonskata-muzika/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/kontsert-na-filharmonija-na-denovi-na-makedonskata-muzika/#respond Mon, 18 Sep 2023 08:21:20 +0000 https://kurir.mk/?p=879022

Со почеток во 20 часот, оркестарот на Македонската филхармонија ќе одржи концерт во рамки на фестивалот „Денови на македонската музика“ на кој како солисти ќе настапат пијанистката Маја Кастратовиќ, флејтиската Златка Митева и обоистот Владимир Лазаревски. Диригент е Бисера Чадловска, а на програмата се „Пасакаља на тема од Божидар Апих“ од Томислав Зографски, „Увертира“ за симфониски оркестар од Димче Николески, „Концерт ин 5“ за пијано и симфониски оркестар од Александар Лековски, „Пасторали“ за флејта, обоа и камерен оркестар од Благоја Ивановски и „Стара песна“ – концертни сцени за симфониски оркестар од Томе Манчев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/kontsert-na-filharmonija-na-denovi-na-makedonskata-muzika/feed/ 0
Македонска филхармонија гостува во Подгорица и во Дубровник https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/makedonska-filharmonija-gostuva-vo-podgoritsa-i-vo-dubrovnik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/makedonska-filharmonija-gostuva-vo-podgoritsa-i-vo-dubrovnik/#respond Tue, 04 Jul 2023 06:02:22 +0000 https://kurir.mk/?p=852360

Оркестарот на Македонската филхармонија вечер гостува во Подгорица, а во четврток, на 6 јули, во Дубровник. Во Подгорица концертот ќе се одржи во Музички центар на Црна Гора, а во Дубровник, оркестарот на Филхармонија ќе настапи во „Књежев двор“. На програмата се Концертот за пијано и оркестар бр. 2 од Камиј Сен-Санс, „Пајдушко“ од македонскиот композитор Филип Иванов и Симфонија бр. 4 од Лудвиг ван Бетовен, а на концертот во Дубровник ќе биде изведено и делото „Идила“ од хрватскиот композитор Благој Берса. Диригент е Борјан Цанев, а како солистка ќе настапи македонската пијанистка Марија Ѓошевска. - По успешното гостување во Белград и Ниш, сега следува турнеја во Црна Гора и во Хрватска, каде знам дека повторно ќе се претставиме во одлично светло и ние како институција, и секако нашата држава. Гостувањето во Хрватска го реализираме на покана на Симфонискиот оркестар во Дубровник, додека во Подгорица, настапуваме благодарение на несебичната поддршка на Министерството за култура на Црна Гора и црногорската амбасадорка во РС Македонија Марија Петровиќ. Од огромно значење е и ова меѓународно претставување како круна на концертната сезона која беше исполнета со голем број на успешни настани, вели директорката на Филхармонија Тина Иванова, потенцирајќи дека е среќна што Македонската филхармонија чекори гордо по патот којшто го зацрта. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/makedonska-filharmonija-gostuva-vo-podgoritsa-i-vo-dubrovnik/feed/ 0
Синдикат на Македонска филхармонија: Филхармонија успеа да се избори за промена на штетната одлука на Министерството за култура https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikat-na-makedonska-filharmonija-filharmonija-uspea-da-se-izbori-za-promena-na-shtetnata-odluka-na-ministerstvoto-za-kultura/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikat-na-makedonska-filharmonija-filharmonija-uspea-da-se-izbori-za-promena-na-shtetnata-odluka-na-ministerstvoto-za-kultura/#respond Wed, 21 Jun 2023 08:22:58 +0000 https://kurir.mk/?p=848125

Синдикалната организација на Македонска филхармонија при СКРМ изразува задоволство од промената на владината одлука Џез-оркестарот да не биде сместен во нивните простории и што, сплотени, успеале во оваа битка. Но, потенцира дека немаат намера да ѝ се извинат на јавноста, како што побара од нив министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, туку и се заблагодаруваат за поддршката. -Единствена вистина на вчерашниот прес, беше само вашата констатација дека нашите протести не беа синдикални. Се сложуваме, нашите протестите беа уметнички, а ги поддржаа и вработени кои не се членови на нашата синдикална организација, директорката на институцијата и Управниот одбор. Првпат во историјата на нашата институција на иста страна застанаа речиси сите вработени. Ние нема да ѝ се извиниме, туку срдечно ќе и се заблагодариме на јавноста која не поддржуваше во оваа наша битка, на нашата верна публика која доаѓаше на нашите концерти и покрај отворените повици за бојкот, на луѓето од фелата и врвните музичари кои ни дадоа безрезервна поддршка, истакнуваат од Синдикалната организација. Вработените во Македонска филхармонија посочуваат дека во оваа битка успеале со упорност, аргументи, вистина и единствена сплотеност. -Не подлегнавме на притисокот, кој беше силен и интензивен, ниту пак се откажавме од нашата борба да си го зачуваме нашиот работен простор, нагласуваат од Синдикалната организација. Тие упатуваат јавна благодарност до Симон Трпчески и Дино Имери, на поранешните директори на Филхармонија – Мелпомени Корнети, Васил Атанасов, Ганка Самоиловска Цветанова, Кармен Костова и Маја Чанаќевиќ, на диригентите Емил Табаков, Јерухам Шаровски, Конрад ван Алфен, Миријан Хухунаишвили, Габриел Бебешелеа, Џорџ Џексон, Вања Николовски – Ѓумар и Борјан Цанев, на истакнат виолинист и професор Олег Кондратенко, на претседателката на СОКОМ Валентина Велковска-Трајановска, на поранешниот концерт мајстор во пензија – Румен Димитриев, на музикологот Марко Коловски, на колегите од белградска филхармонија и од сараевска филхармонија. -Овие луѓе храбро и безрезервно застанаа на наша страна, во одбрана на вистината во моменти кога сите беа свртени против нас. Им благодариме од срце, велат од Синдикалната организација на Македонска филхармонија при СКРМ, и воедно ја канат министерката да дојдете на нивен концерт.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikat-na-makedonska-filharmonija-filharmonija-uspea-da-se-izbori-za-promena-na-shtetnata-odluka-na-ministerstvoto-za-kultura/feed/ 0
Протест на вработените во Македонска филхармонија пред Влада https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protest-na-vrabotenite-vo-makedonska-filharmonija-pred-vlada/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protest-na-vrabotenite-vo-makedonska-filharmonija-pred-vlada/#respond Tue, 06 Jun 2023 06:10:39 +0000 https://kurir.mk/?p=842551

Денеска во 14 часот, вработените во Македонска филхармонија ќе протестираат пред Владата, бидејќи се уште не е променета одлуката за просторно сместување на втора институција во објектот наменски изграден за единствениот симфониски оркестар во земјата. "Пред неколку недели побаравме средба со премиерот, но, од Владата ниту одговорија на нашето барање, ниту пак се заложија за промена на штетната одлука." Денеска, вработените ќе протестираат со инструменти, без разлика на временските услови, под шатори, кои ќе бидат поставени на улицата пред Владата. Протестите продолжуваат и нема да запрат се додека државата не ја промени одлуката "привремено" да смести уште една институција во објектот на Филхармонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protest-na-vrabotenite-vo-makedonska-filharmonija-pred-vlada/feed/ 0
Вработените во Филхармонија денес на протест: Ова не е политичка борба, не е борба против нашите колеги – ова е борба против штетната одлука на Министерството за култура! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrabotenite-vo-filharmonija-denes-na-protest-ova-ne-e-politichka-borba-ne-e-borba-protiv-nashite-kolegi-ova-e-borba-protiv-shtetnata-odluka-na-ministerstvoto-za-kultura/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrabotenite-vo-filharmonija-denes-na-protest-ova-ne-e-politichka-borba-ne-e-borba-protiv-nashite-kolegi-ova-e-borba-protiv-shtetnata-odluka-na-ministerstvoto-za-kultura/#respond Mon, 15 May 2023 06:02:37 +0000 https://kurir.mk/?p=834170

Оркестарот на Македонската Филхармонија, денеска во 13:00 часот повторно ќе одржи протест пред Министерството за култура, бидејќи, од таму, се уште немаат конкретен одговор, ниту решение на проблемот кој настана со носењето на одлуката новоформираниот Џез оркестар просторно да биде сместен во објектот на Филхармонија. Иако Министерството за култура вети дека интензивно ќе работи на решение кое набргу ќе го сподели со сите засегнати, поминаа скоро два месеца, а одлуката се уште не е променета. Во продолжение Ви го пренесуваме нивниот одговор на нападите на кои велат дека се изложени секојдневно, со цел дефокус од вистинскиот проблем и не барање решение за истиот: Изминативе два месеци, Филхармонија и нејзините вработени се мета на остри напади чија основна цел е ширење лаги и дезинформации со кои се прави дефокус од суштината, аргументите и фактите кои одат во наш прилог. Во овие јавни напади и понижувања на вработените и нашата институцијата, нема ништо коректно и издржано, напротив се пласира елементарна неукост и непознавање на "материјалот", се шири говор на омраза за нашата институција, јавно се повикува на бојкот на нашите концерти... Некој свесно и оркестрирано сака да го избрише и фактот дека од самиот почеток им даваме поддршка на нашите колеги џезери и дека немаме ништо против тоа да одржуваат концерти (без никаков надомест) во објектот на Филхармонија. Ние сме против одлуката просторно да се смести уште една институција на нашата адреса. Деновиве беше извртена и симболиката на жолтите ленти, повторно на ист начин - со ширење лаги и инсинуации. Јавноста ја дезинформираат луѓе кои никогаш не стапнале во објектот на Филхармонија, ниту пак биле на некој од нашите концерти. Нивниот оркестриран обид за дефокус од проблемот, нема да не поколеба, ние сме сплотени како никогаш досега и ќе се бориме одлучно, со факти и аргументи против нетраспарентната одлука која Министерството за култура ја донесе зад затворени врати. Ова не е политичка борба и ниедна политичка партија не стои зад нашите ставови и цврста определба. Ова не е борба против нашите колеги! Ова е заедничка борба на 108 вработени во Филхармонија против штетната одлука која ја донесе Министерството за култура!]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrabotenite-vo-filharmonija-denes-na-protest-ova-ne-e-politichka-borba-ne-e-borba-protiv-nashite-kolegi-ova-e-borba-protiv-shtetnata-odluka-na-ministerstvoto-za-kultura/feed/ 0
Оркестарот на Македонската Филхармонија повторно излезе на протест, обвинуваат дека министерката манипулира https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/orkestarot-na-makedonskata-filharmonija-povtorno-izleze-na-protest-obvinuvaat-deka-ministerkata-manipulira/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/orkestarot-na-makedonskata-filharmonija-povtorno-izleze-na-protest-obvinuvaat-deka-ministerkata-manipulira/#respond Fri, 05 May 2023 12:07:30 +0000 https://kurir.mk/?p=830933

Со настап пред Министерството за култура, оркестарот на Македонската Филхармонија, денеска повторно изрази незадоволство од одлуката за вдомување на новоформираниот Национален џез-оркестар во зградата на Филхармонијата. Обвинија дека министерката манипулира, посочувајќи дека не станува збор за привремено, туку трајно сместување на новоформираниот оркестар во зградата на Филхармонија. -Во елаборатот за основање на НУ Џез оркестар, доставен до Влада до кој што дојдовме врз основа на барање за пристап до информации од јавен карактер, никаде не пишува дека новоформираната институција привремено ќе биде сместена во објектот на Филхармонија. Напротив, објектот е наведен како единствена соодветна опција за сместување на новата институција, воедно дека ќе ги имат на располагање сите расположливи капацитети на објектот. Ниту во еден момент не се спомнува дека станува збор за привремена адреса и дека кога ќе застане на нозе новата институција ќе добие нов простор, изјави претседателот на Синдикатот на Филхармонија, Владимир Лазаревски. Тој потенцира дека елаборатот е изработен без анализа, и без консултација со раководството на Филхармонија. Оркестарот информира дека доколку не се повлече одлуката следно ќе одржат протест и пред Влада. Ова е втор протест на вработените од Филхармонија откако беше донесена одлука за вдомувањето на новоформираниот Национален џез-оркестар во зградата на Филхармонијата, за што оркестарот остро реагира посочувајќи дека ја поздравуваат одлуката за формирање на национален џез оркестар, но не и одлуката да бидат во ист објект, а како обраозложение за тоа, посочија дека зградата е проектирана и замислена како објект за еден симфониски оркестар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/orkestarot-na-makedonskata-filharmonija-povtorno-izleze-na-protest-obvinuvaat-deka-ministerkata-manipulira/feed/ 0
ПРОТЕСТ на вработените во Македонска филхармонија: Министерството за култура донесе одлука заткулисно, тоа е крајно поразително и деградирадирачки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/protest-na-vrabotenite-vo-makedonska-filharmonija-ministerstvoto-za-kultura-donese-odluka-zatkulisno-toa-e-krajno-porazitelno-i-degradiradirachki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/protest-na-vrabotenite-vo-makedonska-filharmonija-ministerstvoto-za-kultura-donese-odluka-zatkulisno-toa-e-krajno-porazitelno-i-degradiradirachki/#respond Thu, 27 Apr 2023 06:09:38 +0000 https://kurir.mk/?p=828100

Денес, 27.04.2023, со почеток во 12:30 часот, Македонската филхармонија ќе одржи протест пред Министерството за култура по повод одлуката новоформираната национална институција Џез оркестар на Македонија привремено да биде сместена во објектот на НУ „Филхармонија“. „Министерството за култура оваа одлука ја донесе без никаква консултација со нашата институција, заткулисно, тајно и без никаква поширока дебата, што за нас, е крајно поразително и деградирадирачки. Изминативе недели, нашиот глас, за жал не допре ниту до Министерството за култура, ниту, пак оттаму покажаа елементарно разбирање за суштинските проблеми кои ќе настанат доколку оваа одлука остане непроменета. Иако дел од стручната и пошироката јавност укажаа на последиците од носењето на оваа одлука, Министерството за култура до сега, не појави интерес за решавање на проблемот. Бидејќи неправедно сме ставени во ситуација да се браниме од оние кои треба да ја заштитат нашата културна институција – најстара во земјава, одлучивме нашето незадоволство да го изразиме преку мирни протести кои ќе се одржуваат дo конечната промена на оваа одлука“ - велат од синдикатот на Македонската филхармонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/protest-na-vrabotenite-vo-makedonska-filharmonija-ministerstvoto-za-kultura-donese-odluka-zatkulisno-toa-e-krajno-porazitelno-i-degradiradirachki/feed/ 0
Македонската филхармонија со реакција до владата: Удомувањето на НУ Оркестар за џез би направило повеќе штета отколку полза, просторот не го дозволува тоа! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonskata-filharmonija-so-reaktsija-do-vladata-udomuvaneto-na-nu-orkestar-za-dhez-bi-napravilo-poveke-shteta-otkolku-polza-prostorot-ne-go-dozvoluva-toa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonskata-filharmonija-so-reaktsija-do-vladata-udomuvaneto-na-nu-orkestar-za-dhez-bi-napravilo-poveke-shteta-otkolku-polza-prostorot-ne-go-dozvoluva-toa/#respond Fri, 31 Mar 2023 05:31:35 +0000 https://kurir.mk/?p=818322

Вработените во македонската филхармонија преку реакција до медиумите тврдат дека најновата одлука на владата Македонската Филхармонија да ја удоми институцијата НУ Оркестар за џез музика е тотално несоодветна и истата ќе направи повеќе штета отколку полза. „Го упатуваме писмово до вас со цел преку вас да ја информираме јавноста во врска со последиците кои ќе настанат како резултат на владината одлука за вдомување на новоформираната национална институција НУ Оркестар за џез музика во објектот на Националната установа „Македонската филхармонија“. Имено, пред една недела веста дека Владата донела одлука за формирање на нова НУ Оркестар за џез музика не затече сите нас.  Иако ја поздравуваме одлуката бидејќи сметаме дека истата ќе придонесе за развој на културниот живот во државата,  решението оваа новоформирана институција да биде сместена во објектот на Филхармонијата е целосно несоодветно и истото ќе направи повеќе штета отколку полза. Како вработени во Филхармонија би сакале да ја изразиме нашата загриженост за функционирањето на институцијата и да укажеме на тоа дека во објектот на филхармонијата (која што е нашиот втор дом), не е возможно паралелно да работат две институции, односно два различни субјекти. Концертната сала и целиот објект каде што ние твориме, е замислен, конципиран и изграден исклучиво наменски и според потребите на севкупното функционирање на НУ Македонска филхармонија. Ова се однесува пред се на оркестарот на Македонска филхармонија  чии членови/вработени ги извршуваат своите работни задачи така што одржуваат редовни проби и концерти во двете сали (големата и малата сцена) кои се наоѓаат во објектот. Исто така, музичарите вработени во филхармонијата голем дел од работните часови ги поминуваат и во индивидуална и групна работа во одделните соби во објектот наменети за оваа цел. Имено, во објектот има точен број на соби за вежбање, кои се направени со прецизни акустички мерења за секоја група на инструменти одделно. (На пр. во собата за контрабаси, волуменот, квадратурата и акустиката е соодветна исклучиво за оваа група, не би можеле и не е соодветно оваа група на инструменти да ја сместите во собата за флејти, која што пак е направена специфично за оваа група, според потребата на групата, бројот на членови, и изработена со различна квадратура, акустика и волумен) и така за секоја група поединечно. Покрај собите за вежбање, имаме и 4 гардероби (2 женски и 2 машки) чиј просторен капацитет е целосно исполнет согласно бројот на вработени во оркестарот, велат од институцијата. Од таму додаваат дека истотака, капацитетот на просториите во кои се сместени вработените во делот на администрацијата и техничката служба, е целосно исполнет. Во објектот има и нототека, која тековно се пополнува со нотна литература и веќе кубури со простор, како и студио за снимање, за чии потреби  беше пренаменета една од просториите за вежбање. Постои и кафетерија која што е дадена на користење, а која според проектот треба да се користи за цели на вработените и гостите на институцијата, а сегашната намена воопшто не соодветствува со првичната намена на истата. Се разбира, тука се големата и камерната сала на филхармонијата, кои што се користат за она што се наменети, односно за симфониски и камерни концерти. -Со сето ова погоре напишано сакаме да ја искажеме нашата загриженост од информацијата дека ние, институција која 70 години се бореше да добие сопствен простор, кој е проектиран исклучиво да ги задоволи потребите на еден модерен симфониски оркестар, треба да отстапиме простор на уште една институција,  која што исто така треба да има простор за индивидуална работа, заедничка работа, административна служба, техничка служба, нототека, студио и сите други нешта кои се придружни на еден објект. Крајно сме загрижени дека буквалното ,,втурнување,, на уште еден оркестар, за кој сме среќни што постои и секогаш сме ја поддржувале нивната работа, сепак, ќе значи загрозување на интегритетот на македонската филхармонија од аспект на секојдневно функционирање на двата субјекти. Би сакале да нагласиме уште еднаш дека ние не сме против нашите колеги и постоењето на овој оркестар, дури и сметаме дека треба да ги поддржиме во нивните напори да си го добијат заслуженото место, но не би можеле да ја прифатиме одлуката оваа ново формирана институција да биде сместена и да функционира во нашиот објект. Овој објект, овој музички храм го чувствуваме како наш бидејќи за еден професионален музичар денот започнува и завршува во концертната сала. Работниот век на професионалниот музичар е во целост посветен на концертната дејност која бара навистина големо вложување за да се постигнат добри резултати. Сите знаеме за историјата на некогашниот џез оркестар во Македонската Телевизија кој за жал беше укинат. Во истата куќа сеуште постојат студијата кои се најсоодветни за еден ваков оркестар, кој ќе може да работи непречено и да си ги подготвува своите проекти. Веројатно би било и убаво да се возобнови традицијата на џез односно ревискиот оркестар кој постоеше и работеше во рамките на МТВ, повторно да се врати сјајот на студиото каде што некогаш твореа Шпато, Џамбазов, Пејовски...и многу други. Постојат уште многу причини кои би можеле да ги наведеме зошто ние, вработените во Филхармонија, не се согласуваме со наметнатото решение за буквално присилно вселување на уште еден ансамбл во рамките на објектот, но сепак се надеваме дека вие како медиуми ќе го покренете ова прашање и оваа одлука од страна на надлежните институции, Министерство за култура и Влада на РСМ ќе биде сменета за општото добро на сите. Сакаме јавноста да биде правилно информирана за она што во моментов се наметнува на Филхармонија и за нашиот обид да си го одбраниме интегритетот на институцијата. Тажно е што надлежните институции сакајќи да решат еден проблем произведуваат друг проблем од невидени размери кој може да остави долготрајни несакани последици. Веќе е испратен допис со реакција и листа со потписи од скоро сите вработени во Филхармонија до Министерот за култура на РСМ како и до Владата на РСМ. Уште еднаш ве замолуваме за објективно информирање на јавноста и однапред ви благодариме, стои во реакцијата на вработените во Македонската Филхармонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonskata-filharmonija-so-reaktsija-do-vladata-udomuvaneto-na-nu-orkestar-za-dhez-bi-napravilo-poveke-shteta-otkolku-polza-prostorot-ne-go-dozvoluva-toa/feed/ 0
Коцерт на „40 Fingers“ на 7 април во Македонска Филхармонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/kotsert-na-40-fingers-na-7-april-vo-makedonska-filharmonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/kotsert-na-40-fingers-na-7-april-vo-makedonska-filharmonija/#respond Wed, 01 Mar 2023 09:38:58 +0000 https://kurir.mk/?p=806494

Во Македонската Филхармонија на 7 април ќе се одржи концерт на италијанскиот квартет на акустични гитари „40 Fingers“, во кој членуваат италијанските гитаристи Matteo Brenci, Emanuele Grafitti, Andrea Vittori i Marco Steffi. Станува збор за четворица музичари, со сосема различни музички приказни кои преку т.н. техника „fingerpicking“ на акустични гитари, истражуваат нови звучни универзуми, изведувајќи широк репертоар на оригинални дела до познати музички теми аранжирани за четири гитари. На овој начин тие ни овозможуваат врвна музичка изведба, реинтерпретација на одличните класици на модерната музика, од Piazzollа до Beatles, од Dire Straits, Queen до Eric Clapton, изразувајки се во различни музички правци од џез до латиноамериканската музика. Најпопуларните песни од нивните настапи се Toto – Africa, The Eagles - Hotel California, Game of Thrones Medley / The Gael (Last of Mohicans Theme song), Eric Clapton - Tears in Heaven, Queen - Bohemian Rhapsody, John Williams - Star Wars Medley,Dire Straits - Sultans of swing , The Beatles - Hey Jude. Влезниците се во продажба од денеска на „mktickets.mk“, „karti.com.mk“ и билетарата на Филхармонија.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/kotsert-na-40-fingers-na-7-april-vo-makedonska-filharmonija/feed/ 0
„СЕВДА“ – нежни љубовни ноти од балканските великани во македонската филхармонија за денот на виното и љубовта https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/sevda-nezhni-lubovni-noti-od-balkanskite-velikani-vo-makedonskata-filharmonija-za-denot-na-vinoto-i-lubovta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/sevda-nezhni-lubovni-noti-od-balkanskite-velikani-vo-makedonskata-filharmonija-za-denot-na-vinoto-i-lubovta/#respond Mon, 13 Feb 2023 13:18:47 +0000 https://kurir.mk/?p=799882

Во чест на виното и љубовта четврток, 16. февруари 2023 година со почеток од 20:00 часот ќе се одржи традиционалниот концертот под наслов „СЕВДА“. Оркестарот на македонската филхармонија под водство на диригентката Дијана Имери Илкоска ќе претстави избор на дел од најпознатите балкански балади испеани од музичките великани: Александар Сариевски, Нина Спирова, Даворин Поповиќ, Сафет Исовиќ, Шабан Бајрамовиќ и Јадранка Стојаковиќ во нов современ аранжман. Познатите балкански љубовни рефрени „Жуте дуње“, „Да зна зора“, „Ко ли ти ночас милије косу“, „Кажи кажи либе Стано“, „Сношти сакав да ти дојдам“, „Ајде дали знаеш паметиш Милице“, „Од љубов не се бега“, „Што те нема“ други евергрини во аранжман на Дијана Имери Илкоска ќе бидат вистинско славење на љубовта. Музичката магија ќе ја надополни солистот со уникатен глас Божо Вреќо, а на пијано ќе настапи светски реномираниот музичар Васил Хаџиманов, син на доајенот на македонската современа музика Зафир Хаџиманов. Дијана Имери Илкоска е дел од македонската филхармонија, а основач е и на камерниот оркестар “ID Chamber Orchestra”. Во октомври 2022 има издадено свој албум за дискографската куќа “Con:tempo”, „Филхармонија во срцето“ со капитални дела од класичната музичка литература во изведба на камерниот оркестар на македонската филхармонија. Дијана Имери Илкоска е автор на неколку музички дела. Нејзиното дело Корени” доживеа изведби во Белград, Љубљана и во Скопје, а има и дискографско издание. Со концертот „СЕВДА“ таа за прв пат се претставува како аранжер за симфониски оркестар. Преку различни проекти соработува со реномирани музичари и ансамбли од земјава и регионот. Повеќе информации за концептот на 16.02.2023 година на линкот https://filharmonija.mk/nastani-i-bileti/ ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/sevda-nezhni-lubovni-noti-od-balkanskite-velikani-vo-makedonskata-filharmonija-za-denot-na-vinoto-i-lubovta/feed/ 0