македонска кадетска репрезентација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 12 Aug 2021 20:16:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png македонска кадетска репрезентација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Кадетите против Швајцарија, Полска противник на кадетките https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/kadetite-protiv-shvajcarija-polska-protivnik-na-kadetkite/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/kadetite-protiv-shvajcarija-polska-protivnik-na-kadetkite/#respond Thu, 12 Aug 2021 20:16:41 +0000 https://kurir.mk/?p=549908

ЕХФ шампионатите во кадетска конкуренција на кои учествуваат и репрезентациите на Македонија се наоѓаат во финишот, па од утре до недела ќе биде познато на кое место ќе завршат момците и девојките кои ја претставуваат нашата земја. Утре кадетите ќе го имаат полуфиналето против составот на Швајцарија, која денеска го совлада тимот на БиХ. Македонија и Швајцарија ќе играат во вториот дуел од 18 часот така што ова ќе биде интересен дуел на кој кадетите ќе се најдат пред голем предизвик.
Претходно во првото полуфинале од 15:30 часот ќе се сретнат селекциите на Полска и БиХ. Победниците од овие два дуели ќе играат во финалето в недела во истиот термин. Кадетките, пак, утре ќе бидат слободни, а в сабота ќе се соочат со составот на Полска во второто полуфинале од 18 часот. Претходно Шпанија ќе игра против Исланд. Победниците од овие два натпревари в недела од 16 часот ќе играат во финалето.
Желбите и очекувањата се Македонија да обезбеди две финалиња, а утре и задутре ќе се види дали в недела ќе може да се ужива во два натпревари еден по друг на кои Македонија ќе се обиде да направи голем успех.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/kadetite-protiv-shvajcarija-polska-protivnik-na-kadetkite/feed/ 0
Втора победа за македонските кадети на Медитеранските ракометни игри во Атина https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/vtora-pobeda-za-makedonskite-kadeti-na-mediteranskite-rakometni-igri-vo-atina/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/vtora-pobeda-za-makedonskite-kadeti-na-mediteranskite-rakometni-igri-vo-atina/#respond Fri, 21 Feb 2020 13:31:54 +0000 https://kurir.mk/?p=307024

Mакедонската кадетска репрезентација ја совлада селекцијата на Саудиска Арабија со 22:14, на Медитаранските ракометни игри во Атина во натпреварите за пласман од 9. до 15. место, а утре го игра последниот натпревар против Кувајт во обид да се избори за подобра позиција, јави дописничката на МИА од Атина. Нашата репрезентација во трите периоди од 15 минути беше подобра од противниците (6:5, 8:4, 8:5) и убедливо со 22:14 оствари триумф. Ова е втора победа за македонските кадети, а сега вниманието е насочено кон утрешниот натпревар со Кувајт. Селекторот Никола Матлиески, по натпреварот рече дека неговите избраници одиграа добро, иако направиле неколку технички грешки. Од почетокот на Медитеранските игри, по групната фаза и во разигрувањето што е во тек, македонската кадетска репрезентација има пет порази, две победи и еден нерешен резултат. Кадетите загубија од Црна гора (22:17), од Хрватска (21:18), од Шпанија ( 21:14) од Тунис (19:17) и од домаќинот Грција (25:14), а беа поуспешни од Мароко (21:17) и од репрезентацијата на Саудиска Арабија (22:14). Нерешено (18: 18) одиграа со Турција. Домаќинот Грција, со денешната победа над Турција, во нашата група за пласман од 9-15. место, веќе ја обезбеди деветтата позиција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/vtora-pobeda-za-makedonskite-kadeti-na-mediteranskite-rakometni-igri-vo-atina/feed/ 0