македонска кошаркарска репрезентација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 10 Aug 2023 18:59:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png македонска кошаркарска репрезентација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ненад Димитријевиќ поради повреда нема да настапи во Талин https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/nenad-dimitrijevik-poradi-povreda-nema-da-nastapi-vo-talin/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/nenad-dimitrijevik-poradi-povreda-nema-da-nastapi-vo-talin/#respond Thu, 10 Aug 2023 18:58:28 +0000 https://kurir.mk/?p=865615

Македонската кошаркарска репрезентација денеска отпатува за Талин каде ќе настапи на претквалификацискиот турнир за пласман Олимписките игри во Париз идното лето. Нашиот тим ќе биде сериозно ослабен, бидејќи од конечниот список на патници отпадна Ненад Димитријевиќ. Селекторот Александар Јончевски синоќа ги одреди 12-те патници за турнирот што ќе се одржи од 12 до 15-ти август во естонскиот главен град. Нашиот најдобар кошаркар Ненад Димитријевиќ отпадна од комбинација, поради повреда на тетивата и ќе мора да мирува одреден период иако од нашиот табор највуваат дека не се работи за нешто сериозно. На негово место во конечниот список се најде името на младиот Андреј Шошкиќ. Покрај искусните Војдан Стојановски и Стојан Ѓуроски, тука е и Ти Џеј Шортс, потоа Дамјан Робев, Љубомир Младеновски, Андреј Маслинко и Андреј Магдевски, селекторот на располагање има плејада млади играчи како Андреј Андоновски, Теодор Симиќ, Петар Бошалески и Марко Миловановиќ. Македонија на претквалифицискиот турнир ќе игра против Израел, Естонија и Чешка. Првите две репрезентации од групата ќе се пласираат во полуфиналето што ќе се игра во Гљивице, Полска, каде што ќе вкрстат со најдобрите две селекции од групата Б, а тоа се Полска, Португалија, Босна и Херцеговина и Унгарија. Само победникот ќе обезбеди место на квалификацискиот турнир за Олимписките игри во Париз.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/nenad-dimitrijevik-poradi-povreda-nema-da-nastapi-vo-talin/feed/ 0
Стојановски и Димитријевиќ му се ставија на располагање на селекторот Јончевски https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/stojanovski-i-dimitrijevik-mu-se-stavija-na-raspolagane-na-selektorot-jonchevski/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/stojanovski-i-dimitrijevik-mu-se-stavija-na-raspolagane-na-selektorot-jonchevski/#respond Tue, 01 Aug 2023 04:09:03 +0000 https://kurir.mk/?p=862186

Најдобрата македонска кошаркарска репрезентација се подготвува за претквалификациите за Олимписките Игри во Париз, а на групата од вчера и се приклучија Војдан Стојановски и Ненад Димитријевиќ. Кога е во прашање селекцијата лошо е тоа што Виктор Ефремоски има повреда на ногата, па селекторот Јончевски се одлучи да го приклучи Марко Миловановиќ. Во тренажен процес одново е и центарот Теодор Симиќ, па во моментов Александар и неговите соработници Василев и Велев, сметаат на вкупно 11. кошаркари. Инаку на турнирот во Талин ќе играме против Чешка, Израел и Естонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/stojanovski-i-dimitrijevik-mu-se-stavija-na-raspolagane-na-selektorot-jonchevski/feed/ 0
Македонија ќе игра претквалификации за ОИ во Талин или Гливице https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/makedonija-ke-igra-pretkvalifikatsii-za-oi-vo-talin-ili-glivitse/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/makedonija-ke-igra-pretkvalifikatsii-za-oi-vo-talin-ili-glivitse/#respond Sat, 29 Apr 2023 10:10:26 +0000 https://kurir.mk/?p=828946

Машката кошаркарска репрезентација на Македонија ќе се натпреварува на претквалификациски турнир за пласман на Олимписките игри во Париз. Вкупно 32 репрезентации од Европа ќе играат во четири групи во Талин, Гливице и Истанбул. Согласно со предвидениот план, групите А и Б (првата фаза) ќе се играат во Естонија односно Полска (завршната во полскиот град), а групите Ц и Д во Турција. Како осми носител, Македонија, за противници во првата, групна фаза, може да ги добие селекциите кои се во првата група на носители (Чешка или Полска), во четврттата (Израел или БиХ),односно петтата (Унгарија или Естонија).]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/makedonija-ke-igra-pretkvalifikatsii-za-oi-vo-talin-ili-glivitse/feed/ 0
На 1 мај ждрепка за олимписки претквалификации https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/na-1-maj-zhdrepka-za-olimpiski-pretkvalifikatsii/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/na-1-maj-zhdrepka-za-olimpiski-pretkvalifikatsii/#respond Wed, 19 Apr 2023 04:51:46 +0000 https://kurir.mk/?p=825204

На состанокот на централниот Борд на ФИБА, закажан за 28. и 29. април, ќе бидат познати и националните федерации кои ќе бидат во улога на домаќини, односно организатори на петте претквалификациски турнири, потврдија од канцеларијата на ФИБА во Женева. На собирот на највисокото тело на светската кошаркарска федерација ќе бидат потврдени и последните две места, односно замените за Велика Британија која го откажа настапот на овие турнири, и Русија и Белорусија, која со препорака на Интернационалниот Олимписки комитет и потврда од Извршниот комитет на ФИБА, не доби дозвола за настап. Овие две места ги добија националните селекции на Хрватска, како најдобро рангирана од оние кои не успеаја да го поминат вториот круг на претквалификациите за ЕП 2025, и Бугарија која има втор најдобар резултат во истиот претквалификациски циклус. Овие две национални репрезентации ќе им се приклучат на оние 38, кои претходн о обезбедија место во претквалификациите за место на Олимписките игри во Париз во 2024 година. ЗЕМЈИ-УЧЕСНИЦИ НА ПРЕТКВАЛИФИКАЦИСКИТЕ ТУРНИРИ ЗА ПАРИЗ 2024 АФРИКА: Камерун, ДР Конго, Гвинеа, Мали, Нигерија, Сенегал, Тунис, Уганда АМЕРИКА: Аргентина, Бахами, Чиле, Колумбија, Куба, Панама, Уругвај, Девствени Острови АЗИЈА: Бахреин, Кинески Тајпеј, Индија, Индонезија, Казахстан, Кореја, Саудиска Арабија, Сирија ЕВРОПА: Македонија, Белгија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Чешка, Естонија, Унгарија, Исланд, Израел, Холандија, Полска, Португалија, Шведска, Турција, Украина, Бугарија Имињата на петте земји кои ќе ја добија улогата на организатори-домаќини на петте претквалификациски турнири ќе бидат соопштени по седницата на Централниот Борд, додека пак ждрепката на групите за овие турнири ќе биде реализирана на 1. мај. Од порано е познато дека овие пет турнири ќе се одржат во периодот од 12. до 20.август, 2023 година. А петте победници ќе имаат место во квалификациите за место на Олимпијадата во Париз.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/na-1-maj-zhdrepka-za-olimpiski-pretkvalifikatsii/feed/ 0
Ѓуроски: Повторно со одлична одбрана ја победивме Норвешка https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/guroski-povtorno-so-odlichna-odbrana-ja-pobedivme-norveshka/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/guroski-povtorno-so-odlichna-odbrana-ja-pobedivme-norveshka/#respond Mon, 27 Feb 2023 05:27:34 +0000 https://kurir.mk/?p=805333

Стојан Ѓуроски е презадоволен од победата над Норвешка од 79:41 со која кошаркарската репрезентација на Македонија го освои првото место во претквалификациите и обезбеди пласман во главните квалификации за ЕП 2025. „Го следевме натпреварот меѓу Данска и Словачка, знаевме дека тој меч многу ни значи, но исто така бевме подготвени да одиграме за себе и да победиме. Го следевме планот на селекторот кој беше многу сличен на оној од првиот меч во Гевгелија, да го запреме нивниот најдобар играч Фреј. Успеавме во тоа, одигравме агресивен и цврст натпревар, примивме само 41 поен и мислам дека одбраната повторно беше клуч на нашиот успех со што го запечативме првото место кое го заслуживме. Во овој циклус игравме со силни репрезентации кои не се за потценување, сега ќе прославиме во очекување на следните ривали во квалификациите за ЕП“, вели Ѓуроски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/guroski-povtorno-so-odlichna-odbrana-ja-pobedivme-norveshka/feed/ 0
Кошаркарите на Македонија со стил се пласираа во квалификациите за ЕП https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/kosharkarite-na-makedonija-so-stil-se-plasiraa-vo-kvalifikatsiite-za-ep/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/kosharkarite-na-makedonija-so-stil-se-plasiraa-vo-kvalifikatsiite-za-ep/#respond Sun, 26 Feb 2023 19:01:37 +0000 https://kurir.mk/?p=805270

Македонската кошаркарска репрезентација ќе игра во квалификациите за ЕП 2025, откако вечерва во Осло, со маестрална игра во текот на сите 40 минути, ја совлада убедливо домашната Норвешка со 79-41. За жолто-црвените ова беше петта победа во шестиот меч од претквалификацискиот циклус, што значеше второ по ред учество во последната фаза пред континенталниот собир. Американецот Ти-Џеј Шортс одново беше вистинскиот лидер на македонската чета со учинок од 22 поени, шест скока и пет асистенции, додека веднаш зад него беше Војдан Стојановски со 16 поени и пет скока. Во квалификациите за ЕП 2025 ќе учествуваат 32 селекции поделени во осум групи со по четири национални селекции, а пласман на континенталниот собир ќе обезбедат по трите најдобри репрезентации. Домаќините Кипар, Финска, Летонија и Полска имаат сигурна проодност од групите во кои ќе се најдат без разлика на пласманот, заедно со двете најдобри од останатите три селекции на нивната табела. Натпреварите ќе се играат во четири циклуси и тоа ноември 2023, февруари и ноември 2024 и февруари 2025 година.
 ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/kosharkarite-na-makedonija-so-stil-se-plasiraa-vo-kvalifikatsiite-za-ep/feed/ 0
Кошаркарската репрезентација тренираше во Осло, денес следува мечот со Норвешка https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/kosharkarskata-reprezentatsija-trenirashe-vo-oslo-denes-sleduva-mechot-so-norveshka/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/kosharkarskata-reprezentatsija-trenirashe-vo-oslo-denes-sleduva-mechot-so-norveshka/#respond Sun, 26 Feb 2023 07:39:36 +0000 https://kurir.mk/?p=805074

Македонската кошаркарска репрезентација вчера го одржа првиот тренинг во Нордстранд арената во Осло каде денес го игра одлучувачкиот натпревар од претквалификациите за Европското првенство. Селекторот Александар Јончевски и неговите избраници се подготвуваат за дуелот против селекцијата која во Гевгелија ја победија со 22 разлика и со само 36 примени поени, со надеж дека и денес ќе издвојуваат нова победа. Победа на овој меч ја носи Македонија во квалификациите за Европското првенство, но ако Словачка загуби од Данска, уште пред натпреварот ќе го прославиме пласманот во следната фаза.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/kosharkarskata-reprezentatsija-trenirashe-vo-oslo-denes-sleduva-mechot-so-norveshka/feed/ 0
Јончевски: Имавме свои шанси, ама не успеавме да ги реализираме https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/jonchevski-imavme-svoi-shansi-ama-ne-uspeavme-da-gi-realizirame/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/jonchevski-imavme-svoi-shansi-ama-ne-uspeavme-da-gi-realizirame/#respond Fri, 24 Feb 2023 05:50:48 +0000 https://kurir.mk/?p=804404

Македонската кошаркарска репрезентација го доживеа првиот пораз во претквалификациите за Евробаскетот во 2025 година и тоа од селекцијата на Словачка која триумфираше со 82-73.
-На крајот на натпреварот, некако се се сведе на оној момент , кога при негатива од седум не успеавме да ја намалиме на потребните четири. Секако, многу порано го испуштивме чекорот со кој требаше да одиме кон успех, многу порано, на крајот на втора и цела трета четвртина, -рече селекторот Александар Јончевски и додаде:
-Факт е дека лошо го отворивме натпреварот, но и тоа дека некако се вративме во игра, и да поведеме. Меѓутоа од една непромислена, намерна лична грешка, во еден посед примивме дури шест поени, доволно Словачка да го врати водството. Во третата четвртина, не игравме така лошо, креиравме и имавме пет-шест отворени шутеви, но не ги искористивме, а Словачка нè казни преку расположениот Крајчовиќ, потоа и Бродзијански. Во последната четвртина, пробавме да смениме нешто во одбраната, да играме со ‘преземање’, и успеавме таа негатива да ја намалиме на едноцифрена. Но неколку одлуки, очигледни прекршоци, влијаеа на нашата концентрација. Со неуедначен критериум при досудување на личните грешки, во кој на наши реакции добивме две технички грешки, на клупа и на тренер, Словаците повторно ја преземаа контролата и успеаја да го одбранат тој наш последен обид да стигнеме. Останува да анализираме, онака, што се вели со ладни глави, и да одиме понатаму, кон Осло. Се заедно гледано, овде во Левице, имавме свои шанси кои не успеавме да ги реализираме, -порача Јончевски. Сега за Македонија следи дуел со Норвешка во Осло на кој можеме да го потврдиме првото место во групата и да обезбедиме пласман во главните квалификации.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/jonchevski-imavme-svoi-shansi-ama-ne-uspeavme-da-gi-realizirame/feed/ 0
Кошаркарската репрезентација се собра пред одлучувачките натпревари https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/kosharkarskata-reprezentatsija-se-sobra-pred-odluchuvachkite-natprevari/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/kosharkarskata-reprezentatsija-se-sobra-pred-odluchuvachkite-natprevari/#respond Tue, 21 Feb 2023 05:40:25 +0000 https://kurir.mk/?p=802930

На три дена пред првиот од двата дуела во февруарскиот „прозорец“ на ФИБА, македонската репрезентација се собра и ги почна мини-подготовките. Селекторот Александар Јончевски на првиот тренинг имаше на располагање 17 кошаркари меѓу кои натурализираниот Ти Џеј Шортс, но без Ненад Димитријевиќ кој беше на поширокиот список, а поради повреда не играше на Ол стар натпреварот од ВТБ лигата. Периодот за подготовки е многу краток, репрезентацијата ќе тренира во Скопје вчера и денес напладне заминува за Словачка каде го има првиот меч. Во пресрет на последните два натпревара од претквалификациите за Европското првенство во 2025 година, Македонија се наоѓа на првото место, со добри шанси таму да остане и да обезбеди пласман во квалификациите. Потребна е само една победа во на гостувањата во Словачка (23 февруари) и Норвешка (26 февруари) иако, теоретски, можно е и со два пораза да останеме на првата позиција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/kosharkarskata-reprezentatsija-se-sobra-pred-odluchuvachkite-natprevari/feed/ 0
Јончевски го објави поширокиот список кошаркари за клучните натпревари https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/jonchevski-go-objavi-poshirokiot-spisok-kosharkari-za-kluchnite-natprevari/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/jonchevski-go-objavi-poshirokiot-spisok-kosharkari-za-kluchnite-natprevari/#respond Fri, 17 Feb 2023 18:26:57 +0000 https://kurir.mk/?p=801913

Селекторот на машката сениорска кошаркарска репрезентација, Александар Јончевски одбра 24 кошаркари на кои смета за последниот „прозорец“ од претквалификациите за Европското првенство во 2025 година. На него се кошаркари на кои Јончевски или неговите претходници, генерално, сметале на поранешните натпревари со тоа што ново име е 17-годишниот играч на Работнички, Андреј Шошкиќ. Во февруарскиот „прозорец“, македонската репрезентација ја очекуваат гостувања во Словачка и Норвешка на кои ќе треба да го задржи првото место на кое се наоѓа во моментов. Сениорите ќе одржат неколку тренинзи во Скопје, а веќе во вторник ќе заминат за Словачка, каде во Левице, на 23 февруари ќе го одиграат првиот натпревар. Ден подоцна репрезентацијата ќе замине за Осло каде на 26 февруари ќе го одигра последниот натпревар во овој трет претквалификациски прозорец. Првиот тренинг на репрезентацијата е закажан за понеделник, 20 февруари, со почеток во 10 часот, во СРЦ Кале. ПОШИРОК СПИСОК НА ПОВИКАНИ КОШАРКАРИ 1. Бобан Стајиќ – Пелистер 2. Кристијан Николов – Коњаспор 3. Андреј Магдевски – Донар Гронинген 4. Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром 5. Дамјан Робев – МЗТ Скопје Аеродром 6. Адем Мекиќ – Тимишоара 7. Андреј Јакимовски – Вашингтон Стејт Универзитет 8. Филип Бакоч – Работнички 9. Виктор Ефремовски – Гостивар 10. Ненад Димитријевиќ – Уникс 11. Андреј Шошкиќ – Работнички 12. Андреј Митревски – Феникс 2010 13. Виктор Ташовски – ТФТ Моцарт Скопје 14. Бојан Крстевски – МЗТ Скопје Аеродром 15. ТиЏеј Шортс – Телеком Бон 16. Теодор Симиќ – Игокеа 17. Амар Хот – Феникс 2010 18. Стојан Ѓуроски – Оуренсе 19. Ваљмир Какруки – Сигал Приштина 20. Димитар Пандев – МЗТ Скопје Аеродром 21. Лејсон Зеќири – Сигал Приштина 22. Андреј Маслинко – Пелистер 23. Максим Митевски – Гостивар 24. Страхил Николов – ТФТ Моцарт Скопје]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/jonchevski-go-objavi-poshirokiot-spisok-kosharkari-za-kluchnite-natprevari/feed/ 0