македонска култура – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 13 Sep 2023 07:20:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png македонска култура – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 И Чикаго го прогласи септември за месец на македонското наследство и култура https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/i-chikago-go-proglasi-septemvri-za-mesets-na-makedonskoto-nasledstvo-i-kultura/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/i-chikago-go-proglasi-septemvri-za-mesets-na-makedonskoto-nasledstvo-i-kultura/#respond Wed, 13 Sep 2023 07:18:28 +0000 https://kurir.mk/?p=877539

И градоначалникот на Чикаго Брендон Џонсон го прогласи септември за месец на македонско-американското наследство, откако неодамна и гувернерката на Мичиген Гречен Витмер повика македонската култура да се слави во оваа сојузна држава во текот на септември, јави Гласот на Америка. - Чикаго е дом на горда и динамична македонско-американска заедница која го зацврсти градот во делот на уметноста и музиката, бизнисот и финансиите, правото и владата, образованието, социјалните услуги, науката и медицината, вели градоначалникот Џонсон во известувањето. Тој истакнува дека македонско-американската заедница овој месец одбележува 32 години од независноста на македонската држава, повикувајќи ги „сите жители да се приклучат во славењето на многуте придонеси на македонските Американци“. На 23 септември во Чикаго треба да биде претседателот Стево Пенадровски, кој ќе присуствува на настан организиран од „Македонија 2025“. Освен во Чикаго, македонската култура месецов се слави и во градот Рејнолдсберг, Охајо, каде градските власти најавија дека македонското знаме ќе се вее пред општината до крајот на септември. Во јули годинава, пак, републиканскиот сенатор од Индијана Мајк Брон, претстави резолуција во Сенатот да се прогласи септември 2023 година за месец на македонско-американско наследство во САД, кога ќе се слават јазикот, историјата и културата на македонските Американци. Резолуцијата спонзорирана од Брон, кој е единствен сенатор што е член на групата пријатели на Македонија и македонските Американци во Конгресот, прво треба да биде одобрена од сенатскиот комитет за судство, пред за неа да гласа целиот Сенат. Гласот на Америка на македонски ja контактираше канцеларијата на сенаторот Брон за статусот на оваа резолуција во моментов, но оттаму се` уште нема одговор. Обединетата македонска дијаспора (ОМД), на чие барање беа резолуциите во Мичиген и во Сенатот, ја поздрави иницијативата на грдоналаникот на Чикаго. - ОМД активно работи секоја држава и град каде има Македонци да прогласи месец на македонско наследство. Ваквата иницијатива почна од 2020 година и ќе продолжи во иднина“, рече коосновачот и волонтерски претседател на ОМД Мето Колоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/i-chikago-go-proglasi-septemvri-za-mesets-na-makedonskoto-nasledstvo-i-kultura/feed/ 0
Мичиген го прогласи септември 2023 за месец на македонската култура во САД https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/michigen-go-proglasi-septemvri-2023-za-mesets-na-makedonskata-kultura-vo-sad/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/michigen-go-proglasi-septemvri-2023-za-mesets-na-makedonskata-kultura-vo-sad/#respond Sat, 02 Sep 2023 07:33:00 +0000 https://kurir.mk/?p=873624

Гувернерката на Мичиген Гречен Витмер го прогласи септември оваа година за месец на македонско-американското наследство. Витмер вели дека е важно да се истакне придонесот и културното влијание на македонските Американци, пренесе Гласот на Америка. -Септември има значење за македонските Американци како што се наближува годишнината од Денот на независноста на Република Македонија, симболизирајќи го патот на државата кон суверенитет и нејзините трајни врски со македонско-американската заедница, се вели во известувањето на гувернерката. Во него се посочува дека Американците со македонско потекло придонесуваат за американската култура преку „бизнис, спорт, уметност, политика, медицина, право, култура, кулинарски вештини и бројни други области“. Викендов, во Детроит се планирани активности и програми поврзани со македонската култура, а ќе се одржи и 49. национален црковен собир во организација на Македонската православна црква-Охридска архиепископија (МПЦ-ОА). Витмер вели дека македонските имигранти почнале да доаѓаат во САД од пред повеќе од еден век, а денес има над половина милион Американци со македонско потекло во државата. Нејзината прокламација е на барање од Обединетата македонска дијаспора (ОМД). - ОМД активно работи секоја држава и град каде има Македонци да прогласи месец на македонско наследство. Ваквата иницијатива почна од 2020 година и ќе продолжи во иднина, изјави коосновачот и волонтерски претседател на ОМД Мето Колоски. Мичиген во 2020 година, го прогласи 8 септември за ден на македонските бизниси, а во 2021 година и Претставничкиот дом на Мичиген донесе резолуција со која го прогласи септември за месец на македонско-американско наследство. Во оваа сојузна држава живеат околу 125 илјади Американци со македонско потекло. Во јули годинава, републиканскиот сенатор од Индијана Мајк Брон, претстави резолуција во американскиот Сенат да се прогласи септември 2023 година за месец на македонско-американско наследство во САД, кога ќе се слават јазикот, историјата и културата на македонските Американци. Резолуцијата спонзорирана од Брон, кој е единствен сенатор што е член на групата пријатели на Македонија и македонските Американци во Конгресот, прво треба да биде одобрена од сенатскиот комитет за судство, пред за неа да гласа целиот Сенат. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/michigen-go-proglasi-septemvri-2023-za-mesets-na-makedonskata-kultura-vo-sad/feed/ 0
Денови на македонска култура во Шибеник https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/denovi-na-makedonska-kultura-vo-shibenik-2/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/denovi-na-makedonska-kultura-vo-shibenik-2/#respond Fri, 02 Sep 2022 06:04:13 +0000 https://kurir.mk/?p=727499

Почнувајќи од денеска, па во наредните четири денови, ќе се одржат бројни содржини од културен карактер, во рамките на програмата Денови на македонска култура во Шибеник. -Невладината организација Хрватско-македонска тангента на јавноста ќе и понуди вистинско книжевно, музичко и ликовно уживање. Отворањето ќе се случи на 2 септември во Музејот на град Шибеник со промоција на книгата „Дострели на една визија“ од авторите Сашо Георгиевски и амбасадорот Љупчо Арсовски. На отварањето се очекува и доаѓање на македонскиот амбасадор од Загреб, проф. д-р Милаим Фетаи, како и директорката на КИЦ од Загреб, проф. д-р Наталија Поповска, информираат од Македонски глас од Хрватска. Добитник на високото признание „Пријател на Македонија“, што Тангентата го доделува во знак на благодарност за долгогодишна соработка и искрена подршка во широк дијапазон на активности кои се однесуваат на приближување и пријателство на Хрватска и Северна Македонија во доменот на културата, уметноста, стопанството и политиката е третиот хрватски претседател Иво Јосиповиќ, кој воедно е и почесен член на Хрватско-македонска тангента, а ќе биде доделено истата вечер. -По двегодишна пауза поради пандемијата со Ковид-19, Хрватско-македонска тангента се враќа на Зларин. Имено, утре повторно на островот Зларин е планирано да се одржи културната манифестација „Од остров на копно, кон остров на море“. Настанот е од меѓународен карактер и на едно место ги собира книжевници, публицисти и новинари, а планирани се гости од Северна Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија и други земји од регионот. Со тоа, Хрватско-македонска тангента ја продолжува традицијата на одржување на овие меѓународни средби на Зларин што ја воспостави во 2014 година, се вели во соопштението. Во него се додава дека во изминатите две пандемиски години е одржан континуитетот на овие книжевни средби кои се организираа во рамките на Деновите на македонска култура во Шибеник. По тој повод од Скопје ќе допатуваат проф. д-р Иван Додовски, декан на Факултетот за политички науки на универзитетот Американ колеџ Скопје и Владимир Симоновски, вајар. На Зларин ќе биде одржано и предавање од познатиот метеоролог Момчило Живковиќ, директор на Sewa weather од Белград, на тема „Клима и море“. На 4 септември се планирани книжевни разговори, а на 5-ти во градската библиотека „Јурај Шижгориќ“ во Шибеник ќе се одржи предавање на проф. д-р Слободан Черовиќ, декан на Универзитетот Сингидунум во Белград на тема „Улога и значење на човечкиот капитал во современиот туризам и угостителство“. Истиот ден, во галеријата на библиотеката ќе биде отворена изложба на сплитскиот Македонец, Зоран Стоилов „Тангано плавон“. Деновите на македонската култура во Шибеник се одржуваат во соработка и со финансиска подршка од Советот за национални малцинства на РХ, Град Шибеник и туристичките заедници на Град Шибеник и Зларин.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/denovi-na-makedonska-kultura-vo-shibenik-2/feed/ 0
Денови на македонска култура во Шибеник https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/denovi-na-makedonska-kultura-vo-shibenik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/denovi-na-makedonska-kultura-vo-shibenik/#respond Thu, 01 Sep 2022 12:03:01 +0000 https://kurir.mk/?p=727220

Почнувајќи од утре, па во наредните четири денови, ќе се одржат бројни содржини од културен карактер, во рамките на програмата Денови на македонска култура во Шибеник. -Невладината организација Хрватско-македонска тангента на јавноста ќе и понуди вистинско книжевно, музичко и ликовно уживање. Отварањето ќе се случи на 2 септември во Музејот на град Шибеник со промоција на книгата „Дострели на една визија“ од авторите Сашо Георгиевски и амбасадорот Љупчо Арсовски. На отварањето се очекува и доаѓање на македонскиот амбасадор од Загреб, проф. д-р Милаим Фетаи, како и директорката на КИЦ од Загреб, проф. д-р Наталија Поповска, информираат од Македонски глас од Хрватска Добитник на високото признание „Пријател на Македонија“, што Тангентата го доделува во знак на благодарност за долгогодишна соработка и искрена подршка во широк дијапазон на активности кои се однесуваат на приближување и пријателство на Хрватска и Македонија во доменот на културата, уметноста, стопанството и политиката е третиот хрватски претседател Иво Јосиповиќ, кој воедно е и почесен член на Хрватско-македонска тангента, а ќе биде доделено истата вечер. -По двегодишна пауза поради пандемијата со Ковид-19, Хрватско-македонска тангента се враќа на Зларин. Имено, на 3 септември повторно на островот Зларин е планирано да се одржи културната манифестација „Од остров на копно, кон остров на море“. Настанот е од меѓународен карактер и на едно место ги собрира книжевници, публицисти и новинари, а планирани се гости од Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија и други земји од регионот. Со тоа, Хрватско-македонска тангента ја продолжува традицијата на одржување на овие меѓународни средби на Зларин што ја воспостави во 2014 година, се вели во соопштението. Во него се додава дека во изминатите две пандемиски години е одржан континуитетот на овие книжевни средби кои се организираа во рамките на Деновите на македонска култура во Шибеник. По тој повод од Скопје ќе допатуваат проф. д-р Иван Додовски, декан на Факултетот за политички науки на универзитетот Американ колеџ Скопје и Владимир Симоновски, вајар. На Зларин ќе биде одржано и предавање од познатиот метеоролог Момчило Живковиќ, директор на Sewa weather од Белград, на тема „Клима и море“. На 4 септември се планирани книжевни разговори, а на 5-ти во градската библиотека „Јурај Шижгориќ“ во Шибеник ќе се одржи предавање на проф. д-р Слободан Черовиќ, декан на Универзитетот Сингидунум во Белград на тема „Улога и значење на човечкиот капитал во современиот туризам и угостителство“. Истиот ден, во галеријата на библиотеката ќе биде отворена изложба на сплитскиот Македонец, Зоран Стоилов „Тангано плавон“. Деновите на македонската култура во Шибеник се одржуваат во соработка и со финансиска подршка од Советот за национални малцинства на РХ, Град Шибеник и туристичките заедници на Град Шибеник и Зларин.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/denovi-na-makedonska-kultura-vo-shibenik/feed/ 0