Македонска литература – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 21 Sep 2022 10:00:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Македонска литература – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Оливера Николова: Јас ù припаѓам на македонската литература, а мојот јазик на изразување е македонскиот јазик https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/olivera-nikolova-jas-u-pripagjam-na-makedonskata-literatura-a-mojot-jazik-na-izrazuvanje-e-makedonskiot-jazik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/olivera-nikolova-jas-u-pripagjam-na-makedonskata-literatura-a-mojot-jazik-na-izrazuvanje-e-makedonskiot-jazik/#respond Wed, 21 Sep 2022 10:00:12 +0000 https://kurir.mk/?p=735667

Денес, кога мојата земја и мојот јазик успешно го множат своето ехо, а ние се чувствуваме срчни и полетни, зошто да не кажеме дека еве, и ние вредно ја ткаеме мрежата на светот заедно со другите? Мрежата на светот како некоја земна галаксија во која сите соѕвездија светат подеднакво за секого. Дека се трудиме да веруваме оти е тоа така и дека мора да биде така. Нели веќе без страв го исправаме своето пред плимата на туѓото? Зошто да не го кажеме тоа? Дека ни било земано недозволено и дека и самите сме земале недозволено, дека сме давале и ни давале и дека сите подрачја вон уметничкото секогаш ни се чинеле банални и обични, а дека вистинската смисла на патетичното, вистинската смисла на драматичното, за нас не била да им ја дадеме нивната фотографска вредност, туку нивното највисоко духовно значење – рече Оливера Николова синоќа во своето видеообраќање по повод врачувањето на наградата „Прозарт“, што ѝ ја додели Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“. Обраќајќи им се на писателите и велејќи дека сигурно ќе ја разберат за што зборува, Николова додаде дека „никогаш не ќе знаат со сигурност кои бедеми ги поставува она што го работат, сè додека не го пропуштат времето да истрча пред нив и да им мавта од иднината за повикување“. Затоа само ги поздрави, жалејќи што не е во состојба да го направи тоа во живо како што рече „со понизноста за која обично сите гласаме, а која, всушност, го издига во триумф знамето на посветеноста, мечтите и разумот“. Секој од авторите-гости на фестивалот се претстави со извадоци од свои дела на јазикот на кој твори. Во Даут-пашиниот амам синоќа читаа писателите: Дамир Каракаш од Хрватска, Броња Жакељ од Словенија, Владислав Бајац од Србија, Елена Алексиева од Бугарија, сценаристот и режисер Рајко Грлиќ од Хрватска, нашиот писател Томислав Османли и поетот Пијан Славеј. Сите имаа можност да се дружат во изминатите три дена заедно со членовите на „Скопје fellowship“ програмата. Во сеќавање на Луан Старова, неговата ќерка Дита Старова-Ќерими прочита извадок од неговиот роман „Враќањето на козите“, којшто тој го прочита на неговото гостување на фестивалот во 2016 година. Фестивалот го затвори неговиот основач, Дејан Трајкоски, кој напомена две работи кои сведочат како доказ зошто ваквите фестивали и манифестации треба да постојат и рече: „Првата работа му се случи вчера на Владислав Бајац кога се сретна со жена со која се сретнал пред 20 години којашто му кажа дека читањето на неговата „Книга за бамбусот“ и романот „Друидот од Синдидун" ù го смениле животот. Втората е писмото кое што на еден од нашите лауреати Георги Господинов му го пратила повозрасна жена од болница, а меѓу другото, во писмото пишувало „ве читав и почувствував дека уште ми се живее“. Во рамките на дополнителната програма на фестивалот, вечерва во 20 часот во Кинотеката во Скопје ќе биде прикажан филмот „Караула“ на режисерот Рајко Грлиќ, кој е гостин на „ПРО-ЗА Балкан“. Пред проекцијата ќе разговораат Петар Арсовски, Александар Прокопиев и Рајко Грлиќ. Организатор на фестивалот е „Прозарт медиа“. Поддржувачи на „ПРО-ЗА Балкан“ се: Министерството за култура, „Традуки“, Турскиот културен центар „Јунус Емре“, Град Скопjе, Културно-информативен центар на Бугарија во Скопје, Амбасадата на Словенија, Француски институт во Скопје, Кинотеката, Национална Галерија, СПОНА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/olivera-nikolova-jas-u-pripagjam-na-makedonskata-literatura-a-mojot-jazik-na-izrazuvanje-e-makedonskiot-jazik/feed/ 0
Македонската литература ќе биде претставена на 71. Саем на книгата во Франкфурт https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/makedonskata-literatura-kje-bide-pretstavena-na-71-saem-na-knigata-vo-frankfurt/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/makedonskata-literatura-kje-bide-pretstavena-na-71-saem-na-knigata-vo-frankfurt/#respond Tue, 15 Oct 2019 08:48:31 +0000 https://kurir.mk/?p=251831

Современата македонска литература, претставувана од Македонската асоцијација на издавачи (МАИ), ќе биде дел од 71. Саем на книгата во Франкфурт, кој ќе се одржува од утре до 20 октомври под мотото „Идеи што го придвижуваат светот“. Земја – почесен гостин годинава е Норвешка. – Нашиот промотивен штанд ќе биде сместен во петтата хала за меѓународни учесници. На 32 квадратни метри ќе бидат претставени 400 наслови од стотина македонски автори, објавени од 20-ина наши издавачки куќи. Посетителите ќе може да ја погледнат богатата понуда на книги за деца, стручна литература, едукативни изданија и белетристика на македонски, албански, англиски и на германски јазик. Претставувањето на македонската делегација на најпрестижниот светски книжевен настан годинава е во знакот на промоција на нашата современа книжевност, бизнис-средби и соработки со странските партнери и промоција на нашата земја како современа културна и книжевна средина, соопшти МАИ. Првиот саемски ден ќе биде посветен на македонската литература за деца и за млади, со фокус на книгата за деца „Девојче и мече“ од Ване Костуранов (издание на „Арс Ламина – публикации“), која влезе во престижната листа The White Ravens 2019. В четврток (17 октомври) ќе се одржи „македонскиот ден“, кога штандот ќе го посети министерот за култура Хусни Исмаили кој, како што се наведува во соопштението од МАИ, ќе оствари средба со заменик-претседателот на саемот и директор за меѓународна соработка Тобијас Вос. Истиот ден специјален гостин на штандот ќе биде и луксембуршкиот автор Жан Бак, добитник на Европската награда за литература во 2010 година, чијашто книга „Аматер“ на македонски јазик е објавена во едицијата „Прошетка низ Европа“ од „Арс Ламина – публикации“. Закажани се и повеќе промоции во текот на саемските денови, како и бизнис-средби со меѓународни издавачки куќи, литературни агенти, автори и релевантни здруженија, со цел претставување на македонската книжевна продукција, унапредување на соработката и вмрежување. – Саемот на книгата во Франкфурт се смета за најголем и најпосетен настан од овој тип во светот. Тој е вистинското место за средба на експертите од оваа бранша, најголем пазар за книги, преговори за права и лиценци, каде што се разменуваат искуства, се склучуваат договори, место каде што секоја година, без разлика дали се работи за издавачи, автори, книжари, агенти, сите тие се заедно во Франкфурт во октомври и ги креираат новите трендови, наведува Македонската асоцијација на издавачи. Саемот на книгата во Франкфурт е најголем на меѓународната издавачката индустрија, со повеќе од 7 500 излагачи од 110 земји, околу 285 020 посетители и 139 460 трговски посетители. Има повеќе од 4 000 настани и околу 10 000 акредитирани новинари, вклучувајќи и 2 000 блогери.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/makedonskata-literatura-kje-bide-pretstavena-na-71-saem-na-knigata-vo-frankfurt/feed/ 0