македонска машка кошаркарска репрезентација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 17 Aug 2023 04:01:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png македонска машка кошаркарска репрезентација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Јончевски: Да ја прифатиме реалноста, далеку сме од силните европски селекции https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/jonchevski-da-ja-prifatime-realnosta-daleku-sme-od-silnite-evropski-selektsii/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/jonchevski-da-ja-prifatime-realnosta-daleku-sme-od-silnite-evropski-selektsii/#respond Thu, 17 Aug 2023 04:01:47 +0000 https://kurir.mk/?p=867663

Селекторот на кошаркарската репрезентација, Александар Јончевски, даде свое видување за играта и резултатите на нашиот национален тим по завршувањето на претквалификациите за плaсман на Олимписките игри во Париз. Македонија играше без неколку важни првотимци и загуби на сите три натпревари (Естонија, Чешка и Израел), но она што загрижува е бледата игра, огромните проблеми со скокот, поставеноста во дефанзива и стерилноста во нападот. Селекторот смета дека во моментов нашата репрезентација е далеку од нивото кое го имаше порано и не можеме да се носиме против тимовите со кои во минатото бевме „рамо до рамо“. „Направивме неколку грешки во серија и Чешка го искористи тој момент за да се одлепи резултатски. Потоа повторно се вративме во мечот, но не успеавме да изненадиме. Се работи за противник кој има играчи од НБА и од Евролигата, и за нив немавме адекватен одговор во текот на натпреварот. За разлика од другите тимови, ние имавме огромен проблем во составувањето на екипата, а згора на тоа, имавме и многубројни откажувања. Шанса за настап добија сите играчи, а некои од нив добија поголема минутажа од онаа што ја добиваат во своите клубови“, изјави Јончевски. Селекторот исто така рече дека овој турнир послужил за извлекување голема поука, а воедно призна дека Македонија има уште многу работа за да парира на силните европски репрезентации. „Најголем проблем е што голем дел од нашите репрезентативци не добиваат соодветна минутажа и немаат можност секојдневно да напредуваат. Некои од нив ги одиграа првите минути во сениорска репрезентативна конкуренција. Верувам дека сите ќе извлечеме поука од овој собир, не само стручниот штаб, туку и сите играчи. Реалноста е дека сме многу далеку од силните европски репрезентации. Со дел од нив бевме „рамо до рамо“, а од некои бевме дури и подобри во минатото. Треба да сфатиме дека тоа време помина и оваа генерација очекувам да даде многу подобри резултати во иднина“, заклучи Јончевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/jonchevski-da-ja-prifatime-realnosta-daleku-sme-od-silnite-evropski-selektsii/feed/ 0
Кошаркарите поразени и од Чешка https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/kosharkarite-porazeni-i-od-cheshka/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/kosharkarite-porazeni-i-od-cheshka/#respond Tue, 15 Aug 2023 15:21:00 +0000 https://kurir.mk/?p=867043

Кошаркарската репрезентација на Македонија го загуби и третиот натпревар на предолимпискиот турнир во Талин. Денеска подобри од нашите кошаркари беа ривалите од Чешка кои славеа со 94:82. Ти Џеј Шортс со 27 поени беше единствениот расположен за игра во селекцијата на Македонија, а делумна поддршка доби од Војдан Стојановски кој уфрли 13 поени. На овој турнир селекторот Александар Јончевски го немаше на располагање Ненад Димитријевиќ поради повреда. Претходно, кошаркарската репрезентација на Македонија доживеа порази и од Израел и од Естонија.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/kosharkarite-porazeni-i-od-cheshka/feed/ 0
Патот до ЕП 2025 повторно започнува од Скопје и тоа против Естонија https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/patot-do-ep-2025-povtorno-zapochnuva-od-skopje-i-toa-protiv-estonija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/patot-do-ep-2025-povtorno-zapochnuva-od-skopje-i-toa-protiv-estonija/#respond Mon, 14 Aug 2023 19:44:39 +0000 https://kurir.mk/?p=866744

Македонската машка сениорска кошаркарска репрезентација патот до Евробаскетот 2025 година го започнува од Скопје и тоа со најважниот натпревар во квалификациите во кои за противници ги имаме Естонија, Литванија и Полска. На 23. февруари 2024 година во Македонија ќе гостува Естонија, интересно противник со кој ги започнавме и квалификациите за Евробаскетот 2022, а претрпевме пораз во преполниот СЦ „Борис Трајковски“. Првиот прозорец ќе биде комплетиран на 26.02 со гостување во Полска по што не очекува репрезентативна пауза до ноември кога ќе се сретнеме два пати со Литванија, прво на домашен терен, а потоа и на гости. Во третиот прозорец кој ќе биде одржан во февруари 2025 година не очекува гостување кај Естонија и домашен натпревар во Полска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/patot-do-ep-2025-povtorno-zapochnuva-od-skopje-i-toa-protiv-estonija/feed/ 0
Јончевски: Скокот проблем, со Естонија шанса да прикажеме борбена игра https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/jonchevski-skokot-problem-so-estonija-shansa-da-prikazheme-borbena-igra/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/jonchevski-skokot-problem-so-estonija-shansa-da-prikazheme-borbena-igra/#respond Sun, 13 Aug 2023 06:12:31 +0000 https://kurir.mk/?p=866164

Машката кошаркарската репрезентација на Македонија со убедлив пораз од 65:86 од Израел го започна настапот на претквалификацискиот турнир за ЛОИ во Париз 2024. Селекторот Александар Јончевски по мечот изјави дека причина за поразот е отсуството на поголем број на стардарни репрезентативци поради што помалидде кошаркари добија шанса уште во првата четвртина, како и скокот. „Отсуството на голем број стандардни репрезентативци доведе во ротација уште во првата четвртина да влезат играчи кои за прв пат го носат дресот. Во понатамошниот дел од натпреварот, шанса добија сите, а се со цел да сочуваме сили за утрешниот натпревар со Естонија. Повторно се провлекува скокот, како примарен проблем каде што Израел, само во првото полувреме постигна дури 16 поени од „втора шанса“. Немаме многу време да се навраќаме на овој натпревар. Веќе утре играме со домаќинот кој на денешниот меч со Чешка покажа дека е конкурент за следната фаза. Секако, не сме се откажале. Ќе ја гледаме нашата шанса да покажеме борбена игра која би можела да ни донесе позитивен исход“, изјави Јончевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/jonchevski-skokot-problem-so-estonija-shansa-da-prikazheme-borbena-igra/feed/ 0
Македонија убедливо загуби од Израел во Олимписките предквалификации https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/makedonija-ubedlivo-zagubi-od-izrael-vo-olimpiskite-predkvalifikatsii/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/makedonija-ubedlivo-zagubi-od-izrael-vo-olimpiskite-predkvalifikatsii/#respond Sat, 12 Aug 2023 18:04:10 +0000 https://kurir.mk/?p=866125

Кошаркарската репрезентација на Македонија со пораз го почна претквалификацискиот турнир за Олимписките игри кој се игра во Талин откако вечерва загубивме од Израел со 86-65. Избраниците на Јончевски иако цело време беа во негатива, колку толку се држеа во првото полувреме кое заврши со водство на противникот од 37-28. Натпреварот беше решен во третиот период кој Израел го доби со 25-13. Четвртата четвртина заврши нерешено 14-14, но противникот веќе ја тргна педалата од газ и ја славеше победата која на крајот беше со резултат од 86-65. Единствена светла точка во нашиот состав беше Американецот, Ти-Џеј Шортс кој постигна 22 поени, имавме уште еден кошаркар со двоцифрен учинок, Андреј Магдевски кој реализираше 11. Кај Израелците најпрецизен беше Роман Соркин со 21 поен. Утре од 18 часот го играме вториот меч, противник ни е Естонија, а турнирот го завршуваме во вторник со дуел против Чешка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/makedonija-ubedlivo-zagubi-od-izrael-vo-olimpiskite-predkvalifikatsii/feed/ 0
Нов пораз на кошаркарите од Полска во Белград https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/nov-poraz-na-kosharkarite-od-polska-vo-belgrad/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/nov-poraz-na-kosharkarite-od-polska-vo-belgrad/#respond Sun, 06 Aug 2023 13:27:14 +0000 https://kurir.mk/?p=863904

После порзот од вчера на нашата најдобра кошаркарска репрезентација денеска Полска повторно не победи со уште убедливи 84-52. Клучна беше втората четвртина која противникот ја доби со 30-9. Тимот се враќа во Скопје на завршни подготовки пред заминувањето за Талин каде противници ќе ни бидат Израел, Естонија и Чешка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/nov-poraz-na-kosharkarite-od-polska-vo-belgrad/feed/ 0
Магдевски: Полска е вистински испит за тоа што следи https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/magdevski-polska-e-vistinski-ispit-za-toa-shto-sledi/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/magdevski-polska-e-vistinski-ispit-za-toa-shto-sledi/#respond Fri, 04 Aug 2023 19:18:40 +0000 https://kurir.mk/?p=863561

Најсилната македонска репрезентација ќе биде дел од претквалификациите за Олимписките игри во Париз, а на турнирот во Талин ќе ги одмериме силите со селекциите на Естонија, Чешка и Израел. Нашата селекција ќе има две контролки против силната селекција на Полска, а хендикеп ќе биде тоа што во последен момент отпадна Љубомир Младеновски поради болки во грбот. – Нè очекуваат два пријателски натпревари против Полска која ја победи Словенија лани на ЕП, што значи дека ова ќе биде вистински испит пред тоа што ни следи. Одиме во изменет состав, спој на искусни и млади играчи и ќе видиме до кај сме со нашата моментална форма. Најбитно е да се покажеме во добро светло, без разлика на резултатот, и да се вратиме дома сите здрави од двата меча, – посакува еден од поискусните играчи во националниот тим, Андреј Магдевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/magdevski-polska-e-vistinski-ispit-za-toa-shto-sledi/feed/ 0
Проблеми за Јончевски – Ефремовски и Младеновски повредени https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/problemi-za-jonchevski-efremovski-i-mladenovski-povredeni/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/problemi-za-jonchevski-efremovski-i-mladenovski-povredeni/#respond Wed, 02 Aug 2023 17:04:21 +0000 https://kurir.mk/?p=862676

Нашата најдобра машка кошаркарска репрезентација продолжува со своите тренинзи во пресрет на преддолимписокиот турнир во Талин. Се работи нормално, но сепак селекторот Александар Јончевски се соочува со сериозни проблеми. Имено поради повреда,мини – фрактура, отпадна Виктор Ефремовски. Кошаркарот на Гостивар ќе мора да паузира најмалку еден месец, што значи дека веќе на него не може да се смета. Инаку и тоа како “виси“ настапот на Љубомир Младеновски, кој пак се жали на болка во пределот на грбот. Допрва следуваат деталните лекарски прегледи и по нив ќе се знае дали кошаркарот на МЗТ Скопје и натаму ќе биде дел од селекцијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/problemi-za-jonchevski-efremovski-i-mladenovski-povredeni/feed/ 0
Tи-Џеј Шортс: Ќе одиме на победа на секој меч во Талин https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/ti-dhej-shorts-ke-odime-na-pobeda-na-sekoj-mech-vo-talin/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/ti-dhej-shorts-ke-odime-na-pobeda-na-sekoj-mech-vo-talin/#respond Wed, 02 Aug 2023 11:02:08 +0000 https://kurir.mk/?p=862566

Ти-Џеј Шортс се приклучи на подготовките на македонската машка кошаркарска репрезентација за престојниот претквалификациски турнир за ЛОИ 2024. Но и да даде краток коментар поврзан со очекувањата од она што следува за десетина денови, претквалификациите за Олимписките игри во Талин: „Мило ми е што се вратив во репрезентацијата, екипата и селекторот ми посакаа добредојде и со нетрпение очекувам повторно да го облечам дресот на националниот тим. На секој натпревар ќе одиме на победа и ќе се обидеме да напредуваме“, вели американскиот бек по првиот одработен тренинг во подготовките. Еден од најдобрите плејмејкери во Европа, во овој момент, смета дека добра работа е што тимот претставува микс на искусни, но и млади, талентирани кошаркари: „Добро е тоа што во тимот имаме искусни кошаркари и млади, талентирани играчи кои носат енергија. Кога ќе се спојат тие две работи, секогаш придонесуваат за добра атмосфера во репрезентацијата. Треба само да продолжиме да тренираме заедно, да дадеме се од себе и успехот ќе дојде“, заврши Шортс.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/ti-dhej-shorts-ke-odime-na-pobeda-na-sekoj-mech-vo-talin/feed/ 0
Робев: Нема фаворит на турнирот, со сите ќе бидеме изедначени https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/robev-nema-favorit-na-turnirot-so-site-ke-bideme-izednacheni/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/robev-nema-favorit-na-turnirot-so-site-ke-bideme-izednacheni/#respond Mon, 31 Jul 2023 04:06:19 +0000 https://kurir.mk/?p=861843

Македонската машка кошаркарска репрезентација ги продолжува подготовките за олимписките претквалификации кои стартуваат на 12. август со турнирот во Талин, а кои продолжуваат во полскиот град Гљивице. Еден од играчите кој во овој период максимално му е посветен на националниот тим е Дамјан Робев кој е оптимист и верува дека ќе се прикажеме во најдобро можно светло и ќе можеме да се носиме со сите противници.
-Секогаш е убаво чувството да се игра за националниот тим. Сите што сме тука сме дојдени да го дадеме својот максимум. А на максимален ефект ќе одиме и на турнирот во Талин. Факт е дека имаме доста ослабен ростер, дека многу играчи се повредени. Но се надевам дека ќе се прикажеме во едно добро издание и дека ќе дадеме се од себе.Ние сме заедно подолго време, две-три години во оваа екипа. Добро се познаваме, доволно за да се воиграме, но сепак периодот за тоа е доста краток. Особено по еден двомесечен период на пауза од крајот на ланската сезона, малку е потешко да влезеш во ритам. Но мислам дека ќе бидеме добри. Дека ќе прикажеме добри игри, -вели Робев и додава: Нема фаворити помеѓу овие репрезентции, пред се затоа што сите доаѓаат со ослабен ростер. Не можат сите да дојдат во ‘фул’ состав. Оттука мислам дека ќе имаме шанси да се натпреваруваме, да бидеме ‘пата-пата’ со сите. И дека на крајот ќе поминеме добро, -заклучи Дамјан.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/robev-nema-favorit-na-turnirot-so-site-ke-bideme-izednacheni/feed/ 0