македонска нација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 01 Dec 2020 19:35:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png македонска нација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 МАНУ контра БАН со „Промеморијата на МАНУ од 15 ноември 2020 година“ за непобитноста на македонскиот јазик и нација https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/manu-kontra-ban-so-promemorijata-na-manu-od-15-noemvri-2020-godina-za-nepobitnosta-na-makedonskiot-jazik-i-nacija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/manu-kontra-ban-so-promemorijata-na-manu-od-15-noemvri-2020-godina-za-nepobitnosta-na-makedonskiot-jazik-i-nacija/#respond Tue, 01 Dec 2020 19:35:37 +0000 https://kurir.mk/?p=437167

Земајќи предвид дека (1) процесот на формирањето на македонскиот народ и македонската нација не е ништо поразличен од другите балкански народи и нации; тој процес не е, и не може да биде последица на административен акт; (2) создавањето на македонската држава е резултат на долготрајната борба на македонскиот народ и другите етнички заедници, преточена во антифашистичката војна и поставена врз антифашистички начела; и (3) Декларацијата на МАНУ за македонскиот јазик од 5 декември 2019 година, би сакал уште еднаш во оваа емисија да укажам на главните заклучоци од промеморијата на МАНУ од 15 ноември 2020 година, истакна во своето гостување на телевизија Алфа во емисијата „Што не е јасно“ претседателот на МАНУ Љупчо Коцарев. Тие заклучоци се: Претседателството на Македонската академија на науките и уметностите ги поддржува напорите на Владата на нашата држава за интегрирање во ЕУ, залагајќи се, притоа, за почитување на: 1.Меѓународните повелби и конвенции од коишто произлегуваат и неотуѓивите и суверени права на македонскиот народ на самоопределување, тесно поврзани со неговиот државотворен статус и национален, историски, културен, јазичен и номинален идентитет; 2.Резултатите од легитимните пописи на населението изведени во неколку наврати во некогашната Федеративна Република Југославија (1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991) и во Република Македонија (1994, 2002), кога Македонците по своја слободна волја се изјасниле за припадници на посебен етнички и национален ентитет; 3.Резултатите од двата референдума, во 1991 и во 2018 година, кои ја озаконија свеста и волјата на македонските граѓани и на македонскиот народ и го легитимираа нивното неприкосновено право на самоопределување и самоименување; 4.Достоинството на македонскиот народ, 5.Сознанијата на македонските општествени, хуманистички и културолошки науки, современата светска славистика и лингвистика, современата светска историска наука, и меѓународното право, според коишто: a.македонскиот јазик и неговите дијалектни разновидности имаат и просторен континуитет (македонските дијалекти постојат и надвор од границата на денешна Македонија) и временски континуитет (македонскиот јазик опстојувал повеќе стотици години); b.македонскиот идентитет го црпи својот легитимитет од повеќе-вековните преданија, обичаи, колективна меморија, менталитет, јазик, артикулирана свест за етнокултурната посебност, колективен интегритет, почит кон традиционалните религиски институции и наратив за припадноста на одреден географски и историски простор, истакна Коцарев ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/manu-kontra-ban-so-promemorijata-na-manu-od-15-noemvri-2020-godina-za-nepobitnosta-na-makedonskiot-jazik-i-nacija/feed/ 0
Стипе Месиќ за МКД: Македонската нација е историски факт, не ја создал ниту Тито, ниту Коминтерната https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stipe-mesikj-za-mkd-makedonskata-nacija-e-istoriski-fakt-ne-ja-sozdal-nitu-tito-nitu-kominternata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stipe-mesikj-za-mkd-makedonskata-nacija-e-istoriski-fakt-ne-ja-sozdal-nitu-tito-nitu-kominternata/#respond Thu, 26 Nov 2020 13:53:38 +0000 https://kurir.mk/?p=434848

Ако се говори за историја, тогаш треба да се почитуваат сите факти. Бугарија беше на страната на силите на Оската и на крајот прејде на страна на сојузниците, вели поранешниот хрватски претседател Стипе Месиќ во разговор за МКД.мк. Според него, нема ниту една причина сега да се поставува прашањето за македонска нација и македонски идентитет и за прашања кои дефинитивно се решени, кои се апсолвирани. Како гледате на бугарското вето и нивните барања или услови за Македонија за почеток на преговори со Европската Унија? Јас сметам дека односот меѓу Бугарија и Македонија, во времето додека Македонија беше во рамките на Југославија, одамна е апсолвирано прашање и дека тука не смее да има никакви проблеми. И сите оние што сега го потегнуваат таквото прашање очигледно можат само да им пречат на односите меѓу Македонија и Бугарија, но и на мирното решавање на проблемите во целиот регион. Но дали ветото од Бугарија е во склад со европските вредности, бидејќи тие се членка на ЕУ? Во тоа и е работата, бидејќи ако дефинитивно било решено прашањето за односите меѓу Југославија и Бугарија, а со тоа и на Македонија и Бугарија, мислам дека сега не е ни во европски интерес, ни во интерес на регионот, а на крајот ни во интерес на Македонија ни на Бугарија, да се поставуваат прашања што веќе се решени, кои дефинитивно се решени, кои се апсолвирани. Што мислите, што добиваат Бугарите со ваквите потези? Мислам дека тоа повеќе се покренува поради нивните внатрешни прашања, имаат многу работи што не се решени, па наједноставно е да се покрене такво прашање што треба да ја окупира домашната јавност, па да се заборави на она што треба да се решава во сопствената земја. Кому му одат во прилог тврдењата од Софија дека Коминтерната ја формирала македонската нација, дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот јазик, освен можеби на создавањето „непријател“ од оваа страна на границата? Никаква Коминтерна не го создала ниту бугарскиот ниту македонскиот јазик. Бидејќи и едниот и другиот јазик се јазици што ги говорат посебните народи, бугарскиот народ - бугарски, македонскиот народ - македонски. А сличности има. Има и меѓу српскиот и хрватскиот, па Србите го нарекуваат српски, Хрватите - хрватски, Бошњаците - бошњачки, Црногорците - црногорски. Не гледам ниту една причина сега да се поставува прашањето за македонска нација и македонски идентитет. Македонската нација постои, таа е историски факт и секој што тука нешто проблематизира всушност им штети на односите во цела Европа. Целото интервју на поранешниот хрватски претседател можете да го прочитате на МКД.мк]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stipe-mesikj-za-mkd-makedonskata-nacija-e-istoriski-fakt-ne-ja-sozdal-nitu-tito-nitu-kominternata/feed/ 0
Професорот Стојков од Бугарија: Клучно за Бугарија е да се оспори македонскиот јазик, затоа што тоа го негира самото постоење на македонската нација https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/profesorot-stojkov-od-bugarija-kluchno-za-bugarija-e-da-se-ospori-makedonskiot-jazik-zatoa-shto-toa-go-negira-samoto-postoenje-na-makedonskata-nacija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/profesorot-stojkov-od-bugarija-kluchno-za-bugarija-e-da-se-ospori-makedonskiot-jazik-zatoa-shto-toa-go-negira-samoto-postoenje-na-makedonskata-nacija/#respond Sat, 21 Nov 2020 13:06:14 +0000 https://kurir.mk/?p=432544

Професорот Стојко Стојков, копретседател на организацијата ОМИ Илинден Пирин во Република Бугарија во своето интервју за Македонско радио истакна дека не е изненаден од ставот на Бугарија за поставување на вето на отпочнувањето на преговорите. Клучно за Бугарија е да се оспори македонскиот јазик, затоа што тоа го негира самото постоење на македонската нација, а од друга страна ќе се одземе секоја можност во иднина да се бара признавање на македонско малцинство во Бугарија, кое што е клучен проблем за Бугарија. Ако македонскиот јазик е посебен јазик и уште повеќе што во минатото се изучувал во Бугарија, тогаш јасно е дека бугарската позиција не може да се заштити- рече Стојков. Според него целта на ваквата стратегија е македонскиот народ и јазик да се сведе на територијата на Република Македонија и тоа само во периодот после 1944 година Македонија игра многу пасивна позиција, не бара ништо од Бугарија, а Бугарија постојано наметнува свои барања. Како и секоја нација , така македонската, треба да си ги знае своите национални интереси и да ги брани. Принципот на солидарност помеѓу припадниците на една нација, треба да се почитува. Ние исто така сме Македонци и очекуваме дека другите наши браќа Македонци се загрижени за нашата положба и од солидарност ќе не поддржат- дополни Стојков. Стојков посочи дека овие позиции на официјална Софија се стари 50 години и не верува дека без меѓународоен притисок тие ќе променат и после изборите. Во Бугарија говор на омраза се смета тоа што Македонците зборуваат за себе. Значи ние ако се сметаме за Македонци, тоа се смета за говор на омраза против Бугарија , затоа што мораме да бидеме Бугари- смета професорот Стојков, додавајќи дека тоа е ниско ниво на изживување со Македонија и Македонија треба да превземе мерки против тоа. Тој ја советуваше македонската влада дека не смеат да се прават повеќе отстапки, затоа што веќе се направени огромни отстапки према Грција и ако се направат отстапки и кон Бугарија тогаш едноставно македонската нација може да се прогласи за уништена.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/profesorot-stojkov-od-bugarija-kluchno-za-bugarija-e-da-se-ospori-makedonskiot-jazik-zatoa-shto-toa-go-negira-samoto-postoenje-na-makedonskata-nacija/feed/ 0
Грчев: Македонската нација е измислена https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grchev-makedonskata-nacija-e-izmislena/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grchev-makedonskata-nacija-e-izmislena/#respond Fri, 31 Jul 2020 18:10:01 +0000 https://kurir.mk/?p=384520

Архитектот и член на Советот за култура на СДСМ и раководител на работната група на Министерството за култура за анализа на проектот Скопје 2014 Мирослав Грчев во гостување во емисијата „Само Интервју“ на Канал 5 телевизија рече дека сите нации во светото се измислени, посочувајќи дека македонската нација е измислена во 19 век. -19 век е век кога се измислија не само македонската нација, туку 90 проценти и повеќе, можеби само една или две сите други европски и сите други светски нации се измислени од втората половина, вели Грчев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grchev-makedonskata-nacija-e-izmislena/feed/ 0
Донев за Република: Заев и Димитров се на власт за елиминирање на македонската нација и јазик https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/donev-za-republika-zaev-i-dimitrov-se-na-vlast-za-eliminiranje-na-makedonskata-nacija-i-jazik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/donev-za-republika-zaev-i-dimitrov-se-na-vlast-za-eliminiranje-na-makedonskata-nacija-i-jazik/#respond Sat, 25 Apr 2020 08:50:30 +0000 https://kurir.mk/?p=337053

Република Бугарија во ниту еден момент не признала постоење на македонски јазик, ниту постоење на македонскиот народ. Заев и Димитров преку прикривање на вистината треба да ja остварат задачата заради која и се донесени на власт, а тоа е елиминирање на македонската нација и јазик. Ова во интервју за „Република“ го тврди професорот Јован Донев кој е и поранешен дипломат. Според него, власта ќе игра на истата карта како со Грција, а тоа е постепено прифаќање, едно по едно, на бугарските барања, а сето тоа ќе го претставува како борба за зачувување на македонскиот јазик и идентитет. Зошто власта се обидува да го релативизира ова барање на Бугарија со тоа дека тоа било изолиран став на една членка а не официјален став на Унијата? За потсетување, сегашната власт кога беше во опозиција тврдеше дека блокадата од Грција поради спорот за името е став на целата ЕУ а не само на една земја. ДОНЕВ: Тоа е пропаганден трик. Власта воопшто не ги релативизира бугарските барања. Да беше така таа немаше да потпише ваков договор. Напротив, власта ќе игра на истата карта како со Грција. Постепено прифаќање, едно по едно, на бугарските барања. И сето тоа ќе го преставува како борба за зачувување на македонскиот јазик и идентитет. Едноставно, при проценките на позициите на владеачката гарнитура на СДСМ и нејзините потези, секогаш треба да се има во предвид една работа. И г. Заев и г. Димитров при преземањето на власта имаа една и единствена цел. Деноминирање на македонската нација. И толку. Па самиот г. Димитров јасно и гласно кажа дека целосната имплементација на договорот со Бугарија е последната фаза во решавањето на македонското прашање. Дали можеби притисокот на Бугарија е една од причините зошто уште не е одреден датум за почеток на преговорите со Македонија? ДОНЕВ: Една од причините да. Министерката за надворешни работи на Бугарија, госпоѓата Захариева, уште во октомври минатата година јансо ги стави на знаење бугарските позиции. Да, Бугарија подржува носење на одлука за почеток на преговорите со Македонија и Албанија, но Бугарија ќе се согласи со одредување на датумот за почеток на преговорите под три услова. 1. Јавно откажување на Македонија од постоењето на македонско малцинство во Бугарија. 2. Информирање на сите членки на ООН дека службен јазик е јазикот на државата, а не македонскиот јазик и 3. Изјава на Република Албанија дека на нејзина територија не живее македонско малцинство. Целото интервју на професорот Јован Донев можете да го прочитате на Република.мк]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/donev-za-republika-zaev-i-dimitrov-se-na-vlast-za-eliminiranje-na-makedonskata-nacija-i-jazik/feed/ 0