македонска пошта – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 20 Oct 2022 10:27:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png македонска пошта – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Предупредувачки протест во Пошта: Исплата на плати до вторник или протест пред Влада, егзистенцијата на 2.200 семејства доведена во прашање https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/predupreduvachki-protest-vo-poshta-isplata-na-plati-do-vtornik-ili-protest-pred-vlada-egzistencijata-na-2-200-semejstva-dovedena-vo-prashanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/predupreduvachki-protest-vo-poshta-isplata-na-plati-do-vtornik-ili-protest-pred-vlada-egzistencijata-na-2-200-semejstva-dovedena-vo-prashanje/#respond Thu, 20 Oct 2022 10:26:16 +0000 https://kurir.mk/?p=748283

Двети синдикални организации на Македонска пошта денеска повторно одржаа предупредувачки протест за време на паузата. Бараат да им биде исплатена септемвриската плата, да не се доцни во иднина со исплатата на платите, да се подобрат нивните услови за работа и државата да ги користи нивните услуги и да не ангажира приватни пошти, со цел да се зголемат нивните приходи. Претседателот на едниот Синдикат на Македонска пошта Боро Велигденов појасни дека протестот го одржуваат поради доцнењето на платите, кои требало да бидат исплатени најдоцна до 15-ти месецов.
– Дополнително како вработени се грижиме за нашата егзистенција, за нашите работни места, односно за иднината на нашата компанија, проблем кој со години се провлекува и особеното немање интерес од Владата да заземе цврст став во надминување на состојбите и на подобрување на работењето на Македонска пошта. Македонска пошта е државна компанија која е од суштинско значење за државата и мора како пошта да постои и да биде главен сервис на граѓаните, потенцираше Велигденов. Тој предупреди дека доколку не се исплатата платите до вторник, сите вработени од Македонска пошта ќе одржат протест пред Влада. – Сепак, станува збор за егзистенција на нашите семејства – немаме плата во оваа криза кога енормно се покачуваат цените не можеме дома да ги исплатиме нашите обврски, да однесеме леб, кредити и ред други работи. Впрочем, не можеме да дојдеме на работа, немаме пари за издржување, истакна претседателот на Синдикатот. Тој информираше дека вчера одржале состанок со Управниот одбор, но оти сè уште немаат добиено официјален одговор. – Инаку, се изготвувало план и стратегија за надминување на состојбите, штом ќе ги добиеме ќе биде информирана целата јавност. Ние како синдикат впрочем и тоа бараме, не само гаранција секој месец да добиваме редовно плата, туку и да ни ја приложат стратегијата како ќе излеземе ние од ситуацијата, како секој нареден месец ние ќе имаме работа пред се и ќе се обезбеди плата за сите вработени, бидејќи станува збор за 2.200 вработени, тоа се 2.200 семејства, додаде Велигденов.
Дарко Димовски, претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија информираше дека до Владата и до менаџерскиот тим уште во вторник ќе поднесат барање, на владина седница со заклучок, бидејќи станува збор за АД во државна сопственост, да нареди премиерот до сите министри да ги користат услугите на „Македонски пошти“. – Не може ние да правиме тендери и да ангажираме приватни т.н. пошти, или брзи пошти, а нашата национална пошта која ја има државата како нејзин сервис, да биде скокната и да не прави приходи од писмата кои се носат во одредени министерства, судски пресуди итн. Значи, решението е државата да си ги користи своите ресурси кои ги има – АД „Пошта на Македонија“ кои се во сопственост на државата. Тоа е решението. Ние ќе бараме тоа да се процесуира бидејќи гледаме секакви заклучоци се носат на Влада, па редно е да се помогне и на ова АД во државна сопственост за да може и понатаму да работи, бидејќи знаеме – ја опслужуваме целата држава Македонија, а ствараме повеќе расходи отколку што добиваме приходи, потенцираше Димовски.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/predupreduvachki-protest-vo-poshta-isplata-na-plati-do-vtornik-ili-protest-pred-vlada-egzistencijata-na-2-200-semejstva-dovedena-vo-prashanje/feed/ 0
МАКЕДОНСКА ПОШТА ПРЕД ШТРАЈК: Се бара линеарно покачување на платите, Владата и Управниот одбор глуви, граѓаните нема да можат да плаќаат сметки! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonska-poshta-pred-shtrajk-se-bara-linearno-pokachuvanje-na-platite-vladata-i-upravniot-odbor-gluvi-gragjanite-nema-da-mozat-da-plakjaat-smetki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonska-poshta-pred-shtrajk-se-bara-linearno-pokachuvanje-na-platite-vladata-i-upravniot-odbor-gluvi-gragjanite-nema-da-mozat-da-plakjaat-smetki/#respond Fri, 01 Apr 2022 10:08:10 +0000 https://kurir.mk/?p=656804

Над 1.000 вработени лица во Македонски пошти наскоро ќе започнат штрајк доколку Управниот одбор и владата не ги исполнат нивните барања за линеарно покачување на платите во износ од три илјади денари подеднакво за сите вработени. Вработено лице во една од многуте пошти во земјава во изјава за КУРИР вели дека дефинитивно ќе стапат во штрајк доколку владата и овој пат остане нема на нивните барања. -Платите се мизерни и не се покачени со години, бараме покачување кое е нужно во ова време кога се е покачено, од цените во маркетите, до горивата, па се до кризата и војната која се случува во Европа. Се надеваме дека овие барања на нашите синдикални здруженија ќе родат со плод, ако не за 10 дена колку што е законскиот рок почнувајќи од денес ние стапуваме во штрајк, вели нашиот добро упатен извор вработен во Македонска пошта. Претседателот на Синдикатот на „Македонска пошта“ Боро Велигденов во изјава за КУРИР вели дека вчера по состанокот на двата синдиката во Македонска пошта ќе излезат на заеднички штајк. -Согласно законските регулативи, Законот за работни односи и Законот за поштенски услуги по истекот на овој даден рок од десет дена, т.е од 14 април, доколку не се исполнат нашите барање, Македонска пошта започнува штрајк. Ние како синдикат бараме линеарно зголемување на платите во Македонски пошти со што сите вработени ќе добијат по три илјади денари покачување на својата плата. Платите во пошта не се променети 32 години и истите се од стариот систем, па поради покачувањето на минималната плата и зголемувањето на трошоците за живот, бараме подеднакво покачување за сите вработени, вели Велигденов. Тој додава дека освен ова покачување бараат и физичко обезбедување во поштите низ целата земја, како и основни средства за работа кои се најпотребни за секојдневно функционирање во македонските пошти. Велигденов во изјава за КУРИР вели дека Управниот одбор во Македонска пошта и Владата се информирани за овие барање и дека тие веќе имале неуспешна средба со вицепремиерот во владата Фатмир Бетиќи. -Имавме средба со вицепремиерот минатата недела, но иако ни ветија дека ќе добиеме одговор, до овој момент немаме, па затоа решивме од вчера да стапиме во постапка пред штрајк, додава Велигденов. Истакнува дека со покачување на минималната плата дури 70% од вработените во пошта ќе земаат таква плата со што овој податок е поразителен со фактот што платите не се доволни за нормално живеење во овој момент. Инаку доколку владата остане глува и слепа на овие барања на вработените во Македонска пошта, тие ќе стапат во штрајк од 14 април и тоа значи дека нема да може да се плаќаат сметки во пошта, додека ќе се извршуваат сите услуги регулирани со Законот за поштенски услуги како на пример пратки со приоритет за државата, примање на судски пратки и секаков вид на пратки, кои ќе бидат редуцирани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonska-poshta-pred-shtrajk-se-bara-linearno-pokachuvanje-na-platite-vladata-i-upravniot-odbor-gluvi-gragjanite-nema-da-mozat-da-plakjaat-smetki/feed/ 0
Поштарите повторно ќе носат пензии до врата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poshtarite-povtorno-kje-nosat-penzii-do-vrata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poshtarite-povtorno-kje-nosat-penzii-do-vrata/#respond Wed, 26 Jan 2022 10:44:07 +0000 https://kurir.mk/?p=623121

Од АД Пошта информираат дека повторно ќе почне на пензионерите да им ги доставува своите пензии до дома. Ова услуга ќе биде достапна за сите пензионери кои пензијата ја примаат на сметка во Халк банка или во НЛБ банка. Како што објави Пошта, секој пензионер кој сака пензијата да ја добива дома треба да пополни формулар во банката. Од денеска почнува етапната исплата на јануарски пензии. Пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот. Јануарските пензии ќе бидат зголемени за 2.9 отсто, согласно законското усогласување кое се врши двапати годишно во јануари и јули. Усогласувањето се врши според процентот на порастот на индексот на трошоците на живот во претходното полугодие во однос на полугодието кое му претходи објавени од Државниот завод за статистика. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poshtarite-povtorno-kje-nosat-penzii-do-vrata/feed/ 0
Важно соопштение од Пошта, еве кои сметки можете да ги плаќате кај нив https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vazno-soopshtenie-od-poshta-eve-koi-smetki-mozete-da-gi-plakjate-kaj-niv/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vazno-soopshtenie-od-poshta-eve-koi-smetki-mozete-da-gi-plakjate-kaj-niv/#respond Mon, 18 Oct 2021 10:09:47 +0000 https://kurir.mk/?p=581349

Вкупно 324 активни поштенски единици на Пошта на РСМ со 470 шалтерски места им стојат на располагање на граѓаните за реализирање на сите безготовински и плаќања во готово, вклучително и за плаќање на сметки за комунални услуги. Овие услуги во единиците на Пошта се достапни преку платниот промет на Халкбанк АД Скопје. -Отсега на шалтерите на Пошта можат да се плаќаат сметки за електрична енергија од ЕВН Македонија, сметките од БЕГ за испорачана топлинска енергија, за потрошена вода преку ЈП Водовод и канализација-Скопје, како и сметки од речиси сите јавни комунални претпријатија во земјава. Дополнително, овоможено е плаќањето на сметките кон телекомуникациските оператори, како Македонски Телеком, А1, Неотел, Телекабел и сите останати регионални оператори. Услугата „Плаќање сметки“ во готово на Пошта ја има една од најконкурентните цени на пазарот во однос на цените на домашните банки и изнесува 35 денари по сметка, се вели во соопштението од поштенското претпријатие и банката.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vazno-soopshtenie-od-poshta-eve-koi-smetki-mozete-da-gi-plakjate-kaj-niv/feed/ 0
Вработените од „Македонска пошта“ во Охрид излегоа на протест: Платите им доцнат, немаат основни услови за работа https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vrabotenite-od-makedonska-poshta-vo-ohrid-izlegoa-na-protest-platite-im-docnat-nemaat-osnovni-uslovi-za-rabota/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vrabotenite-od-makedonska-poshta-vo-ohrid-izlegoa-na-protest-platite-im-docnat-nemaat-osnovni-uslovi-za-rabota/#respond Fri, 15 Oct 2021 13:01:29 +0000 https://kurir.mk/?p=579638

На денешниот протест во Охрид тие побараа навремена исплата на плати, одржлив развој, инвестирање и одржување во основните средства за работа, како во делот на платниот промет, така и во делот на достава. Според нив, исплатата на месечните лични доходи на вработените се пролонгира со задоцнувања од месец во месец, се работи со дотраени средства за превоз на поштенските пратки, како и несоодветни униформи, што сето заедно неповолно се одразува на квалитетот на услугите што ги дава субјектот. – Бараме од менаџерскиот тим да има посериозен пристап и да покажат разбирање дека сепак во прашање се егзистенцијални прашања на сите вработени…Да се преземат конкретни мерки и чекори за решавање на ваквата состојба и нормално функционирање на „Македонска пошта", како што доликува на една ваква компанија која е од стратешки интерес на државата, изјави Тони Матески, претставник на Синдикатот на „Македонска пошта". Тој посочи дека вработените се соочуваат со недостиг или несоодветно одржување на основните средства за работа, од соодветни компјутери, принтери, тонери, хартија, се до дотраеноста на средствата за физичка достава на пратки. Вработените од сите експозитури и подружници на „Македонска пошта" најавуваат дека забелешките ќе ги достават до сите надлежни инстанци, од Управниот одбор до генералниот директор. /МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vrabotenite-od-makedonska-poshta-vo-ohrid-izlegoa-na-protest-platite-im-docnat-nemaat-osnovni-uslovi-za-rabota/feed/ 0
Од понеделник стартува платниот промет во Македонска пошта https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-ponedelnik-startuva-platniot-promet-vo-makedonska-poshta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-ponedelnik-startuva-platniot-promet-vo-makedonska-poshta/#respond Fri, 26 Feb 2021 13:54:24 +0000 https://kurir.mk/?p=474332

Од понеделник започнува функционирањето на платниот промет во Македонска пошта преку кој граѓаните ќе можат повторно да ги плаќаат своите сметки и да вршат други плаќања во готово. Согласно договорот потпишан меѓу Македонска пошта и Халкбанк АД Скопје, која беше избрана за банка преку која ќе се одвива платниот промет на Пошта, Халкбанк ја исполни својата обрска според која до 1 март требаше да го имплементира системот за наплата за Македонска пошта. Платниот промет, во првата недела ќе биде достапен во повеќе избрани подружници на Пошта и тоа: во Скопје 1 и Скопје 2,  подружниците во Тетово, Гостивар, Кичево, Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци, Велес, Гевгелија, Струмица, Штип, Кочани и Куманово. Во текот на март услугата ќе биде достапна во сите останати единици на Пошта. Плаќањето во готово преку шалтерите на Пошта ќе биде со особено поволни провизии. Односно 35 денари за плаќање на сметки и други режиски трошоци, додека висината на провизиите за уплати кон буџетски установи е во зависност од износот кој се уплаќа. Со оглед на широката мрежа на експозитури и тоа во места во кои граѓаните немаа друга можност за вршење на трансакции од платниот промет, од Пошта очекуваат дека претпријатието во многу скоро време ќе се врати на првобитната позиција која ја имаше до пред неколку месеци – каде се одвиваше 25% од вкупниот платен промет во државата. Според најавите, во скоро време коминтентите на Халкбанк на шалтерите на Пошта ќе можат да вршат и директни плаќања од своите сметки, а ќе бидат овозможени и други банкарски, дополнителни услуги.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-ponedelnik-startuva-platniot-promet-vo-makedonska-poshta/feed/ 0
СЕ ВРАБОТУВААТ ЛИ 280 ПАРТИСКИ ВОЈНИЦИ ВО ПОШТА: На досегашните вработени не им се продолжува договорот, од утре на улица? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-vrabotuvaat-li-280-partiski-vojnici-vo-poshta-na-dosegashnite-vraboteni-ne-im-se-prodolzuva-dogovorot-od-utre-na-ulica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-vrabotuvaat-li-280-partiski-vojnici-vo-poshta-na-dosegashnite-vraboteni-ne-im-se-prodolzuva-dogovorot-od-utre-na-ulica/#respond Wed, 30 Dec 2020 10:32:20 +0000 https://kurir.mk/?p=450215

И додека Македонска пошта се дави во долгови, нејзиниот прв човек Јани Макрадули на почетокот на овој месец распиша конкурс за нови 280 вработувања. И додека и опозициската ВМРО-ДПМНЕ алудираше дека станува збор за вработувања на партиски војници, денес до редакцијата на КУРИР се обрати вработен во пошта кој вели дека тоа што се предвидуваше и се случи. Имено јавниот оглас кој траеше неколку недели заврши, а на истиот се примени нови партиски војници, додека се бркаат старите кадри и нема да им биде продолжен договорот на истите. -Од утре на неколку колеги од поштата во Велес нема да им биде продолжен договорот и од утре нема да доаѓаат на работа, а на нивно место ќе се примат нови кадри, вели нашиот извор. Тој додава дека старите кадри се бркаат на улица не затоа што не знаат да работат, туку бидејќи треба да се примат партиски послушници на власта. Инаку огласот беше објавен во ек на пандемија и криза во државата и кога самата пошта е во долг од околу 10 милиони евра.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-vrabotuvaat-li-280-partiski-vojnici-vo-poshta-na-dosegashnite-vraboteni-ne-im-se-prodolzuva-dogovorot-od-utre-na-ulica/feed/ 0
Макрадули откако изјави дека пошта има долг од 10 милиони евра, ги моли граѓаните да праќаат новогодишни честитки преку неа (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makraduli-otkako-izjavi-deka-poshta-ima-dolg-od-10-milioni-evra-gi-moli-gragjanite-da-prakjaat-novogodishni-chestitki-preku-nea-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makraduli-otkako-izjavi-deka-poshta-ima-dolg-od-10-milioni-evra-gi-moli-gragjanite-da-prakjaat-novogodishni-chestitki-preku-nea-video/#respond Tue, 15 Dec 2020 09:29:11 +0000 https://kurir.mk/?p=443382

Управниот одбор на „Пошта на Северна Македонија“ на седница го усвои посебниот промотивен пакет на услуги за испраќање на празнични честитки и подароци, кој започнува да важи од 19 декемри годинава, заклучно со 15 јануари 2021 година. „На овој начин, сакаме да ги повикаме сите да ни се приклучат, со цел заедно да ја обновиме традицијата на испраќање честитка или подарок по пошта! Но исто така, на крајот на годината, која ни го промени секојдневното функционирање, да предизвикаме радост и насмевки кај нашите блиски и сакани во земјата и низ целиот свет, повеќе од неопходни во време на пандемијата предизвикана од коронавирусот“, посочуваат од Пошта. Оваа активност преку видео-порака ја поддржа и директорот на Пошта, Јани Макрадули, кој порача дека дека честитиките и подароците безбедно ќе стигнат до примателот. Макрадули инаку пред неколку дена изјави дека Македонска пошта има долг од околу 10 милиони евра. Генералниот директор на АД Пошта, Јани Макрадули изјави дека Владата и доделила на компанијата финансиски средства од буџетот поради загубите претрпени од пандемијата и стопирање на финансиските услуги поради стечај на Еуростандард банка АД Скопје. Тој потенцира дека главна цел во моментов е финансиско стабилизирање на АД Пошта. – Во моментов главна моја цел и на Управниот одбор, е финансиско стабилизирање на компанијата. Елиминирање на непотребни трошоци, наоѓање  нови клиенти, повеќе инвестиции во рамки на решенија кои можат да ја подобрат финансиската состојбата, пред сè тоа е процесот на дигитализацијата, вложувања во животна средина, и на тој начин финансиското стабилизирање, но и враќање на репутацијата која порано ја имаше АД Пошта, се два приоритета на менаџментот. Средствата кои Владата ги дава за исплата на плати, ќе бидат насочени само за намената за која се дадени, подвлече Макрадули. Вкупниот долг на АД Пошти е околу 10 милиони евра. Освен од тековното работење, има долг кој се влече и од минатото и не зависел од нејзиниот менаџментот, туку и од одлуки на Владата. – Дел од тој долг, околу 2,5 милиони евра биле влог во акции во Поштенската банка, кои не стигнале до АД Пошта. Простувањето на долгови во два наврата од претходната Влада, на компании кои должеле на АД Пошта, се практично околу 7 милиони евра, кои не ги добила АД Пошта. Во јануари и февруари оваа година финансиското работење било стабилно, но со пандемијата, се јавува недостаток на средства во тековното работење. Околу 67 проценти од трошоците одат за плата. Ние ќе се обидеме тоа да го рационализираме, со прераспределба на вработените, за да можеме да генерираме нови приходи. По доаѓањето на новата банка очекувам финансиско стабилизирање, вели Макрадули. Тој потенцира дека јавноста не е информирана за многу услуги на Пошта кои ги нудат приватни оператори. – Ние сме и поефикасни и поевтини, но, не сме го изрекламирале тоа. Многу граѓани ќе испратат пакети, писма, поради ковидот. Ние им стоиме на граѓаните на располагање тоа да го направиме на најефикасен начин и најевтин, нагласи Макрадули, кој најави и вработување на доставувачи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makraduli-otkako-izjavi-deka-poshta-ima-dolg-od-10-milioni-evra-gi-moli-gragjanite-da-prakjaat-novogodishni-chestitki-preku-nea-video/feed/ 0
Макрадули: АД Пошта има долг околу 10 милиони евра https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makraduli-ad-poshta-ima-dolg-okolu-10-milioni-evra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makraduli-ad-poshta-ima-dolg-okolu-10-milioni-evra/#respond Fri, 11 Dec 2020 12:54:23 +0000 https://kurir.mk/?p=442059

Генералниот директор на АД Пошта, Јани Макрадули изјави дека Владата и доделила на компанијата финансиски средства од буџетот поради загубите претрпени од пандемијата и стопирање на финансиските услуги поради стечај на Еуростандард банка АД Скопје. Тој потенцира дека главна цел во моментов е финансиско стабилизирање на АД Пошта. – Во моментов главна моја цел и на Управниот одбор, е финансиско стабилизирање на компанијата. Елиминирање на непотребни трошоци, наоѓање  нови клиенти, повеќе инвестиции во рамки на решенија кои можат да ја подобрат финансиската состојбата, пред сè тоа е процесот на дигитализацијата, вложувања во животна средина, и на тој начин финансиското стабилизирање, но и враќање на репутацијата која порано ја имаше АД Пошта, се два приоритета на менаџментот. Средствата кои Владата ги дава за исплата на плати, ќе бидат насочени само за намената за која се дадени, подвлече Макрадули. Вкупниот долг на АД Пошти е околу 10 милиони евра. Освен од тековното работење, има долг кој се влече и од минатото и не зависел од нејзиниот менаџментот, туку и од одлуки на Владата. – Дел од тој долг, околу 2,5 милиони евра биле влог во акции во Поштенската банка, кои не стигнале до АД Пошта. Простувањето на долгови во два наврата од претходната Влада, на компании кои должеле на АД Пошта, се практично околу 7 милиони евра, кои не ги добила АД Пошта. Во јануари и февруари оваа година финансиското работење било стабилно, но со пандемијата, се јавува недостаток на средства во тековното работење. Околу 67 проценти од трошоците одат за плата. Ние ќе се обидеме тоа да го рационализираме, со прераспределба на вработените, за да можеме да генерираме нови приходи. По доаѓањето на новата банка очекувам финансиско стабилизирање, вели Макрадули. Тој потенцира дека јавноста не е информирана за многу услуги на Пошта кои ги нудат приватни оператори. – Ние сме и поефикасни и поевтини, но, не сме го изрекламирале тоа. Многу граѓани ќе испратат пакети, писма, поради ковидот. Ние им стоиме на граѓаните на располагање тоа да го направиме на најефикасен начин и најевтин, нагласи Макрадули, кој најави и вработување на доставувачи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makraduli-ad-poshta-ima-dolg-okolu-10-milioni-evra/feed/ 0
Судот во Стразбур ја прифати четвртата апликација од сопственикот на „НОЕЛ“ за предметот на СЈО „Поштенска банка‘‘ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudot-vo-strazbur-ja-prifati-chetvrtata-aplikacija-od-sopstvenikot-na-noel-za-predmetot-na-sjo-poshtenska-banka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudot-vo-strazbur-ja-prifati-chetvrtata-aplikacija-od-sopstvenikot-na-noel-za-predmetot-na-sjo-poshtenska-banka/#respond Tue, 08 Dec 2020 13:46:36 +0000 https://kurir.mk/?p=440455

Четвртата апликација поднесена од Томе Главчев, сопственикот на „НОЕЛ“ Гевгелија, во врска со предметот „Поштенска банка“, пред Европскиот суд за човекови права, исто како и претходните три, е прифатена, односно успешно ја помина првата прелиминарна фаза на испитување на допуштеност, соопштува адвокатот Петре Јанура, објавува Фактор. „Предметот е регистриран и проследен на понатамошно постапување. Претходните три апликации беа поднесени во врска со постапувањата на СЈО, додека пак четвртата апликација го вклучува периодот кога предметот ‘Поштенска банка’ беше преземен од СЈО, откога беше притворена специјалната обвинителка Катица Јанева. Направени се цел сублимат на повреди на човековите права во рамките на целата истражна постапка. Она што е значајно да се наведе е дека за истите главни дејствија за кои се товари мојот клиент во минатото биле поднесени кривични пријави од страна на Народната банка на Р Македонија и од СВР Одделение за економски криминал, при што од страна на Основното јавно обвинителство уште во 2005 година со решение кривичните пријави се отфрлени бидејќи пријавеното дело не е кривично дело кое се гони по службена должност и е утврдено дека со преземените дејствија не се оштетени други доверители. Согласно тогашниот Закон за кривичната постапка, што важеше во 2005 година, за подносителите на кривичната пријава, односно Народната банка, постоеше можност да се продолжи гонењето како супсидијарен тужител. Такво нешто не било направено, што значи дека одлуката за отфрлање на кривичните пријави е конечна и правосилна. Она што е особено важно е дека ниедна од повисоките инстанци никогаш нема утврдено неправилности во одлуката на Обвинителството за отфрлање на кривичните пријави, вели Јанура.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudot-vo-strazbur-ja-prifati-chetvrtata-aplikacija-od-sopstvenikot-na-noel-za-predmetot-na-sjo-poshtenska-banka/feed/ 0