македонски актер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 21 Dec 2020 13:45:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png македонски актер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 IN MEMORIAM: Ненадејно почина актерот кој беше доајенот на македонскиот театар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/in-memoriam-nenadejno-pochina-akterot-koj-beshe-doajenot-na-makedonskiot-teatar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/in-memoriam-nenadejno-pochina-akterot-koj-beshe-doajenot-na-makedonskiot-teatar/#respond Mon, 21 Dec 2020 13:39:13 +0000 https://kurir.mk/?p=446239

Македонскиот народен театар со големо жалење ја објавува веста за ненадејното заминување на Љупчо Петрушевски, доајенот на македонскиот театар. Актерот Љупчо Петрушевски дипломира на отсекот за актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје, како дел од првата генерација на дипломирани актери. Целиот работен век од 1966 година до пензионирањето го поминува во МНТ. Во периодот од 1983 до 1988 година ја извршува функцијата директор на Драмата на МНТ, а потоа 1988 до 1999 година е директор на МНТ. Повторно е директор на Драмата на МНТ во периодот од 2004 до 2006 година. Петрушевски беше неразделен дел од театарот и по пензионирање беше верен поддржувач и гледач на претставите на своите колеги. Секогаш ќе остане запомнет по маркантниот став и секогаш кога ќе се појавеше привлекуваше со внимание и посветеност. Беше неизмерно посветен на театарот. На сцената го имаше релативно кратко, од 1967 до 1984 година, но во голем број на главни и споредни улоги. Во аналите на МНТ ќе остане како директор кој постојано се бореше театарот и преставите да стигнат што подалеку од матичната сцена и да го пронајдат својот пат до сите. Првата улога во МНТ ја има во претставата Случајот во Виши (1967). Препознатлив е по улога на Хоакин Муриета, главниот лик во Славата и смртта на Хоакин Муриета (1976). Некои од позначајните улогите ми се Михаил Антонов во Macedonishe Zustande (Мацедонише Цуштенде) (1984), Витезот од Рипафрата во Мирандолина (1985), Виќа во Сомнително лице (1982), Пјер во Граѓанинот благородник (1982), Владимир во Габи (1982), Луков во Житолуб (1981), Ѓорѓија во Милион маченици (1980), Непознатиот во Сојтарии (1979), Чорниј Вашил во Кенгурски скок (1979), Кметот во Соблазна во Шентфлоријанската долина (1976), Таке Фарфуриди во Загубеното писмо (1975), Пуба Фабрициј Глембај во Господа Глембаеви (1974), Шого во Тесен пат кон далечниот север (1972), Гаврил Игњатович во Фома (1972), Џони Бојл во Јунона и паунот (1971), Фомин во Зајдисонце (1971), Зигфрид Крампоносец во Фарса за храбриот Науме (1971), Вознескенсиј во Живиот труп (1971), Арагонски кнез во Венецијанскиот трговец (1970), Федотик Алексеј Петрович во Три сестри (1970), Флориндо во Венецијански близнаци (1968), Другарот Тројкин во Бања (1968), Нил Стратонич Дудукин во Без вина виновни (1968), Павле Власов во Мајка (1968) и Џон во Живот во моите раце (1968). Игра и во Остен (1981), Молскавици (1981), По претставата (1981), Кандид (1980), Обесеник (1979), Бесови (1978), Алексијада (1978), Крчма под зеленото дрво (1977),'48 (1977), Отепвачка (1976), Хемиските потписи на човечките организми во воздухот (1975), Од многу ум (1974), Под пирамидата (1971), Херкул и оборите на Авгиј (1971), Парите се отепувачка (1970), Дабот и ангорските зајаци (1969), Играта нанаредникот Мазгрејв (1969), Печалбари (1969), Чекор до есента (1969), Вител (1968), Сенка (1967), Антигона (1967) и Време од вашиот живот (1967). Петрушевски ќе остане запомнет и препознатлив и по филмските и телевизиски улоги меѓу кои Скопски сновиденија (1988), Ѕвездите на 42-та (1987), Климент Охридски (1986), Сомнително лице (1985), Трговецот од Солун (1985), Од зад грб (1985), Нели ти реков (1984), Лет во место (1984), Слана во цутот на бадемите (1983), Записник (1983), Илинден (1982), Јужна патека (1982), Едно лето (1982), Наши години (1979), Сослушувањето на железничарот (1976), Прва вечер (1975), Вујковиот сон (1970) и Маљва (1969). Засекогаш ќе остане дел од МНТ. Нека почивај во мир, стои во соопштението од МНТ.
IN MEMORIAM Љупчо Петрушевски (1945 - 2020) Македонскиот народен театар со големо жалење ја објавува веста за... Posted by Македонски народен театар / Makedonski naroden teatar on Понеделник, 21 декември 2020
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/in-memoriam-nenadejno-pochina-akterot-koj-beshe-doajenot-na-makedonskiot-teatar/feed/ 0
Македонскиот актер стана дедо- откри како се вика првото внуче (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/makedonskiot-akter-stana-dedo-otkri-kako-se-vika-prvoto-vnuche-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/makedonskiot-akter-stana-dedo-otkri-kako-se-vika-prvoto-vnuche-foto/#respond Wed, 13 May 2020 07:38:46 +0000 https://kurir.mk/?p=345204

Актерот Лазар Бараков стана дедо. Тој на социјалните мрежи откри дека добил внук. „Убав е овој свет, денес станав вистински дедо. Има ли поголема радост и божја милост да го доживее секој човек овој чин. Денес е голем ден, ни се роди првото внуче Стефан“, напиша тој. Бараков во јавноста е најпознат по улогите во „Македонски народни приказни“. https://www.facebook.com/lazar.barakov/posts/3078461115546590  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/makedonskiot-akter-stana-dedo-otkri-kako-se-vika-prvoto-vnuche-foto/feed/ 0
ВЕЌЕ НИШТО НЕ Е ИСТО: Златното момче од „Светот на бајките“ замина во легендите по само 8 часа откако ја одигра последната претстава (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/vekje-nishto-ne-e-isto-zlatnoto-momche-od-svetot-na-bajkite-zamina-vo-legendite-po-samo-8-chasa-otkako-ja-odigra-poslednata-pretstava-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/vekje-nishto-ne-e-isto-zlatnoto-momche-od-svetot-na-bajkite-zamina-vo-legendite-po-samo-8-chasa-otkako-ja-odigra-poslednata-pretstava-foto/#respond Fri, 21 Feb 2020 09:39:20 +0000 https://kurir.mk/?p=306815

На вчерашен ден пред точно 20 години во легендите замина чудесното црвенокосо момче од светот на бајките кое ги освојуваше срцана на сите деца во минатото. -Тажни и празни 20 години без Игор!   ✝️ (1969 – 20 февруари 2000) Денес се навршуваат 20 години од смртта на златното чудесно црвенокосо момче од светот на бајките кое преку своите улоги во истата серија, приказните и други детски тв серии и претстави ги освои срцата на гледачите! Малиот Петар, Рувен, принцот, могли - детето од џунглата и безброј други улоги кои останаа врежани во сеќавањата на најмладите за кои тој најмногу твореше! Секогаш топлото и насмеано лице на Игор кое ветуваше многу како иден актер, трагично го напушти овој свет во триесет и првата година од неговиот живот! Само по 8 часа од одигрувањето на неговата последна претстава "Убавицата и Ѕверот" згасна младиот живот на Игор! Сцената без него не е иста! Младата публика остана без својот принц од бајките! Игор е брат на светскиот, а наш познат македонски музичар Зоран Маџиров кој во сообраќајна несреќа го загуби својот животот на 9 Мај, 2017 година. Игор Маџиров останува запаметен и по една легендарна сцена со Раде Шербеџија во филмот Пред дождот на Милчо Манчевски. Нека му е вечна слава и Бог да го прости! Текст: Горан Марковски, стои во посотот на Фејсбук фан страната на легендарниот актер Ѓорѓи Колозов. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/vekje-nishto-ne-e-isto-zlatnoto-momche-od-svetot-na-bajkite-zamina-vo-legendite-po-samo-8-chasa-otkako-ja-odigra-poslednata-pretstava-foto/feed/ 0
Замина тивко во ноќта без глас- јавноста вечно ќе го памети омилениот актер од македонските народни приказни и филмови https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/zamina-tivko-vo-nokjta-bez-glas-javnosta-vechno-kje-go-pameti-omileniot-akter-od-makedonskite-narodni-prikazni-i-filmovi/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/zamina-tivko-vo-nokjta-bez-glas-javnosta-vechno-kje-go-pameti-omileniot-akter-od-makedonskite-narodni-prikazni-i-filmovi/#respond Fri, 15 Nov 2019 09:23:29 +0000 https://kurir.mk/?p=264385

Денеска се навршуваат седум години од смртта на македонскиот актер Владимир Ангеловски- Дади. Актерот почина на 15 ноември 2012 година по кратко боледување на 66 годишна возраст, а зад себе остави стотици и стотици изиграни претстави, незаборавни ликови, како и познати улоги во македонските народни приказни. Јавноста ги памети и огромениот е бројот на улогите во кои се појавува Дади, од детските серии и драми, па сѐ до сериозни улоги во повеќе значајни македонски филмови, серии и драми. Незаборавни се и ликовите Диди и Дади што ги играат Дади и неговиот брат Коле Ангеловски во ТВ-серијата „Да видам, да видам што да бидам”. Исто така, Дади се појавува и во оперите на МНТ „Шеќерна приказна“ и „Деспина и мистер Докс“. Во 1967 година игра во психолошкиот филм „Мементо“ во режија на Димитрие Османли, а во 1988 игра една од главните улоги во филмот „Викенд на мртовци”. Понатаму следуваат улогите во филмовите „Солунски патрдии” , во режија на Коле Ангеловски, „Калигула” во режија на Миле Гроздановски, „Рибарски караници”, серијата „Лото, лото” исто така во режија на Коле Ангеловски, во претставите „Мефисто”, и „Дунек”, со кои заработува и некои од своите многубројни награди. Тука се и сериите: „Агенција осамени срца”, „Училиште за кловнови”, „Трст виа Скопје”, „Битолски лакрдии” и многу други.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/zamina-tivko-vo-nokjta-bez-glas-javnosta-vechno-kje-go-pameti-omileniot-akter-od-makedonskite-narodni-prikazni-i-filmovi/feed/ 0