македонски автобус – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 24 Dec 2021 06:13:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png македонски автобус – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Резултатите од вештачењата за автобуската несреќа во Бугарија би можеле да бидат готови до недела https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rezultatite-od-veshtachenjata-za-avtobuskata-nesrekja-vo-bugarija-bi-mozele-da-bidat-gotovi-do-nedela/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rezultatite-od-veshtachenjata-za-avtobuskata-nesrekja-vo-bugarija-bi-mozele-da-bidat-gotovi-do-nedela/#respond Fri, 24 Dec 2021 06:19:12 +0000 https://kurir.mk/?p=612352

Се наврши еден месец од автобуската несреќа во Бугарија, а бугарските истражни служби најавија дека резултатите од вештачењата – судско-медицинското, техничкото и пожарно-техничкото би можело да бидат готови и до 25 декември. Според шефот на бугарската Национална истражна служба Борислав Сарафов, податоците покажувале дека брзината на автобусот најверојатно била несоодветна со условите на патот, а ноќта на инцидентот врнел дожд и патот бил влажен. – Брзината на автобусот била прилично несоодветна со условите на патот. Мислам дека возел над 90 километри на час. Барањата на еден професионален возач на автобус се повисоки отколку за кој било друг возач, рече Сарафов. Тој нагласи и дека нема причинско-последична врска меѓу несреќата, патната сигнализација и ознаките, појаснувајќи дека тие можеби придонеле за неа, но возачот морал да биде повнимателен и да вози со соодветна брзина. Сепак, Сарафов посочи дека ознаките на патиштата „очигледно не ги исполнуваат условите“. Истрагата досега покажува дека автобусот од се уште непозната причина скршнал вдесно и удрил во заштитната ограда која го дели просторот за одмор од автопатот. Од ударот се дупнал резервоарот за гориво, избувнал пожар и возилото се заглавило меѓу заштитните огради што ги дели двете ленти на автопатот. Увидот на бугарското Министерство за регионален развој и јавни работи на местото на инцидентот покажа дека тротоарот е во одлична состојба, но ознаката е дотраена, а не е извршена и пролетната наредба за негово реновирање. Во автобуската несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија што се случи на 23 ноември загинаа 45 лица, од кои 12 деца, а седуммина беа повредени. Тие се враќале од туристичко патување во Турција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rezultatite-od-veshtachenjata-za-avtobuskata-nesrekja-vo-bugarija-bi-mozele-da-bidat-gotovi-do-nedela/feed/ 0
Останките на загинатите во автобуската несреќа по десет дена пренесени во земјава https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ostankite-na-zaginatite-vo-avtobuskata-nesrekja-po-deset-dena-preneseni-vo-zemjava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ostankite-na-zaginatite-vo-avtobuskata-nesrekja-po-deset-dena-preneseni-vo-zemjava/#respond Fri, 03 Dec 2021 12:42:25 +0000 https://kurir.mk/?p=603628

По десет дена, посмртните останки на загинатите во трагичната автобуската несреќа, од Бугарија се пренесени во земјава. Пристигнаа претпладнево со два бугарски воено-транспортни авиона на Меѓународниот аеродром „Скопје“. Летот на авионите доцнеше поради лошите временски услови во Бугарија. По нивното слетување почна преземањето на останките. На скопскиот аеродром по овој повод беше организирана посебна церемонија на која присуствуваа државниот и воениот врв, пратеници, претставници на верските заедници, како и високи делегации од Косово и Албанија. Припадници на Армијата ги преземаа посмртните останки од авионите и ги пренесоа до погребалните возила со кои потоа, поворката тргна кон вечните почивалишта на загинатите. Преземањето на останките почна со едноминутно молчење на присутните. Последна почит на загинатите им оддадоа претседателот на државата Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Талат Џафери и премиерот Зоран Заев. Венци положија и претседателката на Косово Вјоса Османи, како и претседателката на албанското Собрание Линдита Никола. Во знак на почит се поклонија и бугарскиот амбасадор во земјава, Ангел Ангелов, првиот вицепремиер Артан Груби, министерот Бујар Османи, како и претседателот на ДУИ, Али Ахмети. На загинатите почит може да им оддадат и граѓаните на плоштадот „Скендербег“ во Скопје каде се поставени венци. Сообраќајната несреќа во која загинаа 45 граѓани, а седум беа повредени се случи на 23 ноември, на автопатот „Струма“ во близина на градот Перник во Бугарија кога автобусот на „Беса транс“ – Скопје се враќал од Истанбул.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ostankite-na-zaginatite-vo-avtobuskata-nesrekja-po-deset-dena-preneseni-vo-zemjava/feed/ 0
ВО ЖИВО: Државен пречек и испраќање на починатите во автобуската несреќа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-zivo-drzaven-prechek-i-isprakjanje-na-pochinatite-vo-avtobuskata-nesrekja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-zivo-drzaven-prechek-i-isprakjanje-na-pochinatite-vo-avtobuskata-nesrekja/#respond Fri, 03 Dec 2021 09:30:00 +0000 https://kurir.mk/?p=603473

Владата објави видео линк преку кој граѓаните ќе може да го следат државниот пречек и испраќањето на починатите во автобуската несреќа во Република Бугарија. Предвиено е церемонијата околу транспортот на телата на Скопскиот аеродром да почне во 10.55 часот. Ќе присуствуваат претседателот на државата Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Зоран Заев, првиот вицепремиер Артан Груби, вицепремиерот Љупчо Николовски, министрите Бујар Османи, Фатмир Бесими, Крешник Бектеши, Насер Нуредини, Јагода Шахпаска, Благој Бочварски, пратеници и поглаварот на Исламската верска заедница. Најавено е присуство и на странски делегации. Сообраќајната несреќа се случи на автопатот „Струма“ во близина на градот Перник во Бугарија кога автобусот на „Беса транс“ – Скопје се враќал од Истанбул. Загинаа 45 граѓани, а седум беа повредени. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-zivo-drzaven-prechek-i-isprakjanje-na-pochinatite-vo-avtobuskata-nesrekja/feed/ 0
Авионите сè уште не полетале од Софија за Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/avionite-se-ushte-ne-poletale-od-sofija-za-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/avionite-se-ushte-ne-poletale-od-sofija-za-skopje/#respond Fri, 03 Dec 2021 09:20:55 +0000 https://kurir.mk/?p=603471

Поради лошите временски услови на софискиот аеродром и силниот ветер, се уште не полетале двата воени авиона со посмртните останки на 45-те загинати македонски државјани, јави дописникот на МИА од Софија. Се очекува авионите да полетаат најрано за 30 минути, но тоа ќе зависи од метеоролошката ситуација, изјави за МИА во Софија дипломатски извор кој сакаше да остане анонимен. Претходно од македонската Влада за МИА потврдија дека слетувањето на авионите се очекува за околу еден час.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/avionite-se-ushte-ne-poletale-od-sofija-za-skopje/feed/ 0
Посмртните останки на загинатите во автобуската несреќа се очекува да пристигнат за еден час https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/posmrtnite-ostanki-na-zaginatite-vo-avtobuskata-nesrekja-se-ochekuva-da-pristignat-za-eden-chas/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/posmrtnite-ostanki-na-zaginatite-vo-avtobuskata-nesrekja-se-ochekuva-da-pristignat-za-eden-chas/#respond Fri, 03 Dec 2021 09:09:39 +0000 https://kurir.mk/?p=603456

За околу еден час се очекува да пристигнат двата авиона од Бугарија со посмртните останки на загинатите во автобуската несреќа што се случи на 23 ноември. Можно е извесно пролонгирање на слетувањето на авионите поради временските услови. Како што потврдија за МИА од Владата, предвиено е церемонијата околу транспортот на телата на Скопскиот аеродром да почне во 10.55 часот. Ќе присуствуваат претрседателот на државата Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Зоран Заев, првиот вицепремиер Артан Груби, вицепремиерот Љупчо Николовски, министрите Бујар Османи, Фатмир Бесими, Крешник Бектеши, Насер Нуредини, Јагода Шахпаска, Благој Бочварски, пратеници и поглаварот на Исламската верска заедница. Најавено е присуство и на странски делегации. Сообраќајната несреќа се случи на автопатот „Струма“ во близина на градот Перник во Бугарија кога автобусот на „Беса транс“ – Скопје се враќал од Истанбул. Загинаа 45 граѓани, а седум беа повредени. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/posmrtnite-ostanki-na-zaginatite-vo-avtobuskata-nesrekja-se-ochekuva-da-pristignat-za-eden-chas/feed/ 0
Со два воено-транспортни авиони денеска ќе пристигнат посмртните останки на жртвите во несреќата кај „Струма“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-dva-voeno-transportni-avioni-deneska-kje-pristignat-posmrtnite-ostanki-na-zrtvite-vo-nesrekjata-kaj-struma/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-dva-voeno-transportni-avioni-deneska-kje-pristignat-posmrtnite-ostanki-na-zrtvite-vo-nesrekjata-kaj-struma/#respond Fri, 03 Dec 2021 07:06:02 +0000 https://kurir.mk/?p=603346

Со два воено-транспортни авиони денеска во 9 часот од Бугарија се очекува на Меѓународниот аеродром Скопје да пристигнат посмртните останки на 45 граѓани кои загинаа во сообраќајната несреќа на автобусот на „Беса транс“-Скопје, што се случи на 23 ноември на автопатот „Струма“ во близина на градот Перник. По пристигнувањето, како што најавија од МНР, поворката ќе се движи по однапред утврдена патека до и низ главниот град. Во периодот од 10 до 13 часот граѓаните ќе може да оддадат последна почит и да положат цвеќе на плоштадот „Скендербег“ и да ја проследат поворката која ќе помине по булеварот веднаш до плоштадот, во периодот меѓу 11 и 12 часот. Од плоштадот ќе може да се проследи колоната со возилата која ќе се движи по булевар „Гоце Делчев“, кон крајните дестинации (домовите) на загинатите. На плоштадот „Скендербег” граѓаните ќе имаат можност преку видео екран да го следат настанот, со цел достоинствено да оддадат почит кон загинатите сограѓани. Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби вчера на средбата со Амбасадорот на Република Бугарија, Ангел Ангелов, му се заблагодарил за брзата интервенција на бугарските власти со цел целосно расветлување на трагичниот настан во кој животот го изгубија 45 патници од Северна Македонија, како и за третманот и укажаната грижа кон преживеаните. -Веќе се идентификувани сите 45 жртви на автобусот што се запали на автопатот Струма, а нивната идентификација е направена со ДНК профили, изјави заменик-главниот обвинител и директор на Националната истражна служба Борислав Сарафов вчера за БТА. Со указ на јавниот обвинител, информира тој, дадено е одобрение посмртните останки на жртвите да им бидат предадени на претставници на Владата на Република Северна Македонија за транспорт и трансфер на нивните роднини. Невладиниот бугарски Институт за безбедност на патиштата во меѓувреме задолжи меѓународен ревизор да изврши непристрасна стручна проверка на состојбата на патиштата пред тешката несреќа на автопатот Струма, во која загинаа 45 – те македонски државјани. Како што јави дописникот на МИА од Софија, при увидот констатирано е дека заштитните огради не се поставени во согласност со барањата. На подрачјето на сообраќајната несреќа се случиле бројни несреќи при што биле оштетени заштитните огради. Во овој случај, имало повторно инсталирање на објектот во средната разделна лента. Од Институтот за безбедност на патиштата сугерираат дека на истото подрачје можеби имало и претходна сообраќајна несреќа. Приклучокот на заштитната ограда бил неправилно монтиран со две наместо со четири завртки, како што требало. Ова е, наведуваат, причината поради која заштитната ограда се скинала и покрај малата брзина со која удрил автобусот. – Кобната делница на „Струма“ е пуштена во употреба пред 20 години без Акт 16. Утврдено е и дека недостасуваат знаци и дека има оштетени ознаки. Испратен е извештај и до Агенцијата за патна инфраструктура, а оваа информација треба да биде проверена од истражните органи на Бугарија, велат од невладината организација. Во меѓувреме, вчера обвинителот Бисер Михаилов и истражителот Маријан Маринов, кои работат на расветлување на трагедијата, изјавија за БТВ, дека е позната причината за пожарот и локацијата на неговиот првичен извор во автобусот со македонски туристи на враќање од Истанбул. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Маријан Маринов одбил да ја открие причината за пожарот и рекол дека „ќе им остави на експертите“ кои веќе имаат свои „тези“. Но, истражителот коментира дека во македонскиот автобус било „нанижано“ големо парче заштитна ограда за гумата до влезната врата, била пронајдена „свиткана хармоника“ и „уништена е пластичната цистерна“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-dva-voeno-transportni-avioni-deneska-kje-pristignat-posmrtnite-ostanki-na-zrtvite-vo-nesrekjata-kaj-struma/feed/ 0
Идентификацијата на жртвите во автобуската несреќа ќе заврши утре, в петок посмртните останки ќе бидат пренесени во земјава https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/identifikacijata-na-zrtvite-vo-avtobuskata-nesrekja-kje-zavrshi-utre-v-petok-posmrtnite-ostanki-kje-bidat-preneseni-vo-zemjava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/identifikacijata-na-zrtvite-vo-avtobuskata-nesrekja-kje-zavrshi-utre-v-petok-posmrtnite-ostanki-kje-bidat-preneseni-vo-zemjava/#respond Wed, 01 Dec 2021 13:37:17 +0000 https://kurir.mk/?p=602537

Според најавите од Обвинителството на Бугарија, идентификацијата на телата на 45-те жртви во сообраќајната несреќа минатиот вторник на автопатот „Струма“ треба да биде завршена до утре, по што ќе почне подготовката тие да бидат донесени во земјава, соопштија владините портпароли денеска на редовната прес-конференција. -Останките ќе бидат донесени в петок и преку организиран државен протокол ќе им бидат предадени на семејствата во нивните домови. Ова е информација што ја имаме, дополнително ќе информираме во текот на утрешниот ден, изјави портпаролот Муамет Хоџа одговарајќи на новинарско прашање. Министерот за здравство Венко Филипче претходно на прес-конференција изјави дека интензивно се работи денеска или утре да завршат ДНК-анализите на починатите во автобуската несреќа, по што ќе се организира транспортот на нивните посмртни останки кон земјава. – Тоа го работат колегите во Бугарија, нашите колеги тука од Институтот за судска медицина се во секојдневна комуникација со нив. Тоа е нешто што треба да се заврши денеска или утре по што ќе се организира транспортот на телата на починатите, рече Филипче.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/identifikacijata-na-zrtvite-vo-avtobuskata-nesrekja-kje-zavrshi-utre-v-petok-posmrtnite-ostanki-kje-bidat-preneseni-vo-zemjava/feed/ 0
Сопственикот на „Беса транс“: Автобусот пред да замине од Турција беше на сервис и сè беше во ред https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sopstvenikot-na-besa-trans-avtobusot-pred-da-zamine-od-turcija-beshe-na-servis-i-se-beshe-vo-red/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sopstvenikot-na-besa-trans-avtobusot-pred-da-zamine-od-turcija-beshe-na-servis-i-se-beshe-vo-red/#respond Tue, 30 Nov 2021 08:23:45 +0000 https://kurir.mk/?p=601719

Сопственикот на „Беса транс“ Беким Хаџиу во интервју за БНТ тврди дека автобусот што учествуваше во несреќата на автопатот „Струма“ во Бугарија, пред да замине од Турција бил на сервис и се било во ред. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Хаџиу ја отфрлил можноста некои од патниците да внеле во автобусот запаливи материи. Хаџиу потврди дека тој и неговото семејство биле дел од екскурзијата во Истанбул, но патувале во другите автобуси. Неговите деца биле во последниот автобус. Опожарениот автобус бил произведен во 2007 година, но бил купен од пред околу три години. Според сопственикот, досега немало технички проблем со автобусот. Хаџиу кажа дека овој пат од Република Северна Македонија тргнале четири автобуси. На враќање од Турција, во автобусот кој се движел прв патувал сопственикот на фирмата и неговата сопруга. На бугарско-македонската граница, на излез од Бугарија, Беким Хаџиу дознал дека неговиот автобус излетал и со такси тргнал на местото на несреќата. Кога пристигнал, со часови останал на местото на настанот. Беким Хаџиу одби да ја коментира верзијата за несреќата бидејќи истрагата е во тек. Но, рече дека три недели пред несреќата автобусот поминал на технички преглед во С Македонија. Дополнително, пред секое патување, сите возила на компанијата „Беса транс“ поминуваа низ сервис. – Пред да тргнеме за Турција ги сервисираме, контролираме, па дури и кога ќе стигнеме до Истанбул и таму одиме на сервис да ги проверат, превезуваме патници, да видиме каква е ситуацијата. Се беше во ред и таму кога таму бевме на сервис, и кога има ни кажуваат и веднаш да го поправиме, објасни сопственикот на „Беса транс“. Тој негира дека во автобусот имало туби со гориво бидејќи бензинот што го наполниле во Истанбул бил доволен за да стигнат до Скопје, а потоа да се вратат во Истанбул. Поради темелните проверки на бугарските граници, тој ја исклучува можноста патник да внел запалива материја. – Во секој автобус има туби, но со вода, секој автобус мора да ги има за секој случај. Ова е резервна вода. Има строга контрола на влез во Бугарија, багаж, возач, сè што се превезува, рече Хаџиу. Сопственикот на „Беса транс“ кажа и дека возачите на автобусот биле многу искусни професионалци кои многупати ја поминувале оваа релација. Хаџиу објасни дека за оваа 12-часовна рута биле доволни двајца возачи. Тие строго ги почитувале часовите за одмор. Потврди дека автобусот имал фабрички ограничувања и не можел да крене повеќе од 100 км/ч. БНТ интервјуто со сопственикот на „Беса транс“ го направи во канцеларијата на неговиот адвокат во Софија. Беким Хаџиу рече дека досега не зборувал за медиумите бидејќи е шокиран од тоа што се случило и затоа е во Бугарија да им помогне на истражителите на кој било начин да ги утврдат причините за несреќата во која на 23 ноември загинаа 45 лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sopstvenikot-na-besa-trans-avtobusot-pred-da-zamine-od-turcija-beshe-na-servis-i-se-beshe-vo-red/feed/ 0
Телата на загинатите во автобуската несреќа во Бугарија најдоцна во петок ќе им бидат предадени на семејствата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/telata-na-zaginatite-vo-avtobuskata-nesrekja-vo-bugarija-najdocna-vo-petok-kje-im-bidat-predadeni-na-semejstvata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/telata-na-zaginatite-vo-avtobuskata-nesrekja-vo-bugarija-najdocna-vo-petok-kje-im-bidat-predadeni-na-semejstvata/#respond Tue, 30 Nov 2021 06:32:40 +0000 https://kurir.mk/?p=601702

Телата на загинатите во автобуската несреќа во Бугарија во која настрадаа наши сограѓани, авионски ќе бидат донесени во четврток, а преку организиран државен протокол останките ќе им бидат предадени на семејствата во нивните домови. Во текот на вчерашниот ден уште тројца од повредените пациенти кои се лекуваа во болницата „Пиргов“ во Софија, се вратија во државава. Министерот за надворешни работи Бујар Османи вчера информираше дека предавањето на телата на нашите сограѓани кои ги загубија животите во автобуската несреќа ќе биде направено преку организиран државен протокол. – По остварениот разговор со бугарскиот обвинител од Софија, надлежен за трагедијата од 23 ноември, г-дин Сарафов, сакам да ја информирам јавноста дека е донесена одлука за предавањето на телата на нашите сограѓани кои ги загубија животите во трагичната несреќа, во четврток 2 декември. Владата на Р. Бугарија го прифати нашето барање преносот од Софија до Скопје да се изврши со авион на Р. Бугарија, додека од меѓународниот аеродром Скопје, преку организиран државен протокол истиот или наредниот ден петок 3 декември, останките ќе им бидат предадени на семејствата во нивните домови, објави на својот Фејсбук профил Османи. Од болницата „Пиргов“ во Софија, вчера беа отпуштени маж и неговата сопруга, кои беа повредени во автобуската несреќа. До сега, како што јави дописникот на МИА од Софија, пет македонски државјани се отпуштени од болницата, а на лекување остануваат уште двајца. Двајцата пациенти од автобуската несреќа во Бугарија кои беа хоспитализирани на Клиниката на пластична хирургија во Скопје, вчера беа пуштени на домашно лекување. Истрагата за автобуската несреќа што се случи на автопатот „Струма“ во која загинаа 45 македонски државјани, а седуммина беа повредени, продолжува. Шефицата на одделението за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска во интервју за телевизија „Телма“ рече дека ги сослушувала сите возачи. Според неа, сопственикот на „Беса транс“ Беким Хаџиу, бил во еден од автобусите кои се враќале од Истанбул, како втор возач, но сите четири автобуси не возеле во конвој, туку разделени па не ја виделе несреќата. Со сопственикот Хаџиу, Русковска рече дека разговарала на местото на несреќата, каде тој и рекол дека не е пренесувана никаква запалива материја во автобусите. – Беше видно вознемирен и потресен. Го прашав дали носеле резервни канти со гориво. Вели дека нема шанси тоа да се случило. Ова беше неформален разговор, тука на самото место на настанот. Дали случајно можеби некој патник да купил пиротехнички средства, бидејќи се ближи Нова година, исто беше дециден дека одговорот е не. И толку беше нашиот разговор, изјави Русковска. Во однос на прашањето како било возможно автобусот да изгори толку бргу, обвинителката Вилма Рускоска, изјави дека врз основа на информациите од бугарските истражители, за некои испитувања е потребно повеќе време. – Инаку јас тоа точно го видов, баш го имам и сликано, делот фактички од кај што е почнат пожарот, а тоа е багажниот простор кој се наоѓа над резервоарот на автобусот. Затоа што на автобусите, резервоарите се напред, изјави Русковска. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Хаџиу во интервју за БНТ ја отфрлил можноста некои од патниците да внесувале запаливи материи. Тој потврди дека и тој и неговото семејство биле дел од патувањето, но патувале со други автобуси. Неговите деца биле во последниот автобус. Хаџиу рече дека автобусот бил произведен во 2007 година, но бил купен од неговата компанија пред околу три години. Според сопственикот, досега немало технички проблем со автобусот. Од Република Северна Македонија тргнале четири автобуси. На враќање од Турција, во автобусот кој се движел прв патувал тој и неговата сопруга и на бугарско-македонската граница, на излез од Бугарија, дознал дека неговиот автобус излетал и со такси тргнал на местото на несреќата. Кога пристигнал, со часови останал на местото на настанот. Хаџиу одби да ја коментира верзии за несреќата бидејќи истрагата е во тек, но посочи дека три недели пред несреќата автобусот поминал на технички преглед во С. Македонија и додаде дека пред секое патување, сите возила на компанијата „Беса транс“ поминуваат низ сервис. – Пред да тргнеме за Турција ги сервисираме, контролираме, па дури и кога ќе стигнеме до Истанбул и таму одиме на сервис да ни проверат, превезуваме патници, да видиме каква е состојбата. Се беше во ред таму, а ако нешто не е ни кажуваат веднаш да го поправиме, објасни сопственикот на „Беса транс“. Тој меѓутоа рече дека во автобусот немало канистри со гориво бидејќи бензинот што го наполниле во Истанбул бил доволен за да одат до Скопје, а потоа да се вратат во Истанбул. Поради темелните проверки на бугарските граници се исклучува можноста патник да донел лесно запаллива материја. – Во секој автобус има туби, но тие се со вода, секој автобус мора да ги има за секој случај и тоа е вода за резерва. Ова е резервна вода. Строга контрола на влез во Бугарија, багаж, возач и сè што се носи, вели тој. Од ВМРО-ДПМНЕ вчера обвинија дека власта се уште нема одговор за несреќата и дека секојдневно се појавуваат нови дилеми. Опозицијата прашува дали е вистина дека директорот на Инспекторатот за транспорт Руфат Хусеини од декември 2020 година нема дадено налог за инспекциски надзор на граничниот премин Деве Баир додека пак на другите гранични премини како Табановце, Блаце, Ќафасан и Богородица биле извршени редовни надзори од страна на инспекторите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/telata-na-zaginatite-vo-avtobuskata-nesrekja-vo-bugarija-najdocna-vo-petok-kje-im-bidat-predadeni-na-semejstvata/feed/ 0
Првите двајца пациенти пренесени од „Пирогов“ денеска ќе бидат испишани од болница https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prvite-dvajca-pacienti-preneseni-od-pirogov-deneska-kje-bidat-ispishani-od-bolnica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prvite-dvajca-pacienti-preneseni-od-pirogov-deneska-kje-bidat-ispishani-od-bolnica/#respond Mon, 29 Nov 2021 11:50:48 +0000 https://kurir.mk/?p=601415

Двајцата хоспитализирани пациенти, кои беа повредени во несреќата со македонскиот автобус во Бугарија, а кои по лекувањето во болницата „Пирогов“ во Софија беа пренесени на Клиниката за пластична хирургија, денеска ќе бидат испишани на домашно лекување. -Тие се во добра здравствена состојба, ќе продолжи третманот во делот на психилошката поддршка. Денеска ќе стигнат уште тројца пациенти. Едниот е веќе тргнат, другите двајца ќе тргнат во попладневните часови и ќе стигнат подоцна вечерва. Добро се чувствуваат, можат да издржат транспорт. Добро се чувствува и оперираниот пациент, тој веќе е вертикализиран и почнува да оди, истакна Филипче. Во тешката автобуска несреќа која се случи на 23 ноември на автопатот „Струма“ во Бугарија, по опожарување на автобус животот го загубија 45 лица, а седуммина беа повредени. Во трагедијата загинаа 12 деца. Лицата се враќаа од екскурзија во Инстанбул. Надлежните органи во Бугарија продолжуваат со истрагата и точното утврдување на причините за несреќата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prvite-dvajca-pacienti-preneseni-od-pirogov-deneska-kje-bidat-ispishani-od-bolnica/feed/ 0