македонски брод – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 25 Oct 2023 15:59:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png македонски брод – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ристески: Ќе се одржи Фестивал на костенот во Македонски Брод https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/risteski-ke-se-odrzhi-festival-na-kostenot-vo-makedonski-brod/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/risteski-ke-se-odrzhi-festival-na-kostenot-vo-makedonski-brod/#respond Wed, 25 Oct 2023 15:59:47 +0000 https://kurir.mk/?p=893047

На 27-ми и 28- ми октомври во Македонски Брод ќе се одржи Фестивал на костенот. Фестивалот започнува вечерта на 27-ми октомври со програма наречена "Ноќ на костенот" со почеток во 20 часот. Вечерта ќе биде збогатена со забавна музичка програма, ова денеска преку Фејсбук статус го пишува градоначалникот на општината Македонски Брод, Жарко Ристески. „Фестивалот продолжува на 28 -ми октомври со изложба во Домот на култура - "Златен костен" во 10 часот. Следува дефиле низ градот за да централниот дел од манифестацијата се одржи на плоштадот, каде ќе може да се вкуси поречкиот костен, негови производи и други еколошки производи од овој крај, придружено со богата културно уметничка програма и присуство на многу гости“, стои во неговиот пост на Фејсбук. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/risteski-ke-se-odrzhi-festival-na-kostenot-vo-makedonski-brod/feed/ 0
Уапсен жител на Македонски Брод, при претрес му било пронајдено оружје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/uapsen-zhitel-na-makedonski-brod-pri-pretres-mu-bilo-pronajdeno-oruzhje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/uapsen-zhitel-na-makedonski-brod-pri-pretres-mu-bilo-pronajdeno-oruzhje/#respond Sun, 06 Aug 2023 15:03:57 +0000 https://kurir.mk/?p=863933

На 06.08.2023 во 07.20 часот, полициски службеници од Полициската станица Македонски Брод го лишиле од слобода М.З.(61) од Македонски Брод. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени малокалибарска пушка „Зброевка брно “ калибар 22 мм, рамка со 32 куршуми и еден пиштол со рамка со 51 куршуми калибар 7.65мм. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/uapsen-zhitel-na-makedonski-brod-pri-pretres-mu-bilo-pronajdeno-oruzhje/feed/ 0
Во срцето на неоткриена Македонија: Прекрасен адреналински викенд во Поречието https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-srtseto-na-neotkriena-makedonija-prekrasen-adrenalinski-vikend-vo-porechieto/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-srtseto-na-neotkriena-makedonija-prekrasen-adrenalinski-vikend-vo-porechieto/#respond Tue, 06 Jun 2023 13:28:15 +0000 https://kurir.mk/?p=842758

Уживање и прекрасен адреналински викенд во Поречието во организација на oпштина Македонски Брод под покровителство на градоначалникот Жарко Ристески со двата прекрасни настани: „Самоков екстрим" и „ВелоЧе". Настанот стана одлична промоција на: недопрена природа, традиционална храна, алтернативни спортови, автентични села, селски туризам... во срцето на неоткриена Македонија.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-srtseto-na-neotkriena-makedonija-prekrasen-adrenalinski-vikend-vo-porechieto/feed/ 0
Спортско игралиште за лицата со попреченост во селото Манастирец https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/sportsko-igralishte-za-licata-so-poprechenost-vo-seloto-manastirec/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/sportsko-igralishte-za-licata-so-poprechenost-vo-seloto-manastirec/#respond Sun, 04 Dec 2022 11:07:13 +0000 https://kurir.mk/?p=770777

Денес е Меѓународниот Ден на лицата со попреченост! Овие лица не се ниту болни ниту заразни, нив треба само да ги прифатиме со целата нивна вредност и убавина. Општина Македонски Брод на соодветен и благороден начин го одбележува овој ден, со доделување на ново изградено спортско игралиште во населеното место Манастирец, со цел поуспешна и полесна инклузивност на овие лица во општественото дејствување. Ние сме секогаш со вас! Среќен нека е овој Ден!, се вели во објавата на Фејсбук странита на општина Македонски брод. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/sportsko-igralishte-za-licata-so-poprechenost-vo-seloto-manastirec/feed/ 0
Ристески: Македонски Брод доби грант за „Изградба на игралиште за мал фудбал и кошарка во с. Манастирец“ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/risteski-makedonski-brod-dobi-grant-za-izgradba-na-igralishte-za-mal-fudbal-i-kosharka-vo-s-manastirec/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/risteski-makedonski-brod-dobi-grant-za-izgradba-na-igralishte-za-mal-fudbal-i-kosharka-vo-s-manastirec/#respond Fri, 02 Sep 2022 13:33:33 +0000 https://kurir.mk/?p=727916

Денес, во просториите на полската амбасада, полскиот амбасадор Војциех Тицињски и градоначалникот Жарко Ристески потпишаа договор за доделување на грант на Општина Македонски Брод за реализација на проектот „Изградба на игралиште за мал фудбал и кошарка во с. Манастирец“, информираат од општина Македонски Брод. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/risteski-makedonski-brod-dobi-grant-za-izgradba-na-igralishte-za-mal-fudbal-i-kosharka-vo-s-manastirec/feed/ 0
Ристески: Обезбедивме ранец и маичка за секое прваче од ООУ „Св Климент Охридски” Македонски Брод https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/risteski-obezbedivme-ranec-i-maichka-za-sekoe-prvache-od-oou-sv-kliment-ohridski-makedonski-brod/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/risteski-obezbedivme-ranec-i-maichka-za-sekoe-prvache-od-oou-sv-kliment-ohridski-makedonski-brod/#respond Mon, 29 Aug 2022 15:28:48 +0000 https://kurir.mk/?p=725622

Општина Македонски Брод и ООУ „Св Климент Охридски'' Македонски Брод за почеток на новата учебна година од својот скромен буџет обезбедија училишен ранец за секој ученик во прво одделение и маичка со апликација, „Јас сум прваче“, Среќно првачиња!, пишува во објавата на Фејсбук страницата на општина Македонски Брод. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/risteski-obezbedivme-ranec-i-maichka-za-sekoe-prvache-od-oou-sv-kliment-ohridski-makedonski-brod/feed/ 0
Приведено лице во Скопје за издржување затворска казна https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/privedeno-lice-vo-skopje-za-izdrzuvanje-zatvorska-kazna-2/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/privedeno-lice-vo-skopje-za-izdrzuvanje-zatvorska-kazna-2/#respond Thu, 28 Jul 2022 09:16:43 +0000 https://kurir.mk/?p=711240

Денеска (28.07.2022) во 09.45 часот на улица „Ѓорѓи Капчев“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода И.Т.(51) од Македонски Брод, со живеалиште во Скопје. Тој бил баран по централна потерница од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело по член 130 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на казната. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/privedeno-lice-vo-skopje-za-izdrzuvanje-zatvorska-kazna-2/feed/ 0
Ристески: Обезбедуваме квалитетно и сигурно водоснабдување на Македонски Брод и населените места https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/risteski-obezbeduvame-kvalitetno-i-sigurno-vodosnabduvanje-na-makedonski-brod-i-naselenite-mesta/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/risteski-obezbeduvame-kvalitetno-i-sigurno-vodosnabduvanje-na-makedonski-brod-i-naselenite-mesta/#respond Thu, 05 May 2022 13:46:33 +0000 https://kurir.mk/?p=672427

Ве известуваме дека денешниот прекин на водоснабдувањето во Македонски Брод и населените места кои се снабдуваат со вода од регионалниот водовод „Студенчица“ е поради решавање на еден повеќе децениски проблем, информираше преку Фејсбук објава градоначалникот на Македонски Брод, Жарко Ристески. Тој појасни дека денес се изведуваат две активности за подобрување на водоснабдувањето: едната активност се спроведува на градскиот резервоар , каде се врши замена на 2 вентили Ф225 кои поради долгогодишното експлоатирање воопшто не беа во функција и втората активност е реконструкција на дел од потисниот цевковод Ф225 од ниската зона на градот Македонски Брод, кој поминува преку мостот на реката Треска. - Со решавањето на овој повеќегодишен проблем се обезбедува квалитетно, континуирано и безбедно водоснабдување на Македонски Брод и населените места кои се приклучени на регионалниот водовод „Студенчица“. Во Македонски Брод се работи, Македонски Брод оди напред, Македонски Брод се променува, додава Ристески. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/risteski-obezbeduvame-kvalitetno-i-sigurno-vodosnabduvanje-na-makedonski-brod-i-naselenite-mesta/feed/ 0
Позитивен на корона излажал дека ќе оди на лекар, завршил во кафеана во Македонски Брод https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pozitiven-na-korona-izlazal-deka-kje-odi-na-lekar-zavrshil-vo-kafeana-vo-makedonski-brod/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pozitiven-na-korona-izlazal-deka-kje-odi-na-lekar-zavrshil-vo-kafeana-vo-makedonski-brod/#respond Thu, 24 Feb 2022 16:53:50 +0000 https://kurir.mk/?p=636188

ОВР Македонски Брод поднесе кривична пријава против Д.Р.(26) од Македонски Брод, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. На 07.02.2022, пријавениот се јавил во дежурната служба во ОВР Македонски Брод, кажал дека е позитивен и дека има потреба од лекарска помош, поради што ќе се упати на лекар. Но, наместо тоа, тој отишол во угостителскиот објект во Македонски Брод.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pozitiven-na-korona-izlazal-deka-kje-odi-na-lekar-zavrshil-vo-kafeana-vo-makedonski-brod/feed/ 0
Ристески за 100 дена локална власт: 4 нови улици во Македонски Брод, набавка на компјутери за средното училиште, изградба на водоводна мрежа во викенд населбата Здуња и многу други проекти https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/risteski-za-100-dena-lokalna-vlast-4-novi-ulici-vo-makedonski-brod-nabavka-na-kompjuteri-za-srednoto-uchilishte-izgradba-na-vodovodna-mreza-vo-vikend-naselbata-zdunja-i-mnogu-drugi-proekti/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/risteski-za-100-dena-lokalna-vlast-4-novi-ulici-vo-makedonski-brod-nabavka-na-kompjuteri-za-srednoto-uchilishte-izgradba-na-vodovodna-mreza-vo-vikend-naselbata-zdunja-i-mnogu-drugi-proekti/#respond Wed, 23 Feb 2022 13:19:40 +0000 https://kurir.mk/?p=635444

Градоначалникот на општина Македонски Брод Жарко Ристески од ВМРО-ДПМНЕ на денешниот регионален отчет насловен „Промени што носат иднина - 100 дена локална власт отчет на ВМРО-ДПМНЕ“ вели дека изминатите 100 дена отчетно и транспанетно пред граѓаните ја управувал општината, се со цел подобрување на условите и начинот на живот за сите жители на општината. Ристески истакна дека општината ја наследил со долг од на 59 милиони денари, но успеал да врати дел од средствата по основ на извршување и по основ на обврски на буџет. При доаѓањето на функцијата градоначалник, во Општина Македонски Брод затекнат е долг од вкупно 59.487.548,00 денари. По преземањето на функцијата исплатени се 1.709.587,00 – по основ извршување и 1.002.783,00 – основ на обврски по буџет, рече тој. И покрај ваквата состојба со силни напори, успеваме квалитетно и навремено да ги испорачуваме општинските услуги. Општина Македонски Брод e општина со нулта толеранција за корупција, општина со непродуктивни трошоци сведени на минимум и трошоци за репрезентација еднакви на нула, додаде Ристески. Во делот на инфраструктура, Ристески додаде дека е започната изградба на неколку улици во општината. -Изградба на улици во с.Суводол и Грешница“, Општина Македонски Брод со вкупна должина од 1 436 метри, Изградба на улици во с.Црешнево, Општина Македонски Брод со должина од 591 метар, отпочнато е комунално уредување на градските гробишта во Македонски Брод, асфалтирање на улица ,,Васко Карангелески,, во должина од 700 метра, асфалитирање на ул ,,Поречка,, со краци во должина од 1 247метри како и водоводи, атмосферска и фекална канализација, изградба на канал Песјак за зафаќање на атмосферски води паралелно со изградба на фекална канализација, регулирано собирање и одведување на атмосферските води на ул.„Кузман Јосифоски-Питу, изградба на водоводна мрежа во викенд населба Здуња со вкупна должина од 1.912 метри, вели градоначалникот Ристески. Ристески додаде дека е започнато изградба на кошаркарско игралиште во кругот на ООУ ,,Св. Климент Охридски, изградба на мултифункционално игралиште во с. Манастирец во близина на Дневниот центар за деца со посебни потреби. Во делот на образованието Ристески изјави дека за средното училиште набавени се компјутери и опрема за кабинети. -Во Средното општинско училиште набавени се наставно-образовни средства (компјутери и опрема за кабинети), канцелариска опрема и мебел во висина од 1 265 849 денари, во основно училиште „Св.Климент Охридски“ обезбеден е бесплатен оброк за учениците со продолжен престој, реконскрукција и пренамена на старата детска градинка во Дневен центар за деца со посебни потреби, реконструкција на кровот на поновиот дел од основното општинско училиште „Свети Климент Охридски, нагласи тој. Ристески потенцираше дека се исчистени неколку диви депонии во општината поточно во м.в Барбарос, дивата депонија во населеното место Гимназија – градски гробишта, како и депонијата за градежен отпад кај м.в Алкалоид, Уредена е депонијата на м.в ,,Барбарос, исчистена е депонија во населено место Гимназија- градски гробишта, исчистена е депонијата за градежен отпад кај м.в ,,Алкалоид, изјави Ристески. Ристески кажа дека и во следниот период продолжува со забрзано темпо да работи во интерес на жителите на општина Македонски Брод и заеднички да создадат современа, развиена и економски силна општина. Во периодот кој следува, на нас останува да продолжиме со нашата мисија со позабрзано темпо и заеднички да создаваме современа, развиена и економски силна општина, заклучи Ристески. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/risteski-za-100-dena-lokalna-vlast-4-novi-ulici-vo-makedonski-brod-nabavka-na-kompjuteri-za-srednoto-uchilishte-izgradba-na-vodovodna-mreza-vo-vikend-naselbata-zdunja-i-mnogu-drugi-proekti/feed/ 0