македонски денар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 27 Nov 2022 08:43:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png македонски денар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Од 1 јануари нема размена на хрватската куна во банките и менувачниците во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/od-1-januari-nema-razmena-na-hrvatskata-kuna-vo-bankite-i-menuvachnicite-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/od-1-januari-nema-razmena-na-hrvatskata-kuna-vo-bankite-i-menuvachnicite-vo-makedonija/#respond Sun, 27 Nov 2022 09:00:45 +0000 https://kurir.mk/?p=767105

Хрватската куна ќе биде официјално парично средство во Хрватска заклучно со 31 декември 2022 година, согласно одлуката на Советот на ЕУ за приклучување на земјата кон евро-зоната на 1 јануари 2023 година. Имајќи предвид дека хрватската куна е дел од Курсната листа на НБРМ, средниот курс за денарот во однос на хрватската куна ќе се објавува заклучно со Курсната листа којашто ќе биде формирана на 30 декември и која ќе важи на 31 декември 2022 година (Одлука за начинот на формирање и објавување на средните курсеви на Народната банка на Република Северна Македонија, Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 224/22 и 227/22). -Следствено, купопродажните трансакции на домашниот девизен пазар со банките и вршењето на менувачките работи со хрватски куни ќе може да се спроведуваат заклучно со 31 декември 2022 година. Во текот на 2023 година замената на хрватските куни ќе може да се реализира исклучиво кај деловните банки и кај други институции на територијата на Република Хрватска. Од 1 јануари 2024 година услугите за замена на хрватските куни ќе ги реализира единствено Централната банка на Хрватска, информираат од НБРМ. Повеќе информации околу условите за замена на хрватските куни во Република Хрватска може да се најдат на следните официјални интернет страни: www.hnb.hr и www.euro.hr.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/od-1-januari-nema-razmena-na-hrvatskata-kuna-vo-bankite-i-menuvachnicite-vo-makedonija/feed/ 0
Македонскиот денар се најде на девизната листа на валути во Србија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/makedonskiot-denar-se-najde-na-deviznata-lista-na-valuti-vo-srbija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/makedonskiot-denar-se-najde-na-deviznata-lista-na-valuti-vo-srbija/#respond Fri, 07 Oct 2022 11:02:52 +0000 https://kurir.mk/?p=742379

Народната банка на Србија (НБС) денеска соопшти дека на листата на валути со кои се тргува на девизниот пазар на Србија од 1 ноември ќе вклучи две нови валути, валутата на Северна Македонија-денарот и валутата дирхам на Обединетите Арапски Емирати, додека хрватската куна ќе биде избришана од 1 јануари 2023 година, кога Хрватска ќе влезе во еврозоната, јави дописникот на МИА од Белград. -При донесувањето на одлуката за вклучување на македонскиот денар во листата на валути со кои се тргува на домашниот девизен пазар, Народната банка на Србија се водеше од развиените економски и други форми на соработка меѓу Република Србија и Република Северна Македонија, како и на потенцијалот за понатамошен развој на оваа соработка, особено по започнувањето на иницијативата Отворен Балкан, соопшти НБС. Од НБС посочија дека воведувањето на македонскиот денар во листата на валути со кои може да се тргува во Србија треба да го олесни остварувањето на дефинираните цели на оваа иницијатива. Одлуката за бришење на хрватската куна од листата на валути со кои се тргува на домашниот девизен пазар е донесена земајќи го предвид влезот на Хрватска во еврозоната на 1 јануари 2023 година, со што нејзината национална валута се заменува со евро. НБС од 1 ноември ќе започне со објавување на курсната листа за официјалниот среден курс на динарот и курсната листа за девизи, во која ќе бидат вклучени курсевите на динарот во однос на македонскиот денар и на дирхамот, додека курсот на динарот во однос на хрватската куна ќе биде исклучен од 1 јануари 2023 година. Како што соопштија од НБС, граѓаните до крајот на оваа година ќе можат да ги заменуваат хрватските куни за динари во менувачниците и банките во Србија, по што размената ќе биде можна само во одредени институции во Хрватска. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/makedonskiot-denar-se-najde-na-deviznata-lista-na-valuti-vo-srbija/feed/ 0
Нова поставка во Музејот на Народната банка посветена на приказната за македонскиот денар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/nova-postavka-vo-muzejot-na-narodnata-banka-posvetena-na-prikaznata-za-makedonskiot-denar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/nova-postavka-vo-muzejot-na-narodnata-banka-posvetena-na-prikaznata-za-makedonskiot-denar/#respond Tue, 05 Jul 2022 07:41:52 +0000 https://kurir.mk/?p=700114

Во Музејот на Народната банка од петок за јавноста ќе биде отворена нова времена музејска изложба, посветена на денарот и неговите обележја, поточно, на изворното културно наследство кое послужило како основа за дизајнирање на предните и задните страни на тековното издание македонски банкноти. Изложбата се организира во знак на одбележување на 30 години од издавањето на македонскиот денар, а Музејот на Народна банка одбележува 20 години од отворањето на постојната поставка. Раководителката на Музејот на Народната банка, Катерина Христовска, во објава на Фејсбук страната на централната банка, вели дека една од поспецифичните карактеристики на дизајнот на македонските пари, кај сите изданија, е застапеноста на дела од културното наследство на државата наспроти отсуството на историски личности на предната или задната страна, специфика која ја имаат многу малку европски држави. – Постои една општа констатација кај истражувачите на овој вид на специфичен дизајн дека нашите пари со својот колорит, со својата динамичност се можеби едни од најубавите банкноти испечатени на европската територија, вели Христовска. Борче Тодороски, кој ги дизајнираше првите македонски пари во сеќавање како го изработил дизајнот за првите македонски денари, вели дека својата работа ја извршувал во тајност, но со голема посветеност и пасија. – Се работеше рачно, немаше помошни средства како сега, компјутери. Работев со перца на кои менував тушеви во боја. Многу непроспиени ноќи и многу работа, вели Тодороски. Од Народната банка најавија дека по свеченото отворање во четврток, поставката ќе биде достапна за јавноста од следниот ден, секој работен ден од 9 до 15 часот, во следните шест месеци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/nova-postavka-vo-muzejot-na-narodnata-banka-posvetena-na-prikaznata-za-makedonskiot-denar/feed/ 0