македонски дипломатски синдикат – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 07 Mar 2023 15:51:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png македонски дипломатски синдикат – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Македонски Дипломатски Синдикат: Се развртеа телефони од МНР до Апелација  https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonski-diplomatski-sindikat-se-razvrtea-telefoni-od-mnr-do-apelatsija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonski-diplomatski-sindikat-se-razvrtea-telefoni-od-mnr-do-apelatsija/#respond Tue, 07 Mar 2023 15:51:20 +0000 https://kurir.mk/?p=809169

Македонскиот Дипломатски Синдикат преку реакција до јавноста вели дека Министерството за надворешни работи последните неколку години брутално деградираше триесетина дипломати, вклучително и дел со највисок, амбасадорски ранг, на најниски можни позиции. Реакцијата интегрално е во продолжение: „Министерството за надворешни работи последните неколку години брутално деградираше триесетина дипломати, вклучително и дел со највисок, амбасадорски ранг, на најниски можни позиции. Без никакво објаснување, незаконски, тивко, под закрила на нова систематизација. Сеча на дипломати. Како тоа изгледа во пракса? Замислете судија после 30 години стаж да биде вратен на работа во писарница. Или генерал во поручник. Или професор во асистент. Такво самоволие, шиканирање и мобинг МНР претходно немаше видено. Патот до правдата во нашите судови е долга. Во наведениот случај 4 години, до сега. Десетина дипломати се решија приватно да го тужат МНР еден по еден ги добиваат споровите. Но, трошењето државни пари за судски трошоци, а во заштита на неговиот каприц, не го обесхрабри министерот Бујар Османи, кој даде наредба сите судски одлуки да се обжалат до апелација. Еден по еден, сите колеги ги добиваат случаите и на Апелациониот суд. Не е ни чудо, бидејќи сите случаи се идентични како јајце на јајце и сите со очигледна злоупотреба на позицијата на моќ и овластување од страна на министер. Единствено тужбата на претседателот на Македонскиот дипломатски синдикат, амбасадорот Зоран Дабиќ, како исклучок, Апелациониот суд ја врати на повторно судење во Основен суд како „нејасна“. Без оглед што се работи за идентични случаи и за идентични пресуди како и останатите. Нашиот претседател, амбасадорот Дабиќ е најистакнатиот и најактивен борец за подобрување на професионализмот во дипломатијата и за почитување на работните права што Македонија некогаш го имала. Очигледно, тој многу му пречи на раководството на МНР кое со сите сили се обидува да го замолкне. Се поведуваа монтирани дисциплински постапки, го изолираа, му одземаа работни обврски, се обидуваа да го заплашат. На крај, кога ништо од тоа не им успеа, „проработеа“ телефоните на релација МНР – Апелационен суд, па тужбата на „бунтовниот“ амбасадор се врати на почеток. Нека се плетка по судските ходници уште барем четири години. А до тогаш ќе дојде и нов министер. Каде е во оваа приказната судството? Четири години се води едноставна постапка каде што повеќе од очигледна е злоупотребата на овластувањата на министерот и пресметувањето со неистомислениците од редот на највисоките дипломати. Наместо да биде последна и најсилна инстанца на заштита на вработените, Апелациониот суд се согласи да биде маша на поединци на врвот на извршната власт. Мизерно и бедно, како од министерот така и од судиите кои „му излегле во пресрет“. Затоа, не три, туку наскоро ниту еден процент доверба нема да остане во судството„, стои во реакцијата од Извршниот одбор на Македонскиот Дипломатски Синдикат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonski-diplomatski-sindikat-se-razvrtea-telefoni-od-mnr-do-apelatsija/feed/ 0
Македонски Дипломатски Синдикат: ДИПЛОМАТИЈАТА НЕ Е ПОЛИТИКАНТСТВО https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonski-diplomatski-sindikat-diplomatijata-ne-e-politikantstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonski-diplomatski-sindikat-diplomatijata-ne-e-politikantstvo/#respond Thu, 17 Nov 2022 12:04:22 +0000 https://kurir.mk/?p=762365

Во своите континуирани заложби за самопромоција, министерот за надворешни работи Бујар Османи преку веб страната на МНР и неговиот Фејсбук налог, бомбастично пласира информација дека Македонија станала депозитар на три меѓународни договори склучени во рамки на Берлинскиот процес, реагира Македонски Дипломатски Синдикат. Нивното соопштение го пренесуваме во продолжение: Таму во детали се опишува како „министерот за надворешни работи Бујар Османи ги примил трите договори...“,  како „оригиналните документи беа предадени од страна на Сузане Шулц, директор за Југоисточна Европа, Турција, ОБСЕ и Советот на Европа во германското МНР“, а самиот Османи во таа прилика изјавил дека доделената улога на депозитар „претставува потврда за конструктивната улога на Македонија во регионалните процеси и соработка, како и посветеност на државата за јакнење добрососедски односи, но и модел за изнаоѓање позитивни решенија за надминување на отворените прашања.“ Сето ова звучи прилично невкусно и нема никаква допирна точка со сите претходно наведени епитети, кога се знае дека депонирањето на договори во дипломатијата е целосно технички процес, дел од вкупната процедура на чување документи, пристапување или излегување од договори и по правило го спроведува оддел за меѓународно право во министерството. Ефтино политикантство. Исто така, како професионалци сме загрижени дека трендот на елементарна јазична неписменост во кабинетот на Османи, на што и порано сме укажувале, е во подем. Во англискиот превод на соопштените е напишано дека Македонија е  “depositor“,  наместо “depositary“. Веројатно кабинетот повторно ќе го брани Османи дека станува збор за „техничка грешка“, но проблемот е што разликата во двата термини е суштествена. Додека терминот depositary означува човек или ентитет на кого му е нешто доверено на чување, терминот “depositor” има токму спротивно значење и означува човек или ентитет кој што нешто доверува некому на чување. Во секојдневниот живот, зборот “depositor” или на македонски јазик „депонент“ најчесто означува човек што депонира односно внесува свој штеден влог во банка. Во никој случај не може да биде МНР кое зема обврска да ги чува договорите. Како македонски дипломатски синдикат не можеме да дозволиме замајување на јавноста и играње со угледот на македонската дипломатија со неосновани и неумесни фалби, непознавање и неписменост.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonski-diplomatski-sindikat-diplomatijata-ne-e-politikantstvo/feed/ 0
Македонскиот дипломатски синдикат со поддршка до студентите: Се работи за наши деца, синови и ќерки, недозволиво е да се спроведува штедење на исхрана на нивен грб! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonskiot-diplomatski-sindikat-so-poddrshka-do-studentite-se-raboti-za-nashi-deca-sinovi-i-kjerki-nedozvolivo-e-da-se-sproveduva-shtedenje-na-ishrana-na-niven-grb/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonskiot-diplomatski-sindikat-so-poddrshka-do-studentite-se-raboti-za-nashi-deca-sinovi-i-kjerki-nedozvolivo-e-da-se-sproveduva-shtedenje-na-ishrana-na-niven-grb/#respond Tue, 15 Nov 2022 13:28:55 +0000 https://kurir.mk/?p=760948

Македонскиот дипломатски синдикат дава силна поддршка на студентите во борбата за зачувување на нивниот животнен стандард и достоинство. Како што посочуваат и тие, недозволиво е на грбот на една од најранливите категории да се спроведува штедење на исхрана, греење и хигиена. - Се работи за наши деца, наши синови и ќерки, но и наши идни колешки и колеги. Зарем треба да поминат низ пекол на сиромаштија и понижувања за да станат академски граѓани? Студентските денови треба да останат во нивната меморија како најубав период во животот, период на стекнување нови знаења, нови пријателства и подготовка за идниот професионален живот, а не како мрачен период на изгладнување, смрзнување и нечистотија. Жално е кога ќе погледнеме какви се студентските домови низ регионот и низ Европа, кои најчесто се користат преку лето и како хотели, а какви се нашите, се вели во соопштението на Македонскиот дипломатски синдикат. МДС ги охрабрува студентите да продолжат со своите најлегитимни можни барања за хумани услови за живот и достоинство. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonskiot-diplomatski-sindikat-so-poddrshka-do-studentite-se-raboti-za-nashi-deca-sinovi-i-kjerki-nedozvolivo-e-da-se-sproveduva-shtedenje-na-ishrana-na-niven-grb/feed/ 0
МДС: Невистина се тврдењата на Османи дека имал добра соработка со двата синдикати во МНР https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mds-nevistina-se-tvrdenjata-na-osmani-deka-imal-dobra-sorabotka-so-dvata-sindikati-vo-mnr/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mds-nevistina-se-tvrdenjata-na-osmani-deka-imal-dobra-sorabotka-so-dvata-sindikati-vo-mnr/#respond Wed, 02 Nov 2022 13:57:08 +0000 https://kurir.mk/?p=754609

Македонскиот дипломатски синдикат денеска преку соопштение изрази разочарување од вчерашната реакција на министерот за надворешни работи Бујар Османи во врска со нивните критики кон неговата работа и ги демантира неговите тврдења дека тие се субјективни, како и дека тој одржува редовна комуникација со двата синдиката во Министерството за надворешни работи. -Османи продолжува да запаѓа од лага во лага со тврдењето дека критиките кон него биле субјективни, односно биле упатени од страна „на еден човек, а не цела организација“, како и дека тој со двата синдиката во МНР имал соработка „на дневна основа“. За информирање на г-нот Османи, Македонскиот дипломатски синдикат е законски регистриран во Централен регистер и е дел од Синдикатот на администрацијата и државната управа (САДУ) и Конференцијата на слободни синдикати (КСС), а преку нив и во Меѓународната конфедерација на синдикати со седиште во Брисел (International Trade Union Confederation – ITUC). Не само што целото членство на МДС стои зад критиките кон Османи, туку и САДУ и КСС целосно ги поддржуваат ставовите на МДС, а тоа се многу луѓе, не еден човек, се наведува во соопштението од МДС. Посочуваат дека „поголема невистина од тврдењето дека Османи имал добра соработка со двата синдикати во МНР и тоа „на дневна основа“ нема, бидејќи тој од почеток целосно ги игнорира нашите барања и прашања и никогаш, ама никогаш, не одговарал на нашата комуникација. -Сме интервенирале за Ковид вакцини за вработените, за одржување систематски прегледи, сме барале разговори за платите во МНР кои се далеку под просекот во државата, речиси на ниво на кожарската и дрвна индустрија, сме интервенирале за исплата на К-15 за 2022 година и многу други нешта. Одговор никогаш не сме добиле. Господинот Османи упорно не исклучува од сите текови во МНР, па така веќе две години како се изготвува Законот за надворешни работи одбива да го сподели нацрт текстот со МДС, како би не спречил да дадеме свое мислење до Работната група за изготвување на предлогот, што инаку е законска обврска, се додава во реакцијата. Македонскиот дипломатски синдикат, се наведува понатаму, никогаш немал некаква политичка агенда и ќе продолжи со борбата за подобра положба на вработените и обелоденување на неправилностите во МНР, за што има поддршка од членството. -Во таа борба нема да не заплашат бројните притисоци и деградации на сениорски дипломати и централизацијата на моќта во рацете на министерот и неговиот кабинет преку нелегални паралелни структури поради кои легалните структури на министерството се осудени на одумирање. Ќе се бориме со сите расположливи средства да ја вратиме киднапираната дипломатија и да го возобновиме нејзиниот некогашен сјај, наведуваат од МДС.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mds-nevistina-se-tvrdenjata-na-osmani-deka-imal-dobra-sorabotka-so-dvata-sindikati-vo-mnr/feed/ 0
Македонски дипломатски синдикат: Не е вистина дека директорот на протокол во МНР си дал оставка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonski-diplomatski-sindikat-ne-e-vistina-deka-direktorot-na-protokol-vo-mnr-si-dal-ostavka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonski-diplomatski-sindikat-ne-e-vistina-deka-direktorot-na-protokol-vo-mnr-si-dal-ostavka/#respond Tue, 01 Nov 2022 12:14:08 +0000 https://kurir.mk/?p=753889

Македонскиот дипломатски синдикат денеска реагираше на изјавата на министерот за надворешни работи Бујар Османи дека поради грешка со поставување знамиња, оставка поднел директорот на Протоколот во МНР, тврдејќи дека ваквата информацијата не е вистинита. Според Синдикатот, механизам оставка на државен службеник не постои, посочувајќи дека директорот на протоколот во МНР за една недела треба да замине како „амбасадор во една голема земја“ и оти за таму картите му биле извадени уште пред „грешката со знамињата“. – До кога Османи ќе го жртвува угледот на дипломати за да се заштитите себе си од одговорност? Каква е таа оставка од државен службеник? Такво нешто не постои. Дали измислил некаков механизам за депонирање оставки на државни службеници? Тој многу добро знае дека оставки може да поднесуваат само функционери, како што е впрочем тој, кои се избрани или назначени на определен временски мандат. Службеници никако. Лагата околу наводната оставка да биде уште побескрупулозна, споменатиот колега за една недела заминува на амбасадорска позиција во една голема земја, за каде што картите му се извадени уште пред инцидентот со знамињата, се вели во денешното соопштение од Македонскиот дипломатски синдикат. Тие додаваат дека се почесто се случува министерот Османи да излегува во јавност со невистините информации. – Бујар Османи е единствен министер во светската дипломатска историја од кого неговите дипломати се имаат оградено, а подоцна и барале оставка. Како Синдикат се согласуваме дека оставка е потребна, но не некаква фингирана, од колеги кои не можат да дадат оставка. Оставка треба да даде господинот Османи, што побрзо, зошто во желбата да проектира поубава слика за себе, преку партизирање и централизирање на куќата на дипломатијата, сака да стави се под своја контрола, велат од Македонскиот дипломатски синдикат. Оттаму најавуваат дека ќе продолжат да се борат за, како што велат, зачувување на дигнитетот на професијата и за остварување на економските, социјалните, здравствените и професионалните права на вработените во МНР. Претходно денеска и ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение го обвини шефот на дипломатијата Османи дека „не ја кажа вистината“ кога соопшти дека директорот на протоколот во Министерството за надворешни работи поднел оставка поради „згрешеното знаме“ за време на посетата на словенечката министерка за надворешни работи Тања Фајон. Според партијата, вистината е дека тој е унапреден за амбасадор во Москва. – Се поставува прашањето зошто Османи ја лаже јавноста? Неспособноста е длабоко вкоренета во институциите. Како човек кој не разликува знаме, може да преставува држава?, се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Министерот Османи синоќа при гостување во емисијата „24 анализа“ на ТВ24 изјави дека директорот на протоколот во МНР поднел оставка поради тоа што за време на посетата на неговата словенечка колешка Тања Фајон на земјава, на масата каде што седеше со него наместо знамето на нејзината земја Словенија беше истакнато знамето на Словачка. – Кога имате интензивна агенда се прават грешки. Директорот на протоколот поднесе оставка, иако немаше никаква директна одговорност, која ја прифатив. Тоа се други луѓе, а поради морална одговорност поднесе оставка, а работеше една година, изјави Османи.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonski-diplomatski-sindikat-ne-e-vistina-deka-direktorot-na-protokol-vo-mnr-si-dal-ostavka/feed/ 0
Македонски дипломатски синдикат: Со парите од продавањето на недвижноста во Њујорк на поранешна Југославија, Македонија да купи станови! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonski-diplomatski-sindikat-so-parite-od-prodavanjeto-na-nedviznosta-vo-njujork-na-poraneshna-jugoslavija-makedonija-da-kupi-stanovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonski-diplomatski-sindikat-so-parite-od-prodavanjeto-na-nedviznosta-vo-njujork-na-poraneshna-jugoslavija-makedonija-da-kupi-stanovi/#respond Thu, 29 Sep 2022 12:49:24 +0000 https://kurir.mk/?p=739040

Македонскиот дипломатски синдикат го поздравува успешното продавање на недвижноста на поранешна Југославија на Петата авенија во Њујорк, во рамки на процесот на сукцесија на поранешна СФРЈ. Апелираме до раководството на МНР и до Владата добиените средства во висина од околу 4 милиони американски долари веднаш да се реинвестираат во купување на недвижнини односно дипломатски станови во Њујорк. Имајќи предвид дека законските прописи предвидуваат уплата на овие средства во државниот буџет, сметаме дека постои реална опасност овие средства да се разводнат и потрошат ненаменски. Со вакво реинвестирање на средствата, значително ќе се збогати станбениот фонд на Македонија во странство, со што барем делумно ќе се намалат огромните трошоци кои се исплаќаат за кирии на нашите дипломати во странство. Патем, вакви се и искуствата во земјите од поранешна Југославија]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonski-diplomatski-sindikat-so-parite-od-prodavanjeto-na-nedviznosta-vo-njujork-na-poraneshna-jugoslavija-makedonija-da-kupi-stanovi/feed/ 0
Отворено писмо на претседателот на МДС: МНР ми подготви дисциплинска постапка затоа што јасно зборував за состојбите во дипломатијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoreno-pismo-na-pretsedatelot-na-mds-mnr-mi-podgotvi-disciplinska-postapka-zatoa-shto-jasno-zboruvav-za-sostojbite-vo-diplomatijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoreno-pismo-na-pretsedatelot-na-mds-mnr-mi-podgotvi-disciplinska-postapka-zatoa-shto-jasno-zboruvav-za-sostojbite-vo-diplomatijata/#respond Sun, 24 Jul 2022 09:04:22 +0000 https://kurir.mk/?p=709494

МНР ми подготви дисциплинска постапка затоа што како Претседател на МДС јавно зборував за состојбите во дипломатијата и нејзиното можеби тенденциозно уништување. Насилието, ароганцијата и заплашувањето продолжуваат кон мене и членовите на Синдикатот, но залудно, стои во отвореното писмо на Зоран Дабиќ, Претседател на Македонски Дипломатски Синдикат. Тој побара ЈАВНА ПОДДРШКА од сите, без разлика на национална и верска припадност, да се одземе правото на гласно зборување. - Јас цел свој живот и кариера ги посветив на одбрана на македонските национални интереси и сега, неколку месеци пред пензија нема да дозволам никој да ме замолчи! Дисциплинската постапка е покрената и покрај тоа што има низа прекршувања во истата на повеќе закони, дури и дел од Уставот на државата, кој толку сакаат да го споменуваат периодов! Нејсе, ова нека биде мој печат на мојата долгогодишна дипломатска кариера која ќе ја завршам за Македонија! Македонија е наша татковина, земјата моја и на моите деца! Моите пензионерски денови ќе ги уживам во прекрасните македонски места со убава македонска храна и прекрасни пријатели кои не познаваат вера и нација, туку само убаво поминати денови. Останете ми живи и здрави, секое раководство доаѓа и си заминува, додава тој во своето отворено писмо. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoreno-pismo-na-pretsedatelot-na-mds-mnr-mi-podgotvi-disciplinska-postapka-zatoa-shto-jasno-zboruvav-za-sostojbite-vo-diplomatijata/feed/ 0
Македонскиот дипломатски синдикат се оградува од Бујар Османи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonskiot-diplomatski-sindikat-se-ograduva-od-bujar-osmani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonskiot-diplomatski-sindikat-se-ograduva-od-bujar-osmani/#respond Fri, 24 Jun 2022 12:08:51 +0000 https://kurir.mk/?p=695206

Македонскиот дипломатски синдикат се оградува од сите активности на министерот Османи и неговиот кабинет во врска со урнисувањето на угледот на македонската дипломатија околу францускиот предлог, велат од МДС. -Исто како и претходно во случајот со Преспанскиот договор, раководното малцинство во МНР како Преторијанска гарда го чуваше министерот од комуникација со дипломатите претворајќи го неговиот кабинет во феудална тврдина, со една цел – самостојно донесување одлуки без притоа предметите да поминат низ дипломатски филтри и обсервација. Не е вистина тврдењето на МНР Османи дека францускиот предлог бил предмет на анализа на најискусните дипломати. Предлогот вооопшто не искомунициран со никого, освен можеби со најтесен круг на личните соработници на Османи. Споменувањето на инволвирање на  „искусните дипломати“ служи само како параван за избегнување на евентуалната одговорност за непрофесионалното и неспособно преговарање, кое беше сокриено од дипломатијата, се наведува во нивното соопштение.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonskiot-diplomatski-sindikat-se-ograduva-od-bujar-osmani/feed/ 0
Македонскиот дипломатски синдикат со поддршка за СОНК https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonskiot-diplomatski-sindikat-so-poddrshka-za-sonk/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonskiot-diplomatski-sindikat-so-poddrshka-za-sonk/#respond Fri, 15 Apr 2022 10:55:00 +0000 https://kurir.mk/?p=663541

Македонскиот дипломатски синдикат, како грански синдикат на КСС, силно ги поддржува протестите на работниците од областите на образование и предучилишно згрижување и воспитување на децата. Без достоинствени примања и соодветно почитување, како и исплата на платите во согласност со законот и колективните договори, во услови на актуелната рецесија, натамошно осиромашување на вработените и паѓање на квалитетот на образованието е неизбежно, стои во соопштението на Македонскиот дипломатски синдикат. Тие во овие тешки моменти ја споделуваат солидарноста со просветните работници, им порачуваат да издржат и опстојат на своите барања, бидејќи само луѓе со достоинство и самопочит можат да изнедрат нови, достоинствени и самосвесни генерации. - И македонската дипломатија, како и образованието, е падната на ниски гранки поради феудалниот однос на политиката кон струката и уништувањето на вистинските вредности за сметка на јакнење на клиентелизмот како главен предуслов за работење и напредување. Сите очекуваме едно министерство што не застапува во меѓународните односи, да биде репрезентативно во секој поглед. Меѓутоа, во ситуација кога просечната плата во МНР е пониска од просечната плата во државата, тоа едноставно не е реално очекување, се додава во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonskiot-diplomatski-sindikat-so-poddrshka-za-sonk/feed/ 0
Македонски дипломатски синдикат до Димитров: Огромно е задоволството дека никогаш повеќе нема да се вратиш во куќата на македонската дипломатија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonski-diplomatski-sindikat-do-dimitrov-ogromno-e-zadovolstvoto-deka-nikogash-povekje-nema-da-se-vratish-vo-kukjata-na-makedonskata-diplomatija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonski-diplomatski-sindikat-do-dimitrov-ogromno-e-zadovolstvoto-deka-nikogash-povekje-nema-da-se-vratish-vo-kukjata-na-makedonskata-diplomatija/#respond Thu, 13 Jan 2022 14:20:02 +0000 https://kurir.mk/?p=618914

Македонскиот дипломатски синдикат испрати соопштение по повод заминувањето на Никола Димитров од Министерството за надворешни работи кое во продолжение ви го пренесуваме во целост: „Никола Димитров, Македонскиот дипломатски синдикат веќе го има поздравено твоето заминување од МНР претходно, а сега повторно, имаме чест и задоволство да го поздравиме фактот дека никогаш повеќе нема да се вратиш во куќата на македонската дипломатија. Пустошот што го остави во твојата матична куќа тешко дека ќе можe да се поправи следните неколку години. Ќе бидеме многу благи кога ќе речеме дека твоето владеење во МНР (без наводници) беше во чист феудален манир, наспроти толку многу ветуваните европски стандарди. Веќе во првите денови од твоето владеење спречи упатување на дваесет наши млади колеги кои ги поминале сите законски процедури за упатување на работа во странство и беа пред заминување, само затоа што не биле според твоите афинитети. За кратко време, заедно со неколкумина твои трабанти, успеа да ги поделиш колегите на „наши“ и „ваши“ и да ја вгнездиш рак раната на поделбите во нашето општество во твоето некогашно министерство. Твојата тактика на раскарај па владеј имаше единствена цел со посејување на семето на клиентелизам да го зајакнеш твоето владеење и да си купиш поддршка од внатре на патот кон повисоките дострели. Тоа што остана позади тебе најладнокрвно не те интересираше. По спречувањето на младите колеги да заминат во странство, го зајакна своето владеење со бркање тројца колеги од работа (кое што патем не успеа, бидејќи судот ги врати на работа, па МНР мораше да плати големи судски трошоци). Тоа не беше доволно, па пристапи кон масовен мобинг кон сите тие што не беа според твоите афинитети, а покрена и повеќе дисциплински постапки против свои поранешни колеги без никаква основа, сè со цел тие да бидат дискредитирани, казнети или избркани од работа. Се разбира, ваквите монтирани постапки не ти поминаа, меѓу другото затоа што во МНР сепак не е изгубена свеста за професионализам и праведност, а и ние како синдикална солидарна организација дадовме солиден придонес во правната битка со твојот систем. Сакаше да го исприватизираш МНР со тогаш нов предлог на Закон за надворешни работи, кој исто така ти го срушивме, бидејќи беше изготвен во интерес на мала група на дипломати. Се прослави со недостапност и соработка само со десетина проценти од вработените, ги замрзна кариерите на голем број млади дипломати без унапредување согласно мерит системот, а фаворизираше само свои блиски според критериуми на лојалност. Долга е листата на твоите „достигнувања“ и „високи“ морални вредности со кои се прослави во МНР, па и пошироко. Нашата куќа нема да има лесна задача да го врати министерството од заробено во слободно. Но тоа нема да не поколеба, бидејќи е неприфатливо согласувањето за работење во корумпирана, непрофесионална и неспособна служба. Како професионалци кои секој за себе има вградено по некоја цигла во нашиот заеднички дом, заслужуваме многу повеќе од арогантен, нарцисоиден и најслаб министер за надворешни работи до сега. Поради тоа продолжуваме да бидеме очи, уши и совест на своите колеги. Збогум Никола. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonski-diplomatski-sindikat-do-dimitrov-ogromno-e-zadovolstvoto-deka-nikogash-povekje-nema-da-se-vratish-vo-kukjata-na-makedonskata-diplomatija/feed/ 0