македонски државјани – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 02 Nov 2023 12:13:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png македонски државјани – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пет македонски државјани чекаат евакуација од Газа преку граничниот премин Рафа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pet-makedonski-drzhavjani-chekaat-evakuatsija-od-gaza-preku-granichniot-premin-rafa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pet-makedonski-drzhavjani-chekaat-evakuatsija-od-gaza-preku-granichniot-premin-rafa/#respond Thu, 02 Nov 2023 10:56:18 +0000 https://kurir.mk/?p=895742

Минитерството за надворешни работи потврди дека на листата за евакуација на странски државјани од Појасот Газа преку граничниот премин Рафа се наоѓаат пет државјани на Република Македонија. -Во Газа имаме вкупно пет наши државјани. Сите тие се на листата за напуштање на Газа. Исто така, покрај овие пет, на листата е една палестинска државјанка, сопруга и мајка на две деца, кои имаат македонско државјанство, наведуваат од МНР. Пограничните власти на Газа, утрово, објавија листа со 596 странски државјани и лица со двојно државјанство од 15 земји на кои им е дозволено денеска да ја напуштат Газа, меѓу нив се и неколкумина македонски државјани. На повеќе од 500 лица им беше дозволено да заминат вчера, кога прв пат после неколку недели беше отворен граничниот премин Рафа меѓу Појасот Газа и Египет. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pet-makedonski-drzhavjani-chekaat-evakuatsija-od-gaza-preku-granichniot-premin-rafa/feed/ 0
МНР: Со отворање на преминот Рафах се овозможува евакуација на петте македонски државјани од Газа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mnr-so-otvorane-na-preminot-rafah-se-ovozmozhuva-evakuatsija-na-pette-makedonski-drzhavjani-od-gaza/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mnr-so-otvorane-na-preminot-rafah-se-ovozmozhuva-evakuatsija-na-pette-makedonski-drzhavjani-od-gaza/#respond Wed, 01 Nov 2023 12:20:57 +0000 https://kurir.mk/?p=895369

Министерството за надворешни работи ја поздравува одлуката за отворање на граничниот премин Рафах меѓу Појасот Газа и Египет, со што се овозможува евакуација на странските државјани, вклучително и петте државјани на Република Македонија. - Како што претходно информиравме, нашите државјани кои се наоѓаат во Газа веќе се вклучени во списоците за евакуација и истото очекуваме наскоро да се реализира согласно околностите на терен и динамиката на евакуација, имајќи го предвид големиот број странски државјани во Газа кои се дел од оваа операција. Преку тесна и континуирана комуникација со надлежните институции на Египет и Израел како и со нашите државјани, Министерството за надворешни работи е непосредно и континуирано активно вклучен, со цел нашите државјани да бидат безбедно и навремено евакуирани, соопшти МНР.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mnr-so-otvorane-na-preminot-rafah-se-ovozmozhuva-evakuatsija-na-pette-makedonski-drzhavjani-od-gaza/feed/ 0
Татко и две деца од Македонија чекаат евакуација од Газа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tatko-i-dve-detsa-od-makedonija-chekaat-evakuatsija-od-gaza/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tatko-i-dve-detsa-od-makedonija-chekaat-evakuatsija-od-gaza/#respond Tue, 24 Oct 2023 14:24:53 +0000 https://kurir.mk/?p=892579

Министерството за надворешни работи информира дека заклучно со денешниот ден, петмина државјани на  Македонија кои се наоѓаат во Газа, изразиле интерес да се вратат во Македонија. -Потсетуваме дека покрај брачниот пар, за кој од порано имавме информации дека се наоѓаат во Газа, во меѓувреме нашата Амбасада во Каиро е контактирана од семејство – татко и две деца, сите македонски државјани. За децата се обезбедени документи за нивно враќање во Северна Македонија, а од надлежните институции во Каиро и Тел Авив добиена е информација дека сите пет државјани се ставени на листата за евакуација, за што се чека одлука за отворање на граничниот премин Рафах. Исто така информираме дека двете Амбасади на Северна Македонија, во Каиро и Тел Авив, се во постојана комуникација со сите наши државјани, кои во моментот се на безбедно, соопштуваат од МНР. Отворањето на граничниот премин е условено со состојбите на терен и во моментот граничниот премин е затворен. -Во меѓувреме работиме на идентификување и прибирање податоци за евентуално други наши државјани кои би можеле да бидат затекнати во Газа, за што уште еднаш потсетуваме на нашите контакти: СОС телефони на МНР- 075/ 273- 732 и 075/268-736, дежурниот телефон на Амбасадата во Тел Авив +972-54-926-7378 и дежурниот телефон на Амбасадата во Кајро +201033615542, се вели во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tatko-i-dve-detsa-od-makedonija-chekaat-evakuatsija-od-gaza/feed/ 0
Сите пријавени македонски државјани се евакуирани од Израел https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/site-prijaveni-makedonski-drzhavjani-se-evakuirani-od-izrael/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/site-prijaveni-makedonski-drzhavjani-se-evakuirani-od-izrael/#respond Sat, 14 Oct 2023 07:06:16 +0000 https://kurir.mk/?p=888708

Со чартер летот организиран и платен од страна на Владата на Република Северна Македонија, на релација Тел Авив - Скопје, во текот на вчерашниот ден, успешно се евакуирани сите преостанати државјани на Република Северна Македонија кои побарале помош да го напуштат Израел, и да се вратат во земјата, информираат од Владата. Финансиските трошоци за превезувањето на евакуираните граѓани, согласно владина одлука, се покриени од резерви на Буџетот на Република Северна Македонија. Бесплатниот чартер лет за сите патници кои патуваа на релација Тел Авив – Скопје беше реализиран во соработка со „Air Serbia“, и тоа во услови на откажани летови и целосно блокиран авионски сообраќај од и кон Израел. Со оглед на тековните борбени активности во повеќе подрачја во Израел изминатата недела, претходните обиди за обезбедување на лет од Тел Авив не вродија со резултат, имајќи предвид дека ниту една компанија од регионот не беше во можност да обезбеди сигурен и безбеден лет и да одговори на барањата на Владата на Република Северна Македонија. На иницијатива на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, и во директен контакт со премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, се изнајде решение на предизвикот за обезбедување чартер лет за граѓаните од регионот. Со вчерашниот лет, кој беше организиран и платен од Владата на Република Северна Македонија, покрај тоа што во Скопје долетаа преостанатите 67 наши државјани кои побараа помош, со истиот лет, Владата на Република Северна Македонија излезе во пресрет и обезбеди трансфер на седум албански, седум црногорски и тројца бугарски државјани. Амбасадата во Тел Авив, од самиот почеток на кризата е во контакт со државјаните на Република Северна Македонија, а дел од граѓаните кои се затекнаа во Израел, веќе се вратени во земјата на повеќе начини, меѓу другото и со специјални летови на пријателските држави на Република Северна Македонија. Владата на Република Северна Македонија внимателно ги следи случувањата во Израел преку Министерството за надворешни работи, кое што е во редовен контакт со македонската Амбасада во Тел Авив, додаваат од Владата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/site-prijaveni-makedonski-drzhavjani-se-evakuirani-od-izrael/feed/ 0
Македонски државјани со авион на „Ер Србија“ ќе се евакуираат од Израел https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonski-drzhavjani-so-avion-na-er-srbija-ke-se-evakuiraat-od-izrael/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonski-drzhavjani-so-avion-na-er-srbija-ke-se-evakuiraat-od-izrael/#respond Fri, 13 Oct 2023 05:31:26 +0000 https://kurir.mk/?p=888264

Во текот денот се очекува да биде организиран бесплатен авионски превоз за граѓаните кои побарале помош и евакуација од Израел. Во услови на целосно откажани летови и блокиран авио транспорт со Израел, предизвикот за организирање на овој чартер лет е надминат преку соработка со „Air Serbia“ за транспорт на граѓаните кои побарале помош, соопшти вчера Владата посочувајќи дека трошоците за летот ќе бидат покриени од Буџетот. Согласно одлуката донесена од страна на Владата, организиран е авионски превоз со чартер лет, на релација Тел Авив - Скопје, заради евакуација на сите државјани на Република Северна Македонија кои сакаат да го напуштат Израел, и кои побарале да се вратат во Северна Македонија. Во насока на ефикасна организација на авионскиот превоз, Министерството за надворешни работи, преку Дипломатско-конзуларното претставништво - Тел Авив обезбеди список и информации за македонските државјани кои се наоѓаат во Израел и кои побарале помош да се вратат во Република Северна Македонија. -Амбасадата во Тел Авив, од самиот почеток на кризата е во контакт со државјаните на Република Северна Македонија, а дел од граѓаните кои се затекнаа во Израел, веќе се вратени во земјата меѓу другото и со специјални летови на пријателските држави на Република Северна Македонија. Амбасадата и Министерството за надворешни работи остануваат отворени за сите прашања врзани со оваа проблематика, се наведува во соопштението од Владата. Министерот за надворешни работи Бујар Османи вчера на прес-конференција информира дека од Израел досега се вратени 60 македонски државјани, од вкупно 150 кои побарале помош.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonski-drzhavjani-so-avion-na-er-srbija-ke-se-evakuiraat-od-izrael/feed/ 0
Над 30 македонски државјани досега го напуштија Израел: Евакуација чекаат уште 100, дел се во небезбедни подрачја https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nad-30-makedonski-drzhavjani-dosega-go-napushtija-izrael-evakuatsija-chekaat-ushte-100-del-se-vo-nebezbedni-podrachja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nad-30-makedonski-drzhavjani-dosega-go-napushtija-izrael-evakuatsija-chekaat-ushte-100-del-se-vo-nebezbedni-podrachja/#respond Tue, 10 Oct 2023 07:04:32 +0000 https://kurir.mk/?p=887275

Министерството за надворешни работи информира дека преку различни транспортни канали, уште десет наши државјани го напуштија Израел, и тоа: четири со лет до Атина, петмина до Подгорица, а едно лице со лет до Истанбул; заедно со оние кои претходно тоа го сторија, вкупната бројка за изминативе два дена надмина 30 наши државјани што го напуштија Израел. Од МНР посочуваат дека Амбасадата на Северна Македонија во Тел Авив, во тесна координација со кризниот штаб во Министерството за надворешни активно работат на враќање на уште 100 македонски државјани, кои побарале помош во напуштањето на Израел, и кои во најголем дел се наоѓаат на безбедни локации. -Еден дел од нив веќе имаат обезбедено билети преку редовните летови кои се активни преку меѓународниот аеродром во Тел Авив кој е во целосна функција. Дел од нив се наоѓаат во подрачја кои беа опфатени со насилните дејствија и се сметаат за небезбедни, за што веќе е обезбеден внатрешен транспорт низ територијата на Израел за нивно префрлување на безбедна локација, од каде би можеле да бидат упатени кон дома. Меѓу нив се и двајца наши државјани во Појасот Газа, за чие извлекување е задолжена Амбасадата на Северна Македонија во Каиро, која е во директна комуникација со Министерството за надворешни работи на Египет. Како што претходно објавивме, според проценки на кризниот штаб, на територијата на Израел престојуваат до 200 наши државјани, од кои поголемиот дел е прецизно лоциран и редовно се одржува комуникација со нив, се до нивно враќање во Северна Македонија. Министерството за надворешни работи изготви информација за состојбите во Израел, со проекција за наредните денови, која е доставена до Владата која одлучува за наредните чекори, велат од МНР. Во меѓувреме, апелираме до нашите државјани во Израел да го следат Националниот портал за итни случаеви (www.oref.org.il), односно тн. Home Front Command, специјализиран за цивилна заштита, кој излезе со нови препораки до населението, како и да се почитуваат сите други упатства на надлежните институции на Израел. Потсетуваме дека Министерството за надворешни работи на Северна Македонија на располагање ги има и двата СОС дежурни телефони - 075/ 273- 732 и 075/268-736, како и дежурниот телефон на Амбасадата во Тел Авив +972-54-926-7378]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nad-30-makedonski-drzhavjani-dosega-go-napushtija-izrael-evakuatsija-chekaat-ushte-100-del-se-vo-nebezbedni-podrachja/feed/ 0
Деветмина евакуирани велешани со посебен лет од Израел пристигнаа во Тирана https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/devetmina-evakuirani-veleshani-so-poseben-let-od-izrael-pristignaa-vo-tirana/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/devetmina-evakuirani-veleshani-so-poseben-let-od-izrael-pristignaa-vo-tirana/#respond Sun, 08 Oct 2023 19:38:09 +0000 https://kurir.mk/?p=886651

Министерството за Европа и надворешни работи на Албанија (МЕНР) соопшти дека вечерва пристигнал првиот авион со албански, македонски и косовски државјани кои барале да го напуштат Израел по прогласувањето на воена состојба. - Авионот „Ер Албанија“ со 40 патници, меѓу кои и државјани од земјите од регионот како Косово, Северна Македонија, потпомогнат од Министерството за Европа и надворешни работи, Министерството за инфраструктура и енергетика и албанската амбасада во Израел слета на меѓународниот аеродром „Мајка Тереза“ пред малку, се појаснува во соопштението. Патниците беа дочекани и поздравени од министерот Игли Хасани. Од Министерството додаваат дека во наредните денови ќе има повеќе специјални летови за Тел Авив, во координација со министерствата на земјите од регионот да им помогнат на сите граѓани кои сакаат да се вратат во своите земји. Претходно македонското МНР информираше дека вечерва се очекуваат првите македонски државјани да се вратат дома. -Од пријавените граѓани, деветте туристи кои доаѓаат од Велес, и кои во комуникација со нашите колеги од Албанија беа прифатени во специјалниот лет на Владата на Албанија за евакуација од Тел Авив, наскоро очекуваме да слетаат во Тирана, од каде претставници од нашата амбасада ќе ги префрлат со организиран транспорт кон дома. Во оваа прилика изразуваме благодарност до колегите од Албанија, за брзата реакција и прифаќање на нашите државјани, посочија од МНР. Во Израел, според сознанијата на МНР има меѓу 100 и 200 македонски државјани. Дел од нив веќе побарале помош за евакуација.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/devetmina-evakuirani-veleshani-so-poseben-let-od-izrael-pristignaa-vo-tirana/feed/ 0
МНР: Меѓу 100 и 200 македонски државјани се во Израел, досега го напуштиле 12 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mnr-megu-100-i-200-makedonski-drzhavjani-se-vo-izrael-dosega-go-napushtile-12/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mnr-megu-100-i-200-makedonski-drzhavjani-se-vo-izrael-dosega-go-napushtile-12/#respond Sun, 08 Oct 2023 17:16:14 +0000 https://kurir.mk/?p=886620

Дваесет македонски државјани кои побарале асистенција за нивна евакуација од Израел, безбедно ја напуштиле земјата и се на пат кон Северна Македонија. Уште 11 очекуваат асистенција, а се проценува дека ги има меѓу 100 и 200, соопшти вечерва Министерството за надворешни работи информирајќи за преземените активности преку Кризниот штаб формиран во Министерството. Од МНР наведуваат дека по вчерашните брутални напади од страна на Хамас на територијата на Израел, безбедносната состојба во државата, особено во деловите кои со во близина на Појасот Газа и пограничните делови со Либан, е сериозно влошена, и бројни наши граѓани се пријавија на телефоните во Амбасадата на Северна Македонија во Тел Авив и СОС телефоните во централа и побараа асистенција за нивна евакуација. -Од пријавените граѓани, деветте туристи кои доаѓаат од Велес, и кои во комуникација со нашите колеги од Албанија беа прифатени во специјалниот лет на Владата на Албанија за евакуација од Тел Авив, наскоро очекуваме да слетаат во Тирана, од каде претставници од нашата амбасада ќе ги префрлат со организиран транспорт кон дома. Во оваа прилика изразуваме благодарност до колегите од Албанија, за брзата реакција и прифаќање на нашите државјани. Претходно, седум наши државјани, туристи кои беа затечени во Витлеем, успешно ја поминаа границата со Јордан, каде беа прифатени од нашата почесна конзулка; сега се на безбедно и во наредните денови се очекува нивно упатување кон дома. Утрово, четворочлено семејство затекнато во Тел Авив, преку комерцијален лет се упати кон Истанбул, од каде исто така ќе го продолжи патувањето кон дома, посочуваат од МНР. Амбасадата во Тел Авив останува во контакт со сите останати наши државјани кои се имаат пријавено и побарале асистенција при нивното напуштање на Израел. Меѓу нив се и 11 градежни работници кои се затечени во Рамала на Западниот Брег. Министерството за надворешни работи, преку Кризниот штаб и дипломатско-конзуларната мрежа, воспостави директна комуникација и координација со земјите од регионот на Блискиот исток и Југоисточна Европа, со цел искористување на сите расположливи летови и враќање на нашите државјани, за што е пратена и итна инструкција до дипломатско-конзуларната мрежа на Република Северна Македонија, во двата региона. Според проценки на Кризниот штаб, на територијата на Израел и загрозените подрачја се проценува дека престојуваат меѓу 100 и 200 наши државјани, кои ги очекуваме да се пријават, или да бидат пријавени од нивните блиски во начите контакт центри. За повеќе информации, на располагање се СОС дежурните телефони на Министерството за надворешни работи 075/ 273- 732 и 075/268-736, како и дежурниот телефон на Амбасадата во Тел Авив +972-54-926-7378. Подетални информации околу актуелните состојби можат да се најдат на следната веб страница: https://www.oref.org.il/12481-en/Pakar.aspx . Од МНР уште еднаш апелираат до нашите граѓани кои во моментов се наоѓаат во Израел да ги почитуваат упатствата на безбедносните власти на Израел, како и да се пријават во Амбасадата во Тел Авив или на дежурните телефони во централата во Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mnr-megu-100-i-200-makedonski-drzhavjani-se-vo-izrael-dosega-go-napushtile-12/feed/ 0
Седум македонски државјани се наоѓаат во Витлем во Израел https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sedum-makedonski-drzhavjani-se-naogaat-vo-vitlem-vo-izrael/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sedum-makedonski-drzhavjani-se-naogaat-vo-vitlem-vo-izrael/#respond Sat, 07 Oct 2023 11:43:34 +0000 https://kurir.mk/?p=886349

Седум државјани на Република Северна Македонија се наоѓаат во градот Витлеем, на Западниот Брег кој што не е погоден од актуелните случувања во Израел, според информациите на нашата амбасада во Тел Авив, соопшти Министерството за надворешни работи. Во врска со сложената безбедносна ситуација во јужниот и централниот дел на Израел, Министерството за надворешни работи ги повикува граѓаните на Северна Македонија кои во моментов се наоѓаат во Израел да ги почитуваат упатствата на безбедносните власти на Израел. За подетални информации околу актуелните состојби од МНР посочуваат на следната веб страница: https://www.oref.org.il/12481-en/Pakar.aspx На располагање се СОС дежурниот телефон на Министерството за надворешни работи 075/ 273- 732, како и дежурниот телефон на Амбасадата во Израел +972-54-926-7378.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sedum-makedonski-drzhavjani-se-naogaat-vo-vitlem-vo-izrael/feed/ 0
Османи: Нашите државјани кои беа во Бањска утрово се безбедно упатени кон дома придружувани од косовската полиција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-nashite-drzhavjani-koi-bea-vo-banska-utrovo-se-bezbedno-upateni-kon-doma-pridruzhuvani-od-kosovskata-politsija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-nashite-drzhavjani-koi-bea-vo-banska-utrovo-se-bezbedno-upateni-kon-doma-pridruzhuvani-od-kosovskata-politsija/#respond Mon, 25 Sep 2023 09:11:00 +0000 https://kurir.mk/?p=881483

- Македонските државјани сместени во хотел во непосредна близина на манастирот во селото Бањска на северот од Косово, каде вчера имаше оружен напад, утрово безбедно се упатени кон дома, придружувани од косовската полиција. Министерот за надворешни работи Бујар Османи на Фејсбук објави дека тие се упатени кон дома откако биле извршени интервјуата и анализата од страна на косовската полиција. -По извршените вообичаеното интервју и анализа од страна на полицијата на Република Косово, утрово нашите државјани безбедно се упатени кон дома, придружувани од косовската полиција. Околностите во кои тие се најдоа беа сложени, имајќи предвид дека беа сместени во хотел, во непосредна близина од каде се случи оружениот напад врз полицијата, објави Османи. Шефот на дипломатијата наведува дека косовската полиција вчера веднаш била известена „за оваа ситуација по редовните канали“, а тој лично разговарал и со неговата колешка Доника Гервала-Шварц. -Низ целиот процес, косовските служби ја гарантираа безбедноста на нашите државјани, а нашата амбасада во Приштина беше во постојан контакт со нив, додава Османи во објавата на фејсбук-профилот. Министерството за надворешни работи вчера информираше дека во раните утрински часови, преку дежурниот телефон на МНР, добиена е информација за седум државјани на Северна Македонија, од кои едно дете, кои се сместени во хотел, во непосредна близина на манастирот во селото Бањска, каде беше извршен оружен напад врз косовските полициски сили.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-nashite-drzhavjani-koi-bea-vo-banska-utrovo-se-bezbedno-upateni-kon-doma-pridruzhuvani-od-kosovskata-politsija/feed/ 0