македонски евреи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 12 Mar 2023 12:27:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png македонски евреи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Комеморација по повод 80 годишнината од Холокаустот на македонските Евреи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komemoratsija-po-povod-80-godishninata-od-holokaustot-na-makedonskite-evrei/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komemoratsija-po-povod-80-godishninata-od-holokaustot-na-makedonskite-evrei/#respond Sun, 12 Mar 2023 12:27:39 +0000 https://kurir.mk/?p=810951

Одбележувањето на комеморацијата по повод 80 годишнината од Холокаустот на македонските Евреи денеска започна со „Поворката на живите“ од локацијата на поранешната железничка станица во Скопје до некогашниот Монопол кој во 1943 година беше собирен центар за депортација на евреите во логорот на смртта во Треблинка. Дел од поворката беа пратеници од Израел, претставници на еврејски здруженија од земјава и светот, претставници на парламентарни политички партии, претставници на дипломатски кор и 200 гости од Израел, од кои дел се обратија на комеморацијата. Ернест Херцог од Светскиот Еврејски Конгрес во своето обраќање истакна дека само преку утврдување дека ужасите од минатото се интегрирани во светската свест, имаме барем некаква шанса да ги победиме силите на темнината кои му се закануваат на човештвото како целина, имено, силите на нетолеранција или антисемитизам, расизмот, исламофобијата и омразата воопшто. -Поради тоа мораме секогаш да се залагаме за интегритетот на историската вистина. Затоа денес велиме „се сеќаваме“. Се сеќаваме што се случи. Но, се сеќаваме и што изгуби човештвото на ова место. Се сеќаваме на 2.313 деца на возраст под 16 години кои беа однесени од овде, за никогаш да не се вратат назад. Колку потенцијални уметници, музичари, писатели и научници имало меѓу нив? Колку луѓе би го направиле овој свет подобро место? Ние се сеќаваме. Не се сеќаваме само на нивните страдања и смрт. Се сеќаваме и на нивните животи, идеи, очекувања и надежи што ги имале. Се сеќаваме и на нивните неродени деца и нивните внуци. Се сеќаваме - и нема да заборавиме.“ – рече Херцог. Марија Багдасарова од Европскиот еврејски конгрес рече дека Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, служи како моќен потсетник за ужасите од минатото и ја нагласува важноста на борбата против антисемитизмот, искривувањето на холокаустот и глорификацијата на нацизмот во денешен ден. null -Особено кога се чини дека сеќавањето на холокаустот станува се подалечен настан, додека преживеаните за жал нè напуштаат. Како и да е, нашето ветување да го одржуваме споменот на жртвите и преживеаните станува посилно од кога било досега и не охрабрува да продолжиме да се стремиме кон поправеден и сочувствителен свет, истакна Богдасарова. Членот на Кнесетот Хамад Амар во своето обраќање изрази благодарност за посветеноста на Република Северна Македонија во зачувањето споменот на Еврејската заедница и Холокаустот, како што е видливо во различните меморијални настани. Пепо Леви, претседателот на еврејската заедница во Северна Македонија рече дека 7.144 Евреи од Скопје, Битола и Штип, никогаш повеќе не ги видоа своите родни градови. Марија, Пепо, Жоли, Бесале, Дора, Давид , Руфел, Јаков, Боена, Мари, Естер, живееја во слога и мир со македонскиот народ, со Турците, Албанците, Србите, Ромите и со останатите народи од овие простори. -Нека примерот на Евреите и соживот со Македонците и останатите народи од Македонија, според кажувањето на нашиот Мориц Романо, му биде пример на цивилизираниот свет како да ја гради иднината, демократијата и просперитетот, почитувајќи го основното човеково начело – правото на живот, она што ние Евреите го немавме во фашизмот, порача Леви. Македонските жртви на холокаустот од Штип, Битола и Скопје, нека претставуваат залог за живот во мир и слога, живот без војна и омраза, на тоа не обврзуваат милионските жртви од Втората светска војна.“ – рече Леви. На спомен обележјето во чест на депортираните Евреи од Македонија во дворот на некогашниот Тутунски комбинат Скопје со пригодни говори се обратија и Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски, заменик-претседателот на Владата, Фатмир Битиќи и претседателот на парламентарната група за пријателство на Израел и Северна Македонија, Хамад Амар. Комеморацијата по повод 80 годишнината од Холокаустот на Евреите од Македонија заврши со КАДИШ (молитва), и со полагање венци со свежо цвеќе на спомен обележјето во некогашниот монопол во Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komemoratsija-po-povod-80-godishninata-od-holokaustot-na-makedonskite-evrei/feed/ 0
Поворка на живите од Музејот на Град Скопје до Монопол-Империјал Тобако по повод 80-годишнината од Холокаустот на македонските Евреи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povorka-na-zhivite-od-muzejot-na-grad-skopje-do-monopol-imperijal-tobako-po-povod-80-godishninata-od-holokaustot-na-makedonskite-evrei/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povorka-na-zhivite-od-muzejot-na-grad-skopje-do-monopol-imperijal-tobako-po-povod-80-godishninata-od-holokaustot-na-makedonskite-evrei/#respond Sun, 12 Mar 2023 09:10:46 +0000 https://kurir.mk/?p=810905

Со поворка на живите од Музејот на Град Скопје до Монопол-Империјал Тобако, денеска почна одбележувањето .на 80-годишнината од Холокаустот на македонските Евреи, што под покровителство на Владата, го организира Еврејската заедница во земјава и Фондот на Холокаустот под мотото „11 март 1943 – Никогаш повеќе”. Најавени се обраќања на претседателот на државата Стево Пендаровски, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, претседателот на парламентарната група за пријателство Израел- Северна Македонија, Хамад Амар, како и на Ернест Херцог од Светскиот Еврејски Конгрес, Мариа Багдасарова од Европскиот Еврејски Конгрес и Пепо Леви, претседател на Еврејската заедница во земјава. Во овој временски период ќе биде воведен посебен сообраќаен режим на неколку сообраќајници во градот. Одбележувањето ќе продолжи на Градските гробишта Бутел каде ќе биде положено цвеќе пред споменикот на депортираните Евреи и пред споменикот на паднатите борци во НОБ. Вечерва во Националната опера и балет ќе се одржи комеморативен концерт на кој се очекува да се обратат премиерот Димитар Ковачевски, амбасадорката на Израел, Симона Франкел, претседателот на Еврејската заедница во земјава Пепо Леви и претседавачот на Американскиот Еврејски Конгрес, рабин Ендру Бејкер. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povorka-na-zhivite-od-muzejot-na-grad-skopje-do-monopol-imperijal-tobako-po-povod-80-godishninata-od-holokaustot-na-makedonskite-evrei/feed/ 0
Одбележување на 80 години од Холокаустот на македонските Евреи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezhuvane-na-80-godini-od-holokaustot-na-makedonskite-evrei/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezhuvane-na-80-godini-od-holokaustot-na-makedonskite-evrei/#respond Sun, 12 Mar 2023 08:15:02 +0000 https://kurir.mk/?p=810889

Под мотото „11 март 1943 – Никогаш повеќе” денеска ќе биде одбележана 80-годишнината од Холокаустот на македонските Евреи, што под покровителство на Владата, го организира Еврејската заедница во земјава и Фондот на Холокаустот. Одбележувањето ќе почне со поворка на живите од Музејот на Град Скопје до Монопол-Империјал Тобако. Најавени се обраќања на претседателот на државата Стево Пендаровски, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, претседателот на парламентарната група за пријателство Израел- Северна Македонија, Хамад Амар, како и на Ернест Херцог од Светскиот Еврејски Конгрес, Мариа Багдасарова од Европскиот Еврејски Конгрес и Пепо Леви, претседател на Еврејската заедница во земјава. Во овој временски период ќе биде воведен посебен сообраќаен режим на неколку сообраќајници во градот. Одбележувањето ќе продолжи на Градските гробишта Бутел каде ќе биде положено цвеќе пред споменикот на депортираните Евреи и пред споменикот на паднатите борци во НОБ. Вечерва во Националната опера и балет ќе се одржи комеморативен концерт на кој се очекува да се обратат премиерот Димитар Ковачевски, амбасадорката на Израел, Симона Франкел, претседателот на Еврејската заедница во земјава Пепо Леви и претседавачот на Американскиот Еврејски Конгрес, рабин Ендру Бејкер. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezhuvane-na-80-godini-od-holokaustot-na-makedonskite-evrei/feed/ 0
По повод Денот на депортацијата на македонските Евреи, собраниска делегација ќе положи цвеќе https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-povod-denot-na-deportatsijata-na-makedonskite-evrei-sobraniska-delegatsija-ke-polozhi-tsveke/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-povod-denot-na-deportatsijata-na-makedonskite-evrei-sobraniska-delegatsija-ke-polozhi-tsveke/#respond Thu, 09 Mar 2023 07:16:32 +0000 https://kurir.mk/?p=809752

По повод одбележувањето на 11 март - Денот на депортацијата на македонските Евреи, 80 години од депортацијата на 7.144 македонски Евреи во логорот на смртта-Треблинка, Собраниски делегации, ќе положат цвеќе на повеќе спомен обележја. Како што најавија од Собранието, денеска во Битола ќе положи цвеќе собраниска делегација во состав на Марија Кочовска, Олга Лозановска и Силвана Ангелеска. Цвеќето ќе биде положено во Здравствен дом „Хаим Абраванел“ - пред споменикот на жртвите на Холокаустот од Битола и во Здравствен дом „Хаим Абраванел“ - пред споменикот на Естреја Овадија-Мара. Во петок во Штип собраниска делегација во состав на Емилија Рамбабова и Никола Мицевски ќе положи цвеќе пред споменик на депортираните Евреи, а во недела собраниска делегација во состав на Марија Георгиевска, Рашела Мизрахи и Иванка Василевска ќе положи цвеќе во Тутунски комбинат-Монопол, пред Споменикот на 7144 македонски Евреи и на Еврејски гробишта - Градски гробишта Бутел, пред Споменикот на депортираните Евреи и пред Споменикот на паднатите борци во НОБ во Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-povod-denot-na-deportatsijata-na-makedonskite-evrei-sobraniska-delegatsija-ke-polozhi-tsveke/feed/ 0
Во град Скопје одбележани 79 години од депортацијата на македонските Евреи во Tреблинка https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vo-grad-skopje-odbelezani-79-godini-od-deportacijata-na-makedonskite-evrei-vo-treblinka/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vo-grad-skopje-odbelezani-79-godini-od-deportacijata-na-makedonskite-evrei-vo-treblinka/#respond Fri, 11 Mar 2022 15:01:10 +0000 https://kurir.mk/?p=645562

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска организираше прием за претставници од Еврејската заедница по повод одбележување 79 години од депортацијата на 7.144 македонските Евреи во 1943 година. На приемот присуствуваа и амбасадорката на Израел во Македонија, Н.Е. Симона Франкел и претседателот на Еврејската заедница во РМ, Пепо Леви. Амбасадорката на Израел, Н.Е. Симона Франкел и претседателот на Еврејската заедница, Пепо Леви, изразија благодарност до градоначалничката Арсовска, за почитта што секоја година Градот Скопје му ја оддава на еврејскиот народ одбележувајќи го овој датум, за да се запамети и никогаш да не се заборави. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vo-grad-skopje-odbelezani-79-godini-od-deportacijata-na-makedonskite-evrei-vo-treblinka/feed/ 0