македонски граѓани – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 02 Nov 2023 09:16:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png македонски граѓани – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Четворица македонски државјани ќе заминат од Газа преку преминот Рафа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chetvoritsa-makedonski-drzhavjani-ke-zaminat-od-gaza-preku-preminot-rafa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chetvoritsa-makedonski-drzhavjani-ke-zaminat-od-gaza-preku-preminot-rafa/#respond Thu, 02 Nov 2023 09:16:53 +0000 https://kurir.mk/?p=895667

Пограничните власти на Газа објавија листа со 596 странски државјани и лица со двојно државјанство од 15 земји на кои им е дозволено денеска да ја напуштат Газа, меѓу нив и на четворица македонски државјани. На повеќе од 500 лица им беше дозволено да заминат вчера, кога прв пат после неколку недели беше отворен преминот. Палестинските власти ја објавија новата листа со имиња пред 2 часот утрово по локално време, со укажување дека лицата треба да бидат на граничниот премин во 7 часот утрината. Министерството за надворешни работи на Северна Македонија вчера ја поздрави одлуката за отворање на граничниот премин Рафа меѓу Појасот Газа и Египет, со што се овозможува евакуација на странските државјани, вклучително и петте државјани на Република Северна Македонија. -Како што претходно информиравме, нашите државјани кои се наоѓаат во Газа веќе се вклучени во списоците за евакуација и истото очекуваме наскоро да се реализира согласно околностите на терен и динамиката на евакуација, имајќи го предвид големиот број странски државјани во Газа кои се дел од оваа операција. Преку тесна и континуирана комуникација со надлежните институции на Египет и Израел како и со нашите државјани, Министерството за надворешни работи е непосредно и континуирано активно вклучено, со цел нашите државјани да бидат безбедно и навремено евакуирани, соопшти МНР. Лицата кои се наоѓаат на листата на странци и со двојно државјанство, објавена од пограничните власти на Газа, покрај четворицата македонски државајани се и од Азербејџан (8), Белгија (50), Бахреин(6), Чад (2), Хрватска (23), Грција (24), Унгарија (20), Италија/ОН (4), Мексико (2), Холандија (20), Јужна Кореа (5), Шри Ланка (17), Швајцарија (11) и од САД (400).]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chetvoritsa-makedonski-drzhavjani-ke-zaminat-od-gaza-preku-preminot-rafa/feed/ 0
Османи: Доколку има наши граѓани во Либан да ја напуштат државата поради непредвидливата ситуација https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-dokolku-ima-nashi-gragani-vo-liban-da-ja-napushtat-drzhavata-poradi-nepredvidlivata-situatsija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-dokolku-ima-nashi-gragani-vo-liban-da-ja-napushtat-drzhavata-poradi-nepredvidlivata-situatsija/#respond Tue, 17 Oct 2023 10:49:58 +0000 https://kurir.mk/?p=889755

Шефот на дипломатијата Бујар Османи денеска најави дека МНР ќе упати повик до нашите граѓани кои се наоѓаат во Либан да ја напуштат државата поради, како што кажа непредвидливата ситуација таму. -Можеби денеска ќе пуштиме соопштение да ги повикаме нашите граѓани кои се во Либан да ја напуштат државата поради непредвидливата ситуација таму, а особено треба да бидат внимателни поради фактот што со Либан немаме ниту дипломатски односи, ниту амбасада и би било многу тешко потоа да ги згрижиме во услови состојбата да се влоши. Затоа сакаме однапред да испратиме покана до сите наши граѓани кои евентуално се во Либан или планираат да патуваат таму тоа да го одложат, односно тие што се таму да ја напуштат државата, рече Османи. Во однос на брачниот пар, кој е во Газа, повтори дека тие се локални жители на Газа кои имаат државјанство на Северна Македонија. -Ние сме должни секој наш државјанин да го згрижиме. Тие се во рамки на овие напори да се овозможи граничен премин од Газа во Египет, така што во комуникација сме и со луѓето и со МНР на Египет, рече Османи. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-dokolku-ima-nashi-gragani-vo-liban-da-ja-napushtat-drzhavata-poradi-nepredvidlivata-situatsija/feed/ 0
Обезбеден е бесплатен авионски превоз за евакуација на македонските државјани од Израел, на релација Тел Авив – Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obezbeden-e-besplaten-avionski-prevoz-za-evakuatsija-na-makedonskite-drzhavjani-od-izrael-na-relatsija-tel-aviv-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obezbeden-e-besplaten-avionski-prevoz-za-evakuatsija-na-makedonskite-drzhavjani-od-izrael-na-relatsija-tel-aviv-skopje/#respond Thu, 12 Oct 2023 14:07:50 +0000 https://kurir.mk/?p=888129

Согласно одлуката донесена од страна на Владата на Република Северна Македонија, организиран е авионски превоз со чартер лет, на релација Тел Авив - Скопје, заради евакуација на сите државјани на Република Северна Македонија кои сакаат да го напуштат Израел, и кои побарале да се вратат во Северна Македонија. Во услови на целосно откажани летови и блокиран авио транспорт со Израел, предизвикот за организирање на овој чартер лет е надминат преку соработка со „Air Serbia“ за транспорт на граѓаните кои побарале помош. Авионскиот превоз кој ќе биде организиран во текот на утрешниот ден, ќе биде бесплатен за граѓаните кои побарале помош, и ќе биде покриен од резервите на Буџетот на Република Северна Македонија. Во насока на ефикасна организација на авионскиот превоз, Министерството за надворешни работи, преку Дипломатско-конзуларното претставништво - Тел Авив обезбеди список и информации за македонските државјани кои се наоѓаат во Израел и кои побарале помош да се вратат во Република Северна Македонија. Амбасадата во Тел Авив, од самиот почеток на кризата е во контакт со државјаните на Република Северна Македонија, а дел од граѓаните кои се затекнаа во Израел, веќе се вратени во земјата меѓу другото и со специјални летови на пријателските држави на Република Северна Македонија. Амбасадата и Министерството за надворешни работи остануваат отворени за сите прашања врзани со оваа проблематика, информираат од Владата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obezbeden-e-besplaten-avionski-prevoz-za-evakuatsija-na-makedonskite-drzhavjani-od-izrael-na-relatsija-tel-aviv-skopje/feed/ 0
Еве како македонските граѓани можат да донираат за настраданото население во Словенија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eve-kako-makedonskite-gragani-mozhat-da-doniraat-za-nastradanoto-naselenie-vo-slovenija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eve-kako-makedonskite-gragani-mozhat-da-doniraat-za-nastradanoto-naselenie-vo-slovenija/#respond Tue, 08 Aug 2023 09:40:58 +0000 https://kurir.mk/?p=864564

Катастрофалните поплави предизвикани од силното невреме, кое во изминатите денови ја погоди Словенија, на жал предизвика големи материјални штети и човечки загуби. Илјадници луѓе се евакуирани од своите домови ширум Словенија. -Црвениот крст на Република  Македонија изразува жалење и сочувство до Словенија и сите нејзини граѓани за загубите и штетите претрпени во поплавите. Црвениот крст е во комуникација со Црвениот крст на Словенија и согласно нивната проценка, веднаш им е понудена првична помош. Од своите резерви, Црвениот крст на РМ издвои средства во висина од 5.000 евра, понудени се и волонтери, тимови за соодветна интервенција и во зависност од потребите веднаш ќе бидат ставени во функција, велат од Црвениот крст. Сите заинтересирани правни субјекти и граѓани можат да донираат парична помош на: - Сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за настраданото население во Словенија. - како и да се донираат 100 денари со повик на телефонските броеви 143 400 на Македонски Телеком и А1. - За донации на средства во странска валута: NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIAN BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11 SWIFT CODE: KOBSMK2X IBAN CODE: MK07300701000001228]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eve-kako-makedonskite-gragani-mozhat-da-doniraat-za-nastradanoto-naselenie-vo-slovenija/feed/ 0
Четворица македонски државјани евакуирани од Судан https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chetvoritsa-makedonski-drzhavjani-evakuirani-od-sudan/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chetvoritsa-makedonski-drzhavjani-evakuirani-od-sudan/#respond Sun, 30 Apr 2023 12:40:11 +0000 https://kurir.mk/?p=829167

Во текот на вчерашниот ден од Судан, кој е зафатен со воени судири, беа евакуирани четворица државјани на Република Северна Македонија, информира денеска Министерството за надворешни работи. Во соопштението се посочува дека евакуацијата е реализирана со асистенција на Саудиска Арабија, за што МНР и упатува искрена благодарност. Евакуираните македонски граѓани во моментот се наоѓаат во градот Џеда во Саудиска Арабија, а нашата амбасада во Абу Даби е во постојана комуникација со саудиските власти во насока за нивно враќање во земјава. Од МНР наведуваат дека до сега од Судан се евакуирани вкупно 4879 лица, од кои 139 се Саудијци, а останатите се од 96 земји од целиот свет, меѓу кои и од Европа, САД. Од нашиот регион освен од земјава, евакуирани се и државјани на Грција и БиХ. - Министерството за надворешни работи со внимание го следи развојот на состојбите во Судан и е во комуникација со држави кои имаат свои дипломатски конзуларни претставништва во земјата. Во оваа прилика апелираме доколку има наши државјани кои се наоѓаат во територијата на Судан да ја контактираат Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби на следниот телефонски број +971 56 441 7532 и е-мејл адреса [email protected], Амбасадата на Република Северна Македонија во Каиро на следниот телефонски број +201033615542 и е-мејл адреса [email protected], како и Министерството за надворешни работи на СОС телефонот + 389 75 273 732 и следната е-мејл адреса [email protected], се додава во соопштението на МНР.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chetvoritsa-makedonski-drzhavjani-evakuirani-od-sudan/feed/ 0
Мисајловски до граѓаните: Не подлегнувајте под влијание на бугарски политичари кои намерно предизвикуваат гнев кај нашиот народ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-do-graganite-ne-podlegnuvajte-pod-vlijanie-na-bugarski-politichari-koi-namerno-predizvikuvaat-gnev-kaj-nashiot-narod/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-do-graganite-ne-podlegnuvajte-pod-vlijanie-na-bugarski-politichari-koi-namerno-predizvikuvaat-gnev-kaj-nashiot-narod/#respond Thu, 02 Feb 2023 22:13:31 +0000 https://kurir.mk/?p=795440

Ова што го прави Бугарија и политичари од Бугарија, што предизвикуваат гнев кај многу граѓани од Република Македонија, кај многу Македонци е системски и намерно направено само за да предизвикуваат гнев, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, Владо Мисајловски, на Алсат телевизија. -Затоа ги замолувам сите граѓани: На едни обични марионети, на луѓе кои не заслужуваат ни да им се даде третман во вести, да не подлегнуваат под влијание. Зборувам за бугарски политичари кои нè навредуваат, што сакаат да присвојат сè дека е нивно, а немаат гласови да бидат во власта, па сакаат со навредување на Македонци да добијат плус поени во сопствената држава. Ние сме многу попаметни од тоа, рече тој. Мисајловски потсети дека не е прв пат да бидеме сведоци на вакви провокации. -Во минатото еден друг политичар ова го правеше. Зборувам за Каракачанов. Јас тогаш ги замолив медиумите да не го пренесуваат, дека не вреди тој човек, тоа што го збори е срамно. МНР треба да ги прогласи тие луѓе за непожелни, да реагира со ноти и да не им се дозволи такво однесување. Кога ќе реагирате до друга држава да си ги смири своите луѓе, тоа е политички добар чекор, порача Мисајловски. Тој порача дека кој и да е, од било која држава, ако влегува во Македонија да ја понижува државата и народот, треба да добие забрана за влез и прогласен за персона нон грата.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-do-graganite-ne-podlegnuvajte-pod-vlijanie-na-bugarski-politichari-koi-namerno-predizvikuvaat-gnev-kaj-nashiot-narod/feed/ 0
Дури 72 отсто од Македонците читаат вести онлајн https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/duri-72-otsto-od-makedoncite-chitaat-vesti-onlajn/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/duri-72-otsto-od-makedoncite-chitaat-vesti-onlajn/#respond Wed, 24 Aug 2022 11:42:39 +0000 https://kurir.mk/?p=723195

Седумдесет и два отсто од корисниците на интернет во Северна Македонија читаат вести онлајн, покажува истражувањето на Евростат. Од земјите во регионот, повеќе од македонските граѓани, вести на интернет читаат Грците (90 отсто), Црногорците (80) и Србите (77), а помалку Албанците (58 отсто). Во ЕУ, девет од десет луѓе на возраст меѓу 16 и 74 години, користеле интернет минатата година, а најмногу за читање вести. Меѓу земјите членки на ЕУ, најмногу корисници на интернет кои читаат онлјан вести се регистрирани во Финска (93 отсто), Литванија и Чешка (92 отсто) и Хрватска и Грција (90 отсто). Најмалку читатели на вести на интернет има во Романија (59 проценти), Германија (62 проценти), Франција (63 проценти), Италија (64 проценти) и Белгија (67 проценти). Во споредба со 2016 година, употребата на интернет за читање онлајн вести се зголемила повеќе кај жените, отколку кај мажите, но генерално, според Евростат мажите го користеле интернетот за читање вести почесто од жените, 74 отсто во споредба со 71 отсто. Читањето на „онлајн сајтови за вести“ е најпопуларно кај возрасната група од 25 до 54 години (75 отсто). Процентот на корисници на интернет најмногу се зголемил во руралните средини (од 65 отсто во 2016 година на 69 отсто во 2021). Според степенот на образование, пак, онлајн вести најмногу читаат луѓето со високо образование – 85 отсто, додека кај граѓаните со пониско ниво на образование тој процент изнесува 57.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/duri-72-otsto-od-makedoncite-chitaat-vesti-onlajn/feed/ 0
Македонски граѓани минуваат низ голгота: Заглавени на аеродром во Малта, летови презакажани до недогледно време https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonski-gragjani-minuvaat-niz-golgota-zaglaveni-na-aerodrom-vo-malta-letovi-prezakazani-do-nedogledno-vreme/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonski-gragjani-minuvaat-niz-golgota-zaglaveni-na-aerodrom-vo-malta-letovi-prezakazani-do-nedogledno-vreme/#respond Wed, 01 Jun 2022 15:13:22 +0000 https://kurir.mk/?p=685087

Патниците кои денеска требаше да дојдат од Скопје за Малта, но и од Малта за Скопје буквално се оставени да чекаат на аеродром до недогледно време. На секој час тие добиваат информација дека летот е презакажан. Последна информација е дека летот ќе се реализира во 00:50 вечерно време. Тие се огласија на социјалните мрежи каде бараат да бидат заштитени од надлежните и откриваат дека поминуваат низ голгота. „Бареме Влада на Република Северна Македонија веднаш преку надлежното министерство за Транспот и врски да реагира и да ги заштити правата на патниците. Не е прв пат оваа нискобуџетна компанија да ги остави патниците да чекаат летови со часови и постојано да ги презакажува. Срамно и жално е како се третираат македонските патници и за тоа никој не сноси одговорност“ - стои во објавата на Македонската заедница во Малта. КУРИР побара одговор за оваа состојба од посочената компанија, штом добиеме информации, веднаш ќе ги пренесеме.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonski-gragjani-minuvaat-niz-golgota-zaglaveni-na-aerodrom-vo-malta-letovi-prezakazani-do-nedogledno-vreme/feed/ 0
Уште осум граѓани бараат да бидат евакуирани од Украина во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ushte-osum-gragjani-baraat-da-bidat-evakuirani-od-ukraina-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ushte-osum-gragjani-baraat-da-bidat-evakuirani-od-ukraina-vo-makedonija/#respond Tue, 15 Mar 2022 09:29:49 +0000 https://kurir.mk/?p=647382

Уште осум граѓани од кои четворица наши, а четворица украински државјани, но во роднинска врска со нашите, бараат да бидат евакуирани од Украина, информира денеска на редовниот брифинг министерот за надворешни работи Бујар Османи. -Од 120-те мапирани и контактирани наши граѓани, околу 80 проценти се веќе евакуирани, останати се осум граѓани коишто бараат евакуација, а се се уште во Украина. Од нив четворица се наши државјани, четворица се украински државјани, но во роднинска врска со нашите. Има и други наши граѓани околу 20, но тие не бараат евакуација, посочи Османи. Додаде дека се обидуваат да ги евакуираат овие осум граѓани, а за останатите 20, како што рече, нема да прават напори да ги евакуираат се додека не добијат барање од нив дека сакаат да бидат евакуирани. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ushte-osum-gragjani-baraat-da-bidat-evakuirani-od-ukraina-vo-makedonija/feed/ 0
Важни информации за македонските граѓани кои планираат патување во Грција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vazni-informacii-za-makedonskite-gragjani-koi-planiraat-patuvanje-vo-grcija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vazni-informacii-za-makedonskite-gragjani-koi-planiraat-patuvanje-vo-grcija/#respond Sun, 06 Mar 2022 10:30:50 +0000 https://kurir.mk/?p=641942

Европски сертификат за вакцинација, европска потврда за прележан Ковид-19 или негативен резултат од ПЦР/рапид тест и понатаму се задолжителни за влез во Грција, правила кои важеа и во изминатиот период и се непроменети и продолжени за уште две седмици до 21 март 2022 година, а воедно се однесуваат и на туристите од  Македонија, јави дописничката на МИА од Атина. Пополнувањето на PLF (Passenger Locator Form) формуларот е задолжително заклучно со 14 март, со оглед на тоа дека од 15 март се укинува, нешто што е потенцирано и во новата министерска одлука „Предуслови за влез во земјата за ограничување на ширењето на Ковид-19“, што веќе е објавена во Службен весник, а стапува во сила утре наутро. Во однос на документот поврзан со Ковид-19, правилата остануваат непроменети, сертификатот за вакцинација е со важност од девет месеци по втората доза, потврдата за прележана болест трае 180 дена, а доколку се патува со негативен тест, треба да биде направен 72 или 24 часа претходно, во зависност од тоа дали е ПЦР или рапид, а МИА детално ги пренесува правилата за патување кај јужниот сосед. Влез во Грција е дозволен за посетители од државите членки на Европската Унија и Шенген зоната и за 35 земји кои се вклучени во системот на ЕУ за дигитален сертификат (European Union Digital Covid Certificate, EUDCC), а меѓу нив и Македонија, кои ќе треба да поседуваат европски дигитален сертификат за Ковид-19, поврзан со вакцинација, прележана болест или негативен резултат по направен ПЦР или рапид тест. За вакцинираните, сертификатот е валиден доколку се поминати 14 дена од втората примена доза и не повеќе од девет месеци по вакцинацијата, а за лицата кои примиле бустер доза не постојат ограничувања. Европскиот дигитален сертификат треба да ги содржи основните лични податоци, име и презиме како што се наведени во пасошот, видот на вакцината, бројот на дози и датумот на примање. Втората опција е со потврда за прележан Ковид-19 по лабораториски тест со ПЦР метод или со брз антиген тест (рапид тест), а согласно министерската одлука, европскиот дигитален сертификат за прележана болеста се издава 14 дена по првиот позитивен тест и неговата важност е до180 дена од истиот. Третата опција е со потврда за негативен тест, односно негативен резултат од ПЦР тест направен 72 часа пред патувањето или рапид тест 24 часа пред пристигнувањето во Грција. Конкретните обврски за патување важат и за возрасните, но и за децата со наполнети пет години. Во однос на електронскиот формулар PLF (Passenger Locator Form), до 14 март се смета за неопходен документ за патување во Грција и треба да биде пополнет преку интернет страницата https://travel.gov.gr, по што се добива потврда со QR-код. Сите посетители на Грција, независно од државјанството и начинот на влез во земјата, може да бидат подложени на случајни тестирања, а селекцијата се врши согласно здравствениот алгоритам. Во случај на позитивен резултат при тестирањето на граница предвиден е петдневен карантин во соодветен простор укажан од надлежните органи. Лицата кои патуваат заедно со потврдените случаи, односно блиските контакти на позитивните на Ковид-19, имаат можност да се вратат во нивната земја истиот или следниот ден, под услов да добијат два негативни резултати од два теста (ПЦР или рапид) направени во рок од 24 часа и за време на патувањето да носат маска со висока заштита или  КН95 или двојна маска. Во случај лицата кои патуваат заедно со потврдените случаи да останат во земјата, а не се вакцинирани или поминале девет месеци од примената втора доза или немаат прележано Ковид-19 во изминатите три месеци, тогаш треба да бидат во петдневна изолација по последниот контакт со позитивното лице и на последниот ден да направат ПЦР или рапид тест. Доколку блиските контакти се вакцинирани и со трета доза или не поминале девет месеци од втората или прележале Ковид-19 во последните 90 дена, тогаш не е потребен карантин, но задолжително се тестираат на петтиот ден од контактот. За прекршување на законските мерки и обврски, предвидени се парични казни од 500 и 5.000 евра. За влез во Грција, отворени се сите копнени гранични премини кои работат 24 часа, со исклучок на Мерѕани кон Албанија, што е со работно време од 8 до 20 часот. Од Северна Македонија кај јужниот сосед може да се патува преку Евзони (Богородица), преку Ники (Меџитлија) и Дојран, без никакви ограничувања во однос работното време. Во одлуката, како што пренесува МИА, посочено е дека туристите, за време на нивниот престој во Грција, мора да ги почитуваат мерките што важат во внатрешноста на земјата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vazni-informacii-za-makedonskite-gragjani-koi-planiraat-patuvanje-vo-grcija/feed/ 0