македонски клуб – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 12 Feb 2023 09:45:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png македонски клуб – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Бугарија одби да го регистрира македонскиот клуб „Никола Вапцаров“, најавена жалба https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarija-odbi-da-go-registrira-makedonskiot-klub-nikola-vaptsarov-najavena-zhalba/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarija-odbi-da-go-registrira-makedonskiot-klub-nikola-vaptsarov-najavena-zhalba/#respond Sun, 12 Feb 2023 09:58:11 +0000 https://kurir.mk/?p=799483

Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ извести дека им била одбиена регистрација откако на 7 февруари до Агенцијата за регистрација во Благоевград ги доставиле основните документи на истоименото здружение. „Ова одбивање ќе го обжалиме пред судот“, се вели во пораката дистрибуирана до медиумите и потпишана од Атанас Мазнев. „Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ – Благоевград“ беше отворен по приватна иницијатива на крајот на октомври годинава, а неодамна беше скршен излогот на клубот и приведени четири лица во врска со инцидентот. Целите на здружението, декларирани од клубот, се: „културна комуникација меѓу народите и земјите од Балканот за мир и добрососедство, како и поддршка на универзалните човекови права, вклучително и правата на лицата кои припаѓаат на малцинствата“, се вели во пораката. „На 10 февруари добивме решение за одбивање на регистрацијата, што значи дека на нашето здружение му е ускратена легитимноста и е забранета, се вели во пораката. „Сметаме дека ова одбивање е непринципиелно. Во одбивањето е цитиран единствен правен текст – од Уставот на Република Бугарија – чл. 12, ст. 2, дека здруженијата на граѓани не можат да поставуваат политички цели и да вршат политички активности, кои ние, како што може да се види од горенаведените цели, не само што сме ги запазиле, туку дополнително сме напишале експлицитно во статутите кои нашето здружение ги нема за целта на вршење политичка дејност. Сепак, имаме одбивање за регистрација“, додаваат од таму.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarija-odbi-da-go-registrira-makedonskiot-klub-nikola-vaptsarov-najavena-zhalba/feed/ 0
Две жени и двајца мажи приведени за вандализмот врз македонскиот клуб во Благоевград https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dve-zheni-i-dvajtsa-mazhi-privedeni-za-vandalizmot-vrz-makedonskiot-klub-vo-blagoevgrad/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dve-zheni-i-dvajtsa-mazhi-privedeni-za-vandalizmot-vrz-makedonskiot-klub-vo-blagoevgrad/#respond Tue, 07 Feb 2023 18:47:15 +0000 https://kurir.mk/?p=797471

Двајца мажи и две жени се приведени од полицијата во Благоевград во врска со вандалскиот чин врз македонскиот културен центар „Никола Вапцаров“. Тие, како што пишуваат бугарските медиуми, го признале делото за кое се товарат. Приведените, како што пренесуваат бугарските медиуми, се на околу 40 годишна возраст и немаат криминално досие. Стаклото на влезот на македонскиот културен клуб во Благоевград беше искршено со камења вечерта на 4 февруари. (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dve-zheni-i-dvajtsa-mazhi-privedeni-za-vandalizmot-vrz-makedonskiot-klub-vo-blagoevgrad/feed/ 0
Каменуван македонскиот клуб во Благоевград https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kamenuvan-makedonskiot-klub-vo-blagoevgrad/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kamenuvan-makedonskiot-klub-vo-blagoevgrad/#respond Sun, 05 Feb 2023 09:37:20 +0000 https://kurir.mk/?p=796308

Искршени се стаклата на македонскиот клуб во Благоевград синоќа околу 21 часот, објавија бугарските медиуми. Настанот го потврди и бугарската полиција која извршила увид. Македонскиот клуб беше отворен во октомври минатата година, а ова не е првпат да биде оштетен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kamenuvan-makedonskiot-klub-vo-blagoevgrad/feed/ 0
Борислав Божинов од ОМО Илинден најавува отварање на приватен македонски клуб во село кај Пловдив https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/borislav-bozinov-od-omo-ilinden-najavuva-otvaranje-na-privaten-makedonski-klub-vo-selo-kaj-plovdiv/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/borislav-bozinov-od-omo-ilinden-najavuva-otvaranje-na-privaten-makedonski-klub-vo-selo-kaj-plovdiv/#respond Sun, 06 Nov 2022 13:47:51 +0000 https://kurir.mk/?p=756467

Македонците од Бугарија не се откажуваат од формирање на приватни македонски клубови, по затварањето на клубот „Никола Вапцаров“ во Благоевград. Борислав Божинов од ОМО Илинден најавува дека во неговиот двор, гаража од 30 метри квадратни во село Крумово на пет километри од Пловдив ќе го отвори приватeн клуб. Божинов заедно со Кирил Иванов од ОМО Илинден денеска присуствуваат на семакедонскиот собир во организација на Здружението на Македонците од егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип. – Решив да си отворам клуб во мојот двор, имам гаража голема е околу 30 метри квадратни и напролет ќе оворам приватен клуб и да немам врска со државата и ништо. Клубот ќе се вика „Јане Сандански“ или „Македонија“, се уште немаме решено како ќе се нарекува, вели Божинов. Тој посочува дека целта на отварањето на клубот е да се подигне самосвеста, како и признавање на Македонците во Бугарија и Пловдив. – Има многу бегалци од егејскиот дел на Македонија во Пловдив, цел кварт е, а нашите Македонци го крстиле „Мал Париз“, вели Божинов. Тој забележа дека бугарските власти знаат за неговите намери и како што вели, Македонци се следени во сите нивни активности, но тоа не го загрижува. Што се однесува за младите, Божинов вели дека младите не се запознати ниту со историјата и немаат сознание за нивните корени и национална припадност. – Токму поради тоа и сакам да го отворам клубот да им се врати самосвеста. Во Половдив, но и низ селата има околу 100.000 бегалци од егејска Македонија, додава Божинов. Кирил Иванов од „ОМО Илинден“ вели дека откако бугарскиот суд го затвори клубот „Никола Вапцаров“, кој беше отворен минатата недела во Благоевград под силно полициско обезбедување и провокации, сега ситуацијата е нормална. Иванов посочи дека борбата за нивните права во Бугарија ќе продолжи, како и досега, а прашан дали ќе формираат ново здружение и клуб во Благоевград изјави дека ќе одлучат што понатаму во вторник, кога имаат средба.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/borislav-bozinov-od-omo-ilinden-najavuva-otvaranje-na-privaten-makedonski-klub-vo-selo-kaj-plovdiv/feed/ 0
Вербален инцидент по отворањето на македонскиот клуб во Благоевград https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/verbalen-incident-po-otvoranjeto-na-makedonskiot-klub-vo-blagoevgrad/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/verbalen-incident-po-otvoranjeto-na-makedonskiot-klub-vo-blagoevgrad/#respond Sun, 30 Oct 2022 12:03:06 +0000 https://kurir.mk/?p=752658

Вербален инцидент се случи денеска во Благоевград меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и граѓанин кој носеше звучник од кој одекнуваа патриотски песни. Инцидентот се случи по отворањето на клубот кога гостите и домаќините се упатија кон споменикот на таткото на Гоце Делчев. Нарекувајќи го Мицкоски предавник, граѓанинот побара од него да зборува бугарски по што насобраните граѓани почнаа да извикуваат „Македонија, Македонија“. Денешното отворање на клубот се одржува со засилено полициско обезбедување и голем медиумски интерес. (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/verbalen-incident-po-otvoranjeto-na-makedonskiot-klub-vo-blagoevgrad/feed/ 0
Денеска во Благоевград се отвора македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-vo-blagoevgrad-se-otvora-makedonskiot-kulturen-klub-nikola-vapcarov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-vo-blagoevgrad-se-otvora-makedonskiot-kulturen-klub-nikola-vapcarov/#respond Sun, 30 Oct 2022 08:20:38 +0000 https://kurir.mk/?p=752556

Во Благоевград за денеска е закажано отворањето на македонскиот културен центар со името „Никола Вапцаров“. Од македонските претставници во име на претседателот Стево Пендаровски ќе присуствува генералниот секретар Миле Бошњаковски, а премиерот Димитар Ковачевски најави дека нема да присуствува. На отворањето на клубот присуство најавија и лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев, а ќе замине и делегација од Демократскиот сојуз. Од Кабинетот на претседателот Пендаровски во петокот информираа дека тој добил покана да присуствува на отворањето на клубот, но дека поради претходно закажани обврски нема да присуствува. -Со оглед на претходно преземените обврски, претседателот не е во можност лично да биде присутен во Благоевград, но, во негово име ќе присуствува генералниот секретар на Кабинетот на претседателот Миле Бошњаковски, информираа од Кабинетот на претседателот. Премиерот Димитар Ковачевски во четвртокот изјави дека нема да присуствува на отворањето на клубот „Никола Вапцаров“, но повтори дека треба да се поттикнуваат и поддржуваат клубови кои имаат цел да ги зближуваат државите и народите. – И претходно кажав дека како држава во Благоевград ќе отвориме македонски културен центар, каков што имаме во Софија. Министерството за култура веќе ги има подготвено потребните документи, треба да се стапи во контакт со бугарската Влада. Писмото за отворање на државниот културен центар ќе биде испратено пред Нова година и врз основа на процедурите, ќе отвориме македонски културен центар во Благоевград, каде што ќе присуствува и македонската Влада, рече Ковачевски. И вчера во изјава за медиумите Ковачевски го повтори својот став и додаде дека на бугарските институции е да проценат на кој начин е регистриран македонскиот клуб во Благоевград. -Во однос на тоа на кој начин е регистриран, останува на институциите на Бугарија да проценат, исто како што формирањето на бугарските клубови во нашата држава останува на оценка на нашите институции, рече Ковачевски, порачувајќи дека меѓу двете држави треба да се формираат организации и настани што ги зближуваат државите. На иста линија со Ковачевски е и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, кој рече дека нема да присуствува на отворањето на клубот „Никола Вапцаров“ во Благоевград, ниту, пак, дека ќе има владина делегација и делегација од СДСМ. – Ова е приватна иницијатива. Секој чекор во таа насока треба да придонесе за намалување на тензиите и отворање на можностите за соработка. Ќе видиме дали овој клуб ќе има таков ефект. Секој има право да си прави приватна иницијатива, но ние не сме должни да присуствуваме на отворањето на секоја иницијатива, рече Маричиќ за „Студио 10“ на ТВ24. Тој појасни дека се уште немаат информација кој стои зад иницијативата во Благоевград и што е нејзината цел и додаде дека подобро е институционално да се водат работите. И министерот за надворешни работи Бујар Османи во петокот на брифинг со новинарите во Скопје потврди дека нема да оди на отворањето на клубот, бидејќи смета дека ниту тој клуб, ниту пак бугарските што се отвораат тука им одат во корист на македонската заедница во Бугарија или на бугарската заедница во земјава. Османи смета дека како што отворањето на клубовите во Охрид и Битола, така и отворањето на клубот во Благоевград, не е во функција на добрососедските односи меѓу двете држави. Додаде дека ова негово мислење, било поткрепено и со податокот, кој го финансира клубот во Благоевград и дека тој факт го доведува до заклучок дека тој процес не може да биде во функција на промовирање на македонската заедница, на интересите на граѓаните Македонци таму, на односите меѓу двете држави, на добрососедството. -Кога дознав кој го финансира клубот ми беше јасно. Тоа е фондација од Канада, која има и своја веб-страница и доколку ги гледате позициите кон државата, кон стратешките интереси на државата ќе видите дека не е во функција на тие стратешки интетреси и не очекувам дека ќе биде во функција на граѓаните и на односите меѓу двете земји. Фактот што финансиер на тој клуб е тоа здружение за мене е доволен факт дека оваа иницијатива нема добра намера, рече Османи. На изјавата на Османи реагираше ОМО Илинден Пирин, посочувајќи дека никој не крие кој стои зад културниот центар. Во објавата насловена „Отворена порака до Османи“, ОМО „Илинден“ – ПИРИН наведува дека било познато кој стои зад отворањето на Македонски културен клуб „Никола Вапцаров“ и дека тоа никој не го крие. – Тоа е на право место Друштво за заштита на основни човекови права во Благоевград, друштво кое повеќе пати ја истакнува својата поддршка за евроинтеграцијата на Македонија и за добрососедството меѓу Македонија и Бугарија, наведува организацијата во реакцијата на изјавата на Османи. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски најави дека ќе оди на отворањето во Благоевград за, како што вели, да им даде поддршка на Македонците во Бугарија, да ги охрабри дека нивната матична земја стои зад нив и дека партијата ќе ги штити нивните интереси. – Ние немаме антибугарско расположение, ние имаме промакедонско расположение. Очекувам да помине во духот на пријателството помеѓу двата народи македонскиот и бугарскиот. Одиме таму да ги поддржиме нашите во Бугарија, да дадеме поддршка како ВМРО-ДПМНЕ, јас како претседател на најголемата политичка партија, да ги охрабриме дека нивната матична држава Македонија стои позади нив и дека ќе ги брани и штити нивните интереси и дека ние како ВМРО-ДПМНЕ немаме намера да се откажеме од нашите браќа од таа страна на границата, рече Мицкоски во четвртокот. Коментирајќи ја одлуката на државниот врв да не присуствува на отварањето на македонскиот клуб во Бугарија, Мицкоски оцени дека нивното присуство би било одлична можност да се покаже национално единство. – Ова беше одлична можност државниот врв да дојде, за да покажеме национално единство. Да дојдат сите таму и да им дадеме поддршка на нашинците од пиринскиот дел на Македонија од Бугарија. Жалам што тие одлучуваат да слугуваат на туѓи интереси наместо на интерсите на својот народ. ВМРО-ДПМНЕ и јас ќе бидеме утре во Благоевград, рече Мицкоски. Заменик-министерот за надворешни работи и портпарол на Министерството за надворешни работи на Бугарија, Костадин Коџабашев, на редовниот брифинг во петокот изјави дека е очигледен обидот на опозициските македонски партии да провоцираат тензии во Софија и Скопје со отворање приватен клуб со името на Никола Вапцаров. Според Коџабашев, јасно е дека станува збор за оттргнување на вниманието на јавноста од борбата на Бугарите за права во Северна Македонија. – Физичко лице, кое се претставува како дел од непостоечка невладина организација, изнајмил приватен простор од друго физичко лице. Семејството на Никола Вапцаров е револтирано од употребата на името на поетот во ваквите провокации, не дало дозвола и го нагласува бугарското самоопределување на поетот, рече Коџабашев. Во пресрет на отворањето на македонскиот клуб, ВМРО – Бугарско национално движење најави протест. Советот на Општина Благоевград неодамна излезе со декларација со која се изразува противење на отворањето на Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во овој град, со оценка дека таквиот чин претставува провокација. – Категорично се спротивставуваме на антибугарската провокација за отворањето на т.н. Македонски културен клуб „Никола Вапцаров“ на територијата на Општина Благоевград, се наведува во Декларацијата, во која се додава дека „македонската нација е вештачки создадена од Коминтерната“. Потенцирајќи дека „Никола Јонков Вапцаров е бугарски поет“, општинските советници на Благоевград оценуваат дека формирањето на центар со неговото име во нивниот град претставува „груба провокација од нелегитимни организации“. – Сметаме дека сите дејствија за создавање на организација во која група луѓе се самоопределуваат како „малцинство“ во рамките на нашата национална држава се грубо кршење на Уставот и законите во Република Бугарија. Исто така, сметаме дека со ваквите провокативни дејствија грубо е прекршен Договорот за добрососедство и погазени се сите досегашни напори за подобрување на нашите односи со Република Северна Македонија и е попречен нејзиниот пат кон европска интеграција и членство во Европската унија, се наведува во Декларацијата. Веднаш потоа уследи реакција од македонското МНР, кое ги осуди „непримерните квалификации во содржината на Декларацијата на Советот на Општина Благоевград, што се однесуваат на македонскиот народ“. – Очигледно е дека ваквите декларации се во спротивност на интенцијата на двете влади за градење доверба меѓу народите на двете земји и со духот на Договорот за пријателство и добрососедство, чија основна цел е токму тоа, да промовира пријателство и меѓусебно почитување, се наведува во соопштението. Од МНР уште еднаш потенцираат оти интерес на двете држави и на сите граѓани е унапредување на добрососедството. – Во оваа насока ги охрабруваме и локалните власти, но и сите други здруженија и групации за посебен фокус кон активности кои создаваат пријателство, меѓугранична соработка, економска, културна и туристичка размена, соодветно на духот на европската соработка, стоеше во реакцијата на МНР. (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-vo-blagoevgrad-se-otvora-makedonskiot-kulturen-klub-nikola-vapcarov/feed/ 0
Мицкоски ќе биде во Благоевград да даде поддршка на Mакедонците од Бугарија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-kje-bide-utre-vo-blagoevgrad-da-dade-poddrshka-na-makedoncite-od-bugarija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-kje-bide-utre-vo-blagoevgrad-da-dade-poddrshka-na-makedoncite-od-bugarija/#respond Sat, 29 Oct 2022 11:21:27 +0000 https://kurir.mk/?p=752322

При денешната посета на општина Охрид претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р. Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на изјавите на Маричиќ, Стево Пендаровски и Димитар Ковачевски дека не чувствуваат потреба да одат на отворањето на македонскиот клуб во Бугарија и отсуството на државниот врв, изјави дека тоа е одлична можност да се покаже национално единство и грижа за македонскиот народ но жали што тие одлучиле да слугуваат на туѓи интереси, наместо на интересите на својот народ, а тој и ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат утре во Благоевград. „- оа беше одлична можност да покажеме единство, да дојдат сите таму, и да им дадеме поддршка на нашинците од Пиринскиот дел на Македонија, од Бугарија, јас ќе одам утре, на тој начин што мислам дека ќе значи тоа и за нашите, за повеќе самодоверба, поддршка плус од овде дека не забораваме, дека напротив, планираме и понатаму многу интензивно да ги поддржуваме нашите од таа страна на границата во соседна Бугарија, и тоа е одличен настан за да покажеме дека тоа што го зборуваме дека се грижиме за македонскиот народ, за македонскиот идентитет навистина се грижиме а не го зборуваме тоа само со празни зборови и реченици. Многумина гледам на јавната сцена сакаат да направат знак на равенство помеѓу тоа што го прават со отворање на бугарски клубови, кои што носат фашистички имиња и ова што го прават нашите Македонци во соседна Бугарија со името на Никола Јонков Вапцаров но тоа не е така, затоа што Вапцаров обединувал,поврзувал, спојувал, за разлика од да речеме случајот овдека во Охрид каде што јасно и недвосмислено, практично имаме локален клуб кој што носи име на соработник на нацистичкиот режим и фашистите за време на Втората Светска Војна. Уште еднаш ќе кажам и ќе повторам дека ова беше одлична можност државниот врв да дојде да покажеме национална единство, жалам што тие одлучуваат да слугуваат на туѓи интереси, наместо на интересите на својот народ но ВМРО-ДПМНЕ и јас ќе бидеме утре во Благоевград, нагласи Мицкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-kje-bide-utre-vo-blagoevgrad-da-dade-poddrshka-na-makedoncite-od-bugarija/feed/ 0
Демократски сојуз ќе испрати делегација на отворањето на македонскиот клуб во Благоевград https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/demokratski-sojuz-kje-isprati-delegacija-na-otvoranjeto-na-makedonskiot-klub-vo-blagoevgrad/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/demokratski-sojuz-kje-isprati-delegacija-na-otvoranjeto-na-makedonskiot-klub-vo-blagoevgrad/#respond Sat, 29 Oct 2022 08:24:05 +0000 https://kurir.mk/?p=752263

Делегација на Демократскиот сојуз утре ќе присуствува на отворањето на македонскиот културен клуб во Благоевград, Бугарија, соопштија од партијата. Демократскиот сојуз смета дека отворањето на овој прв македонски културен клуб во Бугарија, ќе биде добра основа за негување на културните особености на Македонците, како и подобрување на односите меѓу Македонија и Бугарија. Универзално демократско право претставува здружувањето, формирањето граѓански здруженија, културни центри, политички партии и други форми на меѓусебно поврзување, афирмирање на културните различности и меѓусебно почитување и разбирање. Демократскиот сојуз очекува топол прием од граѓаните на Благоеврад, велат оттаму. Во Благоевград ќе присуствува делегација на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од претседателот на партијата Христијан Мицкоски. Од владејачката СДСМ нема да има ниеден претседавник.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/demokratski-sojuz-kje-isprati-delegacija-na-otvoranjeto-na-makedonskiot-klub-vo-blagoevgrad/feed/ 0
„СРАМНО- Маричиќ дозволува бугарски клубови во Македонија со навредливи имиња, а македонскиот клуб во Благоевград го навредува и нарекува приватен настан“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sramno-marichikj-dozvoluva-bugarski-klubovi-vo-makedonija-so-navredlivi-iminja-a-makedonskiot-klub-vo-blagoevgrad-go-navreduva-i-narekuva-privaten-nastan/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sramno-marichikj-dozvoluva-bugarski-klubovi-vo-makedonija-so-navredlivi-iminja-a-makedonskiot-klub-vo-blagoevgrad-go-navreduva-i-narekuva-privaten-nastan/#respond Sat, 29 Oct 2022 07:54:37 +0000 https://kurir.mk/?p=752247

Бојан Маричиќ е последниот во низата функционери и министри, вклучувајќи го и Ковачевски кои не ги удостојуваат Македонците од Бугарија со присуство на отворањето на македонскиот клуб. Тие одат и чекор понатака па ги навредуваат. Изјавата на Маричиќ дека отворањето на македонски клуб во Благоевград е приватен настан и немаат должност да присуствуваат на отворањето е понижувачка, срамна и недостојна, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата велат дека ова покажува дека оваа влада на СДС води поданичка и предавничка политика. Ваквата изјава на Маричиќ покажува дека освен дезертерот Ковачевски, дезертери се и сите останати министри во неговата влада. - Притоа овој македонски клуб во Благоевград носи име на големиот писател и деец Никола Вапцаров, и во никој случај не е навредлив кон Бугарија како што се навредливи имињата Ванчо Михајлов и Цар Борис кои се користат во Македонија. Патем токму институциите на кои се повикува Маричиќ дозволија да се отворат бугарски клубови со вакви имиња во време кога Маричиќ го забрануваше името „Македонија“ за имиња на здруженија. Маричиќ, Ковачевски, Пендаровски и целиот антимакедонски СДС покажаа дека не се грижат за Македонците ниту во Македонија, ниту надвор од неа. Дома народот го пљачкаат и осиромашуваат, а надвор го игнорираат и го навредуваат. Маричиќ, Ковачевски и Пендаровски се платени да ги штитат и промовираат државните интереси, а не да ја доведуваат Македонија во подредена положба. За ова порано или покасно ќе ги стигне народната казна, се појаснува во партиското соопштение.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sramno-marichikj-dozvoluva-bugarski-klubovi-vo-makedonija-so-navredlivi-iminja-a-makedonskiot-klub-vo-blagoevgrad-go-navreduva-i-narekuva-privaten-nastan/feed/ 0
Османи: Треба да се провери кој стои зад македонскиот клуб во Благоевград https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-treba-da-se-proveri-koj-stoi-zad-makedonskiot-klub-vo-blagoevgrad/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-treba-da-se-proveri-koj-stoi-zad-makedonskiot-klub-vo-blagoevgrad/#respond Fri, 28 Oct 2022 05:39:14 +0000 https://kurir.mk/?p=751554

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, за БТВ изјави дека треба да се види кој стои зад отворањето на македонскиот клуб во Благоевград, но и во Македонија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Османи, тоа треба да се провери, внимавајќи на чувствителноста на билатералните односи и да се види дали навистина има добронамерност или се дел од туѓа агенда. ВМРО во Бугарија најави дека во недела ќе организира протест во Благоевград, а воедно се очекува навивачите на фудбалскиот тим „Пирин“ да прослават 100 години од неговото формирање. Полицијата во Благоевград презема мерки за да спречи ескалација на овие настани, најави полицискиот комесар во градот Димитар Ичев. Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ од Благоевград го најави свеченото отварање за 30 октомври. Во поканата стои дека клубот има за цел да ја развива македонската традиционална и модерна култура, да гради културен мост меѓу Бугарија и Македонија, и да ги зајакне врските меѓу Македонците во Бугарија и Македонците ширум светот. Клубот „Никола Вапцаров“ основан е од Иницијативен комитет, во чиј состав е и Здружението за „Заштита на основните индивидуални човекови права“, регистрирано во согласност со бугарскиот закон.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-treba-da-se-proveri-koj-stoi-zad-makedonskiot-klub-vo-blagoevgrad/feed/ 0