македонски кошаркар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 18 Jul 2023 13:06:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png македонски кошаркар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Македонски кошаркар ја покри „Северна“ пред тимската фотографија (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/makedonski-kosharkar-ja-pokri-severna-pred-timskata-fotografija-video/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/makedonski-kosharkar-ja-pokri-severna-pred-timskata-fotografija-video/#respond Tue, 18 Jul 2023 13:06:02 +0000 https://kurir.mk/?p=857751

Maкедонската млада кошаркарска репрезентација заврши го освои сребрениот медал на Европското првенство во „Б“ дивизијата. Во финалето македонските кошаркари беа поразени од Чешка, но и така направија голем успех обезбедувајќи пласман на главното Европско првенство во елитната конкуренција. Интересно видео по освојувањето на второто место се појави на социјалните мрежи, а во кое во центарот на вниманието беше кошаркарот Тома Стојаноски. Пред групната фотографија, Стојаноски го прекри „Северна“ на дресовите и остави да се чита само Македонија со што ги собра симпатиите од јавноста.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/makedonski-kosharkar-ja-pokri-severna-pred-timskata-fotografija-video/feed/ 0
Барселона пријави 16-годишен џин од Македонија за мечевите од Евролигата (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/barselona-prijavi-16-godishen-dzin-od-makedonija-za-mechevite-od-evroligata-foto/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/barselona-prijavi-16-godishen-dzin-od-makedonija-za-mechevite-od-evroligata-foto/#respond Sat, 10 Oct 2020 14:05:14 +0000 https://kurir.mk/?p=414811

Дефинитивно најталентираниот македонски кошаркар во моментов, Теодор Симиќ (16 год., 214 см), сезонава би можел да дебитира во дресот на шпанскиот гигант Барселона и тоа во Евролигата, откако каталонскиот тим го регистрира за настап на средбите од најсилното клупско натпреварување во Европа, објавува Спорт1. Името на нашиот суперталентиран центар се најде во друштво на ѕвезди како Никола Миротиќ, Ник Калатес, Томас Ертел, со оглед што ја доби довербата на новиот предводник од клупата, поранешната европска играчка легенда, Шарунас Јасикевичиус. Симиќ е еден од четворицата кошаркари родени 2004 година, кои се на листата пријавени за евролигашките дуели, со најава дека би можеле да добијат шанса на некој од дуелите од регуларниот дел од сезоната. За наследникот на поранешниот македонски репрезентативец Тони Симиќ ова е прва директна конекција со најдобриот тим на Барселона, откако во претходниот период играше за младинските екипи на овој клуб. Тој и во иднина ќе игра за помладите категории и тоа најчесто со две или три години повозрасни противници, но воопшто нема да биде изненадување ако во скоро време го облече и дресот на сениорскиот тим на гигантот од Каталонија. Но, Симиќ јуниор да дебитира дури и на следниот дуел на Барса нема да биде најмладиот Македонец во Евролигата. Тоа и понатаму ќе остане Александар Угриновски, поранешен кошаркар на Цибона, кој има и хрватски пасош и кој првиот настап во најсилното клупско натпреварување го имаше во 2004 гоидина со 15 години и 266 дена. Тој дури 15 години го имаше епитетот најмлад дебитант во историјата на Евролигата, по што беше „детронизиран“ лани во февруари од Црногорецот Федор Жугиќ, кој со 15 години и 157 дена настапи во дресот на Будуќност.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/barselona-prijavi-16-godishen-dzin-od-makedonija-za-mechevite-od-evroligata-foto/feed/ 0