македонски кошаркари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 15 Sep 2023 15:01:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png македонски кошаркари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пад од шест места на македонските кошаркари на ФИБА рангирањето https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/pad-od-shest-mesta-na-makedonskite-kosharkari-na-fiba-rangiraneto/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/pad-od-shest-mesta-na-makedonskite-kosharkari-na-fiba-rangiraneto/#respond Fri, 15 Sep 2023 15:01:02 +0000 https://kurir.mk/?p=878466

Македонската машка кошаркарска репрезентација се спушти шест места на најновата ранг-листа која денеска ја објави Светската кошаркарска федерација (ФИБА). Со 187.4 поени, македонските кошаркари на најновиот ФИБА ранкинг се на 59. место во светски и на 30 место во европски рамки. Ранг-листата која ФИБА ја објави пет денови по завршувањето на Светското првенство ја предводи американската репрезентација, иако остана без мундијалски медал и се пласираше на четвртото место со три порази. Шпанија се симна на второто место, додека новиот светски првак Германија скокна осум позиции и прв пат во историјата е меѓу Топ 3 на ФИБА ранг-листата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/pad-od-shest-mesta-na-makedonskite-kosharkari-na-fiba-rangiraneto/feed/ 0
У20: Македонските кошаркари без полуфинале на ЕП https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/u20-makedonskite-kosharkari-bez-polufinale-na-ep/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/u20-makedonskite-kosharkari-bez-polufinale-na-ep/#respond Fri, 22 Jul 2022 13:32:01 +0000 https://kurir.mk/?p=708987

Македонската кошаркарска репрезентација до 20 години не успеа да се пласира во полуфиналето на Европското првенство „Б“ Дивизија, откако попладнево во Тбилиси загуби од Естонија со 81-59. Естонците, кои во групната фаза имаа максимален ефект од четири победи, ја оправдаа фаворитската улога во четвртфиналната пресметка со „црвено – жолтите“ и во текот на целиот натпревар го контролираа резултатот. Избраниците на македонскиот селектор Никола Василев заминаа на полувреме со негатива од десет поени (43-33), а беа немоќни да направат резултатски пресврт во продолжението. Репрезентацијата на Естонија континуирано ја зголемуваше предноста во третата и четвртата четвртина и на крајот со убедлив триумф над Македонија обезбеди полуфинале на ЕП во Грузија. За македонските кошаркари на турнирот во Тбилиси преостанува да разигруваат за пласман од 5 до 8 место. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/u20-makedonskite-kosharkari-bez-polufinale-na-ep/feed/ 0
У14: Втор триумф на македонските кошаркари на турнирот во Романија https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/u14-vtor-triumf-na-makedonskite-kosharkari-na-turnirot-vo-romanija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/u14-vtor-triumf-na-makedonskite-kosharkari-na-turnirot-vo-romanija/#respond Mon, 30 May 2022 14:29:41 +0000 https://kurir.mk/?p=683722

Македонската машка кошаркарска репрезентација до 14 години ја забележа втората победа на меѓународниот турнир во романскиот град Плоешти, совладувајќи го денеска Косово со 77-68. По триумфот над Турција во второто коло, македонските кошаркарски надежи одиграа уште еден квалитетен натпревар и на полувреме имаа солидна предност од 40-29. Косово го доби третиот период со 22-18, за да намали на 51-56, но „црвено – жолтите“ беа подобри во финишот во кој ја одбранија предноста и стигнаа до втората победа на собирот во Романија. Ѓорѓевиќ беше најефикасен во македонските редови со 20. поени, додавајќи и осум скокови, додека Цветковски постигна 17 кошеви. Претходно денеска, македонската женска репрезентација до 14 години загуби од Косово со 63-22.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/u14-vtor-triumf-na-makedonskite-kosharkari-na-turnirot-vo-romanija/feed/ 0
Шпанија пресилна за македонските кошаркари https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/shpanija-presilna-za-makedonskite-kosharkari/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/shpanija-presilna-za-makedonskite-kosharkari/#respond Fri, 26 Nov 2021 20:36:22 +0000 https://kurir.mk/?p=600393

Македонската кошаркарска репрезентација загуби вечерва во Скопје од Шпанија со 65:94 (14:21,16:20, 17:29, 18:24) во воведниот натпревар од квалификациите за пласман на Светското првенство во 2023 година. Подмладениот состав на селекторот Драган Бајиќ му пружи достоен отпор на светскиот првак во воведните две четвртини, заминувајќи на полувреме со негатива од 11 поени разлика (31:40). Со агресивна игра во третата четвртина Шпанија го скрши отпорот на македонските кошаркари и ја сведе на ревијален карактер завршницата на дуелот во салата „Јане Сандански“. Најефикасен во македонските редови беше 17-годишниот Теодор Симиќ со 18 поени, додека Џејкоб Вајли запиша 10 поени зад своето име, додавајќи и пет скокови. Следен противник на македонските кошаркари, в понеделник од 18 часот во Киев е репрезентацијата на Украина, која претходно вечерва во воведниот натпревар од групата Г загуби на гостувањето во Грузија со 88:83. (МИА)  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/shpanija-presilna-za-makedonskite-kosharkari/feed/ 0
Македонските кошаркари претпоследни на Челенџерот во Скопје https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/makedonskite-kosharkari-pretposledni-na-chelendzerot-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/makedonskite-kosharkari-pretposledni-na-chelendzerot-vo-skopje/#respond Mon, 09 Aug 2021 06:48:23 +0000 https://kurir.mk/?p=548187

Македонската кошаркарска репрезентација до 18 години со четири порази и само една победа, на претпоследното, 5. место го заврши ФИБА Челенџер турнирот во Скопје. „Црвено-жолтите“ синоќа во последното коло загубија од Германија со 97:79. За најкорисен играч (МВП) на турнирот во СРЦ „Кале“ е прогласен кошаркарот на Шпанија, Жорди Стегермајер Родригез. Шпанската селекција со максимални пет победи заврши на првата позиција, пред Србија која имаше биланс 4-1 и Германија со ефект 3-2 (победи-порази). ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/makedonskite-kosharkari-pretposledni-na-chelendzerot-vo-skopje/feed/ 0
Македонските кошаркари против Швајцарија и Словачка ги почнуваат квалификациите за СП https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/makedonskite-kosharkari-protiv-shvajcarija-i-slovachka-gi-pochnuvaat-kvalifikaciite-za-sp/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/makedonskite-kosharkari-protiv-shvajcarija-i-slovachka-gi-pochnuvaat-kvalifikaciite-za-sp/#respond Wed, 28 Apr 2021 17:56:39 +0000 https://kurir.mk/?p=503455

Репрезентациите на Швајцарија и Словачка ќе им бидат противници на македонските кошаркари во претквалификациите за пласман на Светското првенство (СП) во 2023 година, одлучено е попладнево со жрепка во седиштето на ФИБА во Берлин. Македонскиот состав играше против истите противници и во претквалификациите за Европското првенство 2022, во кои два пати ја совладаа Словачка, а забележаа победа и пораз од Швајцарија. Пласман во мундијалските квалификации ќе обезбедат двете првопласирани репрезентации во четирите групи. Македонските кошаркари во претквалификациите ќе стартуваат со новоизбраниот селектор Драган Бајиќ, кој во првата реакција по извлекувањето на групите истакна дека „противниците заслужуваат респект“. – Она што можам да го кажам е дека селекцијата на Швајцарија заслужува максимален респект за она што го направи во оние последни квалификации за ЕП. Не е мала работа да се победи една велесила како Србија, макар и во еден комбиниран состав. Тоа треба да ни биде одредница како да се поставиме во августовските натпревари. Словачка го има Кајл Кјурик, еден од носителите на играта на Барселона. Да не заборавиме на Бродзијански, еден исто така одличен играч кој игра заедно со Нено Димитријевиќ во шпанскиот Хувентуд. Но сепак, тоа се само некои првични информации. Имаме време за целосни анализи на ривалите, изјави Бајиќ за официјалниот сајт на Македонската кошаркарска федерација. – Ние мора да изградиме едно високо ниво на самодоверба. Само така можеме да ги минуваме пречките кои стојат на нашиот пат. Почнувајќи уште од првиот собир, таму некаде во текот на летото. Само да бидеме живи и здрави, се ќе биде како што треба, додаде новиот предводник на македонската кошаркарска репрезентација.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/makedonskite-kosharkari-protiv-shvajcarija-i-slovachka-gi-pochnuvaat-kvalifikaciite-za-sp/feed/ 0
Македонските кошаркари од идната недела со нов селектор https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/makedonskite-kosharkari-od-idnata-nedela-so-nov-selektor/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/makedonskite-kosharkari-od-idnata-nedela-so-nov-selektor/#respond Fri, 16 Apr 2021 16:14:57 +0000 https://kurir.mk/?p=498239

Смена на селекторското место најави денеска Македонската кошаркарска федерација, закажувајќи прес – конференција за почетокот на идната недела на која ќе се обелодени името на новиот предводник на националниот тим. -На прес-конференција на 19 април на терасата на хотелот „Солун-СПА Супериор“ ќе биде претставен новиот селектор на машката сениорска репрезентација, се наведува во краткото соопштение на Кошаркарската федерација до медиумите. Новиот селектор ќе дојде на местото на Александар Тодоров, кој седна на клупата на крајот од декември 2019 година и имаше неуспешен квалификациски циклус за пласман на Европското првенство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/makedonskite-kosharkari-od-idnata-nedela-so-nov-selektor/feed/ 0
Скок од едно место на македонските кошаркари на европската ФИБА ранг-листа https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/skok-od-edno-mesto-na-makedonskite-kosharkari-na-evropskata-fiba-rang-lista/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/skok-od-edno-mesto-na-makedonskite-kosharkari-na-evropskata-fiba-rang-lista/#respond Tue, 02 Mar 2021 15:45:34 +0000 https://kurir.mk/?p=476175

Македонската кошаркарска репрезентација се искачи едно место погоре и се наоѓа на 29. позиција на најновата европска ранг-листа што денеска ја објави Меѓународната кошаркарска асоцијација (ФИБА). На светската ранг – листа, македонските кошаркари се на 52 место со 211.7 бодови. Селекцијата на САД со 781.8 рејтинг бодови остана на водечкото место во поредокот на ФИБА, пред Шпанија (721.3), Австралија (667), Аргентина (662.4) и Србија (662).]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/skok-od-edno-mesto-na-makedonskite-kosharkari-na-evropskata-fiba-rang-lista/feed/ 0
Македонските кошаркари останаа на 53-то место на ФИБА ранг-листата https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/makedonskite-kosharkari-ostanaa-na-53-to-mesto-na-fiba-rang-listata/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/makedonskite-kosharkari-ostanaa-na-53-to-mesto-na-fiba-rang-listata/#respond Wed, 09 Dec 2020 19:00:49 +0000 https://kurir.mk/?p=441094

Македонската кошаркарска репрезентација остана на 53. место на најновата ранг-листа на Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА), објавена денеска. Меѓу европските репрезентации, македонските кошаркари останаа на 29. место. Единствената промена на најновата ранг-листа на ФИБА меѓу првите 15 репрезентации е замената на местата меѓу Русија и Чешка. Русите се вратија во Топ 10 и сега се деветопласирани, додека Чесите паднаа на 11. место по поразите од Данска и Белгија во квалификациите за пласман на Европското првенство 2022. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/makedonskite-kosharkari-ostanaa-na-53-to-mesto-na-fiba-rang-listata/feed/ 0
Тестовите на македонските кошаркари и стручниот штаб негативни https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/testovite-na-makedonskite-kosharkari-i-struchniot-shtab-negativni/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/testovite-na-makedonskite-kosharkari-i-struchniot-shtab-negativni/#respond Fri, 20 Nov 2020 12:49:04 +0000 https://kurir.mk/?p=432212

Здравствената комисија на Кошаркарската федерација на Македонија ги реализираше планираните тестирања за коронавирусот, кои беа неопходни за „влез“ во периодот на подготовките за настап на македонскиот национален тим на квалификацискиот турнир во Талин. Беа тестирани сите репрезентативни кандидати, вклучително и стручниот штаб, кои во овој момент се во Скопје. Сите добија негативен наод од лекарскиот тим на федерацијата. На конечниот список на играчи кои вечерва од 18 часот, во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ во Скопје треба да го одработат ги нема имињата на Андреј Андоновски, кој пријави повреда на скочниот зглоб, заработена на последниот тренинг на МЗТ Скопје Уни Банка, и Јетмир Зекири, од приватни причини. Откако беа уредно тестирани и сите добија негативен наод, следниве играчи треба да се јават на првиот собир на нашиот сениорски национален тим: Љубомир Младеновски (Работнички) Виктор Ефремоски (Работнички) Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром) Андреј Магдевски (МЗТ Скопје Аеродром) Филип Бакоч (МЗТ Скопје Аеродром) Кристијан Николов (МЗТ Скопје Аеродром) Марко Симоновски (Кожув) Андреј Митревски (ТФТ) Дамјан Робев (Куманово) Бојан Трајковски (Пелистер) Лука Савиќевиќ (МЗТ Скопје Уни Банка) Леонид Тодоровски (МЗТ Скопје Уни Банка). ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/testovite-na-makedonskite-kosharkari-i-struchniot-shtab-negativni/feed/ 0