македонски кошаркарски шампионат – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 19 Aug 2023 05:03:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png македонски кошаркарски шампионат – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Македонската кошаркарска сцена ќе стартува на 23 септември https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/makedonskata-kosharkarska-stsena-ke-startuva-na-23-septemvri/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/makedonskata-kosharkarska-stsena-ke-startuva-na-23-septemvri/#respond Sat, 19 Aug 2023 05:03:42 +0000 https://kurir.mk/?p=868616

Македонската клупска кошаркарска сезона ќе почне на 23 септември со Суперкупот „Драган Василов-Цевка“ помеѓу МЗТ Скопје и Феникс, додека првенството ќе стартува четири дена подоцна со речиси идентичен систем како и во минатиот шампионат, со мали промени во плејофот. Прво што паѓа во очи е фактот што втора година по ред нема да се игра суперлигашкиот дел од првенството, а причина за ова повторно е настапот на три македонски екипи во АБА2 (МЗТ, Пелистер и ТФТ), како и на Работнички и Феникс во квалификациите за ФИБА Еврокупот, што создава проблеми при креирањето на календарот. Главната промена е во делот на доигрувањето, каде што и годинава ќе се пласираат најдобрите осум тима. Четвртфиналните и полуфиналните дуели од оваа сезона наместо во два ќе се играат во три добиени средби односно наместо максималните три натпревари овој пат ќе има можност екипите во овие фази да играат до пет средби. Финалето останува како и до сега односно до три добиени меча. Секоја од трите плејоф-фази ќе се игра според принципот 2-2-1, што значи по два домашни меча прво кај подобропласираниот прволигаш, каде што би се играла и евентуалната „мајсторка“. Според предложениот календар, сезонава најдоцна би завршила на 2 јуни, во ситуација кога би се искористиле сите термини во секоја од трите фази во доигрувањето. Титулата ја брани тимот на МЗТ Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/makedonskata-kosharkarska-stsena-ke-startuva-na-23-septemvri/feed/ 0
МЗТ Скопје ја освои Гевгелија за полуфинале, ТФТ и Феникс ќе играат „мајсторки“ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/mzt-skopje-ja-osvoi-gevgelija-za-polufinale-tft-i-feniks-ke-igraat-majstorki/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/mzt-skopje-ja-osvoi-gevgelija-za-polufinale-tft-i-feniks-ke-igraat-majstorki/#respond Thu, 04 May 2023 04:23:43 +0000 https://kurir.mk/?p=830350

Кошаркарите на МЗТ Скопје ја добија и втората пресметка со Кожув и на тој начин обезбедија пласман во полуфиналето на плејофот во најсилниот домашен шампионат. Бранителот на трофејот славеше во Гевгелија со 95-81 и тоа во дуел во кој блескаа македонските репрезентативци Крстевски и Стојановски кои заедно искомбинираа 48 поени. Двоцифрен учинок имаше Дамјан (13) и Кук (12), додека кај Кожув стандардно најефикасен беше Гордон со 21 кош. „Мајсторки“ пак ќе гледаме на битките Еуро Никел-ТФТ и Феникс 2010-Пелистер. Клубот од Тафталиџе го врати брејкот, славеше во Кавадарци со 76-72 со што си обезбеди уште еден меч во серијата и тоа на домашен паркет. Феникс пак го изненади Пелистер и без улугите на ветеранот Трајковски. Скопската екипа триумфираше со 83-81 по шо сега ќе се игра одлучувачка трета пресметка во Битола.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/mzt-skopje-ja-osvoi-gevgelija-za-polufinale-tft-i-feniks-ke-igraat-majstorki/feed/ 0
Познати четвртфиналните парови во македонскиот кошаркарски шампионат https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/poznati-chetvrtfinalnite-parovi-vo-makedonskiot-kosharkarski-shampionat/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/poznati-chetvrtfinalnite-parovi-vo-makedonskiot-kosharkarski-shampionat/#respond Sat, 22 Apr 2023 19:23:08 +0000 https://kurir.mk/?p=826496

Со завршувањето на натпреварот во Гостивар, каде што домашната екипа извојува сигурна победа над Феникс, се дефинираа паровите пред почетокот на плеј-офот, а со тоа и сите четвртфинални парови во разигрувањето за титулата. Шампионот МЗТ Скопје, со вечерашниот триумф над Пелистер само ја потврди лидерската позиција и во првото коло од елиминационата фаза ќе се сретне со Кожув, кој во последното коло го изенади Работнички во Скопје. Второпласираниот Пелистер ќе има шанса да му се реваншира на Феникс за поразот во полуфиналето од Купот на Македонија, додека ТФТ Моцарт во четвртфиналето го чека борба со Еуро Никел. Последниот четвртфинален пар го сочинуваат екипите на Работнички и Гостивар. Прва лига 2022/23, плеј-оф Четвртфинале:  МЗТ Скопје Аеродром - Кожув Пелистер - Феникс 2010 ТФТ Моцарт - Еуро Никел 2005 Гостивар – Работнички Плеј-офот во Првата лига започнува следниот викенд, а во полуфиналето ќе се пласираат екипите кои што први ќе стигнат до две победи. Бранител на титулата е МЗТ Скопје, кој во ланското финале беше поуспешен од Пелистер.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/poznati-chetvrtfinalnite-parovi-vo-makedonskiot-kosharkarski-shampionat/feed/ 0
Гостивар сигурен, Феникс го совлада Чаир https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/gostivar-siguren-feniks-go-sovlada-chair/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/gostivar-siguren-feniks-go-sovlada-chair/#respond Sat, 05 Nov 2022 21:32:44 +0000 https://kurir.mk/?p=756323

Кошаркарите на Гостивар сè уште не знаат за пораз во новата сезона во кошаркарската Прва лига, откако вечерва славеа со 93-83 против ФМП Академија, додека Феникс 2010 на гости го совлада Чаир 2030 со 97-78.
Најдобар кај Гостивар во победата беше Корсантија со 28 постигнати поени, додека Ефремов постигна 23 поени. Феникс 2010 без многу мака славеше на гостувањето кај Чаир 2030 со 97-78, откако го најави својот триумф уште во првото полувреме, кое го доби со убедливи 53-30. Најефикасен во победата на Феникс беше Фалден со неверојатни 35 поени, додека 27 поени додаде Бекингам. Претходно се играше уште еден натпревар кој му припадна на Еуро Никел, кој славеше со 79-61 против Кожув.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/gostivar-siguren-feniks-go-sovlada-chair/feed/ 0