македонски народ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 25 Apr 2022 07:27:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png македонски народ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Владата на Ковачевски да внимава што прифаќа во преговорите со Бугарија, позициите на Бугарија водат кон асимилација на македонскиот народ“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-na-kovachevski-da-vnimava-shto-prifakja-vo-pregovorite-so-bugarija-poziciite-na-bugarija-vodat-kon-asimilacija-na-makedonskiot-narod/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-na-kovachevski-da-vnimava-shto-prifakja-vo-pregovorite-so-bugarija-poziciite-na-bugarija-vodat-kon-asimilacija-na-makedonskiot-narod/#respond Mon, 25 Apr 2022 07:27:19 +0000 https://kurir.mk/?p=667518

Додека Ковачевски и Османи се кријат и бегаат да одговорат за преговорите со Бугарија со Собранието и пред граѓаните, повторно македонската јавност дознава детали за преговорите од Бугарија и Петков. Иста надворешна политика по урнекот на Зоран Заев, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Токму тоа што го предупредувавме изминатиот период дека ветото од страна на Бугарија, и покрај сите порази кои ги доживеавме, нема да биде кренато, туку како што вели Петков поместено, додека не се прифатат сите барања од Софија. Со овие позиции, Бугарија сака ние да бидеме асимилирани и целосно да ги прифатиме сите нивни барања кои се вклучени во Резолуцијата изгласана во 2019-та година изгласана од бугарскиот парламент. Доколку владата на Ковачевски стави потпис на документ во кои ќе бидат вклучени сите барања на Софија, можеби ќе се случи првата меѓувладина конференција, но никогаш нема да започнат преговорите на Македонија со ЕУ, додека ние како граѓани не се асимилираме и како Бугари влеземе во рамките на ЕУ. Молкот на Ковачевски за провокацијата на Бугарија со отворањето на културниот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола е само еден сегмент од политиката на свиткана кичма во надворешната политика. Затоа ја повикуваме владата да внимава што прифаќа во преговорите со Бугарија, воедно и да се охрабрат и излезат пред македонското Собрание и на граѓаните да соопштат што точно опфаќаат работите кои ги соопштува Петков. Потребно е национално единство и консензус во врска со македонските црвени линии во однос на преговорите со Бугарија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-na-kovachevski-da-vnimava-shto-prifakja-vo-pregovorite-so-bugarija-poziciite-na-bugarija-vodat-kon-asimilacija-na-makedonskiot-narod/feed/ 0
Димитров: Нема ниту еден историски доказ кој говори за постоењето на македонски народ, македонска држава и дека Самоил е македонски цар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrov-nema-nitu-eden-istoriski-dokaz-koj-govori-za-postoenjeto-na-makedonski-narod-makedonska-drzava-i-deka-samoil-e-makedonski-car/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrov-nema-nitu-eden-istoriski-dokaz-koj-govori-za-postoenjeto-na-makedonski-narod-makedonska-drzava-i-deka-samoil-e-makedonski-car/#respond Tue, 07 Dec 2021 10:24:34 +0000 https://kurir.mk/?p=605214

Политичарите се секогаш во движење кога станува збор за обострани односи. Историјата насекаде влијае, историјата дава аргументи, таа им помага на политичарите да ги разберат корените на современите проблеми, но историчарите не се тие кои ги одредуваат односите. Целата одговорност е на политичарите. Ова за БНТ го изјави копретседавачот на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања со Република Македнија, проф. Ангел Димитров. -Бугарската позиција е совршено јасна и таа е неранлива. Друго е прашањето колку добро е претставена и кој како сака да ја разбере, категоричен е проф.Димитров. Запрашан дали комуницираат со новите политички субјекти, Димитров вели: -Со политичари сега-не, особено со новите, но тие се зафатени со свои работи да се конституираат како идни одговорни фигури во државата. Според него, Македонија манифестира отсуство на желба да работат врз основа на историски принципи, на науката и на историјата. И додава дека нема ниту еден историски доказ кој говори за постоењето на македонски народ, македонска држава и дека Самоил е македонски цар. Запрашан за иднината на бугарско-македонската комисија, копретседавачот подвелкува дека колку и да изгледа неплодна, таа го привлекува општественото внимание во двете држави. -Прашањето ги интересира луѓето, тие читаат. Комисијата е индикатор за состојбата во обостраните односи, изјави Димитров.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrov-nema-nitu-eden-istoriski-dokaz-koj-govori-za-postoenjeto-na-makedonski-narod-makedonska-drzava-i-deka-samoil-e-makedonski-car/feed/ 0
Коцарев од МАНУ: Македонскиот народ мора да биде мудар во своите одлуки, Бугарија не може да донесува одлуки на своја рака https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kocarev-od-manu-makedonskiot-narod-mora-da-bide-mudar-vo-svoite-odluki-bugarija-ne-moze-da-donesuva-odluki-na-svoja-raka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kocarev-od-manu-makedonskiot-narod-mora-da-bide-mudar-vo-svoite-odluki-bugarija-ne-moze-da-donesuva-odluki-na-svoja-raka/#respond Tue, 01 Dec 2020 17:55:20 +0000 https://kurir.mk/?p=437136

Во денешното издание на дебатната емисија "Што не е јасно" на Алфа ТВ гостуваше претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев кој се осврна на проблемите околу договорот со Република Бугарија, како и за актуелните политички случувања. Коцарев потенцираше дека проблемот со Бугарија не е моментален и не е нов, туку тој датира од многу порано и со секое негово појавување и активирање, само се раздлабочува проблемот и зајадливоста помеѓу Македонија и Бугарија. Тој исто така посочи на тоа дека не е во ред и после долги години бугарскиот народ, односно Бугарите да ја блокираат Македонија на патот кон ЕУ, бидејќи некои работи се разрешени многу одамна и нема потреба повторно да се отвораат. Според Коцарев, ваквото однесување од страна на Бугарија не е на своја рака, односно тој вели дека големите сили имаат голем удел во делувањето на бугарската дипломатија. Коцарев додаде дека ваквите потези се синоним на висока политика која не ја креираат Македонија и Бугарија, туку некој од повисоки инстанци. Самото такво делување потврдува дека Бугарија не е толку силна како што се претставува, односно дека таа не се прашува всушност за ништо. -Македонија е пред многу предизвици. Ќе мора да се носи и со надворешните притисоци, но и со внатрешните. Мора да се направи регионална и глобална анализа. Според мене сме доволно спремни да го изменаџираме периодот кој следи, се со цел да не се наштети на Македонија. Факт е дека помалите земји немаат право да се мешаат во креирањето на високите политики, особено не кога во игра се гиганти од типот на Америка, Кина и Русија. Но, ќе се бориме колку што ќе ни се дозволи, вели Коцарев. Македонија има голем проблем со здравствената и економската криза и во моментов мора да се посвети најмногу на тоа. Глобалните проблеми се нешто што не смее да се одмине, но сепак ситуацијата ни налага прво да си помогнеме внатре кај нас. Прашањето со Бугарија нема да се затвори со само еден договор или пак да не се затвори поради тоа што во моментов ситуацијата таква каква што е. Прашањето за Македонија и Македонците е големо и тоа ќе трае и понатака, но најважно е македонскиот народ да биде спремен и мудар во одлуките во иднина, заврши Коцарев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kocarev-od-manu-makedonskiot-narod-mora-da-bide-mudar-vo-svoite-odluki-bugarija-ne-moze-da-donesuva-odluki-na-svoja-raka/feed/ 0
Заев потврди дека преку историски фалсификати ги продава македонскиот идентитет и јазик https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-potvrdi-deka-preku-istoriski-falsifikati-gi-prodava-makedonskiot-identitet-i-jazik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-potvrdi-deka-preku-istoriski-falsifikati-gi-prodava-makedonskiot-identitet-i-jazik/#respond Thu, 26 Nov 2020 12:45:48 +0000 https://kurir.mk/?p=434797

Премиерот Зоран Заев го потврди тоа од што се плашеше целиот македонски народ, а тоа е откажување од корените на македонскиот идентитет и јазик. Во неговото интервју за бугарската агенција БГНЕС, тој практично даде потврда дека ги прифаќа сите барања од бугарскиот меморандум, кои целосно ќе го редефинираат идентитетот вклучително историјата и јазикот. Иако не е поткрепен врз база на научни аргументи, туку едноставно на желби, сепак тоа не е проблем за премиерот Заев, да прифати се што му е наметнато, без разлика што со тоа се поткопува нашето постоење и тоа кои сме и што сме како македонски народ и држава. Со овие ревизионистички и релативизаторски ставови се негира македонската историја, антифашистичката борба на нашите дедовци и татковци, кодифицирањето на македонскиот јазик и нашата национална свест. Но да одиме со ред. Класична манипулација е реченицата дека Бугарија прифаќа македонски јазик и македонски народ. Бугарија е јасна по ова прашање, односно таа ги признава постоењето на македонскиот народ и јазик само после 1944 година, кога вели дека се создадени на вештачки начин, додека претходно тие наводно имале бугарски карактер. Друга манипулација е општата или заедничка историја за која зборува премиерот Зоран Заев, бидејќи Бугарија ја толкува дека македонската и припаѓа на бугарската. Под маската „заедничка историја“ се прифаќа дека македонската историја до 1944 година и припаѓа на бугарската. Затоа е погрешна е изјавата на Заев дека Гоце Делчев е заеднички или дека некои се чувствувале како Бугарија. Историските прашања се јасно дефинирани и тие се толкуваат според периодот на кој му припаѓаат, а никако од со очите на денешницата. Гоце Делчев е најголемиот македонски револуционер, идеологот на македонската борба за државност и самостојност околу кого е граден македонскиот современ идентитет, секое задирање по него е задирање во нашите корени. Уште една манипулација дефинирањето на Заев за јазикот, за кој не прави разлика помеѓу дијалект и официјален јазик. Преку таа манипулација Заев само го прифаќа бугарското барање дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот и дека како посебен постои само после 1944 година. Понатаму, тоа што ги ужасна сите е дека Заев самиот си зема улога на ревизионист и ја негира и менува и фалсификува општо прифатената светска историја. Ќе менувал табли, ќе менувал учебници дека Бугарите не биле во втората војна фашист па вели дека имало некоја администрација која на почетокот била фашистичка, но веднаш се приклучиле на антифашистичката борба. Таа „администрација“ за која зборува Заев ја окупирала Македонија во Втората светска војна и ги извршила најголемите злосторства врз македонскиот народ. Во борбата против таа „администрација“ гинеле нашите предци, борејќи се за слобода на својот дом и за создавање на сопствената држава која и денес ја имаме. Таа „администрација“ испратила 7200 македонски Евреи во логорите на смртта. Официјалната бугарска држава го потпишала Тројниот пакт со Хитлер, официјално била дел од фашистичката страна и таму останала речиси се до крајот на војната, односно до моментот кога во септември 1944 година, Црвената армија се нашла во Софија и практично не им дала друг избор. Но септември 1944 година, не е почетокот на војната, туку крајот. Исто така се манипулира и со учеството во ослободувањето, затоа што јасно се знае дека генерал Михајло Апостолски не дозволил бугарската војска да влезе во градот. Овој став на Заев за војната ги изедначува Кузман Јосифоски Питу, Михајло Апостолски и Методија Андонов Ченто со оние против кои се бореле, што е запрепастувачки, ако се земе фактот дека токму Кузман Јосифоски или вториот Гоце Делчев како што го нарекувале бил убиен од бугарски војник. Дури и самата Германија ја прифаќа историската вистина за втората светска војна и никогаш не ја негирала самата се има и извинето, но Заев подлегнува на притисоците на Бугарија кои ја негираат таа историска вистина, особено не кога во Македонија се уште има живи сведоци од војната. Запрепастувачки е и делот дека Македонија нема малцински претензии во Бугарија и дека нема да се меша во внатрешните работи на Бугарија, со што сака да укаже дека за него не постои македонско малцинство во Бугарија, и се согласува со бугарската држава. Тоа е многу страшно особено во 21 век, да се погазува слободата на самоопределување, но и да се негираат Македонците кои и во Судот за човекови права во Стразбур го добија спорот со Бугарија. Овие ставови само го потврдуваа тоа кое подолг период се зборува во македонската јавност дека работите кои Бугарија ги бара, биле ветени од премиерот Заев уште одамна додека беше во опозиција. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на повеќе наврати посочи дека Заев не само што тоа Заев го има ветено претходно, туку оваа година има ветено дека ќе се потпише и нов документ или анекс на Договорот со Бугарија. Бидејќи ова е прашање од највисок национален и државен интерес се бара и државен консензус од кој бега власта на премиерот Заев. Но со државен став ќе се дефинираат црвените линии на Македонија, а со тоа Заев ќе нема да може да ги исполни бугарските барања.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-potvrdi-deka-preku-istoriski-falsifikati-gi-prodava-makedonskiot-identitet-i-jazik/feed/ 0
Честит 11 Октомври – Македонија го одбележува денот на народното востание на македонскиот народ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/chestit-11-oktomvri-makedonija-go-odbelezuva-denot-na-narodnoto-vostanie-na-makedonskiot-narod/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/chestit-11-oktomvri-makedonija-go-odbelezuva-denot-na-narodnoto-vostanie-na-makedonskiot-narod/#respond Sun, 11 Oct 2020 06:56:53 +0000 https://kurir.mk/?p=414921

Денеска се одбележува 11 Октомври, Денот на народното востание. Македонија одбележува 79 години од почетокот на антифашистичкото востание. Организираното востание на македонскиот народ против бугарскиот, италијанскиот и германскиот окупатор за ослободување на земјата започнало на 11 Октомври 1941, кога Првиот прилепски партизански одред ја нападнал бугарската полициска станица Участок и телефонско-телеграфската мрежа во Прилеп. Во нападот учествувале 16 партизани, распределени во три групи. Ослободителните дејствија продолжиле на 12 октомври во Куманово каде во областа Студена вода бил формиран Кумановскиот (Козјачки) партизански одред, а во областа Менкова колиба Карадачкиот одред. Од првите партизански одреди кои ја почнале борбата, Народноослободителната војска на Македонија на крајот од четиригодишната војна прераснала во добро организирана 110-илјадна армија со воени формации од највисок ранг. На Партизанските гробишта во Бутел во Скопје ќе бидат положени цвежиња, а ќе биде доделена идржавната награда „11 Октоври“ за 2019 година за највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес. Во Прилеп ќе се одржи свеченост пред спомениците на Методија Андонов-Ченто и Кузман Јосифоски-Питу. Ќе биде одржан марш во чест на паднатите борци и ќе бидат положени цвеќиња на Могилата на непобедените.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/chestit-11-oktomvri-makedonija-go-odbelezuva-denot-na-narodnoto-vostanie-na-makedonskiot-narod/feed/ 0
Ковачки: Како никогаш досега, на македонскиот народ му е потребно обединување во борба против ова зло што ја има нападнато татковината https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachki-kako-nikogash-dosega-na-makedonskiot-narod-mu-e-potrebno-obedinuvanje-vo-borba-protiv-ova-zlo-shto-ja-ima-napadnato-tatkovinata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachki-kako-nikogash-dosega-na-makedonskiot-narod-mu-e-potrebno-obedinuvanje-vo-borba-protiv-ova-zlo-shto-ja-ima-napadnato-tatkovinata/#respond Tue, 16 Jun 2020 12:15:17 +0000 https://kurir.mk/?p=358627

Неправдите што ги направија на сопствената држава и на сопствениот народ се немерливи. Правдата е далечна мисловна именка. Олигархијата и криминалците се олицетворени во раководството на СДСМ што ја води државата, пишува на својата Фејсбук страница кандидатот за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки. Македонците се понижени и со згазено достоинство. Немаме друг излез освен обединување. Бесперспективноста е проблем со кој мора да се соочиме на национално ниво. Мора да покажеме заедништво, визија и одлучност за решавање на овој горлив проблем. Како никогаш досега, на македонскиот народ му е потребно обединување во борба против ова зло што ја има нападнато татковината. Правда мора да има, 15 јули е денот кога ставаме крај на систематското тонење на Македонија по сите параметри. Доста е со поделби, доста брат на брат гледа како непријател. Време е да покажеме дека ја заслужуваме Македонија, онаква каква ја замислија нашите предци. Да си ја вратиме и обновиме државата. Одиме!, повикува Ковачки. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachki-kako-nikogash-dosega-na-makedonskiot-narod-mu-e-potrebno-obedinuvanje-vo-borba-protiv-ova-zlo-shto-ja-ima-napadnato-tatkovinata/feed/ 0