македонски одбојкари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 06 Sep 2023 13:12:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png македонски одбојкари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Македонските одбојкари во осминафиналето против Италија или Србија https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/makedonskite-odbojkari-vo-osminafinaleto-protiv-italija-ili-srbija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/makedonskite-odbojkari-vo-osminafinaleto-protiv-italija-ili-srbija/#respond Wed, 06 Sep 2023 13:12:56 +0000 https://kurir.mk/?p=875246

Македонската одбојкарска репрезентација во осминафиналето на Европското првенство ќе игра против кодомаќинот Италија или Србија, а противникот ќе биде познат по исходот од вечерашниот дуел на „црвено – жолтите“ против Чешка со почеток во 20 часот во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. Во случај на победа, македонските одбојкари ќе го освојат третото место во групата Ц и во својот дебитантски осминафинален натпревар ќе играат против Србија на 10 септември во Бари, додека во случај на пораз, противник во нокаут фазата ќе им биде Италија ден порано, исто така, во Бари. Претходно денеска во рамки на завршното коло во групата Ц ќе играат Полска и Црна Гора. Избраниците на селекторот Јошко Миленкоски во досегашните четири натпревари на Европското првенство ги совладаа Данска (3-1) и Црна Гора (3-0), а загубија од Полска и Холандија со идентични 3-0 во сетови. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/makedonskite-odbojkari-vo-osminafinaleto-protiv-italija-ili-srbija/feed/ 0
Италија убедлива на стартот на ЕП, македонските одбојкари утре против Данска https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/italija-ubedliva-na-startot-na-ep-makedonskite-odbojkari-utre-protiv-danska/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/italija-ubedliva-na-startot-na-ep-makedonskite-odbojkari-utre-protiv-danska/#respond Tue, 29 Aug 2023 08:32:35 +0000 https://kurir.mk/?p=871980

Кодомаќинот Италија со максимални 3-0 во сетови ја совлада синоќа Белгија во Болоња во премиерниот натпревар на Европското првенство за одбојкари. На Европското првенство ќе настапи и македонската репрезентација која воведниот натпревар ќе го одигра утре против Данска од 20 часот во салата „Борис Трајковски“, по што следуваат дуелите против Црна Гора (2 септември), Полска (3 септември), Холандија (5 септември) и Чешка (6 септември). Кодомаќини на европската одбојкарска елита се и Бугарија и Израел. Европското одбојкарско првенство ќе финишира на 16 септември за натпреварите за медали во Рим.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/italija-ubedliva-na-startot-na-ep-makedonskite-odbojkari-utre-protiv-danska/feed/ 0
Македонските одбојкари со пораз од Јапонија го почнаа 47. издание на турнирот „Чајка“ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/makedonskite-odbojkari-so-poraz-od-japonija-go-pochnaa-47-izdanie-na-turnirot-chajka/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/makedonskite-odbojkari-so-poraz-od-japonija-go-pochnaa-47-izdanie-na-turnirot-chajka/#respond Fri, 18 Aug 2023 20:21:43 +0000 https://kurir.mk/?p=868591

Македонската одбојкарска репрезентација вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје загуби од Јапонија со 0:3 (20:25, 18:25 и 20:25) во 1. коло на 47-то издание на меморијалниот одбојкарски турнир „Чајка“. „Црвено-жолтите“ беа немоќни да ја разбијат јапонската одбрана и како што рече по натпреварот капитенот Никола Ѓоргиев, „очигледно не ни одговара нивната игра“. Токму селекцијата на Јапонија изминатиот период спарингуваше со македонската репрезентација и забележа три победи во контролните средби. На првиот денешен натпревар на „Чајка“, Египет ја победи Грција со 3:1. Македонската репрезентација утревечер од 20:15 часот ќе игра со Египет, додека во терминот 17:30 ќе се соочат Јапонија и Грција. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/makedonskite-odbojkari-so-poraz-od-japonija-go-pochnaa-47-izdanie-na-turnirot-chajka/feed/ 0
Македонските одбојкари поразени на стартот на Медитеранските игри https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/makedonskite-odbojkari-porazeni-na-startot-na-mediteranskite-igri/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/makedonskite-odbojkari-porazeni-na-startot-na-mediteranskite-igri/#respond Mon, 27 Jun 2022 13:56:47 +0000 https://kurir.mk/?p=696412

Македонската машка одбојкарска репрезентација загуби од Египет со 3:0 во сетови (25:23, 25:23, 25:20) во првиот натпревар на Медитеранските игри во алжирскиот град Оран. Капитенот Никола Ѓорѓиев со 22 поени беше најефикасен во редовите на „црвено – жолтите“, кои сè уште нема победа на Медитеранските игри. Билансот од 0-6 во досегашните настапи македонските одбојкари можат да го подобрат утре против Италија. По вчерашниот пораз од Египет од 3:1, македонските одбојкарки, пак, попладнево играат против Тунис, а противник во утрешното трето коло ќе им биде репрезентацијата на Грција.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/makedonskite-odbojkari-porazeni-na-startot-na-mediteranskite-igri/feed/ 0
Македонските одбојкари отпатуваа за Финска на второ учество на Европските првенства https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/makedonskite-odbojkari-otpatuvaa-za-finska-na-vtoro-uchestvo-na-evropskite-prvenstva/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/makedonskite-odbojkari-otpatuvaa-za-finska-na-vtoro-uchestvo-na-evropskite-prvenstva/#respond Sat, 28 Aug 2021 19:13:49 +0000 https://kurir.mk/?p=556066

Македонската одбојкарска репрезентација попладнево замина за финскиот град Тампере каде идната недела го почнува својот втор настап на Европските првенства. Европско првенство, 32. по ред, ќе се одржи од 1 до 19 септември во Финска, Естонија, Полска и Чешка. Својот премиерен настап, македонските одбојкари ќе го имаат на отворањето на континеталниот собир, на 1 септември во Тампере со почеток од 19 часот против кодомаќинот Финска. Во второто коло, македонските одбојкари ќе играат против Холандија (3 септември, 20 часот), во третото против Турција (5 септември, 14 часот), додека противник во четвртото коло ќе им биде репрезентацијата на Шпанија (6 септември, 17 часот). Натпреварите од групната фаза македонската репрезентација ќе ги комплетира на 8 септември против Русија со почеток од 17 часот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/makedonskite-odbojkari-otpatuvaa-za-finska-na-vtoro-uchestvo-na-evropskite-prvenstva/feed/ 0
Македонските одбојкари со пораз од Црна Гора се оддалечија од медал на јуниорската Балканијада https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/makedonskite-odbojkari-so-poraz-od-crna-gora-se-oddalechija-od-medal-na-juniorskata-balkanijada/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/makedonskite-odbojkari-so-poraz-od-crna-gora-se-oddalechija-od-medal-na-juniorskata-balkanijada/#respond Sat, 24 Jul 2021 09:20:27 +0000 https://kurir.mk/?p=541200

Македонските младински одбојкарски репрезентативци не успеаја да слават против Црна Гора и со тоа да обезбедат медал на Балканијадата во Приштина пред денешните натпревари од последното, петто, коло. Избраниците на селекторот Ванче Санев играа променливо против Црногорците и без оглед што убедливо го добија вториот сет и израмнија, потоа не го задржаа ритамот и загубија со 3:1 (18:25, 25:15, 25:27, 20:25). Теоретски шанси за бронзен медал за македонската репрезентација сè уште постојат, а за такво сценарио најпрво е неопходна победа над фаворитот Турција со 3:0 или 3:1 во сетови. Македонските одбојкари претходно на Балканијадата во Приштина триумфираа над домаќинот Косово и Албанија, а претрпеа пораз од Бугарија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/makedonskite-odbojkari-so-poraz-od-crna-gora-se-oddalechija-od-medal-na-juniorskata-balkanijada/feed/ 0
Македонските одбојкари со победа ја почнаа Балканијадата во Косово https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/makedonskite-odbojkari-so-pobeda-ja-pochnaa-balkanijadata-vo-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/makedonskite-odbojkari-so-pobeda-ja-pochnaa-balkanijadata-vo-kosovo/#respond Wed, 21 Jul 2021 11:54:41 +0000 https://kurir.mk/?p=539729

Македонската одбојкарска репрезентација до 20 години забележа победа над домаќинот Косово во првото коло на Балканското првенство. Вчеравечер во Приштина „црвено-жолтите“ славеа со 3:1, по сетови, 25:22, 21:25, 28:26 и 25:23. На другите две средби на првиот ден од Балканијадата, Турција во четири сета славеше над Црна Гора, додека Бугарија во три сета беше убедлива против Албанија. Македонските одбојкари вечер од 20:30 часот играат со Бугарија. Другите двојки за 2. коло се: Црна Гора – Косово и Турција – Албанија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/makedonskite-odbojkari-so-pobeda-ja-pochnaa-balkanijadata-vo-kosovo/feed/ 0
Македонија има нови херои, одбојкарите ја победија и Словенија! https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/makedonija-ima-novi-heroi-odbojkarite-ja-pobedija-i-slovenija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/makedonija-ima-novi-heroi-odbojkarite-ja-pobedija-i-slovenija/#respond Tue, 17 Sep 2019 18:07:07 +0000 https://kurir.mk/?p=241800

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија е во осминафиналето на Европското првенство, откако со 3:1 (26:24, 30:28, 19:25, 26:24) ја победи Словенија сред Љубљана во последното коло од групата Ц. Нашите одбојкари направија вистинско чудо, нешто што никој не очекуваше, ја замолкнаа полната „Стожице“ и се радуваа на нова историја! Вчерашната победа над Белорусија ја врати насмевката кај нашите одбојкари, го зголеми оптимизмот дека можеме да одиграме на врвно ниво и да го победиме домаќинот, тоа и се случи. Словенија на Европското првенство влезе како кандидат за медал, но падна на колена пред нашата репрезентација.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/makedonija-ima-novi-heroi-odbojkarite-ja-pobedija-i-slovenija/feed/ 0
Македонските одбојкари вечер ќе ги дознаат противниците во групата на ЕП https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/makedonskite-odbojkari-vecher-kje-gi-doznaat-protivnicite-vo-grupata-na-ep/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/makedonskite-odbojkari-vecher-kje-gi-doznaat-protivnicite-vo-grupata-na-ep/#respond Wed, 16 Jan 2019 10:58:24 +0000 https://kurir.mk/?p=152860

Македонските одбојкари кои на почетокот на месецот за прв пат во историјата изборија учество на едно Европско првенство, вечер ќе ги дознаат противниците во групата. Жрепката ќе се одржи во Брисел со почеток во 18 часот и 30 минути. ЕП 2019 ќе се игра во четири земји: Франција, Словенија, Белгија и Холандија и за прв пат со 24 репрезентации. За првата фаза ќе бидат формирани четири групи со по шест учесници. Четирите домаќини се поставени како носители во секоја група, а останатиет пет селекции ќе бидат извлечени од петте „шешири“ во кои се сместени по четири тима. Со извлекувањето ќе се почне од првиот кон петтиот шешир, со напомена дека Русија и Германија како освојувачи на златниот и сребрениот медал од последниот шампионат, не можат да бидат во иста група. Македонија се наоѓа во четвртиот шешир заедно со Шпанија, Украина и Грција. Прв „шешир“: Русија, Србија, Полска, Италија. Втор „шешир“: Бугарија, Германија, Финска Чешка. Трет „шешир“: Естонија, Словачка, Турција, Португалија. Петти „шешир“: Белорусија, Црна Гора, Романија, Австрија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/makedonskite-odbojkari-vecher-kje-gi-doznaat-protivnicite-vo-grupata-na-ep/feed/ 0
Бројки, факти, калкулации: Ќе се пласираат ли одбојкарите на Европско првенство? https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/brojki-fakti-kalkulacii-kje-se-plasiraat-li-odbojkarite-na-evropsko-prvenstvo/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/brojki-fakti-kalkulacii-kje-se-plasiraat-li-odbojkarite-na-evropsko-prvenstvo/#respond Tue, 08 Jan 2019 14:34:01 +0000 https://kurir.mk/?p=149794

Македонските одбојкари утре против Унгарија ќе го завршат квалификацискиот циклус за Европското првенство во 2019. За да остварат историски прв пласман на континенталните самити, потребна е победа, но и посакуван расплет на уште два квалификациски натпревара. Со Унгарија ќе играат во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје од 20 и 15, а преносот на МТВ 1 ќе почне десетина минути порано. -По поразот во Украина во саботата и победата на Швајцарија во Унгарија, на македонските одбојкари им е потребна победа од 3:0 против Унгарија на домашен терен во салата „Кале“ за да го осигураат второто место во групата. –На првиот натпревар во Будимпешта во август, Македонија победи со 3:2 во изедначен натпревар во којшто сите пет сета заврија со разлика од два поена. -Унгарците немаат шанса да се квалификуваат, а „црвено-жолтите“ се уште се надеваат дека ќе обезбедат виза за Европското првенство. За да им се оствари сонот, покрај победа во последниот натпревар, потребно е да бидат исполнети уште два услова. Првиот е Летонија да го победи Израел во Јелгава, а вториот Шведска да триумфира против Азербејџан во Стокхолм. -Во Украина не бевме фаворити, сега ќе бидеме, но тоа треба да го покажеме на терен. Им реков на играчите дека натпреварот треба да го почнеме исклучително мотивирани и ако можеме да ги разбиеме, пред се со нашиот сервис. Жал ми е што не решаваме сами затоа што во таков случај убеден сум дека салата ќе беше преполна, но се надевам дека и сега гледачите ќе дојдат да ни помогнат за да оствариме победа, а со тоа да ги задржиме шансите за пласман, изјави селекторот на Македонија Никола Матијашевиќ. -Македонскиот национален тим ќе го одигра 89-тиот натпревар во европските квалификации. Генерацијата предводена од капитенот Никола Ѓорѓиев, кој е прв стрелец во тековниот цуклус, се надева на дебитантско учество на континенталните самити, а Унгарија досега има 10, последниот пат пред 36 години. -Македонија и Унгарија утре ќе го одиграат четвртиот меѓусебен натпревар во квалификациите за ЕП. Пред две децении Унгарците забележаа две победи, а Македонија се надева дека ќе го израмни билансот на 2-2. -Атмосферата е на пониско ниво, меѓутоа тоа може да биде и предност за нас. Со позитивна мисла можеме да направиме подобра игра и подобар резултат отколку со Украина. Многу работи може да се променат во зависност од резултатите од другите натпревари коишто се пред нашиот, но ние мора да победиме без оглед дали тие резултати ќе ни одговараат или не. Сакаме да завршиме со победа, а ако даде Бог, да одиме на Европското првенство 2019. Ако не можеме, треба да мислиме на иднината и на нашиот рејтинг со цел да имеме подобра ждрепка за наредниот циклус којшто ќе почне во 2020-тата. Јас имам некое чувство дека Летонија и Шведска ќе победат и дека со наш триумф над Унгарците ќе се радуваме на пласман, вели капитенот Никола Ѓорѓиев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/brojki-fakti-kalkulacii-kje-se-plasiraat-li-odbojkarite-na-evropsko-prvenstvo/feed/ 0