македонски пасоши – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 09 Nov 2022 14:52:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png македонски пасоши – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Наркобосот чиј двор во Истанбул го прекопува полицијата по дојавата дека има закопано тело немал еден, туку два македонски пасоши издадени од МВР (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/narkobosot-chij-dvor-vo-istanbul-go-prekopuva-policijata-po-dojavata-deka-ima-zakopano-telo-nemal-eden-tuku-dva-makedonski-pasoshi-izdadeni-od-mvr-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/narkobosot-chij-dvor-vo-istanbul-go-prekopuva-policijata-po-dojavata-deka-ima-zakopano-telo-nemal-eden-tuku-dva-makedonski-pasoshi-izdadeni-od-mvr-video/#respond Wed, 09 Nov 2022 14:52:34 +0000 https://kurir.mk/?p=758073

Турската полиција објави видео од куќата на припадникот на Кавачкиот клан, Жељко Бојаниќ (56) од Котор, под сомнение дека го извршил убиството на Ристо Мијановиќ (33) од Шкаљарскиот клан , а телото го закопал во дворот од неговата вила. На снимката се гледаат неколку дупки ископани во дворот на вилата, како и целата луксузна населба снимена од птичја перспектива.Но телото не е пронајдено. Истанбулската населба Саријер е наменета за богати луѓе кои можат да си дозволат луксуз, а меѓу нив беше и Бојаниќ, кој продолжи да се занимава со криминални активности во луксуз, поради што од 2016 година е на листата на барани лица на Интерпол како еден од 45-те најбарани криминалци од Европа. Како што е утврдено, Бојаниќ влегол во Турција со фалсификуван пасош на име Јордан Анделев Белчев и го користел прекарот Борис. Двата пасоши се на Република Македонија. Кој е Бојаниќ? Жељко Бојаниќ, Милан Миловац и Петар Чошиќ, најблиските соработници на Дарко Шариќ, најголемиот наркобос на Балканот, од 2019 користат македонски пасоши со украден идентитет. Бојаниќ имал дури два македонски пасоши, еден на име Спиро Аговски и втор со име на украден идентитет на Јордан Белчев. Црногорските медиуми го прогласија за најбараниот криминалец во Европа. Една од меѓународните потерници по него беше издадена од Интерпол на Словенија за трговија со дрога. Сепак, на 8 јули 2019 година Бојаниќ добива македонски пасош со украден идентитет на Спиро Аговски, а два месеци подоцна, на 25 септември, му бил издаден уште еден македонски пасош со украден идентитет на име Јордан Белчев. На два пати, Бојаниќ во некоја од канцелариите на управните служби на македонското Министерство за внатрешни работи се фотографирал, оставал отпечаток на прст и добил два пасоши со две различни имиња. Дури на 2 март 2021 година е откриен неговиот вистински идентитет. Жељко Бојаниќ беше еден од најдоверливите луѓе на Дарко Шариќ, познатиот балкански наркобос. Бојаниќ беше задолжен за транспорт на кокаин од Јужна Америка кон Европа со користење мегакрузери и перење пари од трговијата со кокаинот со вложување во недвижнини. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/narkobosot-chij-dvor-vo-istanbul-go-prekopuva-policijata-po-dojavata-deka-ima-zakopano-telo-nemal-eden-tuku-dva-makedonski-pasoshi-izdadeni-od-mvr-video/feed/ 0
Сите полиции бркаат наркодилери, македонската им дава пасоши со украдени идентитети https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/site-policii-brkaat-narkodileri-makedonskata-im-dava-pasoshi-so-ukradeni-identiteti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/site-policii-brkaat-narkodileri-makedonskata-im-dava-pasoshi-so-ukradeni-identiteti/#respond Sat, 19 Jun 2021 13:26:08 +0000 https://kurir.mk/?p=525438

Српската, хрватската, албанската, француската, италијанската, словенечката, перуанската, колумбиската, црногорската, швајцарската, американската, германската... полиција организираа потери, акции, следеа, воведуваа посебни истражни мерки, разменуваа информации, распишуваа потерници по разноразни криминалци, разбојници, шверцери, наркобосови, терористи, убијци..., а македонската полиција им издаваше македонски пасоши со украдени идентитети, со кои без проблем ги минуваа границите и си продолжуваа со својот „бизнис“. Вака накратко може да се опише актуелната афера „Двојник“ или „Мафија“, за која во Македонија досега пресуда е донесена само за девет службеници на МВР. Истрагата е во тек, велат надлежните. МКД.мк во неколку продолженија врз основа на обвинението за аферата „Двојник“ и со мало пребарување на интернет објави неколку продолженија за тоа кој сѐ од јуни 2017 до февруари 2021 година добил македонски пасош. Во текот на истрагата во Македонија утврдено е дека биле издадени 215 фалсификувани македонски пасоши, од кои засега се познати идентитетите на педесетина. Знаеме дека се работи за издавање македонски пасоши на сериозни криминалци, шефови на големи наркокартели, банди, кланови, убијци, разбојници, познати бандити, но не дознавме кој од повисоките ешалони од македонската власт е замешан во сето ова. Фатени и осудени се 11 лица, 9 службеници вработени во МВР, кои сето ова го спроведувале, фотографирале, запишувале, земале отпечатоци од прсти, се потпишувале на формуларите и на светските бандити им ги издавале новите документи со украдени идентитети на македонски државјани, кои со години не доаѓале во државата. Повеќе прочитајте ТУКА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/site-policii-brkaat-narkodileri-makedonskata-im-dava-pasoshi-so-ukradeni-identiteti/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Спасовски дадоа пасоши на светски нарко босови и мафијаши, но нема за македонските граѓани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-zaev-i-spasovski-dadoa-pasoshi-na-svetski-narko-bosovi-i-mafijashi-no-nema-za-makedonskite-gragjani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-zaev-i-spasovski-dadoa-pasoshi-na-svetski-narko-bosovi-i-mafijashi-no-nema-za-makedonskite-gragjani/#respond Sat, 19 Jun 2021 07:14:24 +0000 https://kurir.mk/?p=525262

Во Македонија под режимот на мафијата на Заев, граѓани од прв и втор ред има и дури и во издавањето на пасоши. И тоа во прв ред се криминалците блиски до Заев, дури и странските, а во втор ред се сите останати граѓани на Македонија, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Заев и Оливер Спасовски им дадоа пасоши на озлогласени и најбарани светски криминалци, но не им даваат на македонските граѓани. Откако граѓаните на Македонија се изначекаа за пасоши, МВР на Спасовски донесе одлука дека истечените пасоши ќе важеле до крај на годината, притоа оставајќи ги граѓаните без валидна патна исправа со која ќе може да патуваат во странство и да ги завршат своите обврски. Спасовски може да дава гаранции само во Македонија, но во странство никој не гарантира дека македонски граѓанин со истечен пасош ќе биде примен на граница, а уште помалку дека некоја друга странска институција ќе го признае истиот. И додека нарко босови, мафијаши и терористи шетаат низ светот со пасошите кои им ги дадоа Заев и Спасовски со нив убиваат, тргуваат со дрога, перат пари и вршат грабежи, македонските граѓани се лишени и од лекување во странство. Заради мафијата на Заев македонските граѓани се оставени на цедило и може да останат без лекување или престој во странство бидејќи МВР на Спасовски не им издало нов пасош и не може да гарантира дека таму ќе го признаат истечениот. Уште помалку ниту Спасовски ниту Заев можат да гарантираат дека полиција во странство нема да ги приведе македонските граѓани откако ќе ги легитимира и ќе види дека немаат валидна патна исправа. Има пасоши за нарко босови од Црна Гора, мафијаши од Италија, Турција и Албанија, кланови од Мексико, па дури и за терористи на ИСИС, ама нема за македонски граѓани. Македонските граѓани за оваа власт на СДСМ не постојат, бидејќи не се дел од мафијашките крими шеми на кланот Заеви тие се граѓани од втор ред, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-zaev-i-spasovski-dadoa-pasoshi-na-svetski-narko-bosovi-i-mafijashi-no-nema-za-makedonskite-gragjani/feed/ 0
Албанија, Италија, Хрватска и Франција тргнаа во лов на криминалците кои добиле македонски пасоши https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/albanija-italija-hrvatska-i-francija-trgnaa-vo-lov-na-kriminalcite-koi-dobile-makedonski-pasoshi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/albanija-italija-hrvatska-i-francija-trgnaa-vo-lov-na-kriminalcite-koi-dobile-makedonski-pasoshi/#respond Fri, 18 Jun 2021 15:02:08 +0000 https://kurir.mk/?p=525183

На 11 септември 2019 година, Ален Буниќ, најбараниот хрватски криминалец за трговија со дрога, во 10.53 часот пристигнал во управните служби на македонското Министерство за внатрешни работи, поднел барање за пасош, бил фотографиран и оставил отпечаток на прст, и истиот ден во 17.12 часот си го земал македонскиот пасош со украден идентитет на Атанас Костадинов Витанов. За Буниќ уште во 2008 година канцелариите на Интерпол Италија и на Перу распишале потерници, пишува МКД.мк. Ален Буниќ е познат на хрватските правосудни органи како ограбувач на на банки. Во 2008 година тој од италијанските карабињери бил фатен со 16 килограми хашиш. Осомничен е и за вооружени грабежи на златари и специјализирани продавници за скапоцени камења и часовници. Од 2008 година е во бегство, а македонскиот пасош со украден идентитет на име Атанас Костадинов Витанов е откриен на 2 март 2021 година. Буниќ по 2008 година заминува за Лима, Пeру, каде се приклучува на колумбијскиот картел предводен од Хуан Камило Муноз Родригуез и од Фабијан Флорес салицио, со прекар Карачула. Овој наркокартел главно се занимаваше со пренос на кокаин со авиони за европскиот пазар. Повеќе прочитајте ТУКА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/albanija-italija-hrvatska-i-francija-trgnaa-vo-lov-na-kriminalcite-koi-dobile-makedonski-pasoshi/feed/ 0
Четворица светски наркобосови лани во ист ден добиле македонски пасош https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chetvorica-svetski-narkobosovi-lani-vo-ist-den-dobile-makedonski-pasosh/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chetvorica-svetski-narkobosovi-lani-vo-ist-den-dobile-makedonski-pasosh/#respond Tue, 08 Jun 2021 07:50:15 +0000 https://kurir.mk/?p=520353

Лани на 1 октомври дури четворица шефови на наркокартели дошле во Скопје, се фотографирале во просториите на Министерството за внатрешни работи, оставиле отпечаток од прст, добиле нов идентитет и македонски пасош. Еден од нив е шефот на организацијата во албанскиот картел Компанија Бело, за кој обвинител во Италија проценува дека за три години заработил 210 милиони евра од продажба на кокаин по европските земји. Според податоците од обвинителниот акт, на 1 октомври 2020 година во Скопје македонски биометриски пасоши со украден идентитет добиле Бразилката Карине де Оливеира Кампос, Црногорецот Игор Вукотиќ, брат на лидерот на Шкаљарски клан, Србинот Ратко Живковиќ, припадник на кланот на Дарко Шариќ, и Албанецот Марку Герти, шеф на албанска криминална организација од картелот Компанија Бело. Сите четворица на тој 1 октомври биле фотографирани од сега осудената Наздрие Зековиќ, која ја призна вината, како и другите обвинети во случајот „Двојник“, објавува МКД.мк. Албанецот Марку Герти (38) во Скопје по пасош непречено доаѓа 15 дена откако против него и неговата група била спроведена меѓународна полициска акција во 10 држави и распишана меѓународна потерница од Интерпол Рим. Герти, кој е во бегство, во Скопје на 1 октомври 2020 година во 17.13 часот во канцеларија на управните служби на МВР се фотографира и остава отпечаток од прст, а на 21 октомври лично го зема македонскиот пасош со нов идентитет Елтон Авдиу. Три дена подоцна, на 24 октомври 2020 излегува преку државната граница на Македонија како Елтон Авдиу. Денес се претпоставува дека е во Еквадор, Јужна Америка, и дека сѐ уште е активен во снабдувањето на црниот пазар во Европа со кокаин. На 15 септември 2020 година ЕУРОПОЛ во 10 држави ја спроведува операцијата Лос бланкос за уништување на aлбанската криминална група Компанија Бело, оценета како една од најактивните мрежи за снабдување со кокаин на европскиот пазар. Обвинителството во Фиренца информира дека Компанија Бело е албански картел составен од 14 албански криминални организации вклучени во трговија со дрога. Овие организации ја прошириле контролата врз меѓународната трговија со дрога и енормно ги зголемиле профитите на членовите на картелот, кој делувал во Еквадор, Холандија, Белгија, Албанија и Италија. Компанија Бело имала привилегирани односи со јужноамериканските производители на кокаин, нарко баронот од Еквадор Цезар Емилио (Cesar Emilio Montenegro Castillo), познат како Дон Монти (Don Monti), кој бил поврзан и со колумбискиот картел Норте дел Вале (Norte dell Valle) и со мексиканскиот картел на Ел Чапо – Синалоа. Членовите на Компанија Бело увезувале и дистрибуирале големи количества дрога од Јужна Америка преку холандските и белгиските пристаништа. Во Италија браќата Герти и Едмонд Марку се обвинети за трговија со кокаин од Холандија во Италија, Германија и други европски држави. Италијанските обвинители проценија дека криминалната организација предводена од Герти и Едмонд Марку дистрибуирала најмалку 50 килограми кокаин неделно, што резултира со годишен обрт од 70,2 милиони евра. Истрагата покажала дека групата понекогаш продавала до 50 килограми на ден по 27.000 евра за килограм. Процената е дека групата на браќата Марку само за три години направиле промет од 210 милиони евра. Браќата Марку се во бегство. На 1 октомври 2020 година македонски пасош добива и Бразилката Карине Де Оливеира Кампос. Таа од Македонија излезе како Виолета Цонкова, Македонка од Бугарија. Во Бразил Кампос ја бараат за серија транспорти на кокаин. Во акција на бразилските специјалци во Сантос запленети се и 7 милиони долари заработени со дрога, од кои дел биле криени со заѕидување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chetvorica-svetski-narkobosovi-lani-vo-ist-den-dobile-makedonski-pasosh/feed/ 0
Еролд Муслиу ја потврди аферата „Мафија“: Македонски пасоши имат борци на ИСИС и други мафии https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/erold-musliu-ja-potvrdi-aferata-mafija-makedonski-pasoshi-imat-borci-na-isis-i-drugi-mafii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/erold-musliu-ja-potvrdi-aferata-mafija-makedonski-pasoshi-imat-borci-na-isis-i-drugi-mafii/#respond Fri, 28 May 2021 12:17:29 +0000 https://kurir.com.mk/?p=516089

Директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, вели дека македонски пасоши со лажен идентитет, во аферата која опозицијата ја именува како „Мафија“, добивале и екстремисти со искуство од судирите во Сирија, како и лица инволвирани во ликвидации во Украина и Грција. Станува збор за случајот со 215 незаконски издадени пасоши што завршиле во рацете на нарко-босови и лица опасни за нашата, но и за безбедноста на други држави, при што се отвори прашањето како е можно оперативните служби во МВР, АНА и АР да немале индиции дека нешто се случува . -Очекувано е да се појават импликациите од ваквата појава на незаконско издавање патни исправи на лица, кои се членови на криминални и екстремистички групи. Фактот што таквите лица поседуваат „легална“ патна исправа сериозно ги попречува напорите за нивно оперативно следење, идентификување на нивната локација и активности. За сознанијата со кои располага АР, Агенцијата навремено ги информираше надлежните институции и партнерските служби. Загрижува фактот што со вакви патни исправи се стекнале екстремисти со искуство од Сирија, членови на криминални банди, вмешани во ликвидации во Украина и Грција и поединци инволвирани во сериозни форми на организиран криминал, поврзани со трговија на наркотици и перење пари – вели Муслиу како одговор на едно од прашањата во интервју за „Дојче Веле“. Тој додава дека овој случај треба да ни биде поука во иднина за зајакнување на безбедносните стандарди во државните институции, поголем професионалнен интегритет кај вработените и ефикасни заштитни механизми.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/erold-musliu-ja-potvrdi-aferata-mafija-makedonski-pasoshi-imat-borci-na-isis-i-drugi-mafii/feed/ 0
ЕУ: Скандалите со лажните пасоши длабоко загрижуваат https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-skandalite-so-laznite-pasoshi-dlaboko-zagrizuvaat/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-skandalite-so-laznite-pasoshi-dlaboko-zagrizuvaat/#respond Wed, 14 Apr 2021 09:53:23 +0000 https://kurir.mk/?p=496995

Андреас Шидер, европратеник, даде предлог да се поканат еминентни странски историчари во заедничката комисија за да се излезе од ќорсокакот во кој се наоѓаат Македонија и Бугарија околу историските прашања, јави дописничката на МИА од Брисел. -Имам сугестија за заедничката комисија доколку нејзината работа остане заглавена како сега, можеби треба да поканиме двајца или тројца еминентни историчари од ЕУ кои немаат инволвираност во регионот да помогнат да се стави прашањето во научна рамка, изјави Шидер на брифинг со новинари посветен на Македонија. Според него неприфатлива е блокадата на Бугарија за почеток на преговори со Македонија. Шидер нагласи дека политичарите најчесто ги користат идентитетските прашања за да ги прикријат слабостите за поважните прашања како образованието или вработеноста. -Блокирањето на почетокот на преговорите е контрапродуктивно затоа што пристапувањето е алатката за решавање на проблемите. На Балканот како и секаде во светот политичарите подготвуваат идентитетски теми кога немаат одговор за основни прашања како вработеност, образованието, животниот стандард, и се плашам дека е ова вистината и за оваа дебата исто така, изјави Шидер за новинарите утрово. Илхан Ќучук, известувачот за Македонија, повика да се стави фокусот на соработката и позитивните случувања помеѓу Македонија и Бугарија, наместо да се градат ѕидови. Тој како примери ги наведе позитивната соработка како таа помеѓу МИА и бугарската новинска агенција, соработката меѓу универзитети во двете земји и ги повика новинарите да бидат дел од позитивниот наратив. На прашање зошто не помина амандманот кој го осудуваше провокативниот говор од бугарска страна во извештајот за Македонија, амандман во чија подготовка учествуваше и европратеникот Шидер, тој изјави дека се надевал дека тој ќе помине. -Нашиот амандман беше тежок, затоа што се обидовме да ја критикуваме бугарската Влада, но не најдовме мнозинство, иако очекував. Но, сепак тоа ја обликуваше дебатата и тоа беше идејата на овој амандман, да има посилна критика од страна на Европскиот Парламент, не да се додава масло на огинот, рече европратеникот и додаде дека дебатите за историјата не помагаат за создавање заедничка иднина. Ќучук реќе дека сега треба да се врати фокусот на Договорот за пријателство иако довербата помеѓу Софија и Скопје е скршена и да се гради повторно изгубената доверба во име на идните генерации. Шидер и Ќучук не се согласија за односот на ЕУ кон Македонија и Западниот Балкан. Додека известувачот за Македонија смета дека помошта за борба против Ковид-19 и разговорите за регионот се на високо ниво, Шидер оцени дека претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел се покажа “несмасен“ во неговата работа, алудирајќи меѓу другото на скандалот со протоколот во Анкара, но и како одговор на молкот од страна на Мишел за наводниот нон-пејпер на словенечкиот премиер, Јанез Јанша. За потсетување Западниот Балкан не се нашол на дневен ред на Советот од декември, минатата година. -Мислам дека тоа е поврзано затоа што никој не знае како да ја надмина оваа блокада и не сите влади се задоволни што има толку малку Западен Балкан на дневен ред, ние треба да вршиме притисок за ова, Европскиот Парламент е соодветното место за тоа, рече Шидер. Тој ја критикуваше и Европската Комисија за премалата помош за вакцините во регионот исто така. -Ситуацијата со Ковид-19 во Македонија е тешка и првата достава од Ковакс на АстраЗенека пристигна во април, процесот на вакцинација е многу бавен и ЕУ треба да сноси одговорност, ако Европа е искрена за иднината на Западниот Балкан требаше да нарачаме дози за регионот исто така, се срамам што не го сторивме ова и што Србија и Кина го пополнуваат овој стратешки јаз, изјави европратеникот Андреас Шидер. На брифингот се збореше и за скандалот со фалсификуваните македонски пасоши користени од криминалци во регионот. За него ова е загрижувачки развој на настаните. -Последните скандали длабоко загрижуваат во Македонија, тие не се наоѓаат во мојот извештај затоа што се случија отпосле, но затоа се потребни длабоки реформи во судството, законската рамка и владеењето на правото, изјави Ќучук. За Шидер овој скандал е исто така знак дека борбата против корупцијата е неопходна. -Но ова покажува и дека има активност околу борбата против корупцијата, изјави европратеникот и додаде дека не очекува овој скандал негативно да се одрази врз визниот режим за Северна Македонија со ЕУ, затоа што земјата покажа дека работите одат во добра насока.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-skandalite-so-laznite-pasoshi-dlaboko-zagrizuvaat/feed/ 0
Стоилковски: Македонија со Заев е земја која дава закрила на мафијата, помага тероризам и во која царува нарко бизнисот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-makedonija-so-zaev-e-zemja-koja-dava-zakrila-na-mafijata-pomaga-terorizam-i-vo-koja-caruva-narko-biznisot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-makedonija-so-zaev-e-zemja-koja-dava-zakrila-na-mafijata-pomaga-terorizam-i-vo-koja-caruva-narko-biznisot/#respond Sun, 11 Apr 2021 16:02:08 +0000 https://kurir.mk/?p=495684

Македонија со Заев се претвори истовремено и во земја која нуди закрила на мафијата и во земја која помага терористи и во земја во која царува нарко бизнисот. И сето тоа под закрила и поддршка на власта. Во светот станавме познати како криминално Елдорадо, изјави денеска во Коментар на денот, Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Стоилковски посочи дека власта на Заев и Спасовски поделила над 200 официјални македонски документи и патни исправи на босови на италијанската, црногорската, турската, српската, шпанската и која ли уште не мафија од регионот Европа и светот. - Сето ова не би било возможно без знаење и амин на високи функционери од власта, бидејќи институционално биле злоупотребени лични податоци, матични броеви и имиња на македонски државјани, за да може криминалци да го крстарат светот. Да биде срамот за Македонија поголем, власта на Заев и Спасовски издавала вакви исправи и на лица членови на ИСИС со што сме го загрозиле светскиот безбедносен систем. Замислете терорист доаѓа во полициска станица и вади македонски документи и потоа оди низ светот и на боишта кај што гинат илјадници лица од нивните терористички активности, вели тој. - Трето, но и најстрашно, државата ја претворија во нарко зона кај што личниот шофер на братучедот на Зоран Заев и командирот на полициска станица назначен од Спасовски, водат пратка со дрога вредна 800 илјади евра, од компанија која е во бизнис конекции со семејството Заеви. Македонија е уништена земја со уништен углед, без безбедносен систем каде се е ставено во спрега на криминалот спонзориран и заштитуван од власта. Прво оставки, а потоа и кривична одговорност на врвот на мафијата на власт, додаде Стоилковски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-makedonija-so-zaev-e-zemja-koja-dava-zakrila-na-mafijata-pomaga-terorizam-i-vo-koja-caruva-narko-biznisot/feed/ 0
ВИДЕО: Пред 8 месеци, адвокат во емисија на ТВ Хепи зборувал за криминалните кланови со македонски пасош https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-pred-8-meseci-advokat-vo-emisija-na-tv-hepi-zboruval-za-kriminalnite-klanovi-so-makedonski-pasosh/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-pred-8-meseci-advokat-vo-emisija-na-tv-hepi-zboruval-za-kriminalnite-klanovi-so-makedonski-pasosh/#respond Sun, 11 Apr 2021 13:19:28 +0000 https://kurir.mk/?p=495630

Адвокатот Зора Добричанин пред осум месеци на српската телевизија Хепи во емисија зборуваше за криминалните кланови со оригинални македонски пасоши. - Јован Вукотиќ е донесен во Србија од Турција, наводно поради тоа што користел македонски пасош со своја фотографија и друго име. Но, тој пасош беше целосно оригинален. Со вештачење е утврдено дека пасошот е автентичен и никогаш не го користел на територија на Република Србија, истакна адвокатката во емисијата. Ова се поврзано со аферата „Мафија“ - издавање пасоши на криминалци од различни кланови од страна на власта, која што ја објави ВМРО-ДПМНЕ. Утрово, Антонијо Милошоски објави дека власта дала македонски пасоши на терористи од ИСИС. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-pred-8-meseci-advokat-vo-emisija-na-tv-hepi-zboruval-za-kriminalnite-klanovi-so-makedonski-pasosh/feed/ 0