македонски пејачи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 30 Mar 2022 09:34:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png македонски пејачи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Колку и дали естрадните личности во Македонија имаат здравствено осигурување (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kolku-i-dali-estradnite-lichnosti-vo-makedonija-imaat-zdravstveno-osiguruvanje-video/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kolku-i-dali-estradnite-lichnosti-vo-makedonija-imaat-zdravstveno-osiguruvanje-video/#respond Wed, 30 Mar 2022 09:34:36 +0000 https://kurir.mk/?p=655531

„Немам книшка“ и „Уметникот мора да е здрав“ се стиховите од песната што победи на Песна за Евровизија 22 и ќе ја претставува Србија на Евровизија во Италија. Пејачката Ана Ѓуриќ Констракта, која ја изведува оваа песна, изјави дека овие стихови се автобиографски и дека навистина нема здравствено осигурување, што го привлече вниманието на јавноста да се запраша колку луѓе на Балканот немаат здравствена книшка. Естрадниот магазин зад сцената реши да истражува на оваа тема и ги праша дел од нашите јавни личности: Дали имаат здравствено осигурување, ова се нивните одговори ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kolku-i-dali-estradnite-lichnosti-vo-makedonija-imaat-zdravstveno-osiguruvanje-video/feed/ 0
Македонски пејачи ќе ја возобноват старата божикна песна „Небо и земја“ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/makedonski-pejachi-kje-ja-vozobnovat-starata-bozikna-pesna-nebo-i-zemja/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/makedonski-pejachi-kje-ja-vozobnovat-starata-bozikna-pesna-nebo-i-zemja/#respond Thu, 20 Dec 2018 13:11:27 +0000 https://kurir.mk/?p=142772

Познати македонски поп-пејачи ќе влезат во студио за да возобноват уште една православна Божикна песна, како што изминативе години тоа го направија со старата коледарска песна „Вечниот Бог“. Тие веќе работат во студио на возобновувањето на „Небо и земја“ – Божикна песна која до пред 30 години се пеела во битолскиот крај и која има мошне богата историја и традиција, велат од Здружението за возобновување на православни традиции „Бадникови поворки“. Во песната ќе учествуваат Елена Ристеска, Влатко Лозаноски, Викторија Лоба, Некст тајм, Димитар Андоновски, Љубојна и „Златно славејче“. Дел од нив го посетија домот на 81 – годишната Даница Јолевска, која е жив сведок за долгогодишната традицијата на пеење на оваа Божикна песна во битолскиот крај.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/makedonski-pejachi-kje-ja-vozobnovat-starata-bozikna-pesna-nebo-i-zemja/feed/ 0
Одлуките за финансирање поништени: Македонските пејачи нема да добијат субвенции https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/odlukite-za-finansiranje-ponishteni-makedonskite-pejachi-nema-da-dobijat-subvencii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/odlukite-za-finansiranje-ponishteni-makedonskite-pejachi-nema-da-dobijat-subvencii/#respond Wed, 17 Jan 2018 11:28:43 +0000 http://kurir.mk/?p=12215

Министерството за култура и Македонската радио телевизија се договориле да се поништат одлуките кои јавниот сервис ги донесе претходно за финансиска поддршка на македонската музичка продукција. Одлуката била донесена вчера на состанок меѓу претставници од Министерството и МРТ. -На состанокот заеднички беше констатирано дека актуелниот Законот за поддршка на домашната музичка продукција е тешко применлив и дека не ја исполнува функцијата за која е донесен. Исто така, констатирано е дека Македонската радио телевизија, по спроведениот надзор и по насоките дадени од страна на Министерството за култура ќе пристапи кон поништување на одлуките за избор и одлуките за неизбор по основ на Вториот и Третиот квартал од 2017 година, стои во заедничкото соопштение. Преставниците на Министерството за култура и МРТ, велат од таму, се договориле во иднина заеднички да ги координираат активностите во насока на поддршка и развој на домашната музичка продукција. Според претходно донесените одлуки на МРТ на фолк-интерпретаторот Али Бајрам и на поп-изведувачите Авни Аљији и Дарио Панковски државата ќе требаше да им исплати по 9.000 евра за две песни. Сите тројца се рангирани во категоријата „ѕвезди“ каде финансиската поддршка е најголема и изнесува 4.500 евра за еден рефрен (3.000 евра за звучно снимање на песната и 1.500 евра за спот). Како „врвен изведувач“ овој пат доминираше Александар Ристовски-Принц кој за три нови нумери требаше да 9.000 евра. Поп-пејачот Ѓорѓи Крстевски беше рангиран како изведувач на народна музика. По 3.000 евра требаше да добијат Ристо Самарџиев, Кристијан Габроски и Бајрамаљи Идризи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/odlukite-za-finansiranje-ponishteni-makedonskite-pejachi-nema-da-dobijat-subvencii/feed/ 0