македонски полициски синдикат – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 26 Oct 2020 13:26:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png македонски полициски синдикат – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Реакција на полицискиот синдикат: Срамна е условната пресуда за напад на полицајци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reakcija-na-policiskiot-sindikat-sramna-e-uslovnata-presuda-za-napad-na-policajci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reakcija-na-policiskiot-sindikat-sramna-e-uslovnata-presuda-za-napad-na-policajci/#respond Mon, 26 Oct 2020 13:26:37 +0000 https://kurir.mk/?p=420799

Од Македонскиот полициски синдикат реагираат дека е срамна пресудата на Основниот суд Виница за извршен напад врз полициски службеници за што судот изрекол алтернативна мерка условна осуда. Основниот суд Виница донел пресуда 1К-1/20 од 9 октомври постапувајќи по предмет за напад врз службено лице при вршење работи на безбедност и на сторителот му изрекол алтернативна мерка условна осуда од 1 година. Македонскиот полициски синдикат смета дека ваквата пресуда е спротивна на основната цел за остварување на индивидуалната и генералната превенција за одвраќање на сторителите да не чинат вакви дела, а во насока на заштита на полициските службеници од напади при извршување на своите работни задачи. Сметаме дека ваквата пресуда е ослободителна,и со ваквите пресуди за извршени напади на полициски службеници,наместо да се одвраќаат граѓаните да не вршат напади, истите се охрабруваат што е евидентно од секојдневните напади на полициски службеници на целата територија на државата. Со ваквите пресуди сметаме дека предметите за напади на полициски службеници се сведуваат на обичен формализам во постапката на Јавното обвинителство и судот, сведувајќи ги на обична статистика и формално затворање на предметите како статистичка бројка на завршени предмети, без да се применат сите одредби на Кривичниот законик и да се изрече правична казна на сторителите на вакви кривични дела во законската рамка предвидена за предметните кривични дела, а се со цел поголема казнено-правна заштита на полициските службеници а во насока на остварување на целта спречување на сторителот да врши кривични дела и воспитно да се влијае другите да не вршат вакви кривични дела. Во конкретниот предмет е полициските службеници добиле телесни повреди, а за вакво дело предвидена е казна затвор во траење од 6 месеци до 5 години. Алтернативните мерки се изрекуваат за полесни кривични дела, па се поставува прашањето дали кривичните дела за напади на полициски службеници се сметат за полесни кривични дела ако се земе предвид заштитеното добро како објект на заштита односно полициската служба која треба да преставува гарант на заштита на јавната безбедност и слободите и правата на граѓаните, а јачината на загрозувањето или повредата на заштитеното добро преставува еден од отежителните околности кои судот задолжително треба да го земе предвид при изрекување на санкцијата – се вели во реакцијата на Македонскиот полициски синдикат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reakcija-na-policiskiot-sindikat-sramna-e-uslovnata-presuda-za-napad-na-policajci/feed/ 0
ССК и Македонскиот полициски синдикат ќе потпишат договор за соработка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssk-i-makedonskiot-policiski-sindikat-kje-potpishat-dogovor-za-sorabotka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssk-i-makedonskiot-policiski-sindikat-kje-potpishat-dogovor-za-sorabotka/#respond Thu, 25 Jun 2020 05:09:27 +0000 https://kurir.mk/?p=362484

Сојузот на стопански комори на Македонија ќе потпише договор со Македонскиот полициски синдикат – Скопје. Договорот ќе го потпишат потпретседателот на Сојузот, Драган Митковски и претседателот на Македонскиот полициски синдикат, Марјан Кицев. -Целта на договорот е да се воспостави соработка со особен акцент на заложбите за воспоставување систем за обезбедување на владеење на правото и сузбивање на сивата економија. Дополнително институционално ќе се делува со заеднички проекти во насока на унапредување на демократските процеси во сферата на интерес на потписниците на договорот, наведува ССК.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssk-i-makedonskiot-policiski-sindikat-kje-potpishat-dogovor-za-sorabotka/feed/ 0