македонски пошти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 03 Oct 2023 12:42:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png македонски пошти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Македонски пошти“ ќе потроши 1,2 милиони евра за метење, џогирање, бришење прашина и прозори https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonski-poshti-ke-potroshi-1-2-milioni-evra-za-metene-dhogirane-brishene-prashina-i-prozori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonski-poshti-ke-potroshi-1-2-milioni-evra-za-metene-dhogirane-brishene-prashina-i-prozori/#respond Tue, 03 Oct 2023 12:42:27 +0000 https://kurir.mk/?p=884627

Фантастични 1.2 милиони евра за метење, џогирање и бришење прозори. Државниот загубар Македонски пошти кој веќе има милионски долгови склучил договор  за одржување хигиена во деловни простории за период од две години и за тоа ќе треба да искешира 73 милиони 160 илјади денари, пренесе ТВ Алфа. На фирмата „Стед Комерц увоз-извоз“ која го добила тендерот ќе и се плаќаат по 6.8 денари за секој изметен квадратен метар. Речиси 30 денари по квадрат ќе се плаќаат за полугодишно одржување кое вклучува и машинско чистење, а за генерално чистење кое би се спроведувало периодчно и по потреба ќе се плаќаат дури 148 денари по квадрат. Истиот договор склучен пред две години државниот загубар го чинел двојно помалку или околу 720.000 евра. Генералната директорка Бујаре Абази на прашањето на Алфа, која е потребата да се склучи ваков договор кога се знае дека Македонски пошти со години се вбројува како државен загубар, вели дека постапката морале три пати да ја поништуваат поради огромните цени кои ги барале фирмите, па овој вреден милион и 200 илјади го склучиле како најсоодветен. „По трета поништена постпапка и променети спецификации го склучивме овој договор како најсоодветен. Цените беа апсолутно ненормални. Компаниите кои можат да опслужат на цела теририторија на Македонија се малку и затоа цените се такви. Некаде ќе се чисти два пати недела, некаде еднаш“, вели директорката Бујаре Абази за Алфа. Овој државен загубар ги отпушти сите хигиеничарки пред десетина години и оттогаш мора да ангажиора надворешни фирми за одржување на хигиената. Според последниот ревизорски извештај Македонски пошти ја завршиле 2022-та година со загуба од над 3.7 милиони евра. Во 2021-та загубата била над 2.8 милиони евра. Пошта не е загубар од вчера. Со години Владата ја субвенционира, меѓутоа се уште работи во минус, објави ТВ Алфа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonski-poshti-ke-potroshi-1-2-milioni-evra-za-metene-dhogirane-brishene-prashina-i-prozori/feed/ 0
Ограбен објект на „Македонски пошти“, еве што е одземено https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ograben-objekt-na-makedonski-poshti-eve-shto-e-odzemeno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ograben-objekt-na-makedonski-poshti-eve-shto-e-odzemeno/#respond Thu, 06 Jul 2023 15:53:07 +0000 https://kurir.mk/?p=853735

На 04/05.07.2023, во периодот од 15.30 до 08.00 часот во с.Желино, тетовско, со употреба на сила било влезено во објект на „Македонски пошти“ и биле одземени пари, поштенски марки и други предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ograben-objekt-na-makedonski-poshti-eve-shto-e-odzemeno/feed/ 0
МАКЕДОНСКА ПОШТА ПРЕД КОЛАПС – вработените оставени без плата, во понеделник излегуваат на протест пред владата! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonska-poshta-pred-kolaps-vrabotenite-ostaveni-bez-plata-vo-ponedelnik-izleguvaat-na-protest-pred-vladata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonska-poshta-pred-kolaps-vrabotenite-ostaveni-bez-plata-vo-ponedelnik-izleguvaat-na-protest-pred-vladata/#respond Thu, 16 Mar 2023 15:00:30 +0000 https://kurir.mk/?p=812806

Македонска пошта пред колапс, дознава КУРИР. Имено на вработените низ целата земја им доцни платата, а според нашите информации истата нема да ја земат до крајот на оваа недела. Поради ова генералната директорка на Македонска пошта, Бујаре Абази во петок ќе има средба во владата се со цел да се обезбедат средства за плати. Поради оваа настаната ситуација Синдикалните организации донесоа заеднички заклучок во понеделник 20.03.2023 година во 16.00 часот да организираат протест на сите вработени од Подружниците пред Влада со цел сите заедно да ја искажат нивната загриженост од состојбата во која е доведена Пошта. Тие велад дека сериозно е загрозена нивната иднина, егзистенција, достоинство и работни места.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonska-poshta-pred-kolaps-vrabotenite-ostaveni-bez-plata-vo-ponedelnik-izleguvaat-na-protest-pred-vladata/feed/ 0
Пратеникот Рашиди ќе биде директор на МЕПСО, Абази на Македонски пошти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenikot-rashidi-ke-bide-direktor-na-mepso-abazi-na-makedonski-poshti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenikot-rashidi-ke-bide-direktor-na-mepso-abazi-na-makedonski-poshti/#respond Tue, 07 Mar 2023 10:17:46 +0000 https://kurir.mk/?p=809017

Пратеникот од Алијанса за Албанците, Сурија Рашиди ќе го замени Орхан Муртезани во директорската фотелја во МЕПСО, пишува „Слободен печат“. Бујаре Абази, поранешна заменичка на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска ќе биде нова директорка на „Македонски пошти“. Орхан Муртезани го напушта МЕПСО како кадар на Алтернатива која беше „исфрлена“ од владата по влезот на АА. Абази пак, на директорската позиција ќе го смени Васко Стефанов, откако Алијанса за Албанците стана владин партнер. Абази е актуелна советничка во Советот на Град Скопје и потпретседателка на Алијанса за Албанците.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenikot-rashidi-ke-bide-direktor-na-mepso-abazi-na-makedonski-poshti/feed/ 0
ССМ и синдикалните организации на Пошта бараат итна средба со Владата, во спротивно најавуваат протест https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssm-i-sindikalnite-organizacii-na-poshta-baraat-itna-sredba-so-vladata-vo-sprotivno-najavuvaat-protest/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssm-i-sindikalnite-organizacii-na-poshta-baraat-itna-sredba-so-vladata-vo-sprotivno-najavuvaat-protest/#respond Sat, 22 Oct 2022 14:30:18 +0000 https://kurir.mk/?p=749380

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) и синдикалните организации на Пошта бараат итна средба со претставници од Владата најдоцна до вторник или среда, на која ќе ги презентираат проблемите кои ги има ова претпријатие. Во спротивно, најавуваат дека ќе организираат протести пред Владата. Како што се вели во објавата на ССМ на нивната фејсбук страница, најголемиот проблем е тоа што вработените во Пошта на Северна Македонија се уште немаат добиено плата за септември. – Како што знаете, Синдикатот на македонска пошта и СО на АД Пошта на Северна Македонија при ССМ организираат предупредувачки прекини на работа кои ќе се одвиваат за време на паузата во времетраење од половина час се со цел, да не бидат оштетени корисниците на нивните услуги. Предупредувачките прекини на работа се поради тоа што законската обврска за исплата на плата е до 15-ти во тековниот месец, но до овој момент македонска Пошта нема обезбедено доволно средства за исплата на платите за вработените, потенцираат од ССМ. За изнаоѓање заедничко решение, во насока на навремено исплаќање на платите на вработените во Пошта, од ССМ бараат итна средба со претставници од Владата, на која ќе ги изнесат своите предлози за надминување на состојбата и видувања за состојбите во Пошта, како и за потребата од изнаоѓање одржлив модел за нормализирање на функционирање на претпријатието. – Вработените се загрижени за иднината на Пошта и зачувување на работните места, како и со оглед на лошата финансиска состојба на Друштвото, со намалување на приходите, се доведува во прашање редовна исплата на плата. Потребни се итни мерки за надминување и стабилизација на работењето на Пошта, односно преземање итни реформи во севкупното работење во кој клучен фактор е Владата на РСМ, во својство на сопственик на АД Пошта на РСМ, потенцираат од ССМ. Оттаму посочуваат дека првенствено во насока на стабилизација на Пошта, потребно е Владата итно да им наложи на сите министерства и државни институции да ги користат услугите на Пошта, како давател на универзални поштенски услуги на цела територија на државата. Исто така, како што појаснуваат, потребно е Агенција за пошти, како регулаторно тело, да си ги извршува обврските за сузбивање со нелојалната конкуренција и нерегуларности на поштенскиот пазар. -Потребно е итно изготвување на нова систематизација на работни места и реонизација која е од суштинско значење за воведување на професионално работење, како и целосна реорганизација на Пошта, со цел да се врати довербата на граѓаните и да се врати сјајот на Пошта како репрезент на државата. Во овие процеси на внатрешно реформирање, неопходно е директно да се вклучи Владата на РСМ, се наведува во соопштението на ССМ, објавено на Фејсбук. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssm-i-sindikalnite-organizacii-na-poshta-baraat-itna-sredba-so-vladata-vo-sprotivno-najavuvaat-protest/feed/ 0
Предупредувачки штрајк на Македонски пошти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/predupreduvachki-shtrajk-na-makedonski-poshti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/predupreduvachki-shtrajk-na-makedonski-poshti/#respond Wed, 19 Oct 2022 05:16:06 +0000 https://kurir.mk/?p=747299

Вработените во Македонски пошти од денеска започнуваат со предупредувачки прекини во работата во време траење од половина час. Тие паузата во текот на работните часа ќе ја поминат во предупредувачки прекин во работата бидејќи се уште немаат земено плата за месец септември. Предупредувачките прекини, велат вработените ќе се одвиваат за време на паузата во времетраење од половина час се со цел за да не бидат оштетени корисниците на нивните услуги, но доколку не земат плата тие најавуваат и протест пред Владата. Истиот ќе се одржи идната сабота на 29 октомври се со цел вработените да се изборат за земање на задоцнетата плата. Законската обврска инаку за земање на плата е до 15 во тековниот месец, но до овој момент Македонска пошта нема обезбедено доволно средства за пуштање на платите за вработените.
Имено според нашиот добро упатен извор, дека досега се обезбедени само 15 милиони денари, а недостасуваат 50 милиони за да се обезбеди плата за над 2.000 вработени низ целата земја. Раководството на пошта се надева дека Владата ќе им излезе во пресрет за да се обезбедат овие 50 милиони денари, во спротивно плата нема да има ниту во наредниот период, а протестот ќе биде неизбежен.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/predupreduvachki-shtrajk-na-makedonski-poshti/feed/ 0
МАКЕДОНСКИ ПОШТИ ОД УТРЕ СО ПРЕДУПРЕДУВАЧКИ ПРЕКИНИ ВО РАБОТАТА – доколку не земат плата се закануваат со протест пред Владата! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonski-poshti-od-utre-so-predupreduvachki-prekini-vo-rabotata-dokolku-ne-zemat-plata-se-zakanuvaat-so-protest-pred-vladata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonski-poshti-od-utre-so-predupreduvachki-prekini-vo-rabotata-dokolku-ne-zemat-plata-se-zakanuvaat-so-protest-pred-vladata/#respond Tue, 18 Oct 2022 13:45:59 +0000 https://kurir.mk/?p=747076

Вработените во Македонски пошти од утре започнуваат со предупредувачки прекини во работата во време траење од половина час, дознава КУРИР. Тие паузата во текот на работните часа ќе ја поминат во предупредувачки прекин во работата бидејќи се уште немаат земено плата за месец септември. Предупредувачките прекини ќе се одвиваат за време на паузата во времетраење од половина час се со цел за да не бидат оштетени корисниците на нивните услуги, но доколку не земат плата тие најавуваат и протест пред Владата на Република Македонија.
Истиот ќе се одржи идната сабота на 29 октомври се со цел вработените да се изборат за земање на задоцнетата плата. Законската обврска инаку за земање на плата е до 15 во тековниот месец, но до овој момент Македонска пошта нема обезбедено доволно средства за пуштање на платите за вработените. Имено според нашиот добро упатен извор за КУРИР вели, дека досега се обезбедени само 15 милиони денари, а недостасуваат 50 милиони за да се обезбеди плата за над 2.000 вработени низ целата земја.
Раководството на пошта се надева дека Владата ќе им излезе во пресрет за да се обезбедат овие 50 милиони денари, во спротивно плата нема да има ниту во наредниот период, а протестот ќе биде неизбежен.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonski-poshti-od-utre-so-predupreduvachki-prekini-vo-rabotata-dokolku-ne-zemat-plata-se-zakanuvaat-so-protest-pred-vladata/feed/ 0
МАКЕДОНСКИ ПОШТИ БЕЗ ПЛАТА – над 2.000 вработени останаа без пари, директорот „моли“ да не организираат штрајк! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonski-poshti-bez-plata-nad-2-000-vraboteni-ostanaa-bez-pari-direktorot-moli-da-ne-organiziraat-shtrajk/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonski-poshti-bez-plata-nad-2-000-vraboteni-ostanaa-bez-pari-direktorot-moli-da-ne-organiziraat-shtrajk/#respond Wed, 21 Sep 2022 09:37:47 +0000 https://kurir.mk/?p=735629

Македонски пошти се без плати, ова за КУРИР го сведочи вработен во институцијата кој вели дека директорот ги оставил втора недела без плати. „Законскиот рок за земање на платите во Македонски пошти е до 15-ти во месецот, но еве втора недела по ред плата се уште немаме“, вели нашиот извор. Тој додава дека Синдикатот на Македонски пошти бил на состанок со директорот Васко Стефанов, а тој на истиот ги молел да нема штрајк или протест на вработените и дека плата ќе имало до крајот на месецот, за август, а на почеток на октомври (што е речиси следната недела) вработените ќе добијат плата за месец септември. Претседателот на Синдикатот на Македонска пошта, Боро Велигденов во изјава за КУРИР вели дека имале средба со Управниот одбор и директорот, но од таму не дале одговор кога ќе имаат плата вработените. -Средба со Управниот одбор на Македонски пошти имавме, но од таму не ни посочија конкретен одговор кога ќе има плата за вработените. Од нас бараа да бидеме трпеливи, посочија и дека не се сигурни дали неделава ќе обезбедат пари за плати за вработените. Од таму ни дадоа уверение дека ќе биде се во ред, вели тој. Велигденов додава дека следниот чекор за нив како синдикално здружение се стапување во штрајк. - Согласно законските регулативи, Законот за работни односи и Законот за поштенски услуги ќе ги преземеме сите мерки за заштита на вработените, доколку не се реши овој проблем ќе бидеме приморени да стапиме во штрајк или протест. Ние стапивме во штрајк и пред четири месеци, но многу е тешко да се организира на ниво на цела Македонија каде имаме 15 подружници. Нормално нема да останеме неми на овој проблем, но повеќе детали за финансиската состојба на претпријатието можете да добиете од Управниот одбор, вели Велигденов. Тој вели и дека ова е прв пат Македонска пошта да остане без плата од самото постоење. -Ние сме свесни дека има влијание и коронакризата и финансиската криза во земјава, но ние сме државна компанија која е давател на услуги на граѓаните и не може вработените да немаат плати, вели во изјава за КУРИР претседателот на Синдикатот на Македонски пошти. Во пошта во моментов има над 2.000 вработени, што значи дека сите тие на ниво на целата земја чекаат задоцнета плата која не се знае ниту дали и кога ќе ја земат. Инаку вработените во месец април бараа линеарно покачување на платите, а тогаш организираа и штрајк со неработење и блокирање на институцијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonski-poshti-bez-plata-nad-2-000-vraboteni-ostanaa-bez-pari-direktorot-moli-da-ne-organiziraat-shtrajk/feed/ 0
Починаа 5 лица: 51 реинфекција, ова е најновата Ковид бројка на новозаразени во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochinaa-5-lica-51-reinfekcija-ova-e-najnovata-kovid-brojka-na-novozarazeni-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochinaa-5-lica-51-reinfekcija-ova-e-najnovata-kovid-brojka-na-novozarazeni-vo-makedonija/#respond Tue, 15 Mar 2022 13:57:27 +0000 https://kurir.mk/?p=647608

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 2.605 тестови, а регистрирани се 312 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 181, Прилеп – 17, Битола и Кавадарци – по 13, Куманово – 12, Охрид – 11, Велес и Гостивар- по 8, Струмица – 7, Гевгелија – 6, Ресен – 5, Штип – 4, Тетово, Кичево, Берово и Кратово – по 3, Кочани, Струга, Радовиш, Крива Паланка, Валандово и Виница – по 2, Неготино, Дебар и Крушево – по 1. Од вкупниот број на позитивни (312), регистрирана е 51 реинфекција. Регистрирани сe 290 оздравени пациенти од: Скопје – 146, Прилеп – 29, Куманово – 18, Битола и Велес – по 13, Кавадарци – 12, Ресен – 10, Кичево – 8, Гостивар и Тетово – по 6, Струмица – 5, Берово, Крива Паланка и Виница – по 3, Штип, Кочани, Крушево и Македонски Брод – по 2, Гевгелија, Кратово, Неготино, Свети Николе, Пробиштип, Богданци и Демир Капија – по 1. Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е едно починато лице: од Радовиш (77г), починато во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 4 починати лица од: Скопје (3) и Крива Паланка (1). Починатите се пријавени во период од 19.02. до 09.03.2022 година. Пријавените лица се на возраст од 66г до 88г. Од пријавените лица, две се починати во болнички услови и две во домашни услови. Од вкупно регистрираните починати лица (5), кај 4 лица се регистрирани коморбидитети. Направени се 2.605 тестови преку: ИЈЗ-271, ЦЈЗ Скопје-79, ЦЈЗ Битола-73, ЦЈЗ Прилеп-43, ЦЈЗ Тетово-2, ЦЈЗ Куманово-50, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-16, УК Пулмологија со алергологија –5, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–123, Жан Митрев (Филип Втори)-59, Авицена-59, Биотек-124, Систина-69, лабораторија Лаор-91, Синлаб-10, Ремедика-18, Плодност-14, Генеа-8, Никоб Лаб-197, ВФВ Медикал-80, Ели Медика Плус-22, Ројал Медика–8, Спектра-ММ-10, Рапид Лаб–11, Жан Митрев Струмица–10, Нова Лаб Дијагностика–3, Рамус-13, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.137. Досега во земјата се направени вкупно 1.925.963 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 301.895, бројот на оздравени пациенти е 290.907, на починати е 9.155, а бројот на активни случаи изнесува 1.833. Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна: Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно) Скопје 141095, Активни 982 Куманово 16408, Активни 71 Битола 14474, Активни 125 Прилеп 13800, Активни 129 Тетово 13379, Активни 44 Кавадарци 10285, Активни 65 Велес 9598, Активни 70 Гостивар 9495, Активни 30 Охрид 8600, Активни 68 Струмица 7951, Активни 28 Штип 7939, Активни 17 Кичево 5493, Активни 32 Кочани 5004, Активни 21 Струга 4666, Активни 12 Гевгелија 4307, Активни 21 Неготино 3632, Активни 11 Ресен 2642, Активни 21 Свети Николе 2607, Активни 1 Радовиш 2493, Активни 9 Крива Паланка 2395, Активни 11 Делчево 1902, Активни 2 Дебар 1659, Активни 12 Берово 1634, Активни 3 Валандово 1464, Активни 5 Виница 1365, Активни 14 Пробиштип 1258, Активни 1 Богданци 1008, Активни 5 Кратово 951, Активни 11 Крушево 913, Активни 4 Демир Хисар 821, Активни 5 Македонски Брод 732, Активни 0 Демир Капија 582, Активни 1 Македонска Каменица 521, Активни 2 Пехчево 482, Активни 0 Дојран 340, Активни 0 ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochinaa-5-lica-51-reinfekcija-ova-e-najnovata-kovid-brojka-na-novozarazeni-vo-makedonija/feed/ 0
Зафировски за продажбата на Македонски пошти: Не државата, туку лошата држава е лош стопан! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zafirovski-za-prodazbata-na-makedonski-poshti-ne-drzavata-tuku-loshata-drzava-e-losh-stopan/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zafirovski-za-prodazbata-na-makedonski-poshti-ne-drzavata-tuku-loshata-drzava-e-losh-stopan/#respond Tue, 20 Oct 2020 13:20:12 +0000 https://kurir.mk/?p=418536

Неодамна Владата се закани или не знам, можеби се пофали, дека ќе ја продава АД Македонски пошти, а клучната причина е што АД Македонски пошти со години наназад бележи големи загуби во нејзиното работење, пишува Воислав Зафировски. Неговата колумна објавена на ДЕНЕШЕН, ви ја пренесуваме во продолжение: А како да не бележи загуби кога Македонски пошти веќе повеќе од петнаесет години е усмрдено партиско дувло на ДУИ, во кое наместо реформи, се’ се тера по старо, не баре живееме во времето на етатизмот, се трупа партиски административен кадар, а поштари нема; поштенските пратки доцнат; со финален ревизорски извештај се констатира дека партиските членарини од членовите на ДУИ, се задржувани од нивната плата и префрлани на партиската сметка на ДУИ, што е нон сенс; некој направи и добар филателистички скандал објавувајќи поштенска марка со границите на озлогласената НДХ (од што некои ликови извлекоа и сериозна добивка, бидејќи за една таква марка, на пазарот некои плаќаа и по 10.000 долари, а никој не објави податок за тоа колку примероци од марките се продадоа пред нивното повлекување од пазарот); пазарот со пакетни пратки со забрзано темпо го губат, бидејќи него го освојуваат приватните лиценцирани поштенски оператори; да потсетам и на тоа дека некој ја запали административно управната зграда на Македонски пошти; се пљачкаа пари наменети за пензионерите, кои искрено кажано без крт од внатре никогаш не би можело да се случи, а до денес одговорност за никого нема. Може ли некој да си претпостави како е возможно некој што располага со најраспространета сопствена мрежа на пошти на територијата на целата држава, со соодветна логистика и искусен кадар, полека, но сигурно да го губи поштенскиот пазар, а наспрам нив, приватните поштенски оператори да нудат подобра, поразновидна, побрза и поквалитетна услуга, следејќи ги трендовите на пазарот, особено на брзиот раст на е-тргувањето?! Надлежниот регулатор, Агенцијата за пошти упорно со години укажува на слабостите во функционирањето на АД Македонски пошти, но надлежното министерство за транспорт и врски и владата како доминантен сопственик, остануваат глуви и со прст не мрдаат нештата да се променат. Очигледно нешто не е во ред. Но, да се вратиме и во не така далечното минато, кога најнапред се продаде Македонски телеком, а потоа и мрежата за дистрибуцијата на електричната енергија. Состојбата во двете компании не се разликуваа многу од оваа во која се наоѓа АД Македонски пошти. Загуби, превработеност со партиски неспособни послушници и еден дежурен крунски изговор заради кој владата одлучила да ги продаде компаниите, изговор што се ширеше како фама и во кој многумина веруваа – во средините населени со доминантно Албанско население наплатата тешко се одвива или воопшто ја нема. Демек, заради тоа биле загубите и друго чаре нема, мора да се продадат, да се приватизираат – БОМБОНА БИЗНИС! Дојче телеком го купи Македонски телеком; австриски ЕВН ја купи мрежата за дистрибуција на електрична енергија и нештата преку ноќ се променија. Истатите тие непрофитабилни станаа едни од најпрофитабилните компании. Обете остваруваат милионски суми евра профит. Чесно е да се каже дека инвестираа во докапитализација на компаниите. Тие денес се едни од најголемите донатори на крупни настани од различни културни, спортски и друг вид општествено сфери во Македонија, но и покрај тоа секоја година без исклучок, делата високи износи на дивиденда на своите акционери, а вработените во тие компании се меѓу најдобро платените во Република Македонија. Ова значи дека фамата и изговорот за неможноста да се наплатат сметките за потрошена електрична енергија во средините населени со доминантно Албанско население како причина за загубите и повод за нивната продажба, паѓа во вода. Како може приватна фирма да изврши наплата, а државата да не може тоа да го стори?! Тоа едноставно не е логично! Да се вратиме сега кај Македонска пошта. Пред десетина години беше направена физибилити студија за модалитетите за продажба на АД Македонски пошти. Се сеќавам дека во неа учествуваше и Министерството за транспорт и врски и Агенцијата за пошти, за тоа говореа и медиумите, а тој процес го менаџираше една високо реномирана странска фирма (не се сеќавам точно која), и финалниот документ го предаде во надлежното Министерство за транспорт и врски. Физибилити студијата таму и остана, верувам дека таа чека да се најде некој писмен што нешто разбира и истата и да ја прочита. И покрај тоа што во тоа време Канадската пошта беше заинтересина да ги купи Македонски пошти, така барем велеа тогашните авторитети, до тоа не дојде. Значи, експертска независна физибилити студија за модалитетите за продажба на АД Македонски пошти во архивата или во нечија фиока во Министерството за транспорт и врски има. Меѓутоа, денес за дополнително да се извлечат хонорари, се ангажира трочлена работна група сочинета од партиски мувала на ДУИ, кои патем кажано и ја доведоа Македонска пошта до ова дереџе, да изработи нова физибилити студија за модалитетите за нејзина продажба. Велам партиски мувала, бидејќи во составот на групата е и актуелниот директор Ејуп Рустеми, кој наместо да ја менаџира Македонска пошта во овие исклучително тешки моменти за неа и целото Македонско стопанство, тој ќе треба да работи на студија за модалитетите за нејзина продажба. Ајде ви се молам, многу глупаво, провидно, бидејќи преку дилетантизмот од далеку се отсликува намерата на владата. Ваквиот став на Владата го разбирам само како не сериозен обид да замачкаат очи на Европската комисија дека ете како нешто работат, без сериозна намера да го продадат загубарот Македонски пошти и да искамчат време од уште година или две за целосно да не го либерализираат поштенскиот пазар во Македонија. Ако во тој процес нешто тргне наопаку, виновниците од сега се познати, не е владата што повлекла ваков глупав потег, труку триото фантастико од ДУИ. Се прашувам, кој нормален очекува од тие што ја турнале Македонска пошта во дупка, сега да направат квалитетна физибилити студија за модалитетите на нејзината продажба и таа стварно да биде продадена…и кому?! Ајде да ѕирнеме како е во соседството. Со оглед на тоа дека е во најава дека Словенечката пошта е заинтересиран купец, да ја прокоментираме токму неа. Република Словенија како членка на ЕУ, е сопственик на Словенечката пошта. Патем да напоменам дека добар дел држави од ЕУ ги немаат приватизирано националните поштенски оператори, кои се третираат како критична инфрастриктура заштитена со посебен закон и се институции кои во одредени случаи користат и државна помош. Од податоците кои можат да се најдат на веб страната на Словенечката пошта, произлегува дека таа одлично работи, услугите кои ги нуди се разновидни, квалитетни, а доставата е една од најбрзите во Европа и пошироко. Сето тоа Словенечката пошта го остварува во услови на целосно либерализиран поштенски пазар и тоа што “изненадува” е фактот што поштата работи со добивка, а во услови на пандемија со Ковод 19, поштата беше единствената вистинска, непосредна врска меѓу стопанските субјекти, физичките лица, институциите и останатите правни субјекти, обврска која безпрекорно и успешно си ја заврши и се’ уште ја извршува. Од тука се поставува едно многу логично прашање – кому му падна на памет да тврди дека државата е лош стопан, кога има бројни примери во кои државата е одличен стопан (Словенечка пошта; Чешкото електростопанство…)?! Најверојатно на некој партиски морон (без разлика од која партија е тој), кој сопственото не знаење, не стручност и не способност, како и лошите политики на стопанисување со националните ресурси ги покрива со изнаоѓање на “мудри” политички изговори, кои пословично се глупави и не прифатливи, бидејќи говорат за тоа колку и кои се не способни луѓе ја воделе и ни ја водат државата! Токму заради тоа и заклучокот НЕ ДРЖАВАТА, ТУКУ ЛОШАТА ДРЖАВА МОЖЕ ДА БИДЕ ЛОШ СТОПАН на критичната инфраструктура и капиталните капацитети со кои таа располага! Во нашиов случај, заклучокот е едноставен – МАКЕДОНИЈА Е ЛОША ДРЖАВА, РАКОВОДЕНА ОД НЕ КАДАРНИ ПОЛИТИКАНТИ И КАКО ТАКВА НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ДОБАР СТОПАН НА СЕ’ ОНА СО ШТО ТАА РАСПОЛАГА! Верувајте, искрено би сакал да грешам, но….]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zafirovski-za-prodazbata-na-makedonski-poshti-ne-drzavata-tuku-loshata-drzava-e-losh-stopan/feed/ 0