македонски студенти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 29 Aug 2022 13:06:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png македонски студенти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Бугарскиот министер за образование предлага целосно бесплатно студирање за македонските студенти https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarskiot-minister-za-obrazovanie-predlaga-celosno-besplatno-studiranje-za-makedonskite-studenti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarskiot-minister-za-obrazovanie-predlaga-celosno-besplatno-studiranje-za-makedonskite-studenti/#respond Mon, 29 Aug 2022 13:06:53 +0000 https://kurir.mk/?p=725547

Студенти од Република Северна Македонија ќе студираат целосно бесплатно високо образование на државните универзитети во Бугарија – ќе бидат ослободени од сите такси. Тоа е предвидено со измените предложени од бугарскиот службен министерт за образование Сашо Пенов, јавија бугарските медиуми. Досега, студентите прифатени според уредба од 1997 година (до 300 лица годишно) ги плаќаа таксите, а износот зависеше од специјалноста. Каква ќе биде организацијата за прием на македонските студенти и докторанти ќе се утврдува секоја година со налог на министерот за образование. Приемот на кандидатите студенти ќе го организира бугарското Министерство за образование и култура во соработка со Министерството за надворешни работи. Приемот на докторантите ќе се врши врз основа на документи. Средствата неопходни за образование на студенти и докторанти – до 5 лица годишно – ќе ги обезбеди бугарската држава од државниот буџет преку буџетите на соодветните високи училишта. Целта на предложените измени е да се стандардизира режимот со кој се примаат македонските студенти во Бугарија, нагласува министерот Пенов во неговиот извештај до Министерскиот совет. Трошоците на факултетите за студенти од Северна Македонија ќе се надоместат со средства од државниот буџет. Потребниот дополнителен износ за 300 студенти годишно е: за 2023 година – 345,0 илјади лева, за 2024 година – 390,0 илјади лева и за 2025 година – 390,0 илјади лева. (еден лев изнесува 31.64 македонски денари).]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarskiot-minister-za-obrazovanie-predlaga-celosno-besplatno-studiranje-za-makedonskite-studenti/feed/ 0
Тројца млади студенти од дијаспората на тринеделна пракса во Битола https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/trojca-mladi-studenti-od-dijasporata-na-trinedelna-praksa-vo-bitola/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/trojca-mladi-studenti-od-dijasporata-na-trinedelna-praksa-vo-bitola/#respond Tue, 12 Jul 2022 11:19:48 +0000 https://kurir.mk/?p=703837

Христијан Доумкос, Наум Хофман и Метју Костов, се тројца млади студенти од Америка, Канада и Швајцарија, кои во Битола, посетуваат практична настава, како студенти од дијаспората и учесници во програмата „Родум од Македонија“ (Birthright Macedonia) која од годинава, за првпат се реализира и во Битола. Програмата Родум од Македонија (Birthright Macedonia) ја реализира Обединетата Македонска Дијаспора во соработка со Македонскиот центар за меѓународна Соработка (МЦМС) и новосоздадената Битолска Алијанса на Родум од Македонија. Оваа програма ги поврзува македонските корени преку комуникација на македонскиот јазик, а студентите имаат можност да ја доживеат македонската култура, традициите, богатата кујна и историјата на нивните предци во татковината. На покана на градоначалникот Тони Коњановски, општина Битола ја посетија овие студенти од дијаспората кои изведуваат практична настава во градот, во: „Битолска лабораторија“, приватната ИТ компанија „iSORCE“ и Управата за јавни приходи – регионална дирекција Битола, заедно со организаторите на програмата за Битола, професорките Рената Петревска Нечкоска и Мимоза Богданоска Јовановска и претставникот на Организација на жени Светлана Петковска. На средбата, се разговараше за програмата со која во период од три недели, сите учесници се распоредени низ државни институции, приватни бизниси, компании и организации со соодветна гостувачка програма за поконкретно практично осознавање на работата кое ги надополнува нивните академски и кариерни цели. Воспоставувањето на ваквата соработка е од особено значење за промоција на македонската култура, запознавње на младите Македонци кои се родени и живеат надвор од државата со културното наследство, размена на искуства и знаења, но и воспоставување контакти и пријателства со нивните врсници во земјава, како и реализација на активности кои може да придонесат и за поинтензивна соработка со дијаспората. Градоначалникот Коњановски им посака пријатен престој на студентите во Битола, препорачувајќи им да ги посетат значајните културно – историски споменици, кои сведочат за богатата историја на Битола, но ја изрази и отвореноста за соработка на локалната самоуправа, како промотор и поддржувач во реализација на проектните активности кои имаат значење за Битола од повеќе аспекти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/trojca-mladi-studenti-od-dijasporata-na-trinedelna-praksa-vo-bitola/feed/ 0