македонски судии – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 05 Aug 2021 12:24:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png македонски судии – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Македонските судии побрутални од Талибанците во Авганистан и Сталин во Русија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonskite-sudii-pobrutalni-od-talibancite-vo-avganistan-i-stalin-vo-rusija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonskite-sudii-pobrutalni-od-talibancite-vo-avganistan-i-stalin-vo-rusija/#respond Thu, 05 Aug 2021 10:40:14 +0000 https://kurir.mk/?p=546599

На 3 август излезе годишниот извештај за работата на Јавните обвинителства за 2020 година. Бројките и табелите кои ќе ги прочитате во текстот, кои се наведени во извештајот – се брутални, бидејќи осудителните пресуди се исти како во Шеријатското право, или поефикасни се на пример во Русија и Кина. Извор: https://www.thetimes.co.uk/article/russian-conviction-rate-is-higher-than-under-stalin-hj2v7f0bg Како што наведува Британски Тајмс, само 0,34 проценти од случаите во кривичните судови во Русија резултираат со ослободителни пресуди, во споредба со над 17% во Велика Британија. За време на Големата чистка под Јосиф Сталин, 10 проценти од обвинетите во отворени судења беа ослободени, пишува Тајмс. По својата бруталност, во светот се познати примерите од обвиненија и судења/осудителни пресуди во шеријатското право кое се применувало во Отоманското царство, а денес најмногу во Саудиска Арабија, Иран и Авганистан, каде 95-99% од обвинетите се осудени како виновни. Во Македонија, кога нема докази за вина, и кога доказите не се во согласност со ЗКП, со помош на улицата се создаваат аналогии, од гласини создадени впечатоци кои стануваат судско убедување. Во шеријатското право ова постапка постои и се вика Иџтихад, толкување на состојбата и појавите кои не се против законот дури ни според Куранот, но улицата бара крв и пресуда, и судот им ја дава. Во демократскиот свет таква судска бруталност не е ни замислива.ија и во Кина. Но, Македонија и нејзиното судство не се дел од демократските стандарди, што е опишано и во постот на адвокатката Сузана Јошевска Анастасовска. Јошевска Анастасовска преку статус на ФБ се осврнува на извештајот за работата на јавното обвинителство, од кое според резултатите (95% осудителни пресуди), единствено поефикасни се големите обвинителства на Русија и Кина со 99% осудителни пресуди, а помалку ефикасни се на пример, Канада, САД, Велика Британија. Нејзиниот статус ви го пренесуваме во целост: – Извештајот за работата на Јавното обвинителство за 2020 година открива традиционална неверојатна ефикасност на оваа институција- од сите судски постапки што ги водела во 2020 година дури 95% ги добива со осудителни пресуди! Одбраната успева да обезбеди ослободителна пресуда во само 1,7% Останатите проценти се на судски опомени, повлечени обвиненија и друго. Овие податоци уште една година по ред покажуваат дека Јавното обвинителство, помогнато од полицијата која му помага во прибирање докази, е неверојатно ефикасно, дека речиси се’ што сработуваат со полицијата го сработуваат максимално професионално, без грешка која би била успешно предизвикана во судска постапка, сите права и процедури се секогаш обезбедени максимално, надвор од разумно сомневање (стандард и согласно нашето право) се прибрани “несоборливи докази” (Гордана Јанкуловска, на времето) и сето ова допринесува за 95% осудителни пресуди донесени од страна на судот. За споредба, полицијата и обвинителството не се “толку ефикасни” и прават грешко во држави како Канада, САД, Велика Британија и истите можат да им позавидат на нашиве. На пример, во Канада процентот на осудителни пресуди е 62%, во Велика Британија е околу 80%, во САД се движи од 59% во Флорида до 84% во Тексас. Сите овие држави имаат очигледно помалку ефикасна полиција и обвинителство од нашето, па не успеваат да го убедат судот почесто да носи осудителни пресуди. Единствено поефикасни од нас од големите се обвинителствата на Русија и Кина со 99% осудителни пресуди. Не сум чула да се направи сериозна анализа за тоа како е можно да зборуваме за неефикасност и постојано да бараме реформа на обвинителството и полицијата, а тие да испорачуваат традиционално вакви неверојатни резултати и како е можно систем со толку недостатоци, корупција и недоследности во постапувањето да е подобар од развиени судско-обвинителски системи со силна традиција на due process?! Со други зборови, извештајот уште еднаш покажа дека граѓанинот треба да се плаши да не биде ставен “на лента”. Шансите му се 1,7%!, пишува Јошевска на ФБ. Судот пресудува, нивна е крајната одлука и одговорност. Се работи за 95% осудителни пресуди по обвиненија, односно речиси 98,3 бруто, ако се смета дека 1,7 се ослободителни пресуди. Во 2019 година, бројот на осудителни пресуди бил 91, 1%, што исто така, е во рангот на шеријатското право. Јавното обвинителство констатира, врз основа на пријавите, кои во најголем дел се од МВР, дека, доколку се споредат податоците од 2020 годима со оние од 2019 и 2018 година, забележително е дека иако има благо намалување на бројот на сторители на кривични дела во 2019 година во однос на претходната 2018 година, во 2020 година има зголемување на бројот на вршители на кривични дела на годишно ниво. Во текот на извештајниот период, од поднесените кривични пријави против 22.717 полнолетни сторители на кривични дела, најмногу односно против 16.583 лица или 73 % кривични пријави поднело Министерството за внатрешни работи. Граѓаните поднеле кривични пријави против 2.367 лица или 10,4 %, другите државни органи 1.473 или 6,5 %. Значителен е бројот на отворени постапки по допрен глас, односно по сопствена иницијатива на јавното обвинителство кој во 2020 година е 4,2% од вкупниот број на пријавени лица. Ако се земат во предвид бројот на пресуди (95%), обвиненија и пријави, заклучокот според статистиката на јавното обвинителство прикажува дека во С. Македонија во 2020 година главен орган на прогон е МВР. Овие фантастични резултати на јавното обвинителство се остварени врз основа на буџет, за кој тврдат дека е мал. Барале 19 милиони 171 илјада 609 евра, а добиле 10 милиони 466 илјади 666 евра, или 54,59% од бараните пари. Како што е зголемен бројот на пријави, обвиненија и пресуди, аналогно, зголемен е и бројот на соопштенија. Со други зборови, извештајот уште еднаш покажа дека граѓанинот треба да се плаши да не биде ставен “на лента”. Шансите му се 1,7%!, пишува Јошевска на ФБ. P.S. Во извештајот се наведени информации за старост и подрачје на делување, недостигаат многу демографско статистистички податоци кои треба да ја оформат целосната слика за работата на правосудниот систем.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonskite-sudii-pobrutalni-od-talibancite-vo-avganistan-i-stalin-vo-rusija/feed/ 0
Македонските судии ќе го судат финалето во ЕП https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/makedonskite-sudii-kje-go-sudat-finaleto-vo-ep/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/makedonskite-sudii-kje-go-sudat-finaleto-vo-ep/#respond Thu, 23 Jan 2020 19:30:22 +0000 https://kurir.mk/?p=293810

Како една од најдобрите судиски двојки во Европа, искусите македонски судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов се одбрани од страна на ЕХФ да го судат финалето на ракометното Европското првенство (ЕП). Најдобрите македонски судии досега имаат судено едно финале, на Светското првенство за младинци, а ова ќе им биде прво финале во сениорска конкуренција. Финалето на овогодинешното ЕП е закажано за оваа недела од 16:30 часот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/makedonskite-sudii-kje-go-sudat-finaleto-vo-ep/feed/ 0
Нов предизвик за Начевски и Николов, познато на кој натпревар ќе судат на ЕУРО 2020 https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/nov-predizvik-za-nachevski-i-nikolov-poznato-na-koj-natprevar-kje-sudat-na-euro-2020/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/nov-predizvik-za-nachevski-i-nikolov-poznato-na-koj-natprevar-kje-sudat-na-euro-2020/#respond Mon, 13 Jan 2020 07:16:24 +0000 https://kurir.mk/?p=288745

Најдобриот  македонски судиски ракометен пар, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе го судат својот прв натпревар на ЕУРО 2020 утре, станува збор за меч од конкуренцијата Е на шампионатот меѓу Исланд и Русија, пишува Дриблинг.мк. За Николов и Начевски ова ќе биде прв меч на континеталниот шампионат, досега беа резерви (за првата фаза – предвидени беа за следната фаза), средбата меѓу  Русија и Исланд се игра утре од 18-15 часот. Русија во првото коло загуби од Унгарија 26-25, Исланд направи сензација победувајќи ја Данска со 31-30.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/nov-predizvik-za-nachevski-i-nikolov-poznato-na-koj-natprevar-kje-sudat-na-euro-2020/feed/ 0