македонски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 15 Jul 2022 12:44:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png македонски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Изложба на македонски и бугарски уметници во https://arhiva.kurir.mk/svet/region/izlozba-na-makedonski-i-bugarski-umetnici-vo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/izlozba-na-makedonski-i-bugarski-umetnici-vo/#respond Fri, 15 Jul 2022 12:44:28 +0000 https://kurir.mk/?p=705729

Во организација на Културно-информативниот центар на Македонија во Софија во соработка со уметничката галерија „Проф. Теофан Сокеров“, синоќа во бугарскиот град Ловеч беше отворена изложба под наслов: „Слобода?!“, на која се претставени дела на 15 современи македонски и бугарски уметници, јави дописникот на МИА од Софија. Како што информира Втората програма на Бугарското национално радио „Христо Ботев“ изложбата е организирана во рамки на проектот наречен „Поврзување“. Изложбата опфаќа дела на македонски уметници кои живеат и работат во Софија од неформалната група „Конекција“, Перица Георгиев – Пепси од Скопје, Маријана Иванова од Виница, Зоран Мише од Охрид, Иво Пецов од Виница, Павел Целкоски од Охрид и Марјан Ѕингаров од Струмица, како и на професори и наставници од факултетите за ликовни уметности од земјава. Заедно со македонските колеги, свои дела на настанот изложуваат и бугарски уметници, професори и наставници од Националната уметничка галерија, меѓу кои и Георги Јанков, Свилен Стефанов и Нина Русева. На изложбата главно се застапени акварели и графики, но можат да се сретнат и други техники и авторски творби на поставената тематска насока – „Слобода?!“ Изложбата, која е поддржана од нашето Министерство за култура, има за цел да ги прикаже новосоздадените дела на најактивните современи уметници од оваа област, како и да ги поврзе уметничките сцени на двете земји. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/izlozba-na-makedonski-i-bugarski-umetnici-vo/feed/ 0
Пристигна првата група 149 авганистански граѓани во Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pristigna-prvata-grupa-149-avganistanski-gragjani-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pristigna-prvata-grupa-149-avganistanski-gragjani-vo-skopje/#respond Tue, 31 Aug 2021 05:23:32 +0000 https://kurir.mk/?p=556950

Со авион на компанијата „Камаир“ синоќа преку Тбилиси, Грузија на Меѓународниот аеродром Скопје пристигнаа првите 149 граѓани на Авганистан што ќе бидат прифатени во нашата земја. Веднаш по слетувањето жена во 39-тата недела бременост, нејзиниот сопруг и дете со возило на Итната помош беа однесени на Гинеколошката клиника во Скопје за контрола. Со друго возило беше спроведено лице за кое најверојатно станува збор за колапс. -Солидарноста што ја најавувавме неколку дена денеска им ја даваме на оние на кои им е најпотребна. Пристигна првата група од 149 граѓани од Авганистан за кои државата изрази спремност да обезбеди привремено прибежиште. Тоа се луѓе кои се вработени во меѓународни организации и партнерски меѓународни организации со кои сме работеле ние и нашите сојузници во овие 20 години во Авганистан, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи по пречекот на авганистанските граѓани на аеродромот. Тој нагласи дека станува збор за мажи, жени и претежно деца со кои, како што рече, сме соработувале и споделуваат наши вредности на кои не по своја вина им е загрозен животот. -Затоа одлучивме да им излеземе во пресрет во моментот кога им е потребно и да им овозможиме привремено прибежиште за да се засолнат од ризиците по нивниот живот и нивните семејства се додека не стигнат во нивните конечни дестинации, рече Османи. За нивното засолнување и за нивната логистика, додаде, се грижат организациите каде што работеа и ртаботат овие граѓани од Авганистан и ги покриваат нивните трошоци. -Но, доколку се јави потреба и државата исто така ќе помогне со соодветна логистика како што ја правиме и останатата логистика на транспорт, безбедност и здравствена заштита. Денеска сме фокусирани на достоинствен прием на овие граѓани, на нивна здравствена проверка, здравствена заштита и нивно сместување во соодветните хотели коишто се предвидени за оваа намена. Така што целиот фокус ни е денеска да ја покажеме солидарноста на дело, истакна Османи и додаде дека вечерва, меѓутоа и во текот на утрешниот ден ќе се прават соодветните контроли, и ќе се овозможи целокупната неопходна асистенција за овие граѓани. Во наредните денови, како што кажа, ќе се процесуираат нивните апликации, нивните конечни дестинации. -Мислам дека е најважно сите ние, Владата, меѓутоа и граѓаните да ја покажеме солидарноста за овие граѓани коишто денеска со насолзени очи се симнаа на овој аеродром од солзи и од среќа затоа што најдоа место каде што ќе бидат безбедни најмалку во наредните 90 дена до кога имаат престојувалиште овде во Република Северна Македонија. Ние сме дале согласност засега за 750 граѓани, жени и деца со име и презиме коишто беа претходно најавени и проверени дека се дел од меѓународните организации со кои сме соработувале ние, нашата војска, нашите партнерски организации. Оваа прва група успеа да излезе од Авганистан преку Тбилиси да стигне во Скопје, прецизира Османи. Во постојана координација сме, додаде, со партнерските земји, ја следиме состојбата на самиот аеродром и како ќе се појават услови за да може да излезе следната група која што е најавена и потврдена тогаш ние се разбира ќе бидеме спремни на ист ваков начин достоинствено да ги примиме. -Ние сме спремни во секој момент да ги прифатиме, така што, како ќе се појават услови за нивно излегување од аеродромот во Кабул ние во рамките на таа одобрена група сме спремни да ги прифатиме. Денеска имавме координација со заменик државниот секретар на САД и другите партнери со цел да ја следиме состојбата на аеродромот во Кабул за да можеме да видиме кога новите групи би дошле во Скопје. Во секој случај ние сме спремни, а мислам дека и граѓаните се спремни да дадат поддршка на солидарност на овие жени и деца коишто побараа прибежиште и најдоа денеска во Скопје, потенцира Османи. Раководителот на Итната помош д-р Милица Бубало посочи дека Министерството за здравство заедно со сите здравствени установи ќе даде комплетна здравствена заштита на граѓаните од Авганистан во текот на престојот во нашата држава. -На почетокот на сите граѓани кои се дојдени од Авганистан ќе им биде направен ПЦР тест и ќе биде проверен вакциналниот статус. Доколку изразат желба за со вакцина за КОВИД -19 ќе бидат вакцинирани. Доколку во текот на проверката со ПЦР тест имаме позитивни за нив ќе се спроведе 14-дневен карантин, рече Бубало. Нагласи дека ќе биде спроведен комплетен преглед на децата и на возрасните од страна на педијатар и интернист специјалист и ќе се оцени здравствената состојба на граѓаните. -Доколку имаат потреба од понатамошен преглед во тој случај ќе бидат спроведени во другите здравствени установи, рече Бубало. Потврди дека со првото амбулантно возило вечерва беше однесена жена трудница која што е во 39-та недела за која, како што кажа, има голема веројатност да се породи и посочи дека добиле информации оти има уште четири трудници. За второто лице, што беше одведено со амбулантно возило, рече дека најверојатно се работеше за колапс. Откако пристигна авионот на Авганистанците им беа поделени пакети со храна и со автобуси беа однесени на здравствени прегледи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pristigna-prvata-grupa-149-avganistanski-gragjani-vo-skopje/feed/ 0
Премиера на трејлерот за новиот македонски акциски серијал BLACK OPS https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/premiera-na-trejlerot-za-noviot-makedonski-akciski-serijal-black-ops/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/premiera-na-trejlerot-za-noviot-makedonski-akciski-serijal-black-ops/#respond Fri, 04 Jun 2021 13:28:57 +0000 https://kurir.mk/?p=519048

Во Скопје утревечер премиерно ќе биде прикажан трејлерот за новата македонска акциска серија насловена BLACK OPS. Серијата е во продукција на Artistic Film Production, под режисерската палка на Billy D. (Били Дурмишовски). -Квалитетната актерска екипа, составена од David Mukka, Христијан Тасковски – Таско, Стефан Лазаров, Тамара Тодевска, Ана Стојановска, Игор Џамбазов и многу други, овој викенд премиерно ќе ја внесат јавноста во неизвесниот свет на BLACK OPS, исполнет со уникатна форма на акцијата и драмата како жанрови, најавува продукцијата. Black Ops е серија која го следи Вилијам Конор, американски војник, соочен со најтешките предизвици и најголемите тешкотии во животот. Низ исклучително збунувачки збир на околности, тој започнува да ги составува изгубените парчиња од една неизмерно огромна и мрачна загатка што го води кон Балканот во Источна Европа и можноста за спасување на неговото киднапирано семејство. Со помош на неговите пријатели Бабиќ и Нора, Конор успева да започне да ги бара слабостите на неговиот противник Сатар, за да открие дека меѓу сенките на злосторствата на Сатар, демнее многу посуптилен и опасен непријател. Промотивниот настан за како што ја нарекуваат, оваа нова експлозивна филмска акција, ќе се одржи на платото пред Скопје Сити Мол – (од страната на Тренд Кафе), а премиерата на трејлерот на BLACK OPS е од затворен карактер и ќе се одржи во Синеплекс]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/premiera-na-trejlerot-za-noviot-makedonski-akciski-serijal-black-ops/feed/ 0
Коцарев и Котеска се во право, постои план за укинување на “македонските” катедри на Блаже Конески (ДОКУМЕНТИ) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kocarev-i-koteska-se-vo-pravo-postoi-plan-za-ukinuvanje-na-makedonskite-katedri-na-blaze-koneski-dokumenti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kocarev-i-koteska-se-vo-pravo-postoi-plan-za-ukinuvanje-na-makedonskite-katedri-na-blaze-koneski-dokumenti/#respond Thu, 04 Mar 2021 20:30:06 +0000 https://kurir.mk/?p=477490

Претседателот на МАНУ Љупчо Коцарев и професорката Јасна Котеска било во право дека на Филолошкиот факултет Блаже Конески постои документ во кој се најавува промена на структурата на предметите со кој ќе исчезнат имињата на двете катедри кои се занимаваат со македонскиот јазик и книжевност. Во документот до кој дојде expres.mk се предвидува токму тоа што го објавија професорката Јасна Котеска и претседателот на МАНУ Љупчо Коцарев. Денеска, во очекување на реакција на деканката Анета Дуческа која го напишала документот го објавуваме датумот на заведување и деловодниот број под кој е заведен документот во кој се предвидува укинување на двете “македонски” катедри на Блаже Конески, пишува порталот. Откако шефот на МАНУ Коцарев проговори на темава тој стана предмет на силни напади од луѓе, медиуми, невладини организации и активисти блиски до или контролирани од власта. Со откривање на документот сите што го обвинија Коцарев дека лаже ќе треба да му се извинат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kocarev-i-koteska-se-vo-pravo-postoi-plan-za-ukinuvanje-na-makedonskite-katedri-na-blaze-koneski-dokumenti/feed/ 0
Македонија се откажа од „македонски“ и прифати „официјален јазик на РСМ“ кој од двата е тој?! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-se-otkaza-od-makedonski-i-prifati-oficijalen-jazik-na-rsm-koj-od-dvata-e-toj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-se-otkaza-od-makedonski-i-prifati-oficijalen-jazik-na-rsm-koj-od-dvata-e-toj/#respond Sat, 23 Jan 2021 20:03:17 +0000 https://kurir.mk/?p=459038

Преговорите околу историските факти помеѓу Македонија и Бугарија се водат во тајност, што наиде на рекации и противење во јавноста и струката на историчарите, а повремено заради тоа од “неидентификувани извори“ дознаваме што се случува, наместо да добиваме официјлоани информации. Придавката “македонски” ќе се користи само во цитатите од записниците, во официјалните заклучоци од средбите, наместо македонски/Македонија ќе се употребува “уставното име на земјава“. Високи извори од македонскиот дел од Мешовитата историска комисија брифираат дека и покрај тоа што и двете страни генерално се држат до своите позиции, вчерашната средба покажала дека има желба за напредок. За македонската страна е прифатливо што во дискусиите придавката останува во употреба. Договор има и за името на самата комисија. Нема да се употребува македонска или бугарска страна на комисијата, а терминологијата е усогласена според официјалниот назив на ова тело – Комисијата на Република Северна Македонија или Комисија на Република Бугарија. “Беа предложени решенија кои се взаемно прифатливи за двете страни. Продолжува дискусијата по записниците за 10-та средба токму по тие прашања. Во таа смисла, постигнавме договор во согласност со меѓудржавната и меѓусебната пракса. Зборувам за, да речеме, учебници на РСМ, а не за македонски учебници” Она што и за двете страни сега претставува тема за договор е македонскиот јазик. Дискусијата за тоа како ќе се нарекува во официјалните заклучоци од средбите и натаму останува отворена, но најавите се дека во иднина би се користел терминот официјален јазик на РСМ. А Македонија има два службени јазици, на кој од нив мисли Бугарија под терминот “официјален јазик на РСМ“. ЗАКОН ЗА УПОТРЕБА НА ЈАЗИЦИТЕ Член 1 (1) На целата територија во Република Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо. (2) Друг јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните (албански јазик), исто така, е службен јазик и неговото писмо, согласно овој закон. “Во врска со јазикот има јасна формулација која се применува во меѓусебните односи. Станува збор за официјален јазик, македонски јазик според Уставот на РСМ. И не очекувајте од Комисијата да врши некакви промени во однос на тоа. Нашата комисија не е ниту јазична, ниту пак политичка или дипломатска. Таа не се занимава со јазици, туку со историски и образовни прашања” Решенијата по овие прашања, според двете страни, продолжуваат и во наредниот период. До одржувањето на средбата во полн формат која треба да биде одржана на 25 и 26 февруари, ќе бидат разменувани предлози и идеи по електронски пат, со цел надминување на проблемите во официјалната терминологија. “Категорично ги отфрламе невистините дека придавката „македонски “ се заменува со уставното име, велат од Комисијата. Членовите на македонскиот тим во Комисијата би сакале да ја информираат јавноста во однос на неточните и нецелосни информации кои се појавија во јавноста во врска со вчерашната виртуелна средба на која беше усогласен записникот од деветтата средба. Имено, категорично ги отфрламе невистините дека придавката македонски се заменува со уставното име Република Северна Македонија и дека придавката македонски ќе се користи само во цитатите на членовите на Комисијата, наведуваат од македонскиот тим на Комисијата.“ - објавија некои провладини портали. Но, повторно, не е наведен ниту извор ниту кој точно, конкретно, демантира, туку стои “Комисијата“, што не значи ништо без наведено име на изворот. Потворно се работи нетранспарентно. Ако се е во ред, нема потреба од криење.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-se-otkaza-od-makedonski-i-prifati-oficijalen-jazik-na-rsm-koj-od-dvata-e-toj/feed/ 0
Коронавирус: Триесетина македонски камионџии заглавени на италијанско-словенската граница, македонските надлежни институци нигде ги нема (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koronavirus-triesetina-makedonski-kamiondzii-zaglaveni-na-italijansko-slovenskata-granica-makedonskite-nadlezni-instituci-nigde-gi-nema-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koronavirus-triesetina-makedonski-kamiondzii-zaglaveni-na-italijansko-slovenskata-granica-makedonskite-nadlezni-instituci-nigde-gi-nema-video/#respond Sun, 15 Mar 2020 11:34:13 +0000 https://kurir.mk/?p=316791

Триесетина професионални возачи на камиони од Македонија поради состојбата со коронавирусот останале заглавени на италијанско-словенската граница, видно револтирани се од македонските институции од каде што нема никаква реакција. Како што откриваат, останатите нивни колеги од другите земји по реакција на нивните матични земји дозволено им е да ја поминат границата и да си одат дома. -Ние сме професионални возачи од Македонија за кои пишуваат дека сме пристигнати во Македонија. Ние сме 31 камион, моментално сме заглавени на италијанско-словенската граница. Сите други колеги од другите држави, Срби, Босанци, Румни, сите имаат испратено допис од министерството до Словенците и ги пуштаат камионите да си одат дома. Само македонското или „северно македонското“ министерство ги заборавиле своите 31 возач во Италија и нема кој да пушти допис за и ние да си одиме дома, вели во своето видео обраќање еден од револтираните камионџии. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koronavirus-triesetina-makedonski-kamiondzii-zaglaveni-na-italijansko-slovenskata-granica-makedonskite-nadlezni-instituci-nigde-gi-nema-video/feed/ 0
МХРМИ: Македонците во Егејска Македонија со блокади се спречуваат да одат на културен настан https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mhrmi-makedoncite-vo-egejska-makedonija-so-blokadi-se-sprechuvaat-da-odat-na-kulturen-nastan/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mhrmi-makedoncite-vo-egejska-makedonija-so-blokadi-se-sprechuvaat-da-odat-na-kulturen-nastan/#respond Sat, 20 Oct 2018 18:40:36 +0000 https://kurir.mk/?p=117587

На Фејсбук страната „Macedonian Human Rights Movement International“ се појави статус дека грчки нео-нацисти со блокади спречуваат Македонци во Егејска Македонија да одат на културен настан. -Распоредена е полиција, и има опасност од инциденти. Настанот се организира во Домот на македонската култура на Егејска Македонија. Нацистите го блокираат патот од Лерин до Пателе, каде се одржува настанот. Нацистичката партија Златна Зора тврди дека извојувале "победа против Македонците", стои во објавата на Фејсбук. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mhrmi-makedoncite-vo-egejska-makedonija-so-blokadi-se-sprechuvaat-da-odat-na-kulturen-nastan/feed/ 0
Обраќањето на Туск на македонски, не остана незабележано во Грција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obrakjanjeto-na-tusk-na-makedonski-ne-ostana-nezabelezano-vo-grcija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obrakjanjeto-na-tusk-na-makedonski-ne-ostana-nezabelezano-vo-grcija/#respond Sat, 28 Apr 2018 10:37:25 +0000 https://kurir.mk/?p=47351

Одлуката на Доналд Туск изјавата на прес-конференцијата со Зоран Заев да ја даде на македонски јазик, не остана незабележана од грчките медиуми. Дел од новинарите во Грција, акцентот во нивните текстови го ставија токму на македонскиот јазик на претседателот на Европскиот совет. Како што јави дописничката на МИА од Атина, во текстовите во грчките медиум, зборот македонски е во наводници или пак го користат терминот „славомакедонски јазик“. - На „македонски“ јазик говореше претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск за време на изјавите со премиерот на ПЈРМ, Зоран Заев во Скопје, како што соопшти самата ЕУ. Постапката на Туск доаѓа во момент кога јазикот и идентитетот на граѓаните на ПЈРМ се дел од „трновите“ што ги измачува преговорите меѓу Атина и Скопје за скопското прашање. ЕУ официјално ја признава соседната земја под името поранешна југословенска Република Македонија, објави грчката телевизија Скај. Tуск во грчки медиуми- Господинот Туск, од негова стана, одбра да даде изјава, користејќи го славомакедонскиот јазик, главниот идиом што се зборува во ПЈРМ, за време на заедничката прес конференција со господинот Заев, пишува „Катимерини“. Грчките медиуми во продолжение ги пренесуваат ставовите на Туск, но и на премиерот Заев во однос на европската перспектива на Македонија. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obrakjanjeto-na-tusk-na-makedonski-ne-ostana-nezabelezano-vo-grcija/feed/ 0