македонскиот јазик – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 13 Jul 2022 12:52:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png македонскиот јазик – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ковачевски: Македонскиот јазик ќе биде заштитен како еден од официјалните јазици на ЕУ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-makedonskiot-jazik-kje-bide-zashtiten-kako-eden-od-oficijalnite-jazici-na-eu/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-makedonskiot-jazik-kje-bide-zashtiten-kako-eden-od-oficijalnite-jazici-na-eu/#respond Wed, 13 Jul 2022 12:52:54 +0000 https://kurir.mk/?p=704514

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во интервју за МИА се осврна на тоа колку навистина е заштитен македонскиот јазик во модифицираниот француски предлог, како и на влијанието што врз јазикот ќе го има унилатералната изјава на Бугарија. – Македонскиот јазик е чист во европскиот предлог, чист. Нема никакви фусноти, дополнувања, астерикси итн. Чист македонски јазик, директно во преговарачката рамка. Унилатералните изјави, се забелешки со кои бугарската страна изјавува нешто и ние изјавуваме нешто друго. И тука се затвора таа приказна. Правно-формално, тие едностраните изјави немаат никакво влијание врз процесот. Со таа унилатерална изјава, бугарската страна, дава забелешка дека таа и само таа, и ниту една друга земја членка, има поинакво мислење од она кое e наведено во официјалниот документ на Европската Унија. И тоа стои како информација, која нема никакво влијание ниту на јазикот, ниту на процесот, ниту на која било точка од преговорите понатаму, вели Ковачевски. Премиерот нагласува дека откако Северна Македонија ќе стане полноправна членка македонските граѓани ќе можат да се обратат до институциите на ЕУ на македонски јазик, а институциите ќе бидат должни да им одговорат, исто така, на македонски. Тој напомена дека македонскиот јазик е специфичен и единствен и како таков, тој ќе биде заштитен, како еден од официјалните јазици на Европската Унија. Ковачевски додаде дека за тоа нема да чекаме долго, практично ќе започне процесот веднаш, со почетокот на преговорите, сите документи на Европската Унија ќе почнат да се преведуваат на македонски јазик. – Во Европскиот парламент, македонските претставници ќе се обраќаат на македонски јазик. Практичната потврда за ваква неоспорна употреба на македонскиот јазик ќе биде потпишувањето на договорот за Фронтекс, предвидено да се случи веднаш по одржувањето на првата меѓувладина конференција помеѓу Република Северна Македонија и ЕУ и државите членки. Оттука, овој меѓународен договор меѓу Република Северна Македонија и ЕУ, односно државите членки, и на македонски јазик, ќе стане дел од законодавството на ЕУ, вели Ковачевски. Според него, на овој начин не само што ќе биде заштитен, туку македонскиот јазик ќе доживее и неверојатна промоција, со тоа што многу земји и култури кои традиционално немаат допир со македонскиот јазик, ќе можат да се запознаат со него, со нашата култура, обичаи, традиција и други специфични обележја кои нѐ прават горди Македонци. – Нашиот идентитет е широка лепеза на важни елементи кои нѐ формираат како личности – јазикот, обичаите, фолклорот, традицијата, итн., сé што ни овозможува да ја создадеме сликата за самите себе. Никакво влијание однадвор не може да го дефинира или промени идентитетот. И кога ќе сме дел од Европската Унија, она што е автентично за нас и за нашиот јазик, култура, обичаи и традиција, ќе остане токму тоа, автентично македонско, во Европската Унија, нагласува премиерот. За заштитата од повторни и повторни условувања во текот на преговорите и дали постои механизам, гаранција, Ковачевски со одговор дека преговорите ќе траат со години, а она што го смета за најважно е во тој процес да извлечеме најмногу што можеме и да го европеизираме нашето општество во најкус можен рок. – Мислам дека претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел даде многу јасен и прецизен одговор на ова ваше прашање, па затоа и ќе го парафразирам неговиот одговор. Откако ќе почнеме со преговорите, забелешките за развојот и прогресот во процесот на преговори ќе се базираат на мерит систем. Можноста да некоја земја членка има забелешки кои не се однесуваат директно на нашата работа секако дека постои, но нашиот гарант дека таквите барања нема да го нарушат процесот на преговори, е самата Европската Унија. Доколку Бугарија инсистира да вметне прашања кои не се однесуваат на прогресот, репутацискиот ризик кој го носи таквото однесување повлекува сосема поинакви последици внатре во Унијата, вели Ковачевски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-makedonskiot-jazik-kje-bide-zashtiten-kako-eden-od-oficijalnite-jazici-na-eu/feed/ 0
Свеченост по повод јубилејот – 45 години македонистика на „Ломоносов“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/svechenost-po-povod-jubilejot-45-godini-makedonistika-na-lomonosov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/svechenost-po-povod-jubilejot-45-godini-makedonistika-na-lomonosov/#respond Tue, 18 May 2021 05:59:20 +0000 https://kurir.mk/?p=511589

Македонскиот јазик, литература и култура веќе 45 години се изучуваат на Филолошкиот факултет на Московскиот државен универзитет „М. В. Ломоносов“ – јубилеј којшто е исклучително значаен за македонистиката. По тој повод денеска ќе се одржи свечен настан преку платформата Зум, на кој ќе се обратат ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ), проф. д-р Никола Јанкуловски, рускиот амбасадор во државава Сергеј Александрович Баздникин, Оливера Чаушевска-Димовска, в.д. амбасадорката на Македонија во Руската Федерација, проф. д-р Андреј Александрович Липгарт, декан на Филолошкиот факултет на Московскиот државен универзитет „М. В. Ломоносов“ и проф. д-р Анета Дучевска, деканка на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ. Работниот дел, соопштуваат организаторите, ќе го отвори директорката на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ (МСМЈЛК), проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, по што ќе следат излагања и сеќавања за работата на лекторатот по македонски јазик на Филолошкиот факултет при МГУ „М. В. Ломоносов“, и тоа од некогашни и сегашни лектори, како и од предавачи и професори коишто вистински се вградиле во работата на лекторатот по македонски јазик на универзитетот „М. В. Ломоносов“, а коишто како кадри пред сѐ излегоа од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, како и од Институтот за македонски јазик „Крсте Петков – Мисирков“ и Институтот за македонска литература при УКИМ.. Организаторите посочуваат дека во рамки на настанот, говорниците, одделно ќе се осврнат и на влогот на оние без коишто отпочнувањето со работа на лекторатот во Москва немаше да се случи – академик Рина Павловна Усикова и нејзиниот руски ментор, професорот Самуил Борисович Бернштејн, како и нејзиниот македонски ментор, професорот Блаже Конески. – Овој значаен јубилеј – 45 години македонистика на „Ломоносов“, којшто се одбележува во текот на годината кога се навршуваат 100 години од раѓањето на Блаже Конески, покажува дека мостот меѓу универзитетите „Св. Кирил и Методиј“ и „М. В. Ломоносов“, како и меѓу двете земји и двата народа, одлично функционира и до ден денес, но и дека обврзува и понатаму да се создаваат нови генерации македонисти и слависти од двете земји, соопштуваат од МСМЈЛК Одбележувањето на јубилејот следи по зимската школа организирана од МСМЈЛК, што се одржа на почетокот од оваа година, како и по извонредно организираната тркалезна маса на Рускиот центар, и двата при УКИМ. Со одбележувањето 45 години изучување на македонскиот јазик, литература и култура на Филолошкиот факултет на Московскиот државен универзитет „М. В. Ломоносов“, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ го продолжува и достоинственото чествување на ликот и делото на Блаже Конески. Овој настан е дел од годишната програма на МСМЈЛК при УКИМ, а се остварува во рамките на богатата програма посветена на големиот јубилеј на великанот Блаже Конески, како дел од Програмата на манифестацијата „2021 – Година во чест на Блаже Конески“, под покровителство на претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, а во координација на Министерството за култура во соработка со Министерството за образование и наука. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/svechenost-po-povod-jubilejot-45-godini-makedonistika-na-lomonosov/feed/ 0
Силјановска Давкова: Се обврзуваме на поддршка на македонските лингвисти и зачувување на македонскиот јазик https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/siljanovska-davkova-se-obvrzuvame-na-poddrshka-na-makedonskite-lingvisti-i-zachuvuvanje-na-makedonskiot-jazik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/siljanovska-davkova-se-obvrzuvame-na-poddrshka-na-makedonskite-lingvisti-i-zachuvuvanje-na-makedonskiot-jazik/#respond Tue, 07 Jul 2020 12:27:12 +0000 https://kurir.mk/?p=370861

Носителот на изборната единица 1 на ВМРО -ДПМНЕ и Коалицијата „За Обнова на Македонија“ проф. д-р Гордана Силјановска Давкова, денес присуствуваше на промоција на книга „Македонскиот јазик – континуитет во простор и време“, пред платото на МАНУ. На промоцијата носителката на изборна единица 1 на ВМРО- ДПМНЕ и коалицијата „За Обнова на Македонија“ Силјановска- Давкова даде поддршка на македонските лингвисти кои се обединуваат за да дадат вистински аргументирани и научни одговори за континуитетот и еволуцијата на македонскиот јазик, а и за неговото место во меѓународната славистика и лингвистика. -Денес присуствував на промоција на четири капитални изданија за македонскиот јазик на платото пред МАНУ. Делата деновиве излегоа од печат на иницијатива на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) и со целосна поддршка и вклученост на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Советот за македонски јазик. Треба да ги подржиме македонските лингвисти кои се обединуваат за да дадат вистински аргументирани и научни одговори за континуитетот и еволуцијата на македонскиот јазик, а и за неговото место во меѓународната славистика и лингвистика. Конески не учеше дека јазикот е нашата татковина. Тоа е целиот идентитет во еден крик, во една мелодија. Со Обнова за Македонија ќе го зачуваме- истакна Силјановска. Силјановска на промоцијата додаде дека таа и ВМРО-ДПМНЕ се обврзуваат на зачувување и развој на културата, македонскиот јазик и македонскиот идентитет. Истотака истакна де се обврзуваат на поддршка на македонските лингвисти и зачувување на македонскиот јазик. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/siljanovska-davkova-se-obvrzuvame-na-poddrshka-na-makedonskite-lingvisti-i-zachuvuvanje-na-makedonskiot-jazik/feed/ 0
Промоција на четири изданија за македонскиот јазик во МАНУ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-chetiri-izdanija-za-makedonskiot-jazik-vo-manu/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-chetiri-izdanija-za-makedonskiot-jazik-vo-manu/#respond Mon, 06 Jul 2020 10:07:21 +0000 https://kurir.mk/?p=369783

Четири капитални изданија за македонскиот јазик утре ќе бидат промовирани на платото пред МАНУ. Делата деновиве излегоа од печат на иницијатива на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) и со целосна поддршка и вклученост на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Советот за македонски јазик. Се работи за „Македонскиот јазик – континуитет во простор и време“, колективна монографија во којашто е даден синтетски преглед на историскиот развој на македонскиот јазик од IX век, па сè до неговата кодификација. Останатите дела се „Погледи за македонскиот јазик“, меѓународен зборник на трудови во којшто над 40 странски и македонски лингвисти имаат свои прилози за различни аспекти на македонскиот јазик, „Македонска хрестоматија“, избор на позначајни македонски текстови од IX до XX век и „Лингвистички атлас на македонските дијалекти (според материјалите на ОЛА)“, кој дава продлабочен увид во лексичкото богатство на македонските дијалекти. Сите овие дела се поставени и во дигитална форма на главната страница на МАНУ. На промоцијата, воведна реч ќе има претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев, а книгите ќе ги промовираат академик Катица Ќулавкова, проф. д-р Снежана Велковска, проф. д-р Димитар Пандев и дописниот член Марјан Марковиќ. – Со излегувањето на овие значајни изданија за македонскиот јазик, а и со заедничката промоција, македонската лингвистичка средина се обединува за да даде вистински аргументирани и научни одговори за континуитетот и еволуцијата на македонскиот јазик, а и за неговото место во меѓународната славистика и лингвистика, информираат од МАНУ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-chetiri-izdanija-za-makedonskiot-jazik-vo-manu/feed/ 0