македонско-бугарска комисија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 21 Oct 2021 09:13:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png македонско-бугарска комисија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Денеска нов состанок на македонско-бугарската комисија за историски и образовни прашања https://arhiva.kurir.mk/makedonija/deneska-nov-sostanok-na-makedonsko-bugarskata-komisija-za-istoriski-i-obrazovni-prashanja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/deneska-nov-sostanok-na-makedonsko-bugarskata-komisija-za-istoriski-i-obrazovni-prashanja/#respond Thu, 21 Oct 2021 07:10:43 +0000 https://kurir.mk/?p=582887

Мешовитата македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања денеска и утре ќе го одржи 15. состанок во онлајн формат поради пандемијата со коронавирусот. Средбата ќе се одржи во изборен период во двете земји – кај нас заврши првиот круг од локалните избори и тече кампањата во пресрет на вториот круг, а во Бугарија во тек е кампања за претседателските и предвремените парламентарни избори, што се закажани за 14 ноември. На претходниот 14. состанок што се одржа на 10 и 11 јуни, од македонскиот тим во Комисија оцени дека ги имале најтешките разговори досега. На првиот ден тема на дискусија беа учебниците по историја и усогласување на препораките за нивно подобрување при што двете страни размениле предлог идеи како да се дојде до решение кое би помогнало во носење на препораки како да се подобри историското образование. – Од македонска страна беа дадени предлози засновани на современите разбирања за историското образование подржани од Советот на Европа и УНЕСКО во кој се уважуваат различните погледи и толкувања за минатото и кој се покажале како применливи во надминување на спорови кои произлегуваат од различното толкување на минатото. Од бугарска страна тие предлози беа одбиени како неприфатливи и неприменливи. За жал, очигледно е отсуството на волја кај членовите на Комисијата од Република Бугарија да се дојде до решение преку кое историското образование не би било основа за политичка инструментализација често затскривана позади фразата „историска вистина“. Исто така, очигледно е дека бугарската страна го гледа овој процес како можност да го наметнат својот поглед за минатото во друга држава и образовен систем, брифира тогаш од македонскиот тим за МИА. Во однос на дискусијата за заедничките чествувања, Комисијата отвори дискусија и за Григор Прличев, откако претходно бугарската страна не прифатила оваа личност да биде чествувана од страна на Северна Македонија, Бугарија и Грција. – На предлогот на македонскиот тим, дискусијата да продолжи врз основа на првично усогласениот текст за трипартитно чествување кое се наоѓа во заклучоците на записникот од третата средба и Првиот годишен извештај и прифатено од бугарската страна, бугарските колеги спротивно на заедничките заклучоци предложија нов текст кој македонските членови на Комисијата го оценија како навредлив за чувствата на етничките Македонци и сите граѓани на Северна Македонија. Членовите на Комисијата имаа можност да дискутираат и за Гоце Делчев, велат оттаму. Од Комисијата брифираа и дека во текот на двата дена членовите на Комисијата дискутирале и за содржината на Вториот годишен извештај, при што откако на претходни технички средби беше усогласен Извештајот на Комисијата, бугарската страна изрази резерва во однос на некои решенија со што го доведоа во прашање самиот Извештај. – И покрај овие сериозни пречки во работата на Комисијата, македонскиот тим останува посветен на решавање на историографските прашања, брифираа за МИА од македонскиот тим на Комисијата. Драги Ѓоргиев, копретседател на Мешовитата македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања, недоамна истакна дека е апсолутно неприфатливо политиката да ги решава историските спорови или историчарите да ги решаат политичките спорови. Според него, самокритичноста е основниот елемент кој ќе може да не придвижи напред, а не идејата дека ние ја поседуваме историската вистина за што било, и другата страна мора да ја прифати таа вистина. Тоа е патот кој не води никаде, смрта тој. – Отсекогаш имало политизирање на историјата или историцизирање на политиката на Балканот и тоа е еден од големите недостатоци на нашите историографии, па дури и во учебниците по историја отсекогаш определени личности и настани од минатото се митологизираат. Се прават митови од нив кои потоа се злоупотребуваат политички. Нашата цел како Комисија е токму тоа – да се избегне злоупотребата на историјата во политички цели, бидејќи на Балканот отсекогаш се правело тоа. Нашата цел е во правењето на препораки за подобрување на учебниците да се дадат препораки кои ќе ги апсолутно сведат на нула политизирањето на одредени личности, митологиозирањето, кои потоа се користат во дневно-политички цели, истакна Ѓоргиев. Во контекст на деблокирање на евроинтеграциите, Ѓорѓиев нагласи дека македонскиот тим историчари немале никаков притисок, сугестија од претседателот на државата, премиерот или министерот за надворешни – поранешниот и сегашниот. Македонската политичка елита, вели тој, беше многу покоректна во однос на одредени политичари од Бугарија чии изјави доведоа до тензија во работата на Комисијата. Немале контакти, додаде, ниту со опозицијата. – Ако двете држави сметаат дека таа комисија треба да постигне резултати, работата на таа комисија и комисијата треба да бидат тргнати од преговорите за членство на Македонија во ЕУ. Тоа е билатерален спор меѓу Бугарија и Македонија, историографски спор и тоа треба да биде оставено настрана од преговорите. само на тој начин ќе се постигне некаков резултат. Се додека таа спојка меѓу политичките барања да се врзуваат со некои историски отстапки или прилагодувања нема да дојде до резултат, рече копретседавачот на Комисијата за историски прашања и подвлече дека се неосновани обвинувањата за успорување на работата на комисијата од македонска страна. Во однос на изјавата на премиерот Зоран Заев за бришење на придавката бугарски од фашистички окупатор на спомениците и во учебниците, тој смета дека тоа е порака до Бугарија дека за историско помирување помеѓу двата народа треба да се разговара. Според Ѓоргиев, вистинските зборови се „простување, но не заборавање“, а поголемиот дел од проблемот е што на овој и ваквите обиди наишле на еден многу тврд ѕид од спортивната страна. – И затоа ваквата една би рекол изјава, обид на премиерот, на некој начин да се поттикне тој разговор меѓу двете страни наиде на остра реакција кај нашата јавност, бидејќи од другата страна не слушнавме ништо друго освен отворено негирање на нашата историја, на нашиот идентитет, на македонскиот јазик. Тоа е она поради кое јавноста реагираше, оценува Ѓоргиев. Тој вели дека за ова прашање немало официјални разговори меѓу членовите на двете комисии, туку дека понекогаш за време на паузи се случувало да се поттикне тоа прашање. Главниот проблем овде, според него, „е што во бугарската историографија и гледање на минатото на Македонија, преовладува мислењето дека Македонија е историски бугарска земја“. – Тоа е присутно и во учебниците во Бугарија и ние тоа го нотиравме и го дадовме како забелешка која треба да се промени и да се измени во учебниците во Бугарија. И оттука произлегува ставот и на сегашната бугарската историографија и политика дека Бугарија не може да биде окупатор на земја која според нивното гледање на минатото историски е бугарска земја. Затоа тие себе си се гледале или како ослободители на оваа територија, бугарска според нив, или како админстратори. Затоа зборот окупатор за нив е оној болниот збор кој не може да го прифатат, рече Ѓоргиев. Формирањето на Мешовитата македонско-бугарска комисија е согласно Договорот за пријателство, добрососедство и соработка потпишан меѓу двете земји во 2017 година, а нејзината работа е една од точките на патоказот 5+1 како можно решение за спорот со Бугарија и деблокада на пристапните преговори со ЕУ. Патоказот е постојана тема на разговор на релација Скопје-Софија и би требало да биде готов до почетокот на ноември, а во него би имало решенија, кои треба да се исполнуваат во целиот преговарачки процес. Во 2021 година се очекува Комисијата да има пет состаноци, денешниот 15. состанок е четвртиот од предвидените пет состаноци за оваа година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/deneska-nov-sostanok-na-makedonsko-bugarskata-komisija-za-istoriski-i-obrazovni-prashanja/feed/ 0
Историчари од македонско-бугарската комисија се оградуваат од „историскиот ревизионизам“ на Заев https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/istorichari-od-makedonsko-bugarskata-komisija-se-ograduvaat-od-istoriskiot-revizionizam-na-zaev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/istorichari-od-makedonsko-bugarskata-komisija-se-ograduvaat-od-istoriskiot-revizionizam-na-zaev/#respond Wed, 25 Nov 2020 17:10:46 +0000 https://kurir.mk/?p=434338

Оградување и осуда на изјавите на премиерот Зоран Заев стигна вечерва од членови на мешовитата македонско-бугарска историска комисија. Неколку членови на Комисијата се оградуваат од ставовите на премиерот, објавува Дојче веле. Интервјуто на премиерот Зоран Заев за бугарската агенција Бгнес предизвика остри реакции меѓу историчарите кои се членови на македонско-бугарската историска комисија. Неколку членови на македонскиот дел од комисијата вечерва искажаа осуда на ставовите на Заев и се оградија од истите. Според информации на Дојче веле, најмалку тројца членови на Комисијата се оградуваат од искажаното во разговорот. Ставот на македонските историчари е дека „се спротивставуваат на изјави кои содржат елементи на историски ревизионизам кој ги поткопува основните темели на Европа“. Прва реагираше историчарката Љубица Спасковска која на својот Фејсбук профил апелираше до политичарите да не коментираат теми коишто не ги разбираат. Подоцна и се приклучи и историчарот Огнен Вангелов. „Како член на македонскиот дел од Комисијата, лично се оградувам и ги осудувам последните изјави на Премиерот и апелирам политичарите да се воздржуваат од тврдења и коментари со кои не се запознаени и не се од нивниот домен на познавања и експертиза“, вели историчарката Спасковска. За неа е особено спорна оценката дали Бугарите (не) биле окупатори во Македонија во Втората светска војна. Бугарија не е фашистичка земја, Бугарија е наш пријател. Новите генерации не ја знаат целата оваа реалност и таа мора да нѐ обедини. И во Северна Македонија и во Бугарија, ова влијае на луѓето на многу погрешен начин“, рече Заев во еден дел од интервјуто. Потоа повтори слична теза: „Ние веќе заменивме повеќе од 20 табли во земјата каде што беше напишано ‘бугарски фашистички окупатор’. Ова не е точно – Бугарија не е фашистичка земја, Бугарија е наш пријател", рече Заев. За професорката Спасковска ваквите искази се спорни. „Во цела западна историографија и во доменот на јавна историја терминот окупација е општоприфатен и за улогата на Бугарија во Втората Светска Војна доволно говори мировниот договор потпишан со сојузниците вклучително и со Македонија како дел од Југославија во 1947“, вели таа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/istorichari-od-makedonsko-bugarskata-komisija-se-ograduvaat-od-istoriskiot-revizionizam-na-zaev/feed/ 0
Ѓорѓиев: Имаме различно толкување на терминот „заедничка историја“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gjorgjiev-imame-razlichno-tolkuvanje-na-terminot-zaednichka-istorija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gjorgjiev-imame-razlichno-tolkuvanje-na-terminot-zaednichka-istorija/#respond Fri, 06 Dec 2019 10:08:50 +0000 https://kurir.mk/?p=274152

Имаме различно толкување на терминот „заедничка историја“ кој е содржан во Договорот за добрососедство. Најдиректно кажано колегите од Бугарија со тоа сакаат да промовираат некаква политичка концепција и некаква идеологија, сакајќи да ни укажат дека до 1944 година ние сме имале заедничка историја, меѓутоа нивното сфаќање на заедничката историја подразбира дека тоа станува збор за еден народ, кој што имал еден јазик, една историја, едно минатото, вели професор д-р Ванчо Ѓорѓиев , член на македонскиот тим на Заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања. Според него, зедничка историја е во периодот на средновековието, кога Македонија била дел од бугарската држава, потоа периодот од 1915 до 1918 година, кога за време на Првата светска војна територијата на Македонија е окупирана од Бугарија и периодот од 1941 до 1944 година. -Само тоа може да биде заедничка историја, другото е споделена историја. Нешто што во Европа и во светот секаде така се перцепира, затоа што ние можеме да имаме заедничка историја со сите околни народи и во таа смисла ако Договорот за пријателство и добрососедство се доведува во ситуација да зависи од работата на Kомисијата за историја тогаш тешко на овие народи и тешко на тие добри односи ако сета работа се се сведе на тоа, бидејќи во овој Договор има многу други точки. Ние сме реално овде, ние сме македонски народ со македонски јазик со македонска историја и нашите односи треба да зависат од тоа што е реалност-развивање на економската соработка, развивање на соработка во областа на културата, образованието и на многу други нешта, подвлекува професорот Ѓорѓиев. Додава дека историјата е нешто што обременува и доколку некој мисли дека на друг ќе му ја натури својата перцепција за минатото, тогаш сериозно се поставува прашањето за какви добрососедски односи може да станува збор. -Во секој случај Комисијата ќе продолжи и понатаму да работи. Во светот ниедна работа, ниедна комисија не завршила така одеднаш. Впрочем, искуствата од западно-европските земји, да речеме германско-полската комисија, француско-германската комисија, руско-полската комисија и други траеле со децении. Оттука, многу е интересно прашањето зошто некој инсистира толку бргу да се решаваат работите. Во таа смисла ние сакаме да останеме пасивни за време на изборите кај нас за да не се злоупотребува ова прашање, додава професорот Ѓорѓиев. На прашањето дали има политички влијанија во работењето на комисијата, Ѓорѓиев со одговор. -Ја можам да тврдам за нас, за мојата страна. Досега како професионалец никогаш не сум дозволил да влијае политиката врз мене, но дали тоа го има на другата страна може да видат и проценат сите. Колку влијаело врз македонскиот дел од комисијата зборува фактот што ние досега не подлегнавме на ниту едно влијание, бидејќи врз нас се даваа рокови од источната страна, од повеќе политички сегменти и на крајот на краиштата можам да кажам дека ставовите на македонската страна во комисијата ја предизвикаа и онаа резолуција во бугарскиот Парламент, па мислам дека поголем показател од тоа нема, рече Ѓорѓиев. На прашањето пак дали е можно решение и како понатаму ако не се најде решение, Ѓорѓиев со став дека решенијата треба да се бараат во рамките на добрососедските односи и почитување на другиот. -Штом вие не го почитувате другиот, оној со кој седите заедно на маса, тогаш е потешко. Но, едно од решенијата може и да не се бара решение за секое прашање. Политичарите имаат право кога сакаат и каде сакаат да положуваат цвеќиња и заеднички да чествуваат, но тоа не зависи од нас, од експертите. Ние имаме свои ставови, ние можеме да олеснеме за процесот, но не и даваме насоки, рече на крајот професор д-р Ванчо Ѓорѓиев, член на македонскиот тим на Заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања, кој учествува на дводневниот научен собир во Струмица за животот и делото на Христофор Жефарович.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gjorgjiev-imame-razlichno-tolkuvanje-na-terminot-zaednichka-istorija/feed/ 0
Средниот век, Османлиската империја и Гоце Делчев теми на деветтата средба на Мешовитата македонско-бугарска комисија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sredniot-vek-osmanliskata-imperija-i-goce-delchev-temi-na-devettata-sredba-na-meshovitata-makedonsko-bugarska-komisija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sredniot-vek-osmanliskata-imperija-i-goce-delchev-temi-na-devettata-sredba-na-meshovitata-makedonsko-bugarska-komisija/#respond Thu, 28 Nov 2019 07:29:31 +0000 https://kurir.mk/?p=270351

Средниот век, Османлиската империја и евентуалното заедничко чествување на Гоце Делчев се темите за кои ќе разговараат членовите на Заедничката комисија меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија на деветтата средба, која ќе се одржи денеска и утре во Софија. Средбата е продолжение на претходната, која се одржа во Охрид и на која се дискутираше по забелешките за учебниците по историја и усогласување на препораки како да се подобрат истите, како и за евентуалното заедничко чествување на Гоце Делчев. На првиот работен ден, како што информираа од Комисијата, предвидено е да се продолжи со дискусијата за учебниците по историја за седмо одделение според македонскиот образовен систем и шести клас според бугарскиот образовен систем, односно историјата на средниот век и Османлиската империја. На вториот ден од средбата предвидено е членовите на комисијата да дискутираат за евентуално заедничко чествување на Гоце Делчев. Оваа средба е шеста и последна средба за оваа година. До сега, Заедничката комисија има одржано осум средби и препорачано на владите на двете држави заеднички чествувања на Св. Кирил и Методиј, Св. Климент, Св. Наум и Цар Самоил, како и препораки за подобрување на учебниците по историја за шесто одделение во Република Северна Македонија и петти клас во Република Бугарија кои се однесуваат на античкиот период од минатото.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sredniot-vek-osmanliskata-imperija-i-goce-delchev-temi-na-devettata-sredba-na-meshovitata-makedonsko-bugarska-komisija/feed/ 0