македонско државјанство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 19 Nov 2022 08:31:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png македонско државјанство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Не е испочитувано последното ниво од проверката за Онишченко: Како човек од црната листа добива македонско државјанство? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ne-e-ispochituvano-poslednoto-nivo-od-proverkata-za-onishchenko-kako-chovek-od-crnata-lista-dobiva-makedonsko-drzavjanstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ne-e-ispochituvano-poslednoto-nivo-od-proverkata-za-onishchenko-kako-chovek-od-crnata-lista-dobiva-makedonsko-drzavjanstvo/#respond Sat, 19 Nov 2022 08:31:20 +0000 https://kurir.mk/?p=763252

Интерната постапка за евентуален пропуст за случајот „Онишченко“ констатира дека не е испочитувано последното ниво од безбедносната проверка и не била направена консултација со НАТО партнерите пред да се даде позитивно мислење. Лоциран е прстенот и поединецот што го ставил потписот и ќе се преземе одговорноста. Претседателот на државата Стево Пендаровски повикува на одговорност за овој случај на доделување македонско државјанство на украинскиот државјанин Олександр Онишченко, кој е ставен на црната листа на САД. Директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) Виктор Димовски вчера по седницата на собраниската Комисија за надзор над работата на АНБ и на Агенцијата за разузнавање (АР), изјави дека чекањето за реферирање за случајот, било поради тоа што требало да се почитуваат и следат институционалните норми и да се истражи ако затаил, каде и зошто затаил системот за национална безбедност. Безбедносната проверка пред издавање позитивно мислење за издавање пасош на некое лице, Димовски појасни дека се прави на неколку нивоа и дека се потребни потписи од десет припадници на АНБ. Тие констатирале дека последното ниво кое требало да направи консултација со НАТО партнерите, дало позитивно мислење, но тоа не го направило. Тој нагласи дека истрагата ќе продолжи, со цел да се утврди дали станува збор за изолиран случај или не. Тој не го откри името на лицето, но посочи дека во сите четири сектори работат лица со безбедносни сертификати. Рече дека испитуваат дали станува збор за изолиран случај или не, односно дали се работи за пропуст или некој намерен или лукративен интерес. -Не сакаме заради ваков случај, она што е сторено со макотрпна работа во изминатиот период да пропадне. Во зависност од тоа ќе се утврди дали ќе заврши со дисциплинска или кривична одговорност, изјави Димовски. Претседателот Пендаровски во завчерашното гостување во емисијата „24 Анализа“, во врска со случајот „Онишченко“ оцени дека станува збор за сериозен удар врз кредибилитетот на една земја членка на НАТО во очите на другите сојузници. -Станува збор за човек чија биографија ја знаеме кој е на црната листа, но е поврзан со други индивидуи и групи и не е поврзан само со изборите за претседател во Америка во 2016. Има четири сектори во рамките на Агенцијата за национална безбедност (АНБ). Владата на крајот носи позитивна одлука. Треба да се сконцентрираме на интерната истрага во АНБ. Четвртиот сектор во АНБ  е за соработка со странски служби кои се наши партнери во НАТО. Ако е точно тоа што го знам, вклучително и овој сектор, тоа е голем удар за кредибилитетот за АНБ. Мора да извлечеме одговорност за овој случај. Ако човекот се мешал во нивните избори, со кои очи ќе ги погледнеме Американците. Нема да не гледаат со исти очи. Имаше и реакција од Америка како е можно ова да се случи, рече Пендаровски. Според него станува збор за прилично голем пропуст, но системски. -Јас би рекол дека станува за системски пропуст, не станува збор за една индивидуа. Значи некој погрешил, примил мито, шпекулирам, рече претседателот, повотрувајќи дека мора до крај да се истера процесот на одговорност во АНБ. Претседателот на Собранието Талат Џафери вчера реагираше да се прекине комисиската работа бидејќи според информации во медиумите, она што се зборувало на затворената седница на Комисијата за контрола на АНБ, одело тонски во живо на Јутјуб. Џафери на почетокот на седницата истакна дека нема да отстапи од своите надлежности за да испита до крај што се случува. -Одлука има на Комисијата работата да биде затворена. Од каде, како, што, тоа не е моја работа јас тоа да го испитувам. Има државни институции кои се надлежни тоа да го спроведат и сите надлежни институции се информирани и ќе бидат во Собрание тоа да го испитаат. Меѓутоа, тоа не е за телевизија, додека не се утврди што е што, рече Џафери. Тој нагласи дека нема што да крие од пратениците и од службата, посочувајќи дека сме членки на НАТО, претенденти да бидеме дел од ЕУ и сме цел на кибер напади и не треба да се случи тоа што се случило во соседството. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, пак, истакна дека е очигледно оти вчера имало ситуација што треба да се истражи и за која треба да имаат конкретни информации што се случи. -Не го оправдувам реагирањето на колегите од власта, затоа што ова е проблем во оваа институција и е голем проблем доколку ова навистина се случило и во државата. Затоа претседателе ве охрабтувам и сигурно согласно вашите надлежности да преземете обврска да се направи целосна истрага за инцидентот, односно скандалот, доколку е случен на Комисијата која што се одржуваше денеска. Таа треба да биде зад затворени врати на која присуствуваат пратеници, кои имаат сертификати од одредено ниво и доколку навистина се случило вакво нешто навистина треба да има одговорност, рече Мицевски. Украинскиот државјанин Онишченко станал македонски државјанин како спортист во еквестријан по предлог на Коњичката федерација. Одлука за доделување македонско државјанство за него донела Владата по добиено позитивно мислење од сите надлежни институции. И премиерот Димитар Ковачевски изјави дека упатил барање до институциите, кои биле вклучени во донесувањето на позитивни мислења за доделување на државјанството на Онишченко, да поднесат извештај за тоа дали и како е спроведена процедурата.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ne-e-ispochituvano-poslednoto-nivo-od-proverkata-za-onishchenko-kako-chovek-od-crnata-lista-dobiva-makedonsko-drzavjanstvo/feed/ 0
Пренџов: Димовски во петок ќе реферира за улогата на АНБ при доделување македонско државјанство на Онишченко https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prendzov-dimovski-vo-petok-kje-referira-za-ulogata-na-anb-pri-dodeluvanje-makedonsko-drzavjanstvo-na-onishchenko/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prendzov-dimovski-vo-petok-kje-referira-za-ulogata-na-anb-pri-dodeluvanje-makedonsko-drzavjanstvo-na-onishchenko/#respond Tue, 15 Nov 2022 10:49:37 +0000 https://kurir.mk/?p=760849

Претседателот на собраниската Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање Љупчо Пренџов за МИА изјави дека утре ќе се одржи седница со дневен ред: Улогата на Агенцијата за национална безбедност во безбедносната проверка на лицето Александр Онишченко при давањето на позитивно мислење за добивање македонско државјанство, но дека во петок директорот на АНБ Виктор Димовски ќе реферира пред комисијата. Пренџов кажа дека утре ќе ја отвори седницата и по усвојувањето на дневниот ред ќе биде поделен материјал, но оти расправата ќе биде во петок. Пратеникот рече дека очекува пратениците од владејачкото мнозинство да присуствуваат на седницата утре и на продолжението в петок. Претходно вчера во изјава за медиумите Пренџов кажа дека Димовски е најповикан да одговори за издавањето пасош на украинскиот државјанин кој е баран во неговата земја и е на црната американска листа. -Тој е најповикан да одговори. Лично сум многу загрижен во врска со издавањето на македонски државјанства и на македонски пасоши веќе имам чувство дека секој втор криминалец има во џебот македонски пасош и според мене сметам дека тоа е сериозен предизвик и аномалија во безбедносниот сектор во државата, рече Пренџов. Украинскиот државјанин Онишченко станал македонски државјанин како спортист во еквистријан по предлог на Коњичката федерација. Одлука за доделување македонско државјанство за него донела Владата по добиено позитивно мислење од сите надлежни институции. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prendzov-dimovski-vo-petok-kje-referira-za-ulogata-na-anb-pri-dodeluvanje-makedonsko-drzavjanstvo-na-onishchenko/feed/ 0
Николоски: Луј Волина осуден во Шпанија за трговија со дрога, добил македонски пасош од МВР на Спасовски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-luj-volina-osuden-vo-shpanija-za-trgovija-so-droga-dobil-makedonski-pasosh-od-mvr-na-spasovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-luj-volina-osuden-vo-shpanija-za-trgovija-so-droga-dobil-makedonski-pasosh-od-mvr-na-spasovski/#respond Fri, 09 Apr 2021 12:12:13 +0000 https://kurir.mk/?p=494826

Луи Волина, МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИН со „традиционално“ македонско име веројатно крстен на дедо му 🙂 е осуден во Шпанија во 2020 за ТРГОВИЈА СО ДРОГА. Нема нарко бос на кој не дале МАКЕДОНСКИ ПАСОШ. ОСТАВКИ И ОДГОВОРНОСТ! Фејсбук статус на Александар Николоски ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-luj-volina-osuden-vo-shpanija-za-trgovija-so-droga-dobil-makedonski-pasosh-od-mvr-na-spasovski/feed/ 0
Во Србија се попишани како Македонци, а Македонија не им дава државјанство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-srbija-se-popishani-kako-makedonci-a-makedonija-ne-im-dava-drzavjanstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-srbija-se-popishani-kako-makedonci-a-makedonija-ne-im-dava-drzavjanstvo/#respond Thu, 01 Apr 2021 19:36:19 +0000 https://kurir.mk/?p=491040

Македонија да најде начин да им издаде државјанство на десетици илјади декларирани Македонци, кои живеат во Србија, бараат од Партијата на Македонци во Србија. Иако нивните предци се родени во Македонија, а тие се попишани во Србија како Македонци, тоа не било доволен доказ да се стекнат со македонско државјанство. Од Партијата на Македонци во Србија бараат да се олеснат процедурите со новиот Закон за државјанство и земјава да најде начин да ја заштити својата дијаспора, пренесе Сител. Комплексните процедури веќе ги обесхрабруваат помладите генерации да побараат македонско државјанство. Илијевски стравува дека малкумина ќе се самопопишат бидејќи немаат македонско државјантво. Србија попишала 23.000 Македонци, а кај нас за еден месец се самопотпишале едвај 700. Партијата на Македонци во Србија смета дека сега е време да се реши проблемот, кога веќе се отвара Законот за државјанство. Инаку, токму партиските неусогласувања околу предложените измени за начинот на кој може да се стекне македонско државјанство се причина за повеќедневна блокада на работата на Собранието. Прилогот на СИТЕЛ погледнете го во продолжение: ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-srbija-se-popishani-kako-makedonci-a-makedonija-ne-im-dava-drzavjanstvo/feed/ 0
Во 2018 година над 1.600 граѓани се откажале од македонско државјанство, со Заев на власт државата се празни https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-2018-godina-nad-1-600-gragjani-se-otkazale-od-makedonsko-drzavjanstvo-so-zaev-na-vlast-drzavata-se-prazni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-2018-godina-nad-1-600-gragjani-se-otkazale-od-makedonsko-drzavjanstvo-so-zaev-na-vlast-drzavata-se-prazni/#respond Wed, 10 Feb 2021 10:50:03 +0000 https://kurir.mk/?p=466714

Секоја година над 1.500 граѓани од Македонија се откажуваат од македонско државјанство за да започнат нов живот во друга држава. Тоа стана секојдневие во државата, во потрога за подобар живот граѓаните се иселуваат од Македонија. Зоран Заев пред да стане премиер ветуваше дека сите иселени лица од Македонија ќе ги врати во државата, а другите ќе ги задржи. Но тој не ги задржа граѓаните дома, а другите иселени не ги врати. -Многумина од вас разочарани од состојбите во земјава, ја напуштивте Македонија. Се упативте во голема неизвесност. Јас ви нудам избор да останете со цврсто закотвени сидра на своето парче земја. Тука каде што ќе добиете можност за неповартни 10.000 евра да отворите сопствен бизнис, или бесплатен деловен простор во старт ап центри, или кредити со само 1 процент годишна камата. Во ваши раце се и белото знаме со кое можете да се предадете и црвеното знаме на животот со кое ќе ја прогласите својата победа. Иднината е ваша, и одлуката е ваша. Ве повикувам заедно да донесеме живот во Македонија, истакна премиерот Зоран Заев на 04.12.2016 година. Премиерот Зоран Заев на истиот настан на 04.12.2016 година пред граѓаните рече –„Еве овде во овој План за живот во Македонија се содржани сите ваши планови за вашите животи. Затоа што Планот го пишувавме заедно. Затоа што овој план заедно го поставивме на наука, историја и факти. Затоа што го зедовме најдоброто од светот за да го донесеме светот во Македонија. За децата да ни се вратат од странство, за и ние да го видиме нашиот живот, нашиот добар живот, овде“. Наспроти овие ветувања според податоците на МВР, во 2016 година 1.476 лица се откажуваат од свои државјанства. Во 2017 година 1.526 лица, во 2018 година 1.621 лице, во 2019 година 1.326 лица и во 2020 година 1.240 лица добиле отпуст од државјанство на Македонија. Државјаните на Република Македонија добиваат отпуст од државјанство со цел да се стекнат со државјанство на друга држава која предвидела согласно со нивното национално законодавство, поседување само на едно државјанство. Според податоците на МВР во 2018-тата година најголем број граѓани се откажале од своето државјанство, односно 1.621. -Откако е СДСМ е на власт секој ден се повеќе се зголемува бројот на иселени од државата. Граѓаните се иселуваат затоа што во Македонија под власта на Заев економијата е сѐ полоша. Зоран Заев потроши неколку години од својот мандат на растурање на државата, општествено, економски, безбедносно, и финансиски, наместо ги врати иселените како што вети. Зоран Заев и СДСМ не се способни ништо добро да направат, се вели во соопштенијата на ВМРО-ДПМНЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-2018-godina-nad-1-600-gragjani-se-otkazale-od-makedonsko-drzavjanstvo-so-zaev-na-vlast-drzavata-se-prazni/feed/ 0
Австриската полиција преку Европол достави барање за соработка и информации до МВР – три лица се со македонско државјанство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/avstriskata-policija-preku-evropol-dostavi-baranje-za-sorabotka-i-informacii-do-mvr-tri-lica-se-so-makedonsko-drzavjanstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/avstriskata-policija-preku-evropol-dostavi-baranje-za-sorabotka-i-informacii-do-mvr-tri-lica-se-so-makedonsko-drzavjanstvo/#respond Tue, 03 Nov 2020 14:31:25 +0000 https://kurir.mk/?p=424379

Денеска (03.11.2020) од австриската полиција, преку Европол, до Министерството за внатрешни работи беше доставено барање за соработка и информации околу терористичкиот напад кој се случи синоќа во Виена. Од списокот на австриската полиција, кој е доставен до повеќе полиции, меѓу кои и нашата, утврдено е дека три лица покрај австриското имаат и државјанство на Република Македонија, и тоа К.Ф. (роден во Модлинг, Австрија), А.Г. (роден во Сент Полтен, Австрија) и У.А. (роден во Виена, Австрија). Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР веднаш се стави на располагање на колегите од Австрија и интензивно соработуваме на сите елементи поврзани со овој случај. Остварена е и директна комуникација меѓу премиерите Заев и Курц. Премиерот Курц изрази благодарност до премиерот Заев за искажаната солидарност и поддршка. Премиерите изразија подготвеност да ја продолжат комуникацијата и соработката во врска со терористичкиот напад доколку австриските служби утврдат таква потреба.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/avstriskata-policija-preku-evropol-dostavi-baranje-za-sorabotka-i-informacii-do-mvr-tri-lica-se-so-makedonsko-drzavjanstvo/feed/ 0