македонско малцинство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 10 Aug 2022 08:33:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png македонско малцинство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Бугарија „негира постоење на етничко македонското малцинство“, ОН ги повикува да ги обезбедат и заштитат права на Македонците во Бугарија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarija-negira-postoenje-na-etnichko-makedonskoto-malcinstvo-on-gi-povikuva-da-gi-obezbedat-i-zashtitat-prava-na-makedoncite-vo-bugarija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarija-negira-postoenje-na-etnichko-makedonskoto-malcinstvo-on-gi-povikuva-da-gi-obezbedat-i-zashtitat-prava-na-makedoncite-vo-bugarija/#respond Wed, 10 Aug 2022 08:33:19 +0000 https://kurir.mk/?p=716440

Бугарија има обврска да ги почитува правата на малцинствата и да осигура дека никој нема да биде дискриминиран врз основа на нивниот слободно избран идентитет, соопштија за „Гласот на Америка“ од Канцеларијата за човекови права на Обединетите нации на барањето да го искоментираат условот на Бугарија да се впишат Бугарите во македонскиот Устав, додека против неа постојат 14 пресуди на Судот во Стразбур за прекршување на правата на македонското малцинство на нејзина територија. Канцеларијата за човекови права на ОН го посочи извештајот што независен експерт на ОН за малцински прашања го претставил до Советот за човекови права во јули 2011 година, согласно кој, Владата на Бугарија се повикува да ги заштити слободата на изразување и здружување на припадниците на македонското малцинство. – Извештајот ја повикува бугарската Влада да ги обезбеди и заштити правата загарантирани во уставните одредби на земјата за почитување на правото на етничко самоопределување, вклучително и правата на слободата на изразување и слободата на здружување на припадниците на македонското малцинство. Извештајот, исто така, нагласува дека политиките што се однесуваат на признавањето и правата на малцинските групи мора да се проценат во однос на обврските на државата, согласно меѓународниот закон за човекови права, вели Канцеларијата за човекови права на ОН. Овој извештај забележува дека Владата на Бугарија „негира постоење на етничко македонското малцинство“, тврдејќи дека припадниците на оваа заедница се всушност етнички Бугари. Во него се вели и дека „македонскиот јазик не се признава, ниту се учи во училиштата и Македонците не се застапени во Националниот совет за соработка на етничките и интегративните прашања“. Канцеларијата за човекови права на ОН вели дека правата на малцинствата се заштитени со различни договори за човекови права, вклучително и Меѓународниот пакт за граѓански и политички права и Меѓународната конвенција за елиминација на сите форми на расна дискриминација, а како потписник на двата договора, Бугарија има обврска да ги почитува обврските кои произлегуваат од нив. – Националниот закон треба да ги признае правата на малцинствата и да осигура ниту еден поединец или група да не страда од неповолна положба или дискриминаторски третман врз основа на нивниот слободно избран идентитет како припадност (или не) на етничка, верска, јазична или која било друга група, се вели во одговорот. Од Канцеларијата нагласиуваат дека исполнувањето на ваквите обврски од страна на Бугарија го следат Комитетот за човекови права и Комитетот за елиминирање на расната дискриминација. – Северна Македонија, согласно вториот билатерален Протокол за исполнување на Договорот за добрососедство и пријателство од 2017, што го потпиша со Бугарија, се обврза да преземе мерки со кои ќе осигура ефективен пристап до еднакви права, заштита од дискриминација и заштита на културата и идентитетот на бугарската заедница во државата. Државата ќе мора и да ги внесе Бугарите во Уставот за формално да ги почне преговорите со ЕУ. Бугарија, пак, вели дека не постои македонско малцинство на нејзина територија, а со посебна декларација во ЕУ наведува дека не го признава македонскиот јазик, потсетува „Гласот на Америка“. Стејт департментот во последниот извештај за човекови права, забележа дека властите во Бугарија „продолжија да одбиваат регистрација на етничко-македонски активистички групи како што се ОМО-Илинден, Друштвото на угнетените Македонци – жртви на комунистичкиот терор, Здружението за одбрана на индивидуалните граѓански права и Македонскиот клуб за етничка толеранција во Бугарија, и покрај 14 претходни одлуки на Европскиот суд за човекови права дека негирањето ја нарушува слободата на здружување на групите. Во еден пример на 31 мај, Апелациониот суд во Софија ја потврди одлуката на Агенцијата за регистрација од ноември 2020 година, со која се одбива регистрацијата на Здружението на угнетените Македонци – жртви на комунистичкиот терор, со образложение дека групата ќе спроведува политичка агенда која го загрозува единството и безбедноста на нација и би ги прекршиле правата на останатото население во земјата што не се идентификува како македонско“. Извештајот пишува и дека „Обединета македонска организација – Илинден наведе случаи во Благоевград, во кои националните пописни шалтери им кажувале на поединци што ги посетиле дека „Македонец“ не е достапна опција за етничка идентификација“. (МИА) ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarija-negira-postoenje-na-etnichko-makedonskoto-malcinstvo-on-gi-povikuva-da-gi-obezbedat-i-zashtitat-prava-na-makedoncite-vo-bugarija/feed/ 0
Силјановска Давкова: Малцинството во Бугарија е реалност, токму тоа малцинство има покренато постапки пред судот во Стразбур https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/siljanovska-davkova-malcinstvoto-vo-bugarija-e-realnost-tokmu-toa-malcinstvo-ima-pokrenato-postapki-pred-sudot-vo-strazbur/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/siljanovska-davkova-malcinstvoto-vo-bugarija-e-realnost-tokmu-toa-malcinstvo-ima-pokrenato-postapki-pred-sudot-vo-strazbur/#respond Sun, 30 Jan 2022 18:55:46 +0000 https://kurir.mk/?p=624795

Никој на планетава нема Устав кој што забранува да се грижите за некого. Не, тоа е спротивно на рамковната конвенција за заштита на правата на малцинствата. Она што е чудно кај нас е дека ние сами велиме нема да се мешаме во внатрешните работи на другите луѓе, и велиме дека немаме теруиторијални претензии. Што значи кога некој посилен од вас плус и со вас во НАТО бара вие во Уставот да му гарантирате дека немате територијални претензии. Тоа значи дека има некоја причина внтаре и тоа е Фројдовска потсвест. Тоа значи дека признава посредно дека има Македонци во Бугарија, дека има Македонци во Грција, иначе кому би му текнало да се меша или да има територијални претензии кон некоја држава ако таму нема некој субјект. Или ако таму нема нешто што е спорно. Далеку од умот дека ние би се мешале во внатрешнните работи меѓутоа ние цело време сме објект на мешање во внатрешни работи, истакна Гордана Силјановска Давкова, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија во централниот дневник на Сител телевизија. Силјановска Давкова додаде дека мешање значи вие да диктирате, вие да кажувате решенија. - Многу е непријатно да пратеник на граѓаните да дознае од медиуми дека испратила Бугарија нота, па ние сме одговориле итн. Гледајте што прави Петков, не оди никаде без претходно да разговара. Во Парламентот може и да се разговара и со затворени врати. Во Парламенто има луѓе со безбедносни сертификати. Но кај нас основното начело на поделбата на власта не се почитува. На нас министерот ни вели па дојдете кај мене да ги видите документите. Има ли такво нешто на планетава? Зар пратеник да оди кај министер? Обратно треба да е,министрите доаѓаат во Парламентот за да ги запознаат пратениците и разговараат со нив во рамите на документот што се вика Резолуција. И така се креираат стратегија, излезни решенија, алтернативни решенија, појасни Силјановска Давкова. Силјановска Давкова рече дека политиката не е музика. - Малцинството е реалност. Малцинството во Бугарија постои. Малцинството покренало низа постапки пред судот во Стразбур, нагласи Силјановска Давкова.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/siljanovska-davkova-malcinstvoto-vo-bugarija-e-realnost-tokmu-toa-malcinstvo-ima-pokrenato-postapki-pred-sudot-vo-strazbur/feed/ 0
Петков за БТВ: Македонско малцинство во Бугарија нема, за Бугарите во Македонија ќе бараме гаранции! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petkov-za-btv-makedonsko-malcinstvo-vo-bugarija-nema-za-bugarite-vo-makedonija-kje-barame-garancii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petkov-za-btv-makedonsko-malcinstvo-vo-bugarija-nema-za-bugarite-vo-makedonija-kje-barame-garancii/#respond Sun, 16 Jan 2022 19:14:41 +0000 https://kurir.mk/?p=620031

Во интервјуто за БТВ пред доаѓањето во Скопје, бугарскиот премиер Кирил Петков беше прашан и за Македонците со бугарска самосвест во Македонија (терминот Македонци со бугарска самосвест во Македонија што го употребува водителката наликува на сфаќањето дека Македонија е територија во која живеат граѓани со бугарска, албанска и друга самосвест, но не и Македонци во национална смисла), но и за македонското малцинство во Бугарија. Еве што одговори Петков во делот што го пренесува ТВ Сител: ПЕТКОВ: Рокот од шест месеци што го поставив беше за рамката во која работните групи треба да работат и да ја завршат работата со средби еднаш месечно. Јас никогаш не сум давал точен рок за решение. БТВ: Сега одите и што ќе им кажете на Македонците? ПЕТКОВ: Ќе им кажам дека е време политичарите да запрат со еднострани удари, како декларациите, туку дека е време да ги засукаме ракавите… БТВ: Само што болната тема е историјата. Какви гаранции за Македонците со бугарска самосвест сакаме? ПЕТКОВ: Сакаме гаранции кои секој граѓанин на ЕУ треба да ги има, а тоа е нулта толеранција кон дискриминацијата. БТВ: Дали Вие сте воделе разговори со претставници на амбасадата на САД за признавање на македонско малцинство во Бугарија? ПЕТКОВ: Никогаш! ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petkov-za-btv-makedonsko-malcinstvo-vo-bugarija-nema-za-bugarite-vo-makedonija-kje-barame-garancii/feed/ 0
Стејт департментот нотира кршење на правата на Македонците во Бугарија, Каракачанов прашува каде виделе македонско малцинство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stejt-departmentot-notira-krshenje-na-pravata-na-makedoncite-vo-bugarija-karakachanov-prashuva-kade-videle-makedonsko-malcinstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stejt-departmentot-notira-krshenje-na-pravata-na-makedoncite-vo-bugarija-karakachanov-prashuva-kade-videle-makedonsko-malcinstvo/#respond Wed, 31 Mar 2021 19:54:45 +0000 https://kurir.mk/?p=490509

Властите продолжуваат да ја одбиваат регистрацијата на активистичките групи на етничките Македонци како што се Организацијата „Илинден“, Здружението на прогонувани Македонци, жртвите на комунистичкиот терор и Македонскиот етнички клуб за толеранција во Бугарија и покрај пресудата донесена во мај како и повеќе од 10 претходни одлуки донесени од Европскиот суд за човекови права, во кои се вели дека одбивањата ги повредуваат правата на здружување на горенаведените групи, се наведува во извештајот на Стејт департментот за Бугарија. Во извештајот се додава дека на 1 октомври Советот на Европскиот комитет за превенција од тортура издал привремена резолуција со „длабока загриженост“ до властите за „формалистичката примена на законските барања“, која се однесува на постојаното одбивање за регистрација на Организацијата „Илинден“ и слични такви организации од 2006 година. – Во ноември 2019 година јавниот обвинител постапи по жалба на лидерот на ВМРО и воедно министер за одбрана Красимир Каракачанов за обидите на двете здруженија, Цивилното здружение за заштита на основните индивидуални човекови права и античките Македонци, за создавање македонско малцинство . Главниот обвинител поднесе барање до судот за распуштање на здруженијата, обвинувајќи ги за политичка агенда што го загрозува единството и безбедноста на нацијата, стои во извештајот на Стејт департментот. Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов реагираше на ваквите забелешки на Стејт депарментот. – Тие ја гледаат Бугарија како Занзибар, не ги знаат проблемите, а пишуваат така како што напишале. Да ги прашам тие никаквеци во американскиот Стејт департмент, каде видоа тие македонско малцинство? Тие земаат предвид некакви извештаи од соросоидни организации и невладини организации кои ги хранат за да плукаат на Бугарија. Какви репресирани Македонци има во Бугарија?!, вели Каракачанов. Според него Стејт депарментот си пишува некакви извештаи и прашува зошто во Америка не признаваат дека има тексашко или аризонско малцинство. -Што сакаат нека пишуваат. Што не признаат тие во Америка дека има тексашко малцинство или аризонско малцинство. Не, затоа што нивната политиката е да ги интегрира сите и да ги направи Американци. Зошто тие да си ја зајакнуваат државноста а ние нашата да си ја разбиваме?, изјави Каракачанов.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stejt-departmentot-notira-krshenje-na-pravata-na-makedoncite-vo-bugarija-karakachanov-prashuva-kade-videle-makedonsko-malcinstvo/feed/ 0
Бугарија е на пат да биде исфрлена од Советот на Европа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarija-e-na-pat-da-bide-isfrlena-od-sovetot-na-evropa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarija-e-na-pat-da-bide-isfrlena-od-sovetot-na-evropa/#respond Thu, 11 Mar 2021 10:52:47 +0000 https://kurir.mk/?p=480666

Почитувани читатели, се надевам дека ќе ве воведам во една тема која, со вкрстена анализа на меѓународното право, а поточно на Советот на Европа, како и со преземените легални чекори што следуваат во овој процес, ќе дојде до епилогот истакнат во насловот! Ова не е само пуста желба дека треба нешто да се случи во овој правец туку е логичен сплет на настани што следуваат во блиска иднина и кои се засновани на правни закономерности. Верувам дека отворивме нов хоризонт, кој претставуваше архипелаг на заборавените (Пирински) Македонци, кои за сето ова што се случува се изборија сами и низ призмата на институциите што ги нуди цивилизираниот свет, а со цел да ги остварат нивните права за себеидентификување како Македонци и наедно да ја демократизираат Република Бугарија како нивна сегашна домицилна држава. Како краток вовед, би сакал да истакнам дека Советот на Европа (за разлика од Европската Унија, каде што треба да се прави јасна дистинкција на овие два различни ентитета) е класична меѓународна меѓувладина организација, што значи многу поедноставна за анализирање и разбирање, особено нејзината основна цел, заштитата на човековите права, плуралната демократија и владеењето на правото. Ратификацијата на Европската конвенција за човекови права претставува главен правен предуслов за формално полноправно зачленување на која било европска држава во Советот на Европа, што претставува јасна потврда за директната органска врска меѓу Статутот на оваа организација и почитување на основните човекови права. Додека Европскиот суд за човекови права е втемелен врз основа на Европската конвенција за човекови права и претставува коректив на почитувањето на човековите права на земјите-членки при Советот на Европа. Статутот на Советот на Европа оди еден чекор понатаму и предвидува „… држава-членка може да биде суспендирана или исклучена од членството ако направи сериозни повреди на човековите права и основни слободи“. Ова е она што ја очекува Бугарија во понатамошниот процес доколку продолжи со негацијата на Македонците на нејзината територија и непризнавањето на нивните малцински права! Во оваа „сага“ на признавање и непризнавање на Македонците во Бугарија се клучни неколку општи извештаи што доаѓаат од релевантни институции на Советот на Европа. Па, така, Венецијанска комисија во своето мислење за Уставот на Бугарија, на 74-та пленарна сесија, одржана на 14-15 март 2008 година, во параграфот 64, недвосмислено истакна: „Членот 11 (4) забранува постоење на политички партии по етничка, расна или религиозна линија. Грижата за заштита на единството и интегритетот на државата е секако целосно прифатлива. Како и вторите ставови на членовите 9 и 10 од Конвенцијата за човекови права, ставот 2 на членот 11 од Европската конвенција дозволува ограничувања на правото на здружување. Сепак, според судската практика на Европскиот суд за човекови права, ваквите ограничувања треба да бидат пропорционални (види на пример Обединетата комунистичка партија на Турција и други против Турција, Извештаи бр. 1998-I и Сидиропулос и други против Грција, Извештаи 1998-IV). Затоа, Комисијата е загрижена дека ваквите одредби можат да се користат за да се спречат малцинските јазични, етнички или религиозни групи воопшто да се организираат“. Венецијанската комисија со овој извештај само ја предјавува потребата од менување на Уставот на Бугарија доколку во иднина постои судска практика на Европскиот суд за човекови права! Да напоменеме дека во овој период се донесени веќе првите пресуди против Бугарија од страна на Европскиот суд за човекови права, каде што беше констатирано дека на Македонците им е прекршено правото на здружување и себеидентификување во политички и невладини организации. Официјална Софија се правдаше дека како извршна власт не може да влијае на правосудството и дека, освен материјалното обесштетување поради уставната пречка од нормираноста во членот 11 став 4, не може ништо да преземе. Во 2010 година, комесарот за човекови права при Советот на Европа, г. Томас Хамаберг, во својот извештај истакна: „…. со цел да ги заштити унитарноста и интегритетот на државата, членот 11 (став 4) од бугарскиот устав го забранува постоењето на политички партии врз етнички, расни или верски линии. Комесарот е свесен за грижата изразена од страна на Венецијанската комисија, грижа што e споделена и од страна на Европската комисија против расизам и нетолеранција, дека таквите одредби би можеле да бидат употребени за спречување на организирањето на јазичните, етничките или религиозните малцински групи“. Со ова јасно и недвосмислено се укажува која е клучната или главната причина за неизвршување на пресудите на Европскиот суд за човекови права од страна на сега веќе одговорната страна, Република Бугарија. Комесарот за човекови права при Советот на Европа, г. Томас Хамаберг, ја истакнува потребата од промена на бугарскиот устав, или членот 11 став 4, со кој правата на слобода на здружување и собирање отелотворени во Европската конвенција за човекови права би биле подобро гарантирани во практика за малцинства во Бугарија, вклучувајќи го тука и македонското малцинство. Во ноември 2019 година, актуелната комесарка за човекови права при Советот на Европа, г-ѓа Дуња Мијатовиќ, во извештајот од нејзината посета на Бугарија, во главата насловена „Правото на слобода на здружување на лицата што се идентификуваат како етнички Македонци“,исто така ја нагласи потребата од промена на бугарското законодавство. Според неа, Македонците не се признаени како национално малцинство во Бугарија и не се вклучени во дофатот на примената на Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства од страна на Бугарија како договорна страна на оваа конвенција. Таа го реафирмира ставот на советодавниот комитет основан за целите на мониторинг на оваа Рамковна конвенција, кој во своето советодавно мислење спрема Бугарија изразил жалење за фактот што бугарските власти не иницирале каков било дијалог во овој поглед со лицата што се идентификуваат како Македонци, иако овие лица ја повториле својата желба да бидат признаени како национално малцинство. И сега се поставува прашањето дали Република Бугарија ќе ги надмудри Советот на Европа и сите негови 47 членки, сите негови тела, како што се Комесарот за човекови права, Венецијанската комисија, Европскиот суд за човекови права и други ентитети од оваа куќа, и ќе успее македонското прашање да го држи во правен лавиринт?! Секако дека нема да успее! Со прифаќањето на членството во Советот на Европа, Бугарија има експлицитни обврски да го приспособи своето законодавство на општоприфатените принципи на владеење на правото и почитување на човековите права, како што е наведено во членот 3 од нејзиниот статут. Секоја членка на Советот на Европа што сериозно го прекршила членот 3 може да биде суспендирана од своите права на членство во Советот на Европа и да биде побарано од Комитетот на министрите да се повлече, во согласност со членот 7 од Статутот на Советот на Европа. Доколку државата-членка, во случајов Бугарија, не го исполнува ова барање, Комитетот може да одлучи дека државата-членка престанала да биде член на Советот на Европа од датум што Комитетот може да го утврди. Комитетот на министрите во октомври 2020 го повлече првиот чекор и ја донесе Резолуцијата со која ја обврза Бугарија да ги регистрира сите македонски здруженија најдоцна до 1 јуни 2021 година и да го приспособи нејзиното законодавство за остварување на оваа цел. (Пиринските) Македонци ги остварија своите легитимни очекувања и права пред Европскиот суд за човекови права, Советот на Европа преку своите институции ги легитимира и афирмира правата на Македонците, остана само обврската на Бугарија да ги имплементира. До 1 јуни 2021 година на потег е Бугарија?! П.С. Во врска со Резолуцијата на Комитетот на министри на Советот на Европа и што по 1 јуни 2021 година ќе читате во наредното продолжение (следниот четврток). Колумна на Тони МЕНКИНОСКИ за Нова Македонија]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarija-e-na-pat-da-bide-isfrlena-od-sovetot-na-evropa/feed/ 0
Македонија ќе и предаде на Бугарија борец за правата на македонското малцинство? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-kje-i-predade-na-bugarija-borec-za-pravata-na-makedonskoto-malcinstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-kje-i-predade-na-bugarija-borec-za-pravata-na-makedonskoto-malcinstvo/#respond Tue, 09 Mar 2021 08:55:02 +0000 https://kurir.mk/?p=479358

Александар Богданов Канджов откако и по втор пат нашата држава го одби за азил, деновиве треба да биде предаден на бугарските власти. Претходно обид за негова екстрадиција имало во ноември мината година кога по интервенција постапката успеале да ја стопират. Неговиот адвокат Трајче Торов, тврди дека тој е институционално киднапиран, па поради тоа државата ја тужат пред судот во Стразбур. Со ова Македонија го прекршува Законот за меѓународна и привремена заштита со што строго е забрането лишување од слобода на барател на азил додека трае постапката. Иако е одбиен, Управната постапка се уште е во тек, категоричен е Торов, објави телевизија Алфа. -Забрането е на лице кое е во постапка за азил да биде лишено од слобода. Единствено ограничување на слободата е дозволено само преку Прифатен центар за странци каде што се наогаше тој, во Гази Баба и нашите институции институционална го кидапираа. Од прифаниот центар го ставија во екстрадиционен притвор во затворот во Куманово, објаснува штипскиот адвокат Трајче Торов. Во моментот Канджов има две решенија. Едното за Прифатен центар, а другото за екстрадиционен притвор во Куманово, што е против законски. Државата замижуваа пред доказите за сериозни закани за живот на 51годишниот маж, дека ќе биде ликвидиран од параполициски структури категоричен е штипскиот адвокат кој има добиено над четириесетина пресуди во Стразбур . -Доколку на ова лице по екстрадицијата му се случи нешто, дали во некој затвор во Бугарија загине од случаен пад се лизне од сапун или изврши самоубиство одпозади, Македонија ќе се соочи со едно од најтешките дела –односно повреда на правото за живот. Македонски институции вршат прогон и не заштитуват борец за правото на македонското малцинство, изјави Трајче Торов. Поради наводни финансиски малвеерзации во 2013 бугарскиот суд Канджов го осудува 4години затвор , а му определува и условна казна, по што тој пребегува во Македонија, кога во отсуство повторно го судат за други дела. Единствено разумно решение да се екстрадира борецот за човекови права и покрај застареност на извршувањето на дел од казните е додворувањето на Македонија кон Бугарија, образложува Торов. -Во нивните одлуки нема никакви образложенија. Се води на сила, на брзина , нестручно се со цел да се угоди на моменталната власт во државата, но и во другата држава, вели Торов. За случајот со Канджов ќе бидат известени Комесаријатот за човекови права, УНХЦР и Комисијата за поддржка на азил. Ова не е прва тужба на 51 годишниот Македонец од Бугарија во Стразбург. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-kje-i-predade-na-bugarija-borec-za-pravata-na-makedonskoto-malcinstvo/feed/ 0
Заев се откажува од македонското малцинство, а Бугарија се погласно бара Бугари во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-se-otkazuva-od-makedonskoto-malcinstvo-a-bugarija-se-poglasno-bara-bugari-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-se-otkazuva-od-makedonskoto-malcinstvo-a-bugarija-se-poglasno-bara-bugari-vo-makedonija/#respond Mon, 30 Nov 2020 14:27:09 +0000 https://kurir.mk/?p=436363

Додека премиерот на Македонија, Зоран Заев, кому една од основните задолженија му е да ги штити македонските интереси, а тој на дневна основа ги распродава државните интереси и тргува со македонскиот идентитет, јазик и историја, бугарските претставници се погласно бараат разни, идентитетски отстапки. И додека нашиот премиер распродава се што е македонско, покрај целиот бугарски државен врв, кој жестоко и едногласно се бори и брани нивните интереси, денеска со јави и поранешниот претседател на Бугарија, Росен Плевнелиев со анализа за македонско-бугарските односи. Тој вели дека во Македонија треба да се направи попис за да се види колку Бугари има во државата. Од друга страна, Бугарија освен што бара бугарско малцинство во Македонија, го негира и македонското малцинство. Имено, премиерот Бојко Борисов вели дека за македонско малцинство во Бугарија првпат слушнал од неодамнешната резолуцијата на Европскиот парламент, кој вели дека кај нив нема Македонци. Со последното интервју, кое минатата недела Заев го даде за бугарската БГНЕС во кое, меѓу другото, Заев јасно кажа дека е подготвен да потпише договор со Бугари со кој се откажува од македонското малцинство во Бугарија, предизвика лавина од реакции во македонската јавност. Ова интервју ја Заев ја крена и опозицијата на нозе, при што ВМРО-ДПМНЕ секојдневно излегува на протест во одбрана на македонските интереси која што добива огромна поддршка од македонските граѓани. Покрај протестите кои беа организирани минатата недела, денеска ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира во 11 градови низ Македонија. -Продолжуваме, заедно со народот против продажбата на татковината. Народот се буди и нема назад. Срамот на Зоран Заев не е заеднички. Да не дозволиме Зоран Заев да ја менува историјата, туку да пратиме порака тој да замине во историјата. „Време е граѓаните на Крива Паланка, Кратово, Свети Николе, Неготино, Струмица, Гевгелија, Струга, Крушево, Кичево, Македонски Брод и Гостивар да се обединат против злото наречено Зоран Заев. Протест сега, за да не биде предоцна! Оставка на Заев, слобода на народот, посочуваат од партијата. Правниот застапник на Македонците во Бугарија, адвокатот Тони Менкиноски вели дека малцинските права во Македонија служат за пример во целиот свет и многу меѓународни институции биле заинтересирани за примерот на Македонија за почитување на малцинствата. Според него македонското малцинство во Бугарија е внатрешен проблем на Бугарија и никој никаде не може да се откаже од правата на македонците во Бугарија со билатерален договор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-se-otkazuva-od-makedonskoto-malcinstvo-a-bugarija-se-poglasno-bara-bugari-vo-makedonija/feed/ 0
Димитров: Македонското малцинство во Грција е грчка внатрешна работа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrov-makedonskoto-malcinstvo-vo-grcija-e-grchka-vnatreshna-rabota/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrov-makedonskoto-malcinstvo-vo-grcija-e-grchka-vnatreshna-rabota/#respond Sat, 02 Mar 2019 09:18:20 +0000 https://kurir.mk/?p=170149

Текстот на Би-Би-Си за постоењето на македонско малцинство во Грција е грчка „внатрешна работа и предмет на грчка дебата”, рече Никола Димитров кој гостувше на грчката телевизија СКАИ. -Живеев и го дишев Преспанскиот договор со месеци … понекогаш го гледам и во моите соништа. Така го гледам ченот 4 (3) од договорот, велејќи дека се согласуваме да не се мешаме во внатрешните работи на соседот. Текстот на БиБиСи и прашањата што ги покрена се нешто што се за грчкиот внатрешен политички дијалог, можеби тоа е прашање на меѓународните обврски,  тоа треба да биде тема на грчка дебата, рече шефот на македонската дипломатија.
На прашањето дали „Северна Македонија чувствува дека постои северно македонско малцинство” во Грција и дека е обврзана да го заштити, Димитров инсистираше на тоа дека “двете страни, Атина и Скопје, се согласиле дека нема да има интервенции за овие прашања“.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrov-makedonskoto-malcinstvo-vo-grcija-e-grchka-vnatreshna-rabota/feed/ 0
Би-Би-Си не ја прифати грчката нота за македонското малцинство (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bi-bi-si-ne-ja-prifati-grchkata-nota-za-makedonskoto-malcinstvo-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bi-bi-si-ne-ja-prifati-grchkata-nota-za-makedonskoto-malcinstvo-foto/#respond Tue, 26 Feb 2019 08:04:04 +0000 https://kurir.mk/?p=168389

Протестното писмо на Би-Би-Си за неодамнешниот извештај за “македонското малцинство" што беше испратено од грчката амбасада во Лондон со кое наводите на сервисот се отфрлаат како неприфатливи, е отфрлено од информативната мрежа како „разочарувачко“. Во својот одговор до грчкиот амбасадор Димитрис Карамицос-Цирас британската информативна мрежа изрази изненадување и разочарување од грчката влада во врска со објавениот прилог и дека истиот содржи историските неточности и дека во Грција нема "македонско малцинство". Преспанскиот договор, според грчкиот дипломат, не претставува премолчено признавање на "македонско малцинство", ниту пак доведува до признавање на такво малцинство. Амбасадорот Карамицос - Цирас бара од Би-Би-Си да го објави писмото целосно со позициите на Атина. Грчките дипломатски извори подвлекуваат дека Преспанскиот договор ја елиминира секоја можност за подигнување на малцинското прашање Во продолжение е барањето до грчкиот амбасадор до новинарот-репортер на сервисот. Извор: ФАКТОР]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bi-bi-si-ne-ja-prifati-grchkata-nota-za-makedonskoto-malcinstvo-foto/feed/ 0