македонско знаме – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 08 Sep 2023 06:50:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png македонско знаме – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ден на независноста – 32 години самостојна и суверена држава https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/den-na-nezavisnosta-32-godini-samostojna-i-suverena-drzhava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/den-na-nezavisnosta-32-godini-samostojna-i-suverena-drzhava/#respond Fri, 08 Sep 2023 07:15:48 +0000 https://kurir.mk/?p=875923

Пред 32 години на денешен ден, над 95 проценти од граѓаните на референдум се изјаснија за самостојна и суверена држава. Претходно, на 25 јануари 1991 година, беше усвоена Декларацијата за независност од првото повеќепартиско македонско Собрание, а два дена подоцна пратениците го избраа Киро Глигоров за прв претседател на самостојна и суверена Република Македонија. Важни чекори за утврдување на државноста беа усвојувањето на новиот Устав на 17 ноември 1991 година, монетарното осамостојување и воведувањето на денарот на 26 април 1992, формирањето на сопствени вооружение сили. Меѓународно-правниот субјективитет на државата дефинитивно беше потврден на 8 април 1993 година, кога со акламација во Генералното собрание на Обединетите нации, беше примена како 181. полноправна членка на Светската организација. Поради противењето и притисоците од страна на Грција, која не го прифаќаше уставното име на Република Македонија, зачленувањето во ОН беше под привремената референца: Поранешна Југословенска Република Македонија. Низ 32-годишното самостојно опстојување, државата помина низ низа проблеми и тешкотии. Троцифрената инфлација на почетокот на 90-те години, грчкото ембарго, косовската бегалска криза и конфликтот во 2001 година беа вистински предизвици и закани за младата македонска држава што го забавија нејзиниот пат. Спорот со Грција поради името, по долгогодишни разговори под покровителство на Обединетите нации, конечно беше решен на 17 јуни 2018 година во Преспа со попишување договор меѓу двете држави. Со тоа се отвори патот на земјава кон НАТО и ЕУ. На 27 март 2020 година Северна Македонија стана 30 членка на НАТО. Како земја кандидат за членство во ЕУ веќе 18 години, со добиена прва препорака за почеток на преговори во 2009 година, државава сега се соочува со блокада од Бугарија. Почна процесот за промена на Уставот, што е услов Бугарија да го тргне ветото за продолжување на преговарачкиот процес со Унијата. За да почне земјава да отвора кластери во преговорите со ЕУ Софија бара Бугарите да бидат вклучени во Уставот. Во Собранието минатиот месец почна пленарната седница за усвојувањето на амандманите за уставни измени, но поради потребното двотретинско мнозинство за кое власта нема поддршка од опозицијата, продолжението ќе се одржи, како што е најавено, тогаш кога ќе се создадат соодветни услови. Триесет и вториот роденден државата го одбележува со стапка на невработеност од 13,1 процент, раст на БДП од 2,5 отсто, 36 527 денари просечна нето плата и инфлација од 8,3 отсто. Денот на независноста денеска ќе се одбележи под мотото „Гласник на слободата“ со повеќе активности. Најавена е бесплатна посета на музејски и галериски поставки во ликовните салони и археолошки локалитети низ целата држава, тактичко показни вежби и изложба на единиците на Армијата и на Министерството за внатрешни работи, спортски активности во соработка со Агенцијата за млади и спорт, културно-уметнички програми, ... Активностите стартуваа синоќа во Скопје со свечена академија на тема „32 години независност“ на која се обрати премиерот Димитар Ковачевски. Во рамки на чествувањето 32 години од прогласувањето на независноста на државата, изутрина во 10:00 часот, владина делегација предводена од премиерот Ковачевски, ќе оддаде почит и ќе положи цвеќе на вечните почивалишта на поранешните претседатели на државата, Киро Глигоров и Борис Трајковски, во Алејата на великаните на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје. Во делегацијата ќе бидат првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби и министрите за одбрана Славјанка Петровска, за внатрешни работи Оливер Спасовски и за здравство Фатмир Меџити. Активностите продолжуваат во ГОБ „8-ми Септември“ каде во присуство на премиерот Ковачевски и министерот Меџити ќе бидат презентирани нова опрема и апарати. Традиционално, во Собранието ќе бидат доделени државните награди „8 Септември“ за 2023 година за остварување во областа на спортот, во организација на Агенцијата за млади и спорт и Одборот за доделување на Државната награда „8 Септември“. Во Градскиот парк во Скопје, на просторот во близина на локацијата „Школка“, пак, ќе се одржи тактичко-показни вежби на единиците на Армијата и на Министерството за внатрешни работи. На локацијата „Школка“ е предвидена и културно-уметничка програма, во рамки на која ќе учествува воениот оркестар на Армијата, културно-уметнички друштва, членовите на „Златно славејче, како и програма за деца, со учество на Театарот за деца и младинци кои ќе ја одиграат претстава „Гига Мега бајка“, во режија на Хана Миленковска, дело на Горјан Милошевски (по мотиви од Ш. Перо). Во текот на денот, на истата локација, сите заинтересирани ќе имаат можност да бидат дел од серија спортски активности организирани во соработка со Агенцијата за млади и спорт. На манифестацијата во Градскиот парк, ќе присуствуваат премиерот и членови на Владата. Дополнително, како дел од одбележувањето на Денот на Независноста, во организација на Владата, покрај многубројните пригодни манифестации, за граѓаните, од 11:00 часот во целата држава, ќе почне културната манифестација „Отворен ден за граѓаните“, во чии рамки ќе се обезбеди бесплатен влез за граѓаните во културните установи, музеи и галерии во целата Република. Сите заинтересирани граѓани ширум државата, ќе имаат можност да ги посетат археолошките наоѓалишта „Стоби“, „Хераклеја“, „Баргала“, мегалитската опсерваторија „Кокино“, Музејот Охрид, музеите и заводите во Прилеп, Битола, Штип и Струмица, музеите на Куманово, на Крушево и на Гевгелија, како и во Тетово: Музејот на Тетовскиот крај и Уметничката галерија. Бесплатен влез за граѓаните ќе биде и во Спомен-куќата на Тодор Проески во Крушево. Во Битола, граѓаните ќе имаат можност за бесплатен влез во Музејот на албанската азбука како и во Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј, во Кичево пак, во Музејот на Западна Македонија во НОВ, додека во Струга ќе биде бесплатен влезот во Музејот д-р Никола Незлобински. Во Скопје ќе бидат отворени за посета Археолошкиот, Природонаучниот музеј, Музејот на македонската борба за самостојност, Музејот на Северна Македонија, Музејот на современата уметност, Националната Галерија на Северна Македонија, Спомен-куќата на Мајка Тереза како и Конзерваторскиот центар (црквата Св. Спас). Во Музејот на македонската борба за самостојност на 8 септември во 12:00 часот, гудачкиот квартет „Луј“ од ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ од Скопје ќе одржи концерт на кој ќе бидат изведени дела од Равел, Дворжак, Пјацола и други. Посетителите ќе имаат можност да ја разгледаат и привремената изложба „Темелник на државноста“, посветена на клучните настани во формирањето на државата – Илинден 1903, Илинден 1944 и прогласувањето на независноста во 1991 година. Националната опера и балет се приклучува во прославата со концерт на познати оперски арии, кој на 8 септември во 20:00 часот ќе се одржи пред платото на институцијата. По повод Денот на независноста, во Кинотеката во 18:00 часот ќе се прикаже еден од најтрофејните македонски документарни филмови, „Медена земја“, во режија на Тамара Kотевска и Љубомир Стефанов. Во 20:00 часот ќе се прикаже филмот „Исцелител“, кој е прв дебитантски долгометражен филм на режисерот и сценарист Ѓорче Ставрески.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/den-na-nezavisnosta-32-godini-samostojna-i-suverena-drzhava/feed/ 0
Пред 31 година беа усвоени знамето и химната на Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pred-31-godina-bea-usvoeni-znameto-i-himnata-na-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pred-31-godina-bea-usvoeni-znameto-i-himnata-na-makedonija/#respond Fri, 11 Aug 2023 05:40:25 +0000 https://kurir.mk/?p=865673

На 11 август во 1992 година во Собранието на Република Македонија биле усвоени знамето црвено со златно-жолто сонце, со осум основни и осум споредни сончеви зраци кое беше во сила до 5 октомври 1995 година, кога е сменето во црвено со златно-жолто сонце, со осум сончеви зраци. На денешен ден во законодавниот дом била усвоена и химната „Денес над Македонија“ на Република Македонија. Автор на текстот на македонската химна е Владо Малески, а музиката е на Тодор Скаловски. Песната е напишана во 1941 година. По завршувањето на Втората светска војна е усвоена како химна на Социјалистичка Република Македонија во рамките на поранешна Југославија, а во 1992 година со закон е прогласена и за химна на независна Република Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pred-31-godina-bea-usvoeni-znameto-i-himnata-na-makedonija/feed/ 0
НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Усвоени знамето и химната на Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-deneshen-den-usvoeni-znameto-i-himnata-na-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-deneshen-den-usvoeni-znameto-i-himnata-na-makedonija/#respond Thu, 11 Aug 2022 09:49:19 +0000 https://kurir.mk/?p=716970

На 11 август во 1992 година во Собранието на Република Македонија биле усвоени знамето црвено со златно-жолто сонце, со осум основни и осум споредни сончеви зраци кое беше во сила до 5 октомври 1995 година, кога е сменето во црвено со златно-жолто сонце, со осум сончеви зраци. На денешен ден во законодавниот дом била усвоена и химната „Денес над Македонија“ на Република Македонија. Автор на текстот на македонската химна е Владо Малески, а музиката е на Тодор Скаловски. Песната е напишана во 1941 година. По завршувањето на Втората светска војна е усвоена како химна на Социјалистичка Република Македонија во рамките на поранешна Југославија, а во 1992 година со закон е прогласена и за химна на независна Република Македонија.]]>

На 11 август во 1992 година во Собранието на Република Македонија биле усвоени знамето црвено со златно-жолто сонце, со осум основни и осум споредни сончеви зраци кое беше во сила до 5 октомври 1995 година, кога е сменето во црвено со златно-жолто сонце, со осум сончеви зраци. На денешен ден во законодавниот дом била усвоена и химната „Денес над Македонија“ на Република Македонија. Автор на текстот на македонската химна е Владо Малески, а музиката е на Тодор Скаловски. Песната е напишана во 1941 година. По завршувањето на Втората светска војна е усвоена како химна на Социјалистичка Република Македонија во рамките на поранешна Југославија, а во 1992 година со закон е прогласена и за химна на независна Република Македонија.]]>
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-deneshen-den-usvoeni-znameto-i-himnata-na-makedonija/feed/ 0
ФОТО: Македонското знаме развиорено на ЗОИ во Пекинг https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/foto-makedonskoto-zname-razvioreno-na-zoi-vo-peking/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/foto-makedonskoto-zname-razvioreno-na-zoi-vo-peking/#respond Fri, 04 Feb 2022 13:06:35 +0000 https://kurir.mk/?p=627030

Македонија претставена од тројца скијачи ќе партиципира на ЗОИ во Пекинг. На свеченото отворање проделифилира дел од нашата експецидија. Знаменосец беше Дардан Дехари, додека Савре Јада и Ана Цветановска поради изолација од Ковид-19 не беа на свеченото отворање. Нивниот тренер Борче Јовановски е позитивен па од истата причина отсуствуваше од дефилето. Распоред на натпревари на нашите олимпипјци во Пекинг: Ана Цветановска (крос-кантри) – ќе настапи на 7,5 км слободно + 7,5 км скијатлон (5 февруари) и 10 км класично (10 февруари). Ставре Јада (крос-кантри) – ќе настапи во спринт слободно 1,5 км (8 февруари) и 50 км слободно (19 февруари). Дардан Дехари (алпско скијање) – ќе настапи слалом/велеслалом (13 и 16 февруари).]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/foto-makedonskoto-zname-razvioreno-na-zoi-vo-peking/feed/ 0
26 роденден на македонското знаме https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/26-rodenden-na-makedonskoto-zname/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/26-rodenden-na-makedonskoto-zname/#respond Tue, 05 Oct 2021 06:14:06 +0000 https://kurir.mk/?p=573061

Во 1995 година на 5 октомври Собранието на Република Македонија со 110 гласови „за“ и само еден воздржан од присутни 111 пратеници, едногласно го усвоило Законот за знамето на Република Македонија. Знамето има сонце со осум жолто-златни радијални зраци што се шират на сите страни и осум црвени зраци кои се поле на знамето. Од центарот на црвената позадина се распространува златно сонце со осум сончеви краци, кои се простираат од сончевиот диск со проширување до рабовите на знамето. Сончевите зраци се вкрстуваат по дијагонала, хоризонтала и вертикала. Центарот на сонцето се поклопува со точката во која се сечат дијагоналите на знамето. Односот на ширината и должината на знамето е еден наспрема два. Идејниот цртеж врз кој бил направена компјутерска апликација бил на познатиот новинар Спасе Шуплиновски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/26-rodenden-na-makedonskoto-zname/feed/ 0
ТРАДИЦИЈАТА ПРОДОЛЖУВА: Македонските ракометни судии на олимпијадата во Токио го развеаа македонското знаме од Кутлеш (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/tradicijata-prodolzuva-makedonskite-rakometni-sudii-na-olimpijadata-vo-tokio-go-razveaa-makedonskoto-zname-od-kutlesh-foto/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/tradicijata-prodolzuva-makedonskite-rakometni-sudii-na-olimpijadata-vo-tokio-go-razveaa-makedonskoto-zname-od-kutlesh-foto/#respond Sat, 24 Jul 2021 17:20:14 +0000 https://kurir.mk/?p=541370

Најдобри македонски ракометни судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов на олимпијадата во Токио го развеаа македонското знаме од Кутлеш. Традицијата продолжува, напиша кратко на својот Фејсбук профил Ѓорѓи Начевски. Имено, македонските арбитри ја делеа правдата на натпреварот во кој Египет ја совлада Португалија со 37:31, додека, претходно во дербито на првото коло, Шпанија минимално ја совлада Германија со 28:27. На преостанатите натпревари од воведното коло, Франција ја совлада Аргентина (33:27), Шведска избегна изненадување од Бахреин (32:31), додека, Норвешка беше поуспешна од Бразил (27:24), а Данска рутински го совлада домаќинот Јапонија (47:30). ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/tradicijata-prodolzuva-makedonskite-rakometni-sudii-na-olimpijadata-vo-tokio-go-razveaa-makedonskoto-zname-od-kutlesh-foto/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Најостро го осудуваме изборот на логото за одбележување 30 години самостојност, тоа е сквернавење на знамето на Република Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-najostro-go-osuduvame-izborot-na-logoto-za-odbelezuvanje-30-godini-samostojnost-toa-e-skvernavenje-na-znameto-na-republika-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-najostro-go-osuduvame-izborot-na-logoto-za-odbelezuvanje-30-godini-samostojnost-toa-e-skvernavenje-na-znameto-na-republika-makedonija/#respond Thu, 15 Jul 2021 11:03:17 +0000 https://kurir.mk/?p=537137

Како комисија за култура на ВМРО - ДПМНЕ најостро го осудуваме изборот на лого за одбележување на 30 годишнината од осамостојувањето на Република Македонија. -Предложеното идејно решение не претставува ништо друго, освен брутално сквернавење на знамето на Република Македонија како симбол на нејзината државност. Покрај прикажаниот естески аматеризам, предложеното решение го доведува во прашање општественото уредување и историскиот континуитет на македонската државност. Непостоењето на терминот „Република“ како одредница за општественото уредување и пренебрегнувањето на фактот дека на 8 Септември 1991 година, македонскиот народ гласаше за суверена и независна држава Република Македонија, го прави понуденото решение целосно неприфатливо. Од овие причини бараме итно и неодложно повлекување и распишување на нов Конкурс со прецизни параметри кои треба да бидат испочитувани при изборот на ново лого, велат од партијата. Од таму додаваат дека потсетуваме, дека понуденото несреќно решение е уште еден доказ во низата недоследности кои Владата предводена од СДСМ ги прави на штета на македонскиот идентитет и државните симболи на Република Македонија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-najostro-go-osuduvame-izborot-na-logoto-za-odbelezuvanje-30-godini-samostojnost-toa-e-skvernavenje-na-znameto-na-republika-makedonija/feed/ 0
ПОНИЖУВАЧКИ: Владата го смени македонското знаме на логото за 30 години независност (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ponizuvachki-vladata-go-smeni-makedonskoto-zname-na-logoto-za-30-godini-nezavisnost-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ponizuvachki-vladata-go-smeni-makedonskoto-zname-na-logoto-za-30-godini-nezavisnost-foto/#respond Wed, 14 Jul 2021 12:31:04 +0000 https://kurir.mk/?p=536689

Сонцето, уставното име, меѓународниот МК код и бројот 30 се симболите обединети на традиционалната црвена основа со кои се потенцира нашата државност на дизајнот на логото што ќе се користи по повод јубилејот – 30 години од независноста на државата. Сепак се би било во ред доколку не беа погрешени краците на македонското знаме, т.е станува збор за средишниот крак од нашето сонце кое треба да биде едно, но на логото е претставено со два крака. Ова понижувачко логото по повод 30-годишнината од независноста на нашата држава ќе се применува на сите јавни настани на државните институции во претстојниот период и ќе биде достапен на сите граѓани, како дел од визуелизацијата на програмата за одбележување на – 30 години од референдумот за независност. – Дизајнот на логото е инспириран од македонската државност, од денот кога граѓаните одлучија да имаме независна Република Македонија и од се она што денес нашата Северна Македонија го носи со себе како демократска држава определена за мир, демократија, соработка и развој, информира денеска на прес-конференција портпаролот на Владата, Душко Арсовски. Инаку ова не е прв и единствен случај каде власта ги има погрешено знамињата на многу земји, за да на крајот го промени или погреши македонското знаме. КУРИР ја пренесува реакцијата на Владата која ја добивме по објавувањето на оваа вест: Логото за јубилејот „30 години независност" е составено од повеќе елементи меѓу кои и сонцето. Логото не го содржи државното знаме. Сонцето кое е употребено во логото е различно од сонцето од државното знаме. Користењето на државното знаме е јасно уредено со Закон!]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ponizuvachki-vladata-go-smeni-makedonskoto-zname-na-logoto-za-30-godini-nezavisnost-foto/feed/ 0
Извршен разговор со 16-годишниот од тетовско кое изврши сквернавење на македонското знаме – расчистен случајот, еве ги деталите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/izvrshen-razgovor-so-16-godishniot-od-tetovsko-koe-izvrshi-skvernavenje-na-makedonskoto-zname-raschisten-sluchajot-eve-gi-detalite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/izvrshen-razgovor-so-16-godishniot-od-tetovsko-koe-izvrshi-skvernavenje-na-makedonskoto-zname-raschisten-sluchajot-eve-gi-detalite/#respond Wed, 17 Mar 2021 12:08:37 +0000 https://kurir.mk/?p=483674

Секторот за внатрешни работи Тетово целосно го расчисти случајот со сквернавењето на државното знама на Република Македонија од страна на момче, кое снимило и видео и потоа го објавило на социјалната мрежа „Тик-ток“. Во текот на вчерашниот ден (16 март) во Полициската станица Тетово повикан е 16-годишник од тетовско, со кого во присуство на неговиот родител, извршен е службен разговор и по целосното документирање на случајот, за малолетникот ќе биде изготвен соодветен поднесок до ОЈО Тетово по член 319 и 394 од Кривичниот законик.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/izvrshen-razgovor-so-16-godishniot-od-tetovsko-koe-izvrshi-skvernavenje-na-makedonskoto-zname-raschisten-sluchajot-eve-gi-detalite/feed/ 0
ФОТО: Кој фудбалер вака го прослави пласманот на ЕП во соблекувалната? https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/foto-koj-fudbaler-vaka-go-proslavi-plasmanot-na-ep-vo-soblekuvalnata/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/foto-koj-fudbaler-vaka-go-proslavi-plasmanot-na-ep-vo-soblekuvalnata/#respond Fri, 13 Nov 2020 13:04:28 +0000 https://kurir.mk/?p=429086

Македонските фудбалери знаеја како да ја прослават историската победа над Грузија и пласманот на ЕП. Со песни, ора, скандирање, веење знамиња, нашите фудбалери се радуваа на теренот во Тбилиси по големиот триумф. Меѓу сите фудбалери, најкарактеристична беше прославата на еден од нив, и тоа во соблекувалната. Со знамето прекриено над неговата глава, Елиф Елмас прославуваше пласман на ЕП. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/foto-koj-fudbaler-vaka-go-proslavi-plasmanot-na-ep-vo-soblekuvalnata/feed/ 0