Макфест – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 30 Oct 2023 12:47:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Макфест – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Теона Јованоска со песната на Сара Мејс беше вистинско освежување на „Макфест 2023“ – „Јас без тебе“ (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/teona-jovanoska-so-pesnata-na-sara-mejs-beshe-vistinsko-osvezhuvane-na-makfest-2023-jas-bez-tebe-video/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/teona-jovanoska-so-pesnata-na-sara-mejs-beshe-vistinsko-osvezhuvane-na-makfest-2023-jas-bez-tebe-video/#respond Mon, 30 Oct 2023 12:47:23 +0000 https://kurir.mk/?p=894491

На 20-ти октомври на Фестивалот за забавни мелодии „Макфест 2023“ во Штип, младата талентирана пејачка со одлични гласовни способности Теона Јованоска го имаше своето деби на македонската музичка сцена, во рамките на првата дебитантска и вечер на млади надежи и помалку афирмирани изведувачи. Теона настапи со љубовната балада „Јас без тебе”, со која ги освои симпатиите на публиката. Со нејзиниот моќен глас, чиста дикција и едноставност на сцената публиката лесно ја препозна по аплаузот со кој ја поздрави по завршувањето на настапот. Од своите искусни колеги доби и бројни комплименти дека од нејзиниот настап и глас сѐ се слуша и сѐ се гледа, дека е родена да биде ѕвезда, и да продолжи да вложува во развој на нејзината музичка кариера. Музиката и текстот се на неповторливата Сара Мејс, која воедно е и нејзина долгогодишна менторка по пеење. Аранжманот е на Иван Петровски, а спотот е во режија е Каролина Ди. Како звучи и изгледа видеото на Теона нејзината макфестовска песна „Јас без тебе“, проследете во продолжение. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/teona-jovanoska-so-pesnata-na-sara-mejs-beshe-vistinsko-osvezhuvane-na-makfest-2023-jas-bez-tebe-video/feed/ 0
Која е нашата пејачка што сними спот на Малдиви? Таа настапи на „Макфест“ и ги собра симпатиите на публиката (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/koja-e-nashata-pejachka-shto-snimi-spot-na-maldivi-taa-nastapi-na-makfest-i-gi-sobra-simpatiite-na-publikata-video/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/koja-e-nashata-pejachka-shto-snimi-spot-na-maldivi-taa-nastapi-na-makfest-i-gi-sobra-simpatiite-na-publikata-video/#respond Thu, 26 Oct 2023 11:12:34 +0000 https://kurir.mk/?p=893359

Младата пејачка Драгана Јовановска дебитираше на последното 38-мо издание на музичкиот фестивал „Макфест“. Таа пееше во првата вечер на фестивалот, наменета за нови таленти, од каде само пет изведувачи според бројот на гласовите од жирикомисијата, имаа можност да настапат и на втората, односно ревијална вечер. Драгана беше една од тие пет изведувачи кои настапија и во вечерта со етаблираните музички имиња од Македонија. Младата Драгана уште во првата вечер ги освои симпатиите на публиката со нејзината песна „Случајно“, на која како автор на музиката заеднички се потпишува со продуцентот Иле Спасев, додека таа сама го напиша текстот. „Што да кажам, јас сум презадоволна од моето претставување на „Макфест“. Беше одлично, супер организација, многу убави песни, дружење со младите и повозрасните колеги. Сигурна сум дека ќе учествувам и наредните години на фестивалот“ - изјави новата музичка надеж. Инаку за потребите на новата песна, Драгана пред еден месец сними и видеоспот и тоа не било каде, тукуа на една од најпосакуваните светски дестинации за одмор - волшебните Малдиви. „Малдиви беше мојот одмор од соништата, но си реков кога веќе сум таму, пред да заминам организиравме екипа од таму за да го снимиме видеоспотот. Се надевам ќе им се допадне на публиката и ќе ужива во него и во песната“ - вели Јовановска. Инаку Драгана нема да застане тука или пак да прави пауза, таа со својот тим од соработници веќе некое време работат и на други песни, па поради тоа блиска иднина очекувајте уште многу музика од неа... Погледнете го спотот: ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/koja-e-nashata-pejachka-shto-snimi-spot-na-maldivi-taa-nastapi-na-makfest-i-gi-sobra-simpatiite-na-publikata-video/feed/ 0
Музика за сечиј вкус: Заврши 38-то издание на „Макфест” https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/muzika-za-sechij-vkus-zavrshi-38-to-izdanie-na-makfest/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/muzika-za-sechij-vkus-zavrshi-38-to-izdanie-na-makfest/#respond Sun, 22 Oct 2023 07:44:43 +0000 https://kurir.mk/?p=891809

Владо Јаневски, Андријана Јаневска, Бојана Скендеровска, Алексансар Тарабунов, Ламбе Алабаковски, Полина, Љубојна, Таско, но и младите и талентирани Александра Трајчевска, групата Blue, Драгана Јовановска, Јасмин Алиевски и Тијана Периќ синоќа ги испеаја новите хитови на 38. издание на ,,Макфест". Александар Арсовски организатор на ,,Макфест" од Општина Штип вели дека се задоволни од сработеното, а на публиката се понуди музика за сечиј вкус, како за  помладите, така и за повозрасните генерации. Водители на Фестивалот на забавни мелодии ,,Макфест" и годинава беа Маријана Станојковска и Димитар Атанасовски, а за време на втората вечер како водители се појавија Светлана Црнокрак, Миро Кацаров и Вера Јанковиќ, која публиката ја поздрави со макфестовски рефрен, а  пак штипската публика и возврати со долги и силни аплаузи на единствената Јанковиќ, која пред десет години го водеше фестивалот. На 38. издание на  „Макфест" во две фестивалски вечери се слушнаа 26 нови забавни песни. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов синоќа на Пајак и Лара им додели парична награда од 120.000 денари, за најслушна песна во текот на годината.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/muzika-za-sechij-vkus-zavrshi-38-to-izdanie-na-makfest/feed/ 0
Првата фестивалска вечер на „Макфест“ помина одлично, оценуваат организаторите https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/prvata-festivalska-vecher-na-makfest-pomina-odlichno-otsenuvaat-organizatorite/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/prvata-festivalska-vecher-na-makfest-pomina-odlichno-otsenuvaat-organizatorite/#respond Sat, 21 Oct 2023 12:53:19 +0000 https://kurir.mk/?p=891596

Позитивни реакции, многу забава, вака организаторите ја оценија првата фестивалска вечер од 38. издание на „Макфест“. Александар Арсовски од Општина Штип, кој е организатор на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“ на денешната прес-конференција истакна дека сѐ поминало во најдобар ред и токму тоа е причина повеќе со нетрпение да се очекуваат вечерашните изведби на сцената во Центарот за култура „Ацо Шопов“-Штип. -На мое огромно задоволство, можам да истакнам дека првата фестивалска вечер на овогодинешното 38.по ред макфестовско издание помина одлично. Сите коментари, сите реакции се позитивни што за мене како дел од организацијата е еден мотив да продолжам и понатаму да работам напорно на овој пат којшто ние сега го трасираме за македонската музичка сцена да добива вакви квалитетни, модерни, забавни мелодии, рече Арсовски. Уметничкиот директор, Роберт Саздов, вели дека е, навистина, жално што концептот дозволува само пет композиции да поминат и во следната вечер, бидејќи овогодинешните композиции ги оценува како доста квалитетни. -Искрено многу ми е жал што не примаме повеќе од пет песни за вечерва, затоа што неколку добри песни се спречени да настапат ако имаме одредено дека пет песни ќе влезат, а повеќе од пет беа добри. Тоа е за секого различно, меѓутоа има, навистина, потенцијални хитови, сега да не фаворизирам, вели Саздов. Периодот помеѓу двете изданија на „Макфест“, мината и оваа година, покажал дека новиот концепт дава позитивни резултати, особено за реномето на Фестивалот. Саздов вели дека изведувачите покажуваат поголем интерес за учество кога знаат дека Фестивалот не е со натпреварувачки карактер. -Според сите реакции што сум ги чул од минатата година досега, ние сме, не знам за другите народи, ама кај нас, навистина, луѓето сакаат да навиваат, да заземат страна и навикнати се. Тоа е веќе влезено во кодот, затоа што мината година прва, оваа година втора, тоа се единствени две изданија на некој фестивал во Македонија каде што нема награди, дури и на детските фестивали има награди. Меѓутоа, ние дојдовме во една згодна позиција прифаќаат да пејат, затоа што знаат дека нема да има. За публиката е забавно, ама за пејачите не е, секогаш има проблеми, додава Саздов. Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“ чини околу шест милиони денари, средства од кои дел се наменети за откупување на авторските права на авторите и изведувачите за композициите. И тие средства од минатата година се зголемени. Втората фестивалска вечер на „Макфест“ почнува вечерва во 20.15 часот во Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип, директен телевизиски пренос ќе има на МТВ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/prvata-festivalska-vecher-na-makfest-pomina-odlichno-otsenuvaat-organizatorite/feed/ 0
Заврши првата фестивалска вечер на „Макфест“, вечерва е втората https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/zavrshi-prvata-festivalska-vecher-na-makfest-vecherva-e-vtorata/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/zavrshi-prvata-festivalska-vecher-na-makfest-vecherva-e-vtorata/#respond Sat, 21 Oct 2023 08:43:13 +0000 https://kurir.mk/?p=891533

Заврши првата фестивалска вечер на „Макфест“ на која беа изведени 13 песни, а публиката и жирито одлучија вечерва да се слушнат пет песни. Најголем број гласови од публиката доби Александра Трајчевска, потоа групата Blue, Драгана Јовановска, Јасмин Алиевски и Тијана Периќ. Според организаторот на фестивалот од Општина Штип, Александар Арсовски првата вечер поминала одлично, а публиката и жирите одлучија кои песни ќе се слушнат и изведат на сцената на втората вечер. Во Центарот за култура „Ацо Шопов“-Штип, вечерва со свои нови песни ќе настапат Владо Јаневски, Љубојна, Александар Тарабунов, Андријана Јаневска, Ламбе Алабаковски, Бојана Скендеровски, Таско, Симона Попоска, Марија Спасовска. Во 12:00 часот во хотелот „Оаза“ денеска е закажан прес-конференција на којашто организаторот и уметничкиот директор на „Макфест“ ќе ги презентираат впечатоците, но и што ќе се случува на втората фестивалска вечер. Фестивалот „Макфест“ втора година по ред нема натпреварувачки карактер. Станува пракса да се додели награда за најслушна песна во текот на годината, а оваа година со над 27 милиони преглед на Јутуб е песната „Бела“ изведена од Пајак и Лара.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/zavrshi-prvata-festivalska-vecher-na-makfest-vecherva-e-vtorata/feed/ 0
Со кревањето на фестивалското знаме, започна „Макфест“ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/so-krevaneto-na-festivalskoto-zname-zapochna-makfest/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/so-krevaneto-na-festivalskoto-zname-zapochna-makfest/#respond Fri, 20 Oct 2023 10:20:04 +0000 https://kurir.mk/?p=891162

Со познатите песни, кои се македонски и балкански евергрини претпладнево се крена фестивалското знаме, започна фестивалот „Макфест“. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, Пајак и Лара (кои според публиката е насјлушаната песна „Бела“ во текот на годината), официјално го кренаа знамето на Макфест, кај хотелот „Оаза“ во Штип. Вечерва и утревечер во салата на Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип ќе се испеат вкупно 26 забавни песни, од кои публиката вечерва ќе слушне 13, а пет од нив ќе влезат во втората фестивалска вечер. Александар Арсовски, организатор на „Макфест“ од Општина Штип вели дека вечерва во ревијалниот дел ќе настапат „Силви бенд“ и Лидија Кочовска. -На втората фестивалска вечер ќе имааме вкупно 18 композиции. Петте песни од првата фестивалска вечер ќе бидат избрани по пат на гласање од страна на публика во салата и од струлното жири кое ќе брои седум членови, вели Арсовски. Уметничкиот директор на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“, Роберт Саздов вели дека годинава има одлични песни, а на сцената имаат и млади изведувачи, но и искусни кои веќе настапувале на фестивалот, а нивните песни се и хитови. -Имаме музика од сите жанрови, ќе биде одлично. Тоа ви го ветувам, ќе бидете сите пријатно изненадени. Навистина, јас и Јован Јованов ја направивме селекцијата, ги контактиравме пејачите и оваа година очекувам дека ќе го надминеме минатогодишното издание. Има една изрека „Следи го својот сон, а не конкуренцијата“. Така што, ние имаме одредена визија, вели Саздов. Песната „Бела“ во изведба на Пајак и Лара е најслушана во текот на годината, од кои само на еден канал имаат 27 милиони прегледи. Пајак и Лара на денешната прес-конференција истакнаа дека се горди што имаат хит и тоа на балканско ниво. -Навистина ни е огромна честа што ќе ја примиме наградата за најслушана песна. „Бела“ е песна којашто навистина стана хит во Македонија и пошироко на Балканот. Благодарни сме што цела Македонија ни беше поддршка, дека македонскиот јазик се слуша и надвор. Тоа е многу добро што со една песна ја проширивме нашата музика, велат Лара и Пајак. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов истакна дека годинава Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“ чини околу шест милиони денари. Средствата се од буџетот на Општина Штип, но помагаат и општествено одговорни компании. -Втора година по ред и покрај тоа што не добиваме поддршка, како локална самоуправа од Министерството за култура, не дозволуваме овој фестивал да згасне, туку напротив, се трудиме да создадеме нови вредности, вели Јорданов. Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“ почнува вечерва во 20:15 часот, директен пренос ќе има на МТВ, а водители оваа година се шармантните и забавни Маријана Стојановска и Димитар Атанасовски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/so-krevaneto-na-festivalskoto-zname-zapochna-makfest/feed/ 0
Викендов ќе се одржи „Макфест“: Дводневна фестивалска фешта за сите вкусови https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/vikendov-ke-se-odrzhi-makfest-dvodnevna-festivalska-feshta-za-site-vkusovi/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/vikendov-ke-se-odrzhi-makfest-dvodnevna-festivalska-feshta-za-site-vkusovi/#respond Thu, 19 Oct 2023 10:42:08 +0000 https://kurir.mk/?p=890735

Викендов во Штип, поточно овој петок и сабота (20 и 21 октомври 2023 г.) ќе се одржи 38-то издание на фестивалот на забавни мелодии „Макфест 2023“. Утревечер ( 20 октомври) во домот на културата „Ацо Шопов“ ќе настапат 13 помалку афирмирани македонски музички имиња или како што еснафот ги нарекува „со помал багаж“ зад себе, но доволно атрактивни со модерни песни кои се очекува да го побудат интересот на публиката, а некои од нив и да станат радиски хитови. Петте кои ќе ја добијата довербата од гласовите на жирито и публиката во салата, ќе го надополнат списокот со учество и во втората фестивалска вечер, закажана за в сабота (21 октомври). По завршувањето на официјалниот дел на првата вечер во петок (20 октомври) за време на паузата додека трае гласањето на жирито и публиката во домот на културата, на сцената свој настап со сплет изведби на макфестовски теми ќе имаат „Силви бенд“ и Лидија Кочовска, кои и самите се некогашни учесници на „Макфест“, чии фестивалски изведби и песни оставиле траг на македонската музичка сцена и станале македонски евергрини.
Организитарот, општина Штип на чело со градоначалникот Иван Јорданов и главниот координатор на фестивалот, Александар Арсовски заедно со целокупната екипа и тимот кој работеше на подготовките,  за се’ да биде беспрекорно и функционира совршено,  ја подготвија и агендата за двата фестивалски дена. Во неа точно и прецизно се вткаени саатниците за Прес конференциите, генералните проби, сместувањето на изведувачите и претставниците на медиумите од цела Македонија, кои се очекува годинава во голем број да бидат присутни за следење на фестивалот. Втората фестивалска вечер е резервирана за попознатите македонски музички имиња, меѓу кои и неколку од најголемите наши поп ѕвезди, кои годинава ќе настапуваат на „Макфест“. На неа покрај 13-те проверените пејачи и групи, ќе ги видими и петте избрани од првата фестивалска вечер, што значи на сцената ќе се појават вкупно 18 изведувачи.  Оваа вечер и годинава како и лани има ревијален карактер, што значи нема да има гласање и да се доделуваат награди за прво, второ, трето… место, зашто заложбите на организаторот се новата концепција на „Макфест“ да донесе што повеќе хитови и песни што ќе останат, без да ги оптоварува изведувачите со трка по награди. Што значи фестивлот да биде еден широк полигон за прва промоција на новите песни на веќе проверените музички ѕвезди, но и помладите имиња кои се помалку имаат простор каде да се презентираат себеси и своите нови остварувања. Единствената награда која ќе биде доделена е онаа за „Најслушана песна меѓу два фестивала“ која годинава со право ја понесе песната „Бела“ на Пајак и Лара Иванова од минатогодишното издание, која стана регионален хит со фасцинантни над 25 милиони прегледи на Јутјуб. Истата ќе биде изведена и на годинешното макфестовски издание при предавањето на наградата на втората фестивалска вечер, во сабота. И годинава и двете фестивалски вечери на „Макфест 2023“ ќе бидат директно пренесувани на националниот сервис, на првиот канал на МТВ 1, но и на првата програма на Македонското радио- Радио Скопје. По завршувањето на фестивалот предвидена и постфестивалска забава и дружење со учесниците и претставниците на медиумите со публиката во еден од елитните штипски локали.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/vikendov-ke-se-odrzhi-makfest-dvodnevna-festivalska-feshta-za-site-vkusovi/feed/ 0
Минатата година пееше со дебитантите, овој „Макфест“ е една од главните фаворити: Марија Спасовска во сабота ќе го даде својот максимум! https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/minatata-godina-peeshe-so-debitantite-ovoj-makfest-e-edna-od-glavnite-favoriti-marija-spasovska-vo-sabota-ke-go-dade-svojot-maksimum/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/minatata-godina-peeshe-so-debitantite-ovoj-makfest-e-edna-od-glavnite-favoriti-marija-spasovska-vo-sabota-ke-go-dade-svojot-maksimum/#respond Wed, 18 Oct 2023 12:15:06 +0000 https://kurir.mk/?p=890335

Има уште неколку дена до одржување на музичкиот фестивал „Макфест“, а младата пејачка Марија Спасовска се подготвува како и минатата година кога дебитираше, повторно да ги освои симпатиите на публиката. Овој пат со песната „Темперамент“. Ако за разлика од минатата година младата музичка ѕвезда настапи во првата, односно натпреварувачка вечер, овој „Макфест“ ќе ја видиме во втората вечер, односно сцената ќе ја дели со нејзините искусни колеги како што се: Владо Јаневски, Ламбе Алабаковски, Александар Тарабунов, Вера од Љубојна, Огнен Здравковски и други... Марија и нејзиниот тим веќе неколку дена работат под полна пареа и се подготвуваат за настапот во Штип. Исто така, младата пејачка и својот тим од соработници пред неколку дена го завршија и снимањето на спотот за песната макфестовската нумера со која ќе настапи и истиот ќе се објави по завршувањето на фестивалот, односно во недела на 22-октомври. „Едвај чекам да дојде сабота, долго се подготвував за овој настап, а да бидaм искрена и снимањето на спотот добро ме измори мене и сите од мојот тим. Се надевам дека публиката ќе го награди нашиот труд, бидејќи навистина дадовме се од себе“ – изјави накусо Спасовска. Инаку таа беше дел и од проектот „Македонијо во срце те носиме“, со кого настапи во повеќе градови низ нашата земја и урнаа рекорди во посетеност... ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/minatata-godina-peeshe-so-debitantite-ovoj-makfest-e-edna-od-glavnite-favoriti-marija-spasovska-vo-sabota-ke-go-dade-svojot-maksimum/feed/ 0
МАКФЕСТ 2023: Големи ѕвезди, млади надежи, нови хитови – ова се деталите за фестивалот кој ќе ја сплоти Македонија https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/makfest-2023-golemi-zvezdi-mladi-nadezhi-novi-hitovi-ova-se-detalite-za-festivalot-koj-ke-ja-sploti-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/makfest-2023-golemi-zvezdi-mladi-nadezhi-novi-hitovi-ova-se-detalite-za-festivalot-koj-ke-ja-sploti-makedonija/#respond Thu, 12 Oct 2023 12:10:16 +0000 https://kurir.mk/?p=888074

Енергијата на младите изведувачи и модерниот ритам, рамо до рамо со искуството и талентот на големите македонски музички ѕвезди. Дури и само оваа реченица е доволна за опис на тоа што можете да го очекувате од овогодинешниот Макфест. Најавата на уметничкиот директор на фестивалот, Роберт Саздов дека од овој Макфест ќе излезат повеќе хитови од оние на Евровизија на почетокот звучеше како нескромна пофалба. Но кога на денешната прес конференција беа пуштени тонски парчиња од сите песни кои годинава ќе бидат претставени на Макфест, со неговата констатација се согласивме сите. Макфест следниот викенд ќе ја сплоти публиката од цела Македонија. Но, сплоти и звучни музички имиња. По 30 години на грандиозната сцена се враќа Владо Јаневски. Тој на денешната прес-конференција одржа емотивен говор кој ги разбуди спомените во секој оној кој минативе 38 години бил дел од Макфест. На 20-ти и 21-ви октомври 2023-та, во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип, на сцената ќе застанат и милениците на младата тинејџерска публика, но и тие најголемите ѕвезди. Погледнете го официјалниот список на учесници: Годинешниот слоган на фестивалот е „38 години Макфест - Фестивалска симфонија за цела Македонија“!  И така и ќе биде. Ваше е само да уживате. За оние кои нема да бидат во публиката во Штип, МРТ и Македонско радио ќе вршат пренос во живо.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/makfest-2023-golemi-zvezdi-mladi-nadezhi-novi-hitovi-ova-se-detalite-za-festivalot-koj-ke-ja-sploti-makedonija/feed/ 0
Владо Јаневски повторно на „Макфест“: 30 години по „Чаирска романтика“ ѕвездата се враќа на фестивалот со „Златни години“ (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/vlado-janevski-povtorno-na-makfest-30-godini-po-chairska-romantika-zvezdata-se-vraka-na-festivalot-so-zlatni-godini-video/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/vlado-janevski-povtorno-na-makfest-30-godini-po-chairska-romantika-zvezdata-se-vraka-na-festivalot-so-zlatni-godini-video/#respond Fri, 06 Oct 2023 07:51:22 +0000 https://kurir.mk/?p=885909

Како што најавија организаторите, годинешново 38-мо издание на фестивалот на забавна музика „Макфест 2023“ во Штип, според списокот на музички имиња и квалитетот на песните кои ќе ги изведуваат, нуди мошне атрактивна музичка понуда. Покрај оние помладите или помалку афирмираните музички имиња кои ќе настапат во првата фестивалска вечер, втората најавува вистинска македонска музичка „прва лига“ засилена со неколку македонски суперѕвезди. Некои од нив пред извесен број години учествувале на „Макфест“, некои за прв пат ќе застанат на фестивалската сцената на домот на културата во Штип, но сите заедно се едни од најголемите македонски музички имиња со бројни хитови зад себе што и денес ги пејат и повозрасните и помладите, а радиостаниците со години не престануваат да ги вртат. Едно од нив спаѓа меѓу најголемите македонски поп ѕвезди на сите времиња, човекот кој напишал и испеал десетици хитови и оставил зад себе дузина безвременски балади кои ги пеат неколку генерации. Или што би рекле пејачот за сите времиња и сите возрасти, „чаирскиот романтичар“ Владо Јаневски повторно ќе пее на „Макфест“. Триесет (30) години по „Чаирска романтика“, ѕвездата во своите „златни години“ се враќа на сцената на најугледниот македонски фестивал на забавна музика и тоа токму со песна насловена „Златни години“. „Триесет години после „Чаирска романтика“ и „Еден бакнеж“ доаѓам повторно на Макфест… На 21-ви октомври со нова песна насловена „Златни години“… Се гледаме на „Макфест“! – ќе порача Владо во своето видео-обраќање на Инстаграм, како најава за неговото учество на фестивалот. Покрај него, меѓу останатите познати музички имиња како што е веќе најавено годинава ќе настапат уште дузина македонски музички ѕвезди, меѓу кои и: чуварите на македонската етно традиција, групата „Љубојна“, Андријана Јаневска, Ламбе Алабакоски, Бојана Скендеровски, Александар Тарабунов, Огнен Здравковски, Таско… И уште грст други познати имиња од „првата лига“ на македонската музичка сцена, кои ќе се појавата на фестивалската сцена за да создадат „музичка фестивалска симфонија за цела Македонија“ – како што гласи и годинешниот фестивалски слоган. Се разбира истите засилени со шесте најдобри со највпечатливи песни и нивните изведувачи од првата фестивалска вечер, кои ќе им се придружат на оние во втората макфестовска ноќ на ѕвездите. Низ двете фестивалски вечери кои и годинава директно ќе ги пренесува МРТ, публиката во домот на културата во Штип како и онаа покрај ТВ екраните и овој пат ќе ја водат фестивалските домаќини, познатата водителска двојка Марјана Станојковска и Димитар Атанасовски. Но пред и за време двете фестивалски вечери на црвениот тепих, на сцената и зад неа – во бекстејџот ќе се појават и неколку други познати македонски естрадни и јавни личности, во улога на фестивалски презентери. Сепак комплетниот список на учесници во обете фестивалски вечери, сите детали и поединости околу сцената, изведбите, правилата и пропозициите… и сето останато што ќе се случува на годинешниот „Макфест 2023“ јавноста ќе биде запознаена на официјалната ПРЕСС конференценија за медиумите и новинарите која ќе се одржи на 12-ти октомври, четврток, во 12.00 часот во хотелот „Хилтон“ во Скопје. Се’ на се, годинава не очекува еден малку поинаков, музички посвеж, помодерен и потрендовски фестивал, збогатен со големи музички имиња од македонската естрада, a од друга страна и избор на песни за сите генерации… Од оние што веднаш стануваат инстант хитови, до оние што ќе останат безвременски евергрини, какви што Макфест отсекогаш знаел да даде. Затоа и се очекува и оваа да биде една од оние макфестовски „златни години“!]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/vlado-janevski-povtorno-na-makfest-30-godini-po-chairska-romantika-zvezdata-se-vraka-na-festivalot-so-zlatni-godini-video/feed/ 0