максим димитириевски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 25 Oct 2021 13:20:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png максим димитириевски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Димитриевски: Повторно насилство врз наша советничка од страна на советник од СДСМ, недозволиво е насилство врз жени и врз членови на нашиот тим! https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dimitrievski-povtorno-nasilstvo-vrz-nasha-sovetnichka-od-strana-na-sovetnik-od-sdsm-nedozvolivo-e-nasilstvo-vrz-zeni-i-vrz-chlenovi-na-nashiot-tim/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dimitrievski-povtorno-nasilstvo-vrz-nasha-sovetnichka-od-strana-na-sovetnik-od-sdsm-nedozvolivo-e-nasilstvo-vrz-zeni-i-vrz-chlenovi-na-nashiot-tim/#respond Mon, 25 Oct 2021 13:20:41 +0000 https://kurir.mk/?p=585171

Остро ги осудувам случаите во изминатите два дена каде двајца наши кандидати за советници се нападнати од кандидати за советници од редовите на СДСМ, вели кандидатот за градоначалник на општина Куманово Максим Димитриевски. Завчера, физички беше нападнат нашиот кандидат за советник Реџеп Реџеповски од кандидатот за советник на СДСМ Самет Салиевски. Овој случај беше злоупотребен од нивна страна и дезинформираа дека наводно Реџеповски го нападнал Салиевски. Вчера, повторно насилно однесување врз жена кандидат за советник од нашата граѓанска иницијатива. Во МВР пријавивме дека на кандидатот за советник Христина Алексовска на сила и е одземен пропаганден материјал од раце од страна на Момир Петрушевски кандидат за советник на СДСМ и истиот е демонстративно уништен. До кога ќе се служите со недолично однесување? Граѓаните ја испратија пораката на 17-ти октомври кого поддржуваат, а во недела, на 31-ви октомври повторно ќе ги казнат оние кои сакаат да дојдат на власт со злоупотреби, притисоци, насилства и лажни обвинувања. Апелирам, ваквите девијантни однесувања да престанат! Недозволиво е насилство врз жени, врз членови на нашиот тим!, рече Димитриевски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dimitrievski-povtorno-nasilstvo-vrz-nasha-sovetnichka-od-strana-na-sovetnik-od-sdsm-nedozvolivo-e-nasilstvo-vrz-zeni-i-vrz-chlenovi-na-nashiot-tim/feed/ 0
Димитриевски: Не знам кој Оливер ми е противкандидат https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dimitrievski-ne-znam-koj-oliver-mi-e-protivkandidat/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dimitrievski-ne-znam-koj-oliver-mi-e-protivkandidat/#respond Thu, 21 Oct 2021 05:54:56 +0000 https://kurir.mk/?p=582833

Градоначалничкиот кандидат на СДСМ, пак, го обвини досегашниот градоначалник дека уште пред првиот изборен круг се пазарел за гласови со ВМРО-ДПМНЕ и дека глумел како тоа „да го наследил од Тони Михајловски“. На моменти не знам кој Оливер ми е противкандидат, Илиевски или Спасовски, рече независниот кандидат за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, во вечерашнит дуел, на ТВ 24, со неговиот доскорешен сопартиец, а сега директен противкандидат од СДСМ во вториот круг од локалните избори. Илиевски, пак,го обвини Димитриевски дека уште пред првиот изборен круг се пазарел за гласови со ВМРО-ДПМНЕ, алудирајќи на статус на социјалните мрежи на вмровскиот кандидат за градоначалник на Куманово, Тони Михајловски, кој не помина најдобро на гласањето на 17 октомври. На прашање дали би се дистанцирал од ВМРО-ДПМНЕ ако оваа, до скоро противничка партија, реши да му даде поддршка во вториот круг, Димитриевски рече дека не може да се дистанцира од кого било во кампањата. „Јас не можам да се дистанцирам од никого во кампања. Може и на СДСМ утре ќе им текне да ме поддржат. Куманово од секогаш бил левичарски град, но ги запоставија правата на работниците и тоа им се врати“, рече Димитриевски. Илиевски, пак рече дека нема да влегува во политички пазарења пред вториот круг. Тој, исто така, посочи дека СДСМ има огромен коалициски капацитет на централно ниво, што ќе биде пренесен на локално ниво во вториот изборен круг. Кандидатот на СДСМ исто така коментираше за вчерашниот случај за кој Димитриевски извести преку видео на фејсбук. Илиевски рече дека не гледа инцидент во случајот со сопирањето на возилото на неговиот противкандидат. „Се констатирало дека има затемнети стакла, така што СВР – Куманово биле во право. Ние се боревме токму против селективност, а тој сега бара селективност. Ако возилото е технички е неисправно, СВР треба да постапи. Да снимате такви драми, како да го наследил од Михајловски тоа глумење овие денови. Се гледа како ВМРО-ДПМНЕ и Димитриевски соработувале“, рече Илиевски. Димитриевски, пак, рече дека не го обвинил МВР за случајот со возилото, туку дека ја обвинил узурпацијата на системот. „Потрошивме многу време на улица за да го спречиме тоа. А сега во Куманово повулгарно се случува тоа и е недозволиво такво инволвирање на полицијата во изборниот процес и злоупотреба на позиции на многу полициски службеници“, оцени досегашниот кумановски градоначалник.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dimitrievski-ne-znam-koj-oliver-mi-e-protivkandidat/feed/ 0