максим димитриевски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 06 Jul 2023 15:14:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png максим димитриевски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Кумановскиот градоначалник на информативен разговор во полиција, добиена е анонимна пријава – еве за што станува збор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kumanovskiot-gradonachalnik-na-informativen-razgovor-vo-politsija-dobiena-e-anonimna-prijava-eve-za-shto-stanuva-zbor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kumanovskiot-gradonachalnik-na-informativen-razgovor-vo-politsija-dobiena-e-anonimna-prijava-eve-za-shto-stanuva-zbor/#respond Thu, 06 Jul 2023 15:14:10 +0000 https://kurir.mk/?p=853723

СВР Куманово потврди дека кумановскиот градоначалник е повикан на информативен разговор, по однос на добиена анонимна пријава. Во пријавата е наведено дека секторот за финансии исплаќал додаток на плата за кандидати за инспектори кои немале лиценца. - Денеска во просториите на СВР Куманово, по насоки на јавен обвинител Куманово на информативен разговор беше повикан градоначалникот на Општина Куманово, а во врска со добиена анонимна пријава во која се наведува дека од страна на Секторот за финансии при Општина Куманово на вработените во Секторот за инспекција, незаконски им бил исплатен додаток на плата од 30 проценти и тоа на кандидати за инспектори кои не се стекнале со лиценца инспектор, а со тоа е оштетен буџетот на Општина Куманово. Потенцираме дека за сите наводи постои документација која на барање од СВР Куманово е доставена од страна на Одделението за човечки ресурси од Општина Куманово, соопштија од СВР Куманово. Секторот за внатрешни работи Куманово велат оттаму постапува согласно своите законски правила и прописи, без оглед на тоа за која институција и да станува збор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kumanovskiot-gradonachalnik-na-informativen-razgovor-vo-politsija-dobiena-e-anonimna-prijava-eve-za-shto-stanuva-zbor/feed/ 0
Димитриевски: Политиката го подели народот, време е да се обединиме, преземаме одговорност што ќе ја извади државата од криза https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrievski-politikata-go-podeli-narodot-vreme-e-da-se-obedinime-prezemame-odgovornost-shto-kje-ja-izvadi-drzavata-od-kriza/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrievski-politikata-go-podeli-narodot-vreme-e-da-se-obedinime-prezemame-odgovornost-shto-kje-ja-izvadi-drzavata-od-kriza/#respond Wed, 21 Dec 2022 20:11:18 +0000 https://kurir.mk/?p=778812

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во вечерашното гостување во емисијата „Што не е јасно“ на телевизија Алфа потенцираше дека коалицијата пред изборите на граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ ќе биде коалиција со граѓаните. „Нашата коалиција пред изборите ќе биде коалиција со граѓаните во Македонија, бидејќи сметаме дека овој граѓански концепт којшто излезе на политичката сцена за првпат, а мислам дека ова ќе биде и едно прво вакво искуство во македонскиот плурализам од деведесеттите години наваму треба да понуди нешто ново. Уморни се граѓаните од континуираните коалиции што се нудат во континуитет, првенствено што се интерес коалиции за практикување на власта. Ние сакаме да преземеме одговорност што ќе ја извади од криза оваа држава, не сакаме да практикуваме само власт“, рече Димитриевски. Во однос на политичката состојба во државата, тој истакна дека политиката ги има поделено граѓаните како народ и даде пример за функционирањето на граѓанската иницијатива во време на локалните избори кадешто шефот на штаб бил од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, а заменик шеф на штаб од СДСМ. „Шефот на штаб беше поранешен шеф на штаб на ВМРО-ДПМНЕ, заменик шеф на штабот поранашен шеф на штаб на СДСМ, а членовите во штабот во најголем дел политички неопределени. И шефот на штаб и заменик шефот на штабот се роднини, први братучеди и поради политика не зборуваат повеќе од 20 години. Се споија во наше Куманово. Политиката не подели многу како народ. Во секое семејство има луѓе членови на семејството раскарани поради политика. Време е да ги обединиме. Премногу малку сме и ние Македонците, генерално сите кои живееме во Македонија да бидеме поделени по политичка основа. Затоа, сметам дека оваа алтернатива која што ние ќе ја понудиме првенствено ќе ги принуди и левите и десните да седнат на иста маса, да потпишат една заедничка декларација, да ги дефинираме македонските црвени линии во делот на националните интереси и повеќе никогаш да не бидеме загрижени кој тоа ќе владее со државата, дали едните или другите“, посочи Димитриевски. Во делот на социо-економските политики, тој изјави дека размислува во лева насока, но по однос на националните прашања е центар, а во одредени моменти и десно, и не дозволува никој да го гази националниот идентитет.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrievski-politikata-go-podeli-narodot-vreme-e-da-se-obedinime-prezemame-odgovornost-shto-kje-ja-izvadi-drzavata-od-kriza/feed/ 0
Димитриевски: Разочаран сум од Заев, не бегам од одговорност што го поддржав https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrievski-razocharan-sum-od-zaev-ne-begam-od-odgovornost-shto-go-poddrzav/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrievski-razocharan-sum-od-zaev-ne-begam-od-odgovornost-shto-go-poddrzav/#respond Sat, 03 Dec 2022 09:38:37 +0000 https://kurir.mk/?p=770506

За Максим Димитриевски велат дека во моментов е најпопуларниот политичар во Македонија. Во интервјуто за „Република“ тој нагласува дека таквиот впечаток за него е голем комплимент кој мора да го оправда во иднина. Се надева дека новото движење „За нашите граѓани“ ќе доживее успех бидејќи граѓаните тоа го препознаваат. Целта на движењето е да излеземе од црно-белиот свет. Политичките субјекти се менуваат, или се левите на власт или се десните, а ништо не се менува туку само се влошува. Имаме цел да ги предизвикаме граѓаните и да им дадеме можност директно да учествуваат во едно граѓанско движење кое ќе биде насочено од граѓаните кон граѓаните и ќе генерира сериозни политики што ќе донесат подобро утре, зголемување на БДП, создавање на самоодржлива држава, доволно производство на храна за да се прехраниме, доволно енергија и развој на економијата. Без економија нема стабилна и силна држава. Потребно ќе биде да ги повлечеме националните црвени на државата, а со тоа и да го обединиме македонскиот блок и да потпишеме стратешки документ без да се гази по нашиот национален идентитет. Движењето полека се шири низ цела Макeдонија? Отворивме канцеларија во Куманово, формиравме здружение во Прилеп и Крушево. Целта е да се вратиме на суштинската македонска идеологија од АСНОМ и Крушево, она што комитите го започнале, а партизаните биле нивни континуитет и сме дошле до независност и сопствена држава која ја добивме на дланка како резултат на заложбите на нашите предци. Денеска се соочуваме да не можеме да опстоиме и сме ставени под притисок од разни страни кои имаат цел да го разнебитат македонското национално ткиво и успеваат во тоа. Секогаш сме предмет на уцена од страна на одредени партнери во власта кои по принципот на проценти и бројки секогаш добиваат се, а Македонецот од ден на ден се фрустрира. Создавање на мултиетничко општество е општество на создавање на еднакви права и можности, но и еднакви обврски. Ќе бидеме отворени за соработка со сите, граѓанскиот концепт ќе биде мултиетнички кој ќе има за цел да го обедини македонскиот народ и да ги обедини граѓаните. Димитриевски најавува и учество на изборите. Ние планираме да излеземе на изборите како политичко и граѓанско движење и да не ги делиме граѓаните по политичка определелба, но повеќе од јасно е дека по завршување на изборите ќе мора да се дефинираме како политички субјект. Тоа ќе го дискутираме со нашето членство и ќе донесеме одлуки.Тој што ќе влезе во ова движење нема да мора да се самоетикетира дека припаѓа на една или друга партија. Предизборно не планираат да коалицираат со никого, а по изборите ќе размислат. Предизборно планираме да настапиме со граѓаните. Сметаме дека ќе освоиме сериозен резултат, ама не сакам да зборувам за број на пратеници. Очекувам голема поддршка од граѓаните, а веднаш по завршувањето на изборите ќе оставиме простор за коалцирање со тие кои ќе прифатат најголем дел од нашите програми. Димитриевски одговори и на гласините дека Бранко Црвенсковски ќе го поддржи неговото движење. На оваа тема со Црвенковски немам разговарано, но секој е добредојден. Јас се занимавам со политика и моја обврска е да комуницирам со сите. Целото интервју на Димитриевски прочитајте го ТУКА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrievski-razocharan-sum-od-zaev-ne-begam-od-odgovornost-shto-go-poddrzav/feed/ 0
Димитриевски до Пендаровски: Се срамам што те поддржав за претседател https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrievski-do-pendarovski-se-sramam-shto-te-poddrzav-za-pretsedatel/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrievski-do-pendarovski-se-sramam-shto-te-poddrzav-za-pretsedatel/#respond Tue, 25 Oct 2022 19:22:20 +0000 https://kurir.mk/?p=750388

"Народот кој што таму живее" ех Претседателе мој, се срамам од самиот себеси што те поддржав но и што водев кампања за тебе. Дојде време ни името на сопствениот народ македонски да не смееш да го изустиш, напиша на Фејсбук градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски. - Имајќи почит кон функцијата која што ја обавувате ќе се воздржам од дополнителни коментари но јавно се извинувам на граѓаните што направив грешка при мојот избор и агитирав за Вас да денеска неодговорно кон граѓаните ја извршувате оваа функција. - Надминал македонецот и потешко и полошо и секогаш излегувал појак, истакна Димитриевски. Секоја чест за Р. Полска која уште од граѓанската војна во Грција ги прифати децата бегалци и им овозможи училишта на мајчин македонски јазик, докажан пријател и партнер на Македонија, додава тој. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrievski-do-pendarovski-se-sramam-shto-te-poddrzav-za-pretsedatel/feed/ 0
Димитриевски: Го почитувам Црвенковски, но немам разговарано со него за новиот политички субјект https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrievski-go-pochituvam-crvenkovski-no-nemam-razgovarano-so-nego-za-noviot-politichki-subjekt/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrievski-go-pochituvam-crvenkovski-no-nemam-razgovarano-so-nego-za-noviot-politichki-subjekt/#respond Sun, 04 Sep 2022 18:16:26 +0000 https://kurir.mk/?p=728642

Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски смета дека вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи е флексибилен кадар и позитивен пример за работа во Владата. -Се уште не е дефинирано, доаѓаат голем број идеи и иницијативи. Имаме контакт со голем број на луѓе. Нашата иницијатива „За наше Куманово“ веќе даде резултат. Тоа што ќе се формира ќе биде граѓанско здружение за граѓаните, рече Димитриевски околу формирањето на нов политички субјект. Околу тоа што мисли за слоганот „на 15-ти септември“ , што го изјави поранешниот лидер на СДСМ и поранешен премиер, Бранко Црвенковски и дали се спрема за нови избори, Димитриевски вели: -Се сеќавам на тој период, беше голема борба. Иако излезе во јавноста дека Црвенковски е вклучен во иницијативата, јас со господинот, кој многу го почитувам, немам разговарано на оваа тема. Иницијативата е отворена за сите. Првично позициите во новата политичка гарнитура ќе ги носат луѓе од образованието, бизнис фелата, образованието, земјоделството… луѓе кои претходно не вршеле политичка функција. Доколку сега излеземе со понуда, ќе излеземе како боксерка вреќа. Овој начин што го работиме во Куманово привклекува внимание. Кога ќе дојде време, ќе ги објавиме деталите, кажа Димитриевски во вестите на Тв Сител. -Уставот не е тефтер што се пишува или препишува секој ден. Сепак треба да постои реципроцитет. Што се однесува до прашањето за референдум, тоа мислам е завршена работа, додаде градоначалникот на Куманово.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrievski-go-pochituvam-crvenkovski-no-nemam-razgovarano-so-nego-za-noviot-politichki-subjekt/feed/ 0
„За наша Македонија“: Црвенковски формира нова партија со Максим Димитриевски ?! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-nasha-makedonija-crvenkovski-formira-nova-partija-so-maksim-dimitrievski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-nasha-makedonija-crvenkovski-formira-nova-partija-so-maksim-dimitrievski/#respond Fri, 12 Aug 2022 14:15:44 +0000 https://kurir.mk/?p=717752

NEWS1.MK дознава дека при крај се процедурите за формирањето на нова партија. Името дознаваме ќе биде „За наша Македонија“. Зад партијата стои поранешниот претседател Бранко Црвенковски со сите негови структури. Нашиот извор вели дека претходно Црвенковки и лобито од Охрид, оствариле контакти и средби со политички актери,а меѓу нив и еден поранешен градоначалник на Охрид. Најверојатно лидер на партијата „За наша Македонија“ ќе биде Максим Димитриевски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-nasha-makedonija-crvenkovski-formira-nova-partija-so-maksim-dimitrievski/feed/ 0
Димитриевски: Како ќе ги погледнете своите во очи, срам да ви е, народот во песни ќе ве опева како уништувачи на сопствениот род https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrievski-kako-kje-gi-poglednete-svoite-vo-ochi-sram-da-vi-e-narodot-vo-pesni-kje-ve-opeva-kako-unishtuvachi-na-sopstveniot-rod/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrievski-kako-kje-gi-poglednete-svoite-vo-ochi-sram-da-vi-e-narodot-vo-pesni-kje-ve-opeva-kako-unishtuvachi-na-sopstveniot-rod/#respond Sat, 16 Jul 2022 20:50:26 +0000 https://kurir.mk/?p=706374

Градоначалникот Максим Димитриевски со порака до владата, пратениците и народот: "Свеста и чувството дека сум Македонец треба да стојат повисоко од сè друго на светов" Крсте Петков Мисирков - НЕ ОЧАЈУВАЈ МАКЕДОНСКИ НАРОДЕ, БОРБАТА ПРОДОЛЖУВА ДО КОНЕЧНА ПОБЕДА, ТОА ШТО Е НАШЕ НЕ ГО ДАВАМЕ НА НИКОЈ! Порака до сите што го подржаа "францускиот предлог" (Влада и пратеници): - Како ќе ги погледнете своите во очи, срам да ви е, народот во песни ќе ве опева како уништувачи на сопствениот род.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrievski-kako-kje-gi-poglednete-svoite-vo-ochi-sram-da-vi-e-narodot-vo-pesni-kje-ve-opeva-kako-unishtuvachi-na-sopstveniot-rod/feed/ 0
Димитриевски: Немојте да чепкате по генот, никој тоа не Ви го дозволува https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrievski-nemojte-da-chepkate-po-genot-nikoj-toa-ne-vi-go-dozvoluva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrievski-nemojte-da-chepkate-po-genot-nikoj-toa-ne-vi-go-dozvoluva/#respond Fri, 15 Jul 2022 08:59:15 +0000 https://kurir.mk/?p=705550

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, синоќа се обрати пред граѓаните на Маршот што се одржа во Куманово. Во продолжение Ви го пренесуваме целосното негово обраќање: „Е ова е и мое и твое и наше Куманово, ова се наши Кумановки и Кумановци! Викаат малку ќе сме биле. Колку сме, толку сме, какви сме, такви сме. Кумановци сме, наши сме, праведни сме и ќе победиме! Вели овој пат води од твоето небитие до тебе, пишува тука на овој споменик. Но, тоа е спомнато во многу списи и записи. И таа една кратка реченица кажува многу за сите нас на Балканот, за сите нас Македонци, за сите нас Албанци, Турци, Роми, Власи, Бошњаци, Хрвати и сите заедници кои живеат во овој наш космополитски град Куманово. Велат не сме мислеле добро за народот, сме го бунтувале народот - дека биле Администратори, а не фашистистички окупатори. Бевме на референдум, а прашањето беше „Дали сте согласувате за додавка на името и за влез во Европска Унија и НАТО“ и потоа одеднаш оп заборавивме што го прашавме народот, ја сменивме плочата, изјави за БГНЕС, изјави за други медиуми, поделба на политички план, кризи, сиромаштија и нормално енормно богатење на поединци и капиталот го земаа поединци кои сакаат да го конторлираат граѓанинот. Но, тоа почитувани мои сограѓани не поминува! Не поминува кај ниту еден граѓанин на оваа скромна, едноставна, но чесна држава Македонија, а уште помалку во Куманово! Денеска се соочуваме со реалноста во Парламентот кадешто никој никого не почитува, кадешто Парламентот го спуштија на дното, каде што се на селфи слики се надмудруваат кој поголема глупост ќе каже. Па за тоа ли ве биравме?За тоа ли ви дадовме мандати? Кој ти дава за право да одлучуваш за тоа мојот и вашиот дедо бил, кој ти даде за право да го ставиш јазикот и писмото во Устав? Дали постои држава кадешто за тоа се разговара? Затоа сакам овде отворено пред сите вас од мое и од ваше име да поставам неколку отворени прашања. Првото прашање, ќе го поставам до госпоѓата којашто дојде денеска од седиштето на Европска Унија да даде неколку совети и препораки во нашиот Парламент. Почитувана госпоѓа Урсула секој човек којшто е добронамерен и доаѓа во нашата држава е добро примен, ние сме докажани домаќини кон секого, особено према тие што доаѓаат од Европската Унија. Е ова е и моја Унија бидејќи ние овде на Балканот не само Македонците, сите на Балканот вклучувајќи ги и Албанците, Србите, Бугарите и останатите народи кои живеат на Балканот се чувствуваме Европејци бидејќи сме родени на Балканот на овие Европски простори. Но, почитувана никој не Ви Дозволува и не Ви дава право да отворите тема и да разговарате за името и идентитетот и да давате гаранции, бидејќи ние се бориме за вредностите на Европа, но за вредностите на Шуман, за Европа отворена за сите, Европа без уцени, наметнувања, притисоци, Европа без ултиматуми, без предлози. Ние се бориме за обединета Европа, затоа што сметаме дека токму во таа Европа секој има свое индивидуално право да се произнесе како што се чувствува и го говори својот мајчин јазик којшто го има наследено од своите предци. Затоа, да упатам уште едно прашање до претседателот Макрон којшто за мене е голем европски лидер и целиот почит со него, но со што претседателе Макрон ние овде во Македонија заслуживме ваков третман, ваков едностран предлог? Дали можеби тоа го заслуживме затоа што во првата светска војна овој народ, овие граѓани дадоа логистика на повеќе од 2 милиони војници, 1915, 16 и 17та. Колку војници продефилираа на нашите простори? Дали за тоа што бевме на страната на победничката коалиција, а до ден денеска вашите бомби стојат расеани по целиот долг на Солунскиот фронт, од Дојран до Охрид, па ден денеска ги наоѓаме и ги оставивте. Дали со тоа што Македонецот и сите народи кои живеат во Македонија застанаа на страната на тогашната ваша коалиција го заслужија овој предлог. Во Македонија живеат граѓани кои се непокорни, затоа немојте да им чепкате по генот, никој тоа не ви го дозволува! Ние во Европа сме и ние во Европската Унија ќе влеземе со крената глава како Македонци кои говорат Македонски јазик, со сите останати народи кои живеат во Македонија, а примерот за соживотот го испраќа вечерва Куманово одовде и во многу прилики досега тоа е потврдено. Ковачевски, излези и извади го протоколот пред граѓаните прочитај го, срамно е да добиеш предлог за којшто во преговарачки процес во билатерален проблем има две страни. Едната страна знае се, а другата - нашата страна знае само еден дел, па протоколот бил само записник, а заборавија дека записникот е првиот документ којшто се усвојува на првата следна седница и е составен дел од главниот документ. Па, дали и во тој протокол којшто пред неколку дена беше објавен на бугарските медиуми, а вие до овој момент од власта никој почнувајќи од тебе Ковачевски, завршувајќи до Османи не го негиравте. Има ли некои обврски во тој протокол кој кадешто има обврска за другата, за страната на Бугарија? Или само тоа ние кога нашите деца ќе одат во септември во училиште претходно ќе ги испраќале на реевидирање коишто тие ги учат? Па постепено ќе дојдеме до ниво, на тоа нивното дека ние наводно сме потекнувале од бугарски народ! Абре Димче па не ли ти е јасно дека од Македонец Бугарин не бива! Овој другар ми претходно ги правеше администратори и наводно сме говореле исти јазици. Ајде го разбирам таму од Струмица е, ја утнал скроз, ама ти Димче Кумановец си, со нас израсна тука. 4 пати те барав да ти се јавам да ти објаснам некои работи пред да иизлезам јавно да ти кажам што дозволуваш со ова. И ние ја сакаме Европа, и ние сме за Европа, и нашиот стратешки партнер се САД и целиот демократски свет, но ние имаме чест, образ, достоинство, тоа е што му останало на овој народ! Ви благодарам на сите што вечерва излеговте, денеска не има толку, но утре ќе не има двојно повеќе, и на крајот ќе се соочат со народот. А, зошто? Затоа што ги носиме овие тука, 6 народни херои на Југославија, од НОБ, а овој град почитувани пратеници избрани од нашите гласови во овој град во Втората светска војна на 6 април првите жртви при нападот на фашистите беа од цела екс Југославија во Куманово, 13 души, Куманово беше прво бомбардирано, бомбите паднаа 200 метри тука подоле. Ова го кажуваат старите луѓе и го знаат, потврдено е со документи. Овој слободарски град, ова црвено Куманово даде 828 жртви во Втората светска војна, над 600 Македонци, 100 Срби, над 60 Албанци, над 30 Турци, над 20 Роми, и сите останати кои живееа во овој град. Вие администратори срам да ви е? Ќе сте дошле во Куманово да ги бришете спомен плочите од Бугарскиот фашистички окупатор. Па, како бе можеш да ја бришеш сопствената историја и крвта на нашите предци којашто е таму. Повелете дојдете во Куманово, ние ќе дојдеме да ве чекаме кога ќе дојдете да ги бришете. Историјата нема право никој да ја брише, од историјата се учи, се носат заклучоци и се креира врз база на тоа подобра иднина. Ќе учиме од минатото, да ја креираме заедно иднината врз база на взаемно почитување. Јас ги почитувам сите граѓани на Република Бугарија. Цело Куманово ги почитува сите граѓани на Република Бугарија, но ние сме против агресорски и наметнувачки политики коишто доаѓаат од официјална Софија бидејќи недозволиво е еден министер во Влада, европратеник, премиер, заменици премиери, член на президиумот, претседател да ни го негираат јазикот и нацијата и за себе да зборуваат дека тие се Европејци. А, по што тоа ние сме различни? Од тука тргнало се, од нашиот Охрид, и од тука се раширило се, и тие сме ние Македонки и Македонци достоинствени до крај, ја испраќаме порака на победничко Куманово.“]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrievski-nemojte-da-chepkate-po-genot-nikoj-toa-ne-vi-go-dozvoluva/feed/ 0
Димитриевски: Утре Куманово ќе маршира за сите наши предци кои создадоа држава, а овие денеска ја продаваат на кило https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrievski-utre-kumanovo-kje-marshira-za-site-nashi-predci-koi-sozdadoa-drzava-a-ovie-deneska-ja-prodavaat-na-kilo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrievski-utre-kumanovo-kje-marshira-za-site-nashi-predci-koi-sozdadoa-drzava-a-ovie-deneska-ja-prodavaat-na-kilo/#respond Wed, 13 Jul 2022 20:20:41 +0000 https://kurir.mk/?p=704775

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски вечерва информираше дека утре (четврток, 14.07.2022 година) Куманово ќе маршира во име на сите предци кои создадоа држава, а денеска истата се продава. „Време е да го разбудиме ПАРТИЗАНСКОТО во нас! Утре Куманово ќе маршира! Да маршираме заедно сите во име на Карпош, Еребица, Шабани, Перо Чичо, Фетак, Менков, Которка, Бузо, Нацева, Шајче и многу други наши предци кои ни создадоа држава, а овие денеска ја продаваат на кило. Ве повикувам сите драги мои Кумановци без разлика на нација, вера и определба да излеземе утре (четврток) сите во 19:30 часот во центарот на градот (Улица Лењинова) и да упатиме јасна порака чија крв тече низ нашите вени. Се гледаме утре! Да живее Куманово! Да живее Македонија!“, порача Димитриевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrievski-utre-kumanovo-kje-marshira-za-site-nashi-predci-koi-sozdadoa-drzava-a-ovie-deneska-ja-prodavaat-na-kilo/feed/ 0
Димитриевски: Ќе формираме граѓанско движење и ќе учествуваме на следните избори https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrievski-kje-formirame-gragjansko-dvizenje-i-kje-uchestvuvame-na-slednite-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrievski-kje-formirame-gragjansko-dvizenje-i-kje-uchestvuvame-na-slednite-izbori/#respond Mon, 04 Jul 2022 08:52:59 +0000 https://kurir.mk/?p=699517

Актуелниот градоначалник на општина Куманово, Максим Димитриевски во вчерашното гостување во централното издание на дневникот на телевизија Сител, на последното прашање упатено до него, за најавите дека ќе формира политичка партија и дали доколку има предвремени парламентарни избори, ќе настапи со сопствена политичка партија, тој потенцираше дека не најавил формирање на партија, туку најавил формирање на граѓанско движење кое задолжително ќе учествува на следните парламентарни избори. „Не најавив формирање на политичка партија, најавив формирање на граѓанско движење кое што задолжително ќе учествува на следните парламентарни избори, без разлика дали тоа ќе бидат редовни или вонредни. Очекувам и повеќе од убеден сум дека ќе ја добиеме граѓанската поддршка, бидејќи не сме оптеретени со политика и немаме обврска кон никој. Нашата обврска се само граѓаните на оваа наша скромна и мала, но горда Македонија“, истакна Димитриевски. Според него, неизвесно е дали воопшто ќе има предвремени парламентарни избори, но сепак факт е дека граѓаните се незадоволни.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrievski-kje-formirame-gragjansko-dvizenje-i-kje-uchestvuvame-na-slednite-izbori/feed/ 0