макстил – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 12 Sep 2021 09:25:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png макстил – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Инцидент во „Макстил“, повреден работник https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/incident-vo-makstil-povreden-rabotnik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/incident-vo-makstil-povreden-rabotnik/#respond Sun, 12 Sep 2021 09:25:52 +0000 https://kurir.mk/?p=562631

Во текот на редовното работење во трета смена во погонот Челичарница на „Макстил“ АД е настанат инцидент при што е повреден еден вработен, информира денеска компанијата. – На вработениот веднаш му е пружена прва помош и истиот е пренесен во Ургентниот центар на Универзитетската клиника за понатамошен третман. Истиот е вон животна опасност, се наведува во соопштението. „Макстил“ информира дека случајот е пријавен во надлежните институции, чии екипи излегле веднаш на самото место на настанот. – „Макстил“ АД по итна постапка формираше комисија за детална интерна истрага за утврдување на околностите под кои настанал инцидентот и повредата, како и за одговорноста за истите. Јавноста ќе биде навремено информирана со повеќе информации и детали во моментот кога тие ќе бидат достапни, се додава во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/incident-vo-makstil-povreden-rabotnik/feed/ 0
Поради пожарот во „Макстил“ зголемени концентрации на ПМ 10 честички https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poradi-pozarot-vo-makstil-zgolemeni-koncentracii-na-pm-10-chestichki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poradi-pozarot-vo-makstil-zgolemeni-koncentracii-na-pm-10-chestichki/#respond Fri, 11 May 2018 13:23:28 +0000 https://kurir.mk/?p=53063

Инспекторатот за животна средина попладнево соопшти дека е извршен вонреден инспекциски надзор во фабриката „Макстил“ каде што синоќа беше запалено отпадно железо. При извршениот надзор, за кој е изготвена и фотодокументација, е констатирано дека пожарот избувнал во погонот Челичарница, на местото каде се врши т.н дробење на железото. Од Инспекторатот потврдуваат дека погонот не бил во функција во текот на денот кога избувнал пожарот и оти на 30 април добиле писмено известување од компанијата дека погонот не работи од 29 април од 22:18 часот. Оттаму истакнуваат дека ноќеска во три часот по полноќ, имало зголемени концентрациите на ПМ 10 честички во воздухот. На мерното место Гази Баба евидентирани се 228,02 микрограми на метар кубен, а на мерното место Ректорат 137,22 микрограми на метар кубен. - Веќе од 5 часот, евидентирано е намалување на концентрациите, велат од Инспекторатот, додавајќи дека кај останатите параметри немало зголемување на концентрациите во текот на ноќта. Пожарот кој синоќа избувна во Макстил прво бил забележан од страна на вработени лица околу 21:20 часот, по што е пристапено кон негово гаснење со ПП апарати. Потоа е повикана Противпожарната служба на РЖ Услуги Железарница и Противпожарната служба на Град Скопје. Во текот на гаснењето подоцна е вклучен и „Водовод и канализација“. По целосно прибирање на сите информации, од Инспекторатот за животна средина најавуваат дека ќе излезат со уште едно соопштение за понатамошното водење на инспекциската постапка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poradi-pozarot-vo-makstil-zgolemeni-koncentracii-na-pm-10-chestichki/feed/ 0
Макстил: Причините за пожарот непознати, Челичарница не работи од 29 април https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makstil-prichinite-za-pozarot-nepoznati-chelicharnica-ne-raboti-od-29-april/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makstil-prichinite-za-pozarot-nepoznati-chelicharnica-ne-raboti-od-29-april/#respond Fri, 11 May 2018 09:56:44 +0000 https://kurir.mk/?p=52971

Од компанијата „Макстил“ каде синоќа беше запалено отпадно железо денеска информираа дека причините за пожарот се уште не се познати бидејќи погонот Челичарница не работи од 29 април. Во соопштението се наведува дека пожарот е изгаснат и оти се преземаат мерки за утврдување на причините за негово настанување. - Нема повредени и нема причинета материјална штета. На терен од сношти се инспекциските служби и раководството на компанијата. Сите дополнителни информации во врска со настанот ќе и бидат соопштени на јавноста, се вели во соопштението. Пожарот избувна синоќа, а во неговото гаснење учествуваа 21 пожарникар со девет возила, но поради високата температура и густиот чад дополнително биле побарани три цистерни со вода од Комунална хигиена, три цистери од Водовод и едно противпожарно возило од рафинеријата „ОКТА“.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makstil-prichinite-za-pozarot-nepoznati-chelicharnica-ne-raboti-od-29-april/feed/ 0
Пожар во „Макстил“ во Скопје, горело отпадно железо https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pozar-vo-makstil-vo-skopje-gorelo-otpadno-zelezo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pozar-vo-makstil-vo-skopje-gorelo-otpadno-zelezo/#respond Fri, 11 May 2018 07:20:55 +0000 https://kurir.mk/?p=52870

Отпадно железо пред рециклирање синоќа во 23:20 часот се запалило во фабриката „Макстил“ во Скопје при што интервенирала Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје со девет возила и 21 пожарникар. Поради високата температура и густиот чад што се развиле од пожарот, дополнително биле побарани три цистерни со вода од Комунална хигиена, три цистери од Водовод и едно противпожарно возило од рафинеријата „ОКТА“. Командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Звонко Томески за МИА изјави дека опожарени се околу 500 кубни метри складирано железо и оти се уште се работи на терен. - Температурата е намалена и почнува да се работи на физичко отстранување на материјалот и негово догаснување, изјави Томески.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pozar-vo-makstil-vo-skopje-gorelo-otpadno-zelezo/feed/ 0